Правни проблеми

Discussion in 'Правни совети' started by babyketi, Feb 7, 2010.

  1. Deva Path

    Deva Path Истакнат член

    Joined:
    Oct 3, 2020
    Messages:
    165
    Likes Received:
    266
    Gender:
    Male
    1. Директно одење во суд и поднесување барање;
    http://www.vsrm.mk/wps/portal/osgos...IVIeZUN4bsJ1mAGVonlMhwuiEbGUlHxe_uQHUU7jLg!!/
    2. Поднесување барање онлајн.
    https://it.mk/tutorijal-kako-da-izvadite-potvrda-za-neosuduvanost-na-telefon/
     
  2. tea1221

    tea1221 Истакнат член

    Joined:
    Jun 26, 2020
    Messages:
    105
    Likes Received:
    32
    Gender:
    Female
  3. yahoo123

    yahoo123 Истакнат член

    Joined:
    Jan 6, 2013
    Messages:
    160
    Likes Received:
    43
    Предлог адвокат од Штип за консултација во врска со напад на работно место?
     
  4. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Joined:
    Aug 18, 2020
    Messages:
    1,202
    Likes Received:
    1,742
    Gender:
    Female
    Не знам за Штип но знам одлична адвокатка која ги добива таквите случаи а е од Битола ако сакаш пиши ми во порака ќе ти дадам контакт.
     
  5. чупето*

    чупето* Истакнат член

    Joined:
    Jan 8, 2016
    Messages:
    21
    Likes Received:
    50
    Gender:
    Female
    Имам голем проблем!!!
    Куќата каде што живееме е на семејството на сопругот. Сопственоста е на неговиот татко. Легализацијата на имотот е на мајка му. Во најдолниот дел на куќата, приземјето е деловен простор. Свекорот тој простор го дал како подмирување на долг и сега во суштина тоа не е наше. Газдата на тој простор т. Е. на самиот темел на куќата го издава со кирија и си има посебни миерила за вода и струја. Немаме искрено никаков проблем со кираџиите ниту пак со оној на кој му припаѓа. Пробелмот е што свекорот пред 6 години замина на пат со камион и не се врати, ни дојде само докумет дека е осуден на 25 год. во затвор во Измир Турција. Пред некое време почнаа да доаѓаат писма адресирани до свекорот да исплати фирмарина до централен ригистер на МК. Од извршител предупредување за подмирување на неплатени долгови. Тој од таму можеби нема ни да се врати, документи негови лични е изминато требапе во мај лани фа земи пензија. Прашањето е
    1.Дали ние имаме некаква можност да ја префрлиме сопствениста на куќата на име на свекрвата или на сопругот како единсвен наследник?
    2.Дали по настанати долгови извршители и други државни институции имаат право да да не избркаат присилно од куќата да го одземат како наплаќање на долгови и камати?
    3.Дали може со сптемени докименти од овде преку адвокат и нотар тој ги потипиши таму и фа ни ги врати како птепорачано писмо?
    4.Дали ако надтани смрт бидејќи е долг период само со умреница ќе може да се среди и дали тие долгови ќе се префрлат да ги плаќа сопругата и некој друг од семејството?
    П. С. Уште кога ни втаса известување дека е осуден бидејќи не знаевме со месеци каде е ни пак се имаше јавено побаравме помош од адвокат кој ни побара 12 000 евра за да оди до Измир и да добија информации што се случило. Немавме и немаме толку пари единствена грижа ни е да не останеме на улица или со време да си бараме место за живеење инаку каде што сме сега е доста атрактивна локација во строг центар веднаш послем плоштадот во Прилеп.
    Ви благодарам на секој совет или информација искуство со сличен проблем
     
  6. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Joined:
    Jan 17, 2018
    Messages:
    1,899
    Likes Received:
    6,268
    Конкретно за фирмарината ќе ти одговорам. Тоа е долг на фирма основана најверојатно од свекор ти и истата ја издава општината, а не Централен регистар. Од ЦР му стигаат опомени бидејќи нема поднесено завршни сметки.
    Освен од сметката и имотот на фирмата, никој нема право да наплаќа од недвижен имот, посебно ако е на име на физичко лице, а не на фирмата.
    Сега вие треба да ги најдете документите на фирмата, да видите што има наведено како оснивачки влог, дали е свекор ти единствен сопственик и/или управител. Исто проверете ги средствата на фирмата и да не има запишано имот како деловниот простор што ви е, кола и сл.
    Ако ги немате овие документи дома, барајте кај сметководител, доколку знаете кој е, ако не, секогаш можете да ги извадите преписите од изјавата или договорот за основање, тековната состојба на фирмата директно од централен регистар, ќе ве кошта 500 ден. отприлика.
     
    Last edited: Mar 26, 2022
    чупето* likes this.
  7. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Joined:
    Aug 18, 2020
    Messages:
    1,202
    Likes Received:
    1,742
    Gender:
    Female
    1. Не
    2. да може извршител да се наплати од имотот на должникот и вие недај боже да останете на улица.
    3.Тешко изводливо не вреди да се впуштиш во тоа.
    4 Во случај на смрт на должникот ако наследникот го прифати наследството ги превзема и долговите но до висината на добиеното наследство, ако долговите се повисоки од наследството тоагш наследникот ќе плати колку што наследил и нема обврска за останатото.
     
  8. malecka91

    malecka91 Истакнат член

    Joined:
    Apr 10, 2012
    Messages:
    188
    Likes Received:
    74
    Од работа зедов неплатен одмор 1 месец, потпишав документ. Во меѓувреме имав потреба да го продолжам неплатениот одмор уште 2 месеци (знам дека имам право да користам неплатен одмор од 3 месеци) Газдата на фирмата беше известен за сето ова и на моето прашање дали ќе има некаков проблем ако го продолжам одморот уште 2 месеци одговори со нема проблем уживај. На моето место носи нова вработена и ден пред да бидам вратена на работа ми кажува дека не можел да ја избрка и ми вели да си барам друга работа..
    Ве молам некој што знае како се законите..
    Имам право да го тужам?
     
  9. Misfit-man

    Misfit-man Нов член

    Joined:
    Apr 1, 2022
    Messages:
    6
    Likes Received:
    1
    Gender:
    Male
    Дали има некој што може да ми одговори на едно прашање? Според секрерарката каде што сум вработен ми завршил долгот кон извршител.Но извршителот вика должиш уште и почнаа да ми кратат 1/3 од плата.како е можно ова..како да постапам?загрозен сум
     
  10. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Joined:
    Mar 5, 2015
    Messages:
    4,454
    Likes Received:
    25,103
    Во законот за практиканство стои:

    Screenshot_20220404-153559_ReadEra.jpg

    Што кога со години се потпишува секој месец за договор за практиканство? Постои дупка у закон што го заобиколува ова?
     
  11. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Joined:
    Jan 17, 2018
    Messages:
    1,899
    Likes Received:
    6,268
    Ако пишува колку може да трае во законот, толку е. Работодавач ако не го почитува законот може да се соочи со казна, но секако треба да пријавите во трудова, ако ги чекате сами да дојдат ќе се начекате.
    По некоја логика треба УЈП да ги извести, бидејќи платите кај нив поминуваат цело време со шифри за практиканти, ама и тие се толку ажурни.
     
    WildMk likes this.
  12. kikkki

    kikkki Популарен член

    Joined:
    Mar 31, 2012
    Messages:
    2,746
    Likes Received:
    4,846
    Адвокат во врска со медиумска навреда?
     
  13. Zoe050805

    Zoe050805 Истакнат член

    Joined:
    Feb 11, 2022
    Messages:
    48
    Likes Received:
    13
    Имам едно прашање, ако знае да ми одговори некој искусен, мој познаник при извршување на условна казна која што трае 1 год, се најде во групна тепачка во локал каде што беше прв осомничен дека на оштетениот тој му нанел тешка телесна повреда (скршен нос)
    Тој тврди дека не му го скршил носот, камерите од локалот се замачкани и воопшто не може да се види кој го удира човекот, скоро сите сведоци кажале дека не виделе кој го удрил, дури и оштетениот не е сигурен кој му ја нанел повредата
    Една адвокатка ми кажс дека без докази дека тој го направил делото и ако не се дознае кој е, може да се отфрли делото
    Што мислите на ова? И дали може да го осудат на затвор?
     
  14. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Joined:
    May 29, 2019
    Messages:
    1,129
    Likes Received:
    3,272
    Gender:
    Female
    Здраво, ако има адвокат тука би замолила да ми помогне, во врска со тарифникот.
    Имено, се работеше за измама, си земавме адвокат, тужевме и случајот беше добиен на суд во наша полза. Одењето/враќањето до суд итн се беше од наша страна (возење до друг град, враќање итн), но еве на крај, излегува дека на адвокатот треба да платиме 2 илјади евра скоро, се било демек прерачунато во трошковникот?
    Знам дека си има адвокатски тарифник и награда и дневница и се, ама математикава за 2к евра никако не ми излегува точна.
    Ако треба и повеќе инфо ќе пишам, слободно пишете ми и пп.
     
  15. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Joined:
    Jan 17, 2018
    Messages:
    1,899
    Likes Received:
    6,268
    Колку што знам ако сте го добиле случајот нема зошто адвокатот да ви наплаќа вас, сите трошоци паѓаат на страната која го изгубила спорот, барем тоа е пракса.

    Доколку треба вие да плаќате, пробајте контактирајте ја адвокатската комора да го добиете официјалниот тарифник според кој адвокати треба да се водат. Како членки на комората обврзани се да го почитуваат.
     
    Vanilla15 likes this.
  16. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Joined:
    Aug 18, 2020
    Messages:
    1,202
    Likes Received:
    1,742
    Gender:
    Female
    Во пресудата нели стои, страната што го изгубила случајот во рок од 15 дена по правосилноста на пресудата да ги надохнади адвокатските трошоци?
    Ако сакаш во ЛП испрати ми ја пресудата секако со скриени лични податоци ако сакаш и полномошното што сте го потпишале на адвокатот ако имате и вие примерок од него за да знам да ти одговорам како и што.
     
    Mikha4 and Vanilla15 like this.
  17. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Joined:
    May 29, 2019
    Messages:
    1,129
    Likes Received:
    3,272
    Gender:
    Female
    Е стои де, ама нашава запнала така, од спорот бидејќи паричен требало и за нејзе да има одреден %. Се скаравме дури малку, велам куќа кога делиш, им земаш ли половина соба :D

    Да ги донесе документите и ќе се пишеме пп.

    Фала ви на сите.
     
    Luciferka likes this.
  18. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Joined:
    Aug 18, 2020
    Messages:
    1,202
    Likes Received:
    1,742
    Gender:
    Female
    Во законот никаде не стои дека процент од оштета зема АДВОКАТ, таа ќе си земе од страната што го изгубила спорот колку што стои во пресудата и толку, денар да не и давате освен нешто друго ако не сте потпишале што не е баш законски.
    Прво да видам што како е документацијата па ќе ти кажам конкретно како стојат работите.
     
    Vanilla15, cresa-jagoda and Mikha4 like this.
  19. Forca

    Forca Популарен член

    Joined:
    Feb 21, 2016
    Messages:
    776
    Likes Received:
    2,125
    Gender:
    Male
    Наградата за адвокатот се определува согласно Тарифата за награда и надоместок на трошоците за работа на адвокатите (т.н. Адвокатска тарифа), и наградата не смее да биде под минимално определениот износ наведен во тарифата.
    Адвокатот ви доставува трошковник составен согласно тарифата, истиот трошковник го доставува до судот за да судот му наложи на тужениот да ви ги плати трошоците, по правило вие го подмирувате адвокатот, а тужениот ви ги враќа парите кои сте ги платиле по трошковникот, судот го признава само оној трошковник кој е изречно составен согласно адвокатската тарифа, доколку се јави разлика во износот тогаш тоа зависи дали вие и вашиот адвокат сте се договориле на повисок износ да изнесува наградата, тараифата го дозволува тоа, да појаснам, на пример рочиштето според АТ чини 4680 денари, вие сте се договориле да платите 5680 денари, тогаш во трошковникот е наведено 5680 ден. и вие толку сте уплатиле, но судот ги признава трошоците според АТ и ќе досуди тужениот на вас да ви врати 4680 ден., таа разлика од 1000 денари паѓа на ваш товар, значи зависи како и што сте се договориле со адвокатот.
    Голема грешка што ја прават луѓето е што на крај се договара цената, има и дозволено е во пракса дополнително да се бараат од 15 до 30% награда за успешност покрај трошоците за награда според АТ, кои што паѓаат на товар на странката.
    Значи се' зависи како сте се договориле. :)
     
  20. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Joined:
    May 29, 2019
    Messages:
    1,129
    Likes Received:
    3,272
    Gender:
    Female
    Го знам тоа дека ако се имаме договорено за плус, треба да и биде платено секако. Ама не се имаме договорено за плус, до сега супер сме соработувале бидејќи и како правно лице не застапувала во спорови, ама еве дојде ред да го застапува татко ми за паричен спор ама како физичко лице, и тука бара процент од спорот, што не ми е логично никако.
    Затоа и реков посигурно да се распрашам, бидејќи јас веќе избегав од таа бранша одамна.

    Фала ви на сите!