Форумџика на годината

Правни проблеми

Дискусија во 'Правни совети' започната од babyketi, 7 февруари 2010.

  1. Pea

    Pea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    666
    Што се е потребно за купопродажен договор на недвижност?
     
  2. SexyDarling

    SexyDarling Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    212
    Ако мислиш на првичната фаза, потребно е нормално да има продавач и купувач, адвокат да го состави договорот, да се прецизираат условите на купопродажбата. Најбитно е која недвижност ќе се продава (за тоа треба имотен лист), цената и начинот на кој ќе се плаќа, останатото е ствар на договор.
     
    На Pea му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Pea

    Pea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    666
    Фала што ми кажа јас си мислев се тоа оди преку нотар, инаку има и продавач и купувач.
     
  4. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    2.095
    Пол:
    Машки
    Ако купувате преку банка тогаш најпрво се прави преддоговор за купопродажба па после се останато како што е наведено погоре.
     
    На Pea му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SexyDarling

    SexyDarling Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    212
    Да, оди на нотар ама откако ќе се потпише и спроведе договорот во општина и ќе се плати данок. На нотар е последната фаза, тие го спроведуваат во катастар и конечно се менува сопственоста на име на купувачот.
     
    На Pea му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Pea

    Pea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    666
    Имотниот лист ми е од пред една година, може со него или нов да се вади?
     
  7. SexyDarling

    SexyDarling Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    212
    Најдобро нов извадете зошто и тој се доставува во даночното одделение, не знам дали таму прифаќаат толку стар. И за купувачот е добро да види најнов имотен лист, и за адвокатот што ќе го составува секако.
     
    На Pea му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Pea

    Pea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    666
    Фала и форца ми кажа ќе извадам нов, се добива брзо или треба повеќе денови да чекам?
     
  9. SexyDarling

    SexyDarling Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    212
    2 минутки работа е, на нотар или во катастар евентуално ако има гужва па да причекаш малку :)
     
    На Pea му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kristin987

    kristin987 Нов член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2022
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво, Нова сум на форумов и имам правно прашање за кое ми треба помош. Купив нов стан пред година ипол во мала зграда. Само што се вселив почна да ми тече вода во дневната. Станот не ми е најгорен спрат, над мене има уште еден стан кој е на инвеститорот, претпоставувам без имотен лист затоа што тоа се води како поткровни простории. веднаш беше известен инвеститорот за проблемите но ништо не направи, за после една година да ми рече дека не е проблемот до него туку тече од кровот на соседната зграда (лепенка) и некако тоа доага во мојот стан. Ангаѓирав вештак кој потврди дека инвеститорот е крив, а не другата зграда. Станот сеуште се води под гаранција од инвеститорот. Следен чекор е тужба затоа што не сака да се спогоди и упорно вика дека проблемот не е кај него. Не признава дека он заради гаранцијата мора да го направи. Дали гаранцијата од купопродажниот договор е меродавен факт за кој што можам да го тужам? Што ако стварно он ангажира негов вештак и стварно се докаже дека тече од соседната зграда? Дали комплетно го губам случајот?
     
  11. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.038
    Допаѓања:
    1.960
    @Forca
    При давање на отказ на половина месец или на 22ри да речеме, сеедно, дали фирмата го одјавува вработениот од здравствено и пензиско баш на денот на отказот или си течат осигурувањата до крај на месец? Кога ги плаќаат всушност фирмите придонесите?
     
    Последна измена: 12 јануари 2022
  12. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    2.095
    Пол:
    Машки
    Работодавачот може да го одјави работникот во рок од 8 дена од денот на престанувањето на работниот однос и тоа со ретроактивно дејство од денот на престанувањето на работниот однос (пр. работниот однос престанува на 15ти со тој датум работодавачот може да го одјави работникот дури на 23ти месецот).
    Придонесите за тековниот месец се плаќаат најдоцна до 15ти во наредниот месец, а при престанок на работниот однос работодавачот е должен да ги плати придонесите и исплати нето плата заклучно со денот на престанок на работниот однос. Не знам дали успеав да објаснам добро :)
     
  13. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.038
    Допаѓања:
    1.960
    Значи на денот на отказот, фирмата можно е да нема платено придонеси. А, што се случува во тој вакуум период од 8 дена доколку фирмата не го одјави, а работникот искористи јавна здравствена услуга?
     
  14. Ani mani

    Ani mani Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2022
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    KAKO MOZAM DA PROVERAM KUKATA OD DEDO MI NA KOE IME GLASI? DALI MOZE PREKU ONLAJN VO STRANATA NA KATASTAR DA PROVERAM?
     
  15. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.741
    Пол:
    Женски
    Симни ја апликацијата i-kat, можеш да провериш таму.
     
  16. Ani mani

    Ani mani Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2022
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    По име и презиме не ги кажува парцелите, само како изгледаат
     
  17. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.741
    Пол:
    Женски
    Кажува кликаш на парцела или на имотниот лист Бр и ќе ти излези.
     
  18. Ani mani

    Ani mani Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2022
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Не излегува, само графички приказ има, и број на парцелата, не излегува име и презиме
     
  19. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    2.095
    Пол:
    Машки
    Искрено, не знам и до сега не сум наишол на таква ситуација, мислам дека не би имало проблем затоа што во моментот на користење се уште тече работниот однос.
     
    На asdas му/ѝ се допаѓа ова.
  20. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.038
    Допаѓања:
    1.960
    Фала ти.