Nadlezen e sudot kade sto e storeno krivicnoto delo i sudot kade sto nastapila posledicata. Slucajno osteteniot da ne e od Kocani?
Дали може некој да ми предложи адвокат кој се разбира во имотно правни односи. Станува збор за комплициран случај.
Дали некој се разбира од правото во Англија? Или знае каде можам да се обратам? Ми треба правен совет. Ви благодарам.
Здраво на сите Во работен однос сум од 1 октомври во кафич, работев полно работно време и мислев дека сум пријавена на полно работно време се дури не ми стигна првата плата и видов дека сум пријавена на пола работно време. Нормално одма изреагирав и газдата се вадеше дека тие од сметководство згрешиле и ме пријавиле така и дека останатата плата ќе ми ја дава на рака. Нормално ова не ми се допадна и барав друга работа ама финансиската состојба не ми дозволуваше да напуштам пред да најдам друго нешто. Само првиот месец ми стигна плата преку фирмата а наредните месеци цела плата ми ја даваше на рака иако се водев како пријавена велејќи дека има некој проблем со сметката на фирмата. Од пред 1 недела не одам веќе на работа (на него му најавив 3 недели пред тоа), немам земено плата за јануари и февруари, од 15 фебруари го прашував кога ќе ми префрлиш плата одговорот беше утре, најкасно задутре. Сега од кога не одам веќе на работа ги игнорира моите повици. Прашањето ми е дали можам да ги земам некако овие пари? Кај да пријавам? Значи мене плата преку фирма ми нема стигнато од ноември преку сметка на фирмата туку тој ми ги даваше на рака, а за јануари и февруари немам воопшто земено плата. Притоа сега проверив на сајтот Агенција за вработување уште ме нема одјавено..
Ме интересира како е законот за следење и да се изразам досадување по социјални мрежи. Како оди постапката? Пример, пријавувам некого што ме 'малтретира' на фб, инстаграм и сл во полиција или? И кои казни следат?
Пишував пред некое време, за приблемот со делба на стан. Имено едната страна бара продажба, дали може доколку другата страна не е согласна на продажба, да и го исплати нејзиниот дел? И зошто судските трошоци треба на ги плати тужениот?
Направена е делба по ова што го прочитав. Сопственикот на делот што сака да го продаде, прво има обврска да го понуди делот за продажба на останатите сопственици на неделивата ствар (станот), па после ако не сака од нив никој да го купи да го понуди на други. За што е пресудата, имало ли нешто спорно?
Нема пресуда, има закажано седница за расправа и демек доколку не може да се донесе решение да се пристапи кон продавање. Долга е приказнава. Целта им е да земат се, мајка ми живее во станот, плаќа сметки, данок се(само не се води таму по лк). Она денар никад не дала, и про тоа мајка ми се согласува се да си оди регуларно, како што треба, само они играат некоја игра чим сакаат преку суд
Здраво Ќе купувам стан, станот има подземна гаража која што не е на имотен лист зошто станарите имале проблем со инвеститорот и не им се впишани во имотен лист само им дал решение за право на користење со тој број. Сега јас го купувам станот од еден човек и тој сака да ми ја продаде гаражата иако е без имотен лист. Ја продава 3000 евра и ми вели ако сакаш немора да ја купуваш меѓутоа мене ми треба гаража а станот многу ми се допаѓа и ми одговара цената. Ќе ми пишува на договорот дека имам право на користење на бр.15 гаража. Дали да прифатам и што можам да направам..
Како се продава нешто што не го поседуваш? Распрашај се ти како да добиеш решение за користење од инвеститорот а не да раздаваш пари за "право на користење". Ништо чудно за месец-два или година откако ќе платиш, инвеститорот да добие имотен лист, па тој ќе те тера пак да си ја купиш гаражата, затоа што без имотен лист немаш право на било каков имот без разлика што некој ќе те прелаже со договор.
Dali za vadenje na dokument za neosuduvanost treba da se odi do sud , ili preku policija se vadi nekako , zapoznajte me so detalite ,ve molam, se so treba da znam pred da odam , kade da se obratam . Blagodaram od napred