Во тој случај уживај штом трето лице стекнало право на сопственост и е упишан во Катастар и да бара судот нема да му го усвои барањето и ќе го одбие како неосновано неговото барање, вака е во пракса. Во теорија може да бара засметување на подароци, и повреда на нужен дел (ако не бил исклучен од нужен дел) доколку од преостанатиот дел од оставината нема доволно за да се задоволи неговото право на нужен дел, тогаш опција е да се враќаат подароците направени во последните 90 дена од смртта на оставителот (како што пишаа погоре), а претходно треба прво да се утврди што влегува во оставина, значи да не должам со долги постови, со други зборови теоретски може да бара, но во пракса нема да му биде усвоено барањето. Новите сопственици нека му пуштат тужба за нарушено владение, овој вид на вознемирување за правото на сопственост претставува нарушено владение за да судот забрани во иднина така да им вели или во спротивно ќе им плаќа надомест на штета.
Договорот за дар е направен 5 месеци пред да почини мајка ми,а татко ми почина 2години после мајка ми.Менува нешто ова???
Може ли лице што не е сопственик на куќа (во сопственост на неговата покојна мајка), да тужи лице што седело во таа куќа под кирија, без договор, лицето плаќало кирија на трансакциска до Август останатите месеци до сега не седело во ќуќата и не плаќало ништо. Сега човекот бара плати за тие месеци, ако не ќе го тужел. Има ли основ и можност без сопственост, притоа сметката за вода била на име на кираџијата?
Ako imale dogovor za zakup, istiot vazi do rokot naveden vo dogovorot. Ako rokot vo dogovorot trael posle avgust, togas zakupecot e dolzen da plati zakupnina do krajot na dogovorot
За тужење може да тужи, важно е вие во одговорот на тужба да наведете дека договорот за закуп бил усмен и бил заклучно со Август и по можност приложете заверени кај нотар фотокопии од сметките (ПП10 уплатниците) за да им додадете малку правна тежина на тие сметки како доказ, прибавете изјава заверена на нотар од комшиите али тоа сторете го што побрзо за да не ги предомислат дека сте се иселиле во Август, изјава заверена на нотар од луѓето кои ве иселувале, итн. за сметката за вода ирелевантно е тоа, штом нема писмен договор тоа оди во ваша корист но како ќе одлучи судот тоа однапред никој не може да ви каже, затоа на рочиште се спори предметот, па сослушување на странки па со прашања и ќе се дојде до вистината, за да поднесе тужба има процесна и стварна легитимација тужителот како наследник иако потенцијален, затоа што во моментот на смртта на оставителот по закон наследството (оставината) преминува на нив како заеднички имот во наследна заедница. Ако ве интересира нешто поконкретно пишете ми порака.
Ако може препорака за добар адвокат за имотно правни односи, со искуство со експропријација од Скопје. Може и во ПП информација
Не знам дали прашањето е за тука ама можеби некој знае. Дали е можно да живеам во странство и да студирам вонредно во Македонија со тоа што после тоа да земам мастер во државата кај што живеам? Дали ќе биде признаено и дали ќе имам некој проблем?
Вака. Се работи за странска фирма, треба да идам за контрола во Скопје во сабота. Е, сега. Од работа, не ми дозволуваат бидејќи сум пишана во сабота да работам. Дали можам да земам боледување за тој ден?
Здраво, не знам прашањево дали е за тука, ме интересира дали може да ја заверам на нотар дипломата од средно ако ја имам скенирано како пдф документ или мора да ја однесам оригинал во физичка форма?
Здраво, дали има правник кој може да ми пише, да се консултирам сакам во однос на една работа ми треба, би било супер ако има познавање и од законите кој важат за малолетници, т.е малолетничка деликвенција.
Тешка област...но скопскиот оддел е за малолетничка деликвенција е одличен!Јас би ја барала Иванка ако сте од Скопје...мозам покасно да ти пишам број ако сакаш,консултирај се..
Сакам да прашам, ако во Основниот суд нема судија по граѓанско право и спорот веќе 2 години ни е статус кво, што треба да се направи, што можеме да направиме за да мрднеме веќе еднаш? (Само една парница до сега имавме и толку) Однапред благодарам на одговорите од се срце. Може и во порака да ми одговорите, доколку овде не сакате
Имам прашање, дали може основач и управител на фирма, да си остане сопственик на фирмата и по одење во пензија, фирмата ќе има +1 вработено лице, а пензионерот (сопственикот) по потреба да работи со договор на дело за консултантски услуги, а да си е корисник на пензија ( старосна ) Благодарам