Не дека имам причина екстремно да брзам, само ме плаши не дај Боже да донесат закон за рушење или нешто слично бидејќи сепак тоа ми е дом.
Претпоставувам дека имаш поднесено барање, штом си отпочнала постапка за легализација нема така лесно да се сруши, не плаши се. Треба да дојдат да измерат, да состават елаборат... Но факт е дека постапките многу се одолжуваат.
Не знам дали е за тука но ќе си прашам. Доколку родителите му ја препишат куќата на синот како поклон но тој почине, на кого останува куќата? На внукот, снаата или пак родителите се сопственици?
Ако бил женет синот - на неговата сопруга и неговите деца. Ако не бил женет мислам на родителите и сестра/брат.
Автоматски у нашава држава ништо нема.... Не сум правник, барај го @Forca не разбрав од кого на кого треба да се префрла. Нема везе, пиши подетално овде правнициве овде верувам ќе ти одговорат.
Прочитав дека веќе си се консултирала, но ќе дадам одговор за другите членови да знаат ако се соочат со иста ситуација, значи во случајов прво се проверува дали договорот е спроведен во катастар ако е веќе спроведен, тогаш се поведува оставинска постапка или се чека неколку години по службена должност матичарот да достави смртовница до судот за да се поведе оставинската постапка, и за прашањето кој би наследил, со оглед ако нема тестамент или договор за доживотна издршка, тогаш се пристапува кон законско наследување и за наследници ќе се прогласат детето и брачниот другар на оставителот тие ќе наследат по 1/2, доколку оставителот нема потомци тогаш повторно ќе се спроведе законско наследување и оставината по 1/2 половина ќе наследат брачниот другар и родителите на кои после поддеднакво им се дели таа 1/2 на еднакви делови. Ова е вака општо одговорено сепак од случај до случај има разлика.
Брат ми работи во приватна фирма од каде му бараат да го врати К15 шо сеуште не му е исплатено. Како може да се докажи правно дека го вратил назад, а да се заобиколи пријавување? Дали ако истите пари ги уплати на сметка на фирмата ќе важи како некаков доказ?
Zdravo, sakam da prasam vo slucaj na vraboten vo firma kade firmata dava spogodben otkaz kade e navedeno dvete strani poveke nemaat nikakvi megjusebni obvrski, firmata po dve nedeli od otkazot prilozuva dokument kako vraboteniot kradel pari i saka da potkrene sudska postapka. Dali vo toj slucaj e vo pravo firmata sto posle potpisaniot spogodben otkaz go prilozuva?
Тоа е различна ситуација, а дали е во право фирмата тоа треба да оцени судот во евентуалната судска постапка која би ја повела фирмата, во случајов возможно е да се работи за блеф, т.е. тендециозно водење на постапка заради доведување на бившиот нивен вработен во стресови, нервози, да го малтретираат со други зборови по судови, со оглед што се повеќе има катастрофа од работодавачи, па изгледа го фатиле на пик па на овој начин му враќаат, малоумна работа. Нека човекот си обезбеди докази уште од сега на пример изјави од сведоци заверени на нотар, видео снимки од камери ова може да го обезбеди и по предлог преку судот во постапка за обезбедување на докази доколку очекува сериозно од работодавачот да покренат постапка, затоа што не се знае што постапка ќе покренат дали кривична или граѓанска за надомест на штета, или дветте заедно. Ако му стигне писмено од судот мојот совет е веднаш нека ангажира адвокат.
Искрено ништо особено, вие сте поднеле жалба, другата страна поднела одговор на жалба. Судот ги цени наводите и во жалбата и во одговорот па врз основа на доказите носи одлука. Може вие дополнително со поднесок да доставите дополнително објаснување на вашите наводи изнесени во жалбата притоа побивајќи ги истовремено наводите на спротивната страна во одговорот на жалба. Вака општо да пишам за конкретно ако ве интересира нешто пишете ми порака.
Јас тужев, другата страна има поднесено жалба и стои сега дека одговор на жалба има...не ми е јасно дали сум ја добила тужбата или пак му е нив прифатена жалбата или е завршена работата па поново све треба.
Значи вие имате право да поднесете одговор на жалба до Апелациониот суд преку Основниот суд, и откако судот ја добие жалбата и одговорот на жалбата тогаш ги доставува до повисокиот суд во случајов Апелација за да одлучува, се уште по вашиот предмет нема второстепена одлука, ќе треба да проверувате од време на време (еднаш месечно) во Апелација дали има одлука по предметот ако има тогаш дали е експедитирана до првостепениот суд и кога ќе биде ќе одите да ја подигнете, од денот на подигање на второстепената пресуда истата станува правосилна.