Ако некој реши да прави илегални работи секако дека се е можно. Тој по основ на фактурите може само газдата да го тужи, не гледам зошто и како би ве вплеткал вас во приказната.
Договорот што го имаш ти потпишано со газдата е битен, дали некаде стои дека ти си ги подмируваш обврските за пат?, Ако нема такво нешто немаш ама баш никаква обврска да платиш ништо.
Здраво...Пред 3 години зедов кредит од 50.000е со рок на отплата од 7 години и амортизационен план за отплата на месечни рати (главница и камата). Во април 2021 односно по ковид периодот состојбата на кредитот беше 35.000евра плус 4.000е ковид камата..До декември 2021 за кредитот се внесени над 21.000евра и сега кога побарав состојба на кредит бидејки сакам целосно да го затворам од банката ми велат дека имам за отплата уште 23.000евра наместо 18.000како што е по амортизациониот план ( плус 3% за предвремено затварање иако не правам рефинансирање туку од сопствени средства)..Кога ги прашав од каде тие плус 5000евра ми рекоа на основа камати без притоа да ми дадат некое објаснување за какви камати станува збор, од извод на сметка се гледа дека на основ камата се уплатени околу 4илјади евра за рок од 10 месеци...притоа ратите се плаќани регуларно од месец за месец...Прашањето ми е кај можам да се обратам за да се направи ревизија или вештачење на кредитот или да фатам адвокат за да ми се вратат парите од камата бидејќи имам добра причина да се сомневам дека парите се завршени за незаконски камати..
Здраво имам правосилно решение од нотар за сметки останати од покоен член и ми се доделени мене, средствата што се останати на едната трансакциска сметка. Од Пелагониска банка, сеа сметам е комерцијална, и имам една потврда само дека сметката е моја и правосилно решение од нотар при извршена оставинска постапка. Дали би ми праеле некаков проблем во банката?
Зошто би ти правеле проблем, решението си го однел во банка и сега сметката е на твое име, ако добро разбрав?
Сметката беше од мојот покоен дедо, во Пелагониска банка, сеа таа ја нема, Комерцијална е ко шо разбрав.
Треба решението од нотар да се однеси во банката ако не е однесено, ќе те упатат таму сигурно. Многу стари сметки се префрлени од една во друга (нова) банка така да не би требало да е проблем, ако постоела сметката и ти си ја наследил со решението од нотарот ќе ја најдат сметката во банката. А дали била пелагониска сега комерцијална не знам стварно..
Здраво, ве молам за совет. Живеам под кирија со договор од 2 години но ме известија да си одам и ми дадоа 30 дена отказен рок а помина само 1 година, редовна сум со кирија. Што може да направам?
Реално, ништо. Види само во договорот што стои во отказен рок, можеш да се вадиш на тоа ако е поинаку договорено, ама според закон тој е отказниот рок, сигурно нема да се тужиш. (или да се правиш наудрено дека не ти дале известување ако е усмено и да им бараш писмено, ама не е некоја солуција)
Фирмата користи услуги од друга фирма, не им е потребен договор, ниту пак вие сте должни да го плаќате превозот до фирмата, ако веќе фирмата се обврзала дека ќе го покрива, и е секако адресирано до неа.
ситуацијава е еднострано раскинување договор од газдата без никакви причини, а во договорот пишува треба да е двострано.. ако е така зашто тогаш постојат договори кога како ќе им текне ке си прават да ме избркаат..
Едно прашање до правниците во групата нели кај кривичните дела надлежен е судот според местото на сторување на делото. Конкретно за сообраќајка сличена на територијата на општина Штип нели треба да суди основен суд Штип? Не разбирам зошто предметот ќе се суди во Кочани?