Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правни проблеми

Дискусија во 'Правни совети' започната од babyketi, 7 февруари 2010.

  1. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    2.095
    Пол:
    Машки
    Ако се немате договорено за плус тогаш немате обврска да платите, освен тоа што следува по АТ, тоа е, кратко и јасно. :)
     
    На Vanilla15 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.026
    Некој правник да ми каже дали постои закон за договор на дело, дали има некакви општи правила што фирмите мораат законски да ги почитуваат? Дали има закон околу максимално времетраење, износ на паричен надоместок, државни празници и годишен одмор, итн?
     
  3. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    2.095
    Пол:
    Машки
    Постои правно дело - Договор за дело, овој вид на договори е уреден со Законот за облигациони односи, во суштина договорот за дело значи даваш услуга за паричен надоместок.
    Воглавно со овој договор што се договориш тоа е тоа, значи може да се договориш фирмата да ти плаќа данок по договорот односно надоместокот да биде во нето или бруто износ, фирмите како страна во овој договор се обврзани да ги почитуваат само одредбите од ЗОО.
    Договорот за дело не е договор од работен однос туку од облигационен однос така со договор за дело може да работиш и во недела и во празник, овде правилата за годишен одмор, за неделен одмор, за платено отсуство, за времетраење итн., не важат, туку важи тоа што ќе се договориш со фирмата.
    Фирмата не е твој работодавач во случајов туку страна рамноправна со тебе во облигационен однос, ако те интетесира нешто конкретно пиши ми порака :)
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.026
    А дали со договор на дело може исплатата да биде во дневници или мора да е договорена фиксна месечна плата?
     
  5. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    2.095
    Пол:
    Машки
    Може, во смисла да биде договорено надоместокот да биде платен на рати или во вкупен износ значи како се договорите.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  6. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    8.959
    Пол:
    Женски
    Дали родител-законски застапник може кривично да одговара за дело што го сторило нивно малолетно дете кое во моментот имало 13 години?
     
  7. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    2.095
    Пол:
    Машки
    Доколку се докаже вина кај родителот, во смисла малолетно лице од 7 до 14 години не е деликтно способно доколку не се докаже дека било свесно за своите дејствија, родител ќе одговара само ако постои вина кај родителот која треба да се докажи, се' зависи и од видот и степенот на кривичното дело.
    Во однос на надомест на штета спрема оштетениот тогаш родотелот е должен да ја надомести штетата.
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    8.959
    Пол:
    Женски
    Станува збор за злоупотреба на банкарска картичка и штета/кражба. Детето во моментот на делото има 13 години. Имаме сведоци и снимки од видео камера. Според искажаново, од родителот можам да барам надомест на штетата?
     
  9. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    2.095
    Пол:
    Машки
    Да слободно можеш да бараш да ти ги вратат парите доброволно вонсудски со спогодба потпишана кај нотар, ако не сакаат тогаш кривична пријава до полиција и ОЈО (за да од полиција да не ,,заборават" да ја процесират пријавата до ОЈО сепак живееме во мк) и ОЈО ќе си го гони по службена должност, малолетникот кога ќе биде (ако биде - тоа зависи од судот) огласен за виновен, тогаш по правосилноста на пресудата ќе си бараш надомест на штета во граѓанска постапка (али внимавај да не поминат повеќе од 3 години од настанот за да не застари барањето за надомест на штета), ако те интетесира нешто дополнително пиши ми порака, да не должам со долги постови. :)
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.739
    Допаѓања:
    18.443
    Пол:
    Женски
    Која е цената адвокат да те застапува правно, конкретно за тужба?
    Дали зависи од случај или од тарифата на адвокатот?
     
  11. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    2.095
    Пол:
    Машки
    Зависи од вредноста на спорот, скалесто се определува и трошоците на адвокатот и судската такса, колку повисока е вредноста повисоки се трошоците, на пример ако е до 50 000 денари вредност на спорот тогаш цената за состав на тужба (минимален износ по АТ) е 3900 денари, застапување на рочиште е 4680 ден. итн., напоменувам ова е минимален износ, може од адвокат до адвокат во зависност и тежината на предметот и колку треба адвокатот да посвети време по предметот во смисла да оди по институции, да прибира дополнителни докази и слично, цената може да биде повисока.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kostadinka24

    kostadinka24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2012
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    290
    Пол:
    Женски
    Ме интересира ако некој знае да ми одговори.
    Со договор за дар на имот родителите ми ја подарија куќата.Е сега се појавува мојот полу брат после 40 години си иди во Македонија со цел да бара дел од куќата (инаку тој е син на мајка ми од нејзиниот прв брак).Дали тој има право на дел од куќата и дали му следува нешто бидејќи никаде не е спомнат во договорот за дар на имот???
    Благодарам.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.560
    Пол:
    Женски
    А куќата чија е? Ако била на татко ти пред да ти ја подари, а тој има друг татко, како ќе бара дел?
     
  14. kostadinka24

    kostadinka24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2012
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    290
    Пол:
    Женски
    Куќата беше на татко ми и мајка ми меѓутоа сега бара дел од делот на мајка ми што го имала пред да почини.
     
  15. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.604
    Допаѓања:
    13.086
    Пол:
    Женски
    Ако куќата била на татко ти, и мајка ти како сопруга има нужен дел кој и следува, брат ти може да го бара делот на мајка ти што и е нужен и да добие пола од него.. Пример да бара дел од куќата на татко ти да и се даде и на мајка ти, ама тоа мајка ти треба да бара нужен дел, не син и, па после од тој нужен дел што не сум сигирна колку изнесува, тебе ти следува пола и на него му следува пола ама тоа пола не е пола од куќата, туку пола од нужниот дел на мајка ти.. Значи процедурата би била долга, и он нема да добие ништо ако мајка ти не побара нужен дел од куќата, он не може да бара..
     
    На kostadinka24 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kostadinka24

    kostadinka24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2012
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    290
    Пол:
    Женски
    Заборавив да пишам дека и мајка ми и татко ми се починати.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.604
    Допаѓања:
    13.086
    Пол:
    Женски
    Има право на нужен дел, ама тоа е малку, судот би одредил сума колку треба да му исплатиш бидејќи поголем дел од куќата е твоја..
     
    На mal.ecka и kostadinka24 им се допаѓа ова.
  18. Fantasy33

    Fantasy33 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2019
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.026
    Пол:
    Женски
    @kostadinka24 дали договорот за дар е направен барем 90 дена пред смртта на твоите родители?
    Може да има право само доколку не се поминати 90 дена од склучување на договорот, а родителите ти починале. Во тој случај имотот се враќа односно влегува во оставинската маса.
    Во спротивно тој имот е веќе завршена работа и доколку има друга оставина таа ќе се подели законски (судот го има во предвид и делот добиен на дар).
    Така да ако родителите ти починале после 90тиот ден од склучување на договорот тој имот е твој и брат ти нема никакво право.
    Ако има уште нешто нека ме дополни некој адвокат.
     
    На kostadinka24 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    2.095
    Пол:
    Машки
    Во пракса, ако е спроведен договорот во Катастар ништо не му следува.
     
    На mal.ecka и kostadinka24 им се допаѓа ова.
  20. kostadinka24

    kostadinka24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2012
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    290
    Пол:
    Женски
    Да спроведен е во катастар и заборавив и тоа да пишам дека имотот е веќе продаден а јас живеам во странство.Ги малтретира луѓето кои ја купија куќата.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.