Правни проблеми

Discussion in 'Правни совети' started by babyketi, Feb 7, 2010.

  1. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Joined:
    Mar 5, 2015
    Messages:
    4,447
    Likes Received:
    25,045
    Ако некој е пријавен да започне денес со работа, дали во наредните 6 месеци (додека да стекне право за годишен одмор), му следуваат 2 платени слободни денови во месецот?

    Постои член кој вели:
    Screenshot_20220701-084042_ReadEra.jpg

    Бидејќи ако од денес е пријавен, стекнува право за годишен одмор на 01.01 2023, односно во наредната календарска година; тоа би значело дека до тогаш му следуваат 2 дена секој месец?

    И тие 2 дена по 6 месеци (вкупно 12 денови), не треба да бидат минусирани од годишниот одмор со кој ќе се стекне од 01.01 2023?
     
  2. CareTee

    CareTee Популарен член

    Joined:
    Jan 21, 2020
    Messages:
    1,247
    Likes Received:
    3,771
    Gender:
    Female
    @MissChievous Од 01.01.2023 ќе има право да го користи целиот одмор, а пред да наврши 6 месеци само пропорционално согласно месеците поминати. За секој изминат месец 2 дена, и овие денови се дел од вкупниот годишен одмор. Значи ако си пријавен од денес 01.07 на 01.09 имаш право на 4 дена и овие 4 дена се дел од вкупниот годишен одмор. А по истекот на 6 месеци ќе можеш целиот да го искористиш.

    Ова секако по закон, но на крајот се зависи од фирма до фирма.
     
    MissChievous likes this.
  3. teressa

    teressa Истакнат член

    Joined:
    Mar 11, 2016
    Messages:
    431
    Likes Received:
    515
    Gender:
    Female
    Здраво, некој правник ако може да ми каже дали законски фирмата доколку работиш 3та смена на празник или во недела дали само поголемото се плаќа (во случајов само празник и недела) или мора да ги платат и двете ? (празник и трета смена и недела и трета смена)

    Кај мене во фирма не ми платија 2 трети смени одработено бидејќи едната се паѓа во недела а другата на државен празник па сакам да знам дали законски така може.
     
  4. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Joined:
    Nov 13, 2012
    Messages:
    1,358
    Likes Received:
    8,914
    Gender:
    Female
    Здраво, може некој правник да ми пише лп?
     
  5. Stojko96

    Stojko96 Нов член

    Joined:
    Jul 27, 2022
    Messages:
    2
    Likes Received:
    0
    Zdravo sakam da prasam sto znaci ova
    I dali patot moze da se vrati kako na slikata spored stari dokumenti i snimanjeto patot e izmesten i prosiren ima nekoja greska dali moze da se vratat kvadraturite na imotite i patot da si ostane ist kako sto e na slikata i zacrtano
     

    Attached Files:

  6. KristiM

    KristiM Истакнат член

    Joined:
    May 23, 2019
    Messages:
    3
    Likes Received:
    0
    Gender:
    Female
    Здраво,

    Јас и дечко ми сме во процес на купување на стан. Тој е кредитобарател а јас кокредитобарател за кредитот ‘Купи Куќа Купи Стан’ кој се издава од министерството за финансии. Преддоговорот за станот се направи на негово име. Претпоставувам, следно и договорот мора да гласи на негово име.

    Моето прашање е дали може да се стекне заедничко право на сопственост на станот во оваа ситуација и што е потребно за тоа? Ние не сме брачни партнери но сите трошоци вклучувајќи ја и отплатата на кредитот ќе ги сносиме заедно.
     
  7. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Joined:
    Jan 17, 2018
    Messages:
    1,899
    Likes Received:
    6,268
    Може на имотниот лист да бидете заведени и двајцата како сопственици, но треба на договорот за купопродажба исто и двајцата да ве пишува како купувачи.
    Договорете се уште сега, да не те боли тебе глава после. Не е сеедно да плаќаш кредит за недвижност што не е твоја, а не сте ни во брак.
     
  8. ElenaSA

    ElenaSA Истакнат член

    Joined:
    Dec 11, 2013
    Messages:
    25
    Likes Received:
    1
    Здраво на сите, ме интересира дали во процедурата за одобрение за реконструкција на кров е предвидено известување на непосредни соседи? Знам дека е за дозвола за градба, но Законот за градење има посебен дел за употреба, одржување и отстранување на објекти со кој е регулирана реконструкцијата и не е споменато известување.
    Прашувам поради времетраењето на постапката. Премногу трае наместо законските 7 дена и ме интересира кои се опциите и согласно кој закон. Нели 15 дена по известување, а нашана пошта е хаос, па писмата може да стигнат по два месеци иако препорачани од лично искуство :(
    Посебно со оглед на тоа што потполна и уредна документација мора да има потписи. Или, како во нашиот случај, кога има судско решение за замена на потписи, непосредните соседи се веќе известени и знаат дека има судско решение.
    Знам дека веќе треба да вложам жалба на второстепен орган. Затоа и ме интересираат детали.
    Ви благодарам
     
  9. Dreamsdocometrue

    Dreamsdocometrue Истакнат член

    Joined:
    Jan 5, 2021
    Messages:
    224
    Likes Received:
    257
    Gender:
    Female
    Доколку предметот за оставинска постапка нотарот го држи 30 дена дали можеме да поднесеме барање за промена на нотар и која е процедурата?
     
  10. pross

    pross Истакнат член

    Joined:
    Aug 29, 2012
    Messages:
    221
    Likes Received:
    120
    Gender:
    Male
    Не. Нотарот е повереник на судот кога постапува и води предмети за расправање на оставина. Во таа смисла, судот како орган кој му ја доверил работата на нотарот врши надзор над неговата работа. Доколку постојат законски оправдани причини може да се поднесе барање за изземање на нотарот до претседателот на судот. Ако е оправдано барањето, претседателот на судот носи решение за изземање на конкретниот нотар.
     
  11. WindyWind

    WindyWind Истакнат член

    Joined:
    Apr 11, 2014
    Messages:
    160
    Likes Received:
    120
    Здраво ако може некој правник да ми помогне.. приказната е ваква со моите родители живееме во заедница со бабами и дедоми во куќа на 4 спрата еден спрат за нив еден за нас останатото за чичкоми кој живее во Австралија. Од страна на родителите и брат му таткоми цел живот бил под ценет и не вреден цел живот во неслога поделени влезови во куќата поделен двор забрана од бабами и дедоми за било што да се поправи или направи на куќата. На 03.02 таткоми почина од инфаркт на негова сопственост ништо од тогаш бабами цело време бараат да има кавга со намера да не ни остават ништо, си дојде и чичкоми кој патем е нелегално во државата зошто пред години заради некоја беља го бара полиција, од прво муабетите му беа дека ќе поправи, дека му е криво што 12 години не зборал со брат му за вчера да изјави дека после смртта на тато куќата му припаѓа него дека него не му требало некој да му ја препиш затоа што после смрта на старите ќе била негова.. прашањето ми е дали можат да не остават на улица, дали ако одиме на адвокат и на суд и да тргнеме по правни патишта ќе имаме нешто, во куќата мајками и таткоми живееја 33 години таму сме родени јас и сестрами и нема да дозволам да останам без дом без татковина
     
  12. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Joined:
    Jan 24, 2022
    Messages:
    1,262
    Likes Received:
    2,931
    Gender:
    Female
    @WindyWind
    Не сум правник, ама знам дека ако не ја препишат куќата на негово име додека се живи, после нивната смрт куќата се дели на два дела, еден за чичкото друг за татко ти (значи за вас). Без разлика што е починат, вие сте негови наследници и не можи да му припадни само него ова 100%.
    За понатаму ако сепак ја препишат на негово име, и како би дознале дека е веќе препишана нека кажи некој правник.
    И никогаш не можам да ги сфатам ни ваквите како чичко ти алчни, ни пак такви баба и дедо што би си ги оставиле внуците на улица и тоа внуци од починат син ;(.
     
  13. Dreamsdocometrue

    Dreamsdocometrue Истакнат член

    Joined:
    Jan 5, 2021
    Messages:
    224
    Likes Received:
    257
    Gender:
    Female
    Се што кажа погоре членката е точно. Доколку вашиот татко нема ништо и покрај тоа кога ќе почине сопственикот на таа куќа (бабата или дедо ти) по закон вие ќе се јавите како наследници по право на претставување на вашиот татко и неговиот дел ќе го наследите вие. Во случај, во меѓувреме ако одлучат да го дадат делот на вашиот татко како подарок или по нивната смрт остават тестамент во тој случај би се јавил проблем и тогаш би можеле да поднесете тужба пред надлежниот суд (местото каде се наоѓа таа недвижност - куќа). Како што ви е моменталната ситуација, не можете да барате ништо зашто вашиот татко не е сопственик а би бил сопственик по смртта на сопственикот на таа куќа со оглед дека тој е законски наследник а вие негови бидејќи тој е веќе починат.
     
    Anaroz1 likes this.
  14. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Joined:
    Apr 20, 2019
    Messages:
    2,592
    Likes Received:
    6,154
    Gender:
    Female
    Здраво, малку совет ако може.
    Пред месец дена купивме спрат од куќа, со него идеше подрум и двор кој што не бил до сега никаде заверен, си ја купивме куќата мислејќи дека ќе се разбереме на фин начин со станарите што живеат на горниот спрат дека се баба и дедо,и нив на усно им следи делот со другиот подрум и гаража, арно ама испадна ќерката нивна да преговара, и сега го бара делот со дворот кој што на усмено нас ни припаѓа. Проблемот е што дворот, ако се дели ќе биде поделен на идеална половина нели, со тоа што госпоѓата која што не живее во куќата, ами преговара за мајка и и татко и, бара дворот да биде нејзин , а они живеат на втори спрат, а гаражата да биде наша со тоа што никако не ни одговара нас, бидејќи ние спрстот од куќа го земавме од причина што децата сакавме да си трчаат во него. И таа тоа го знае, исто така и беше понудено да и се купи цел нејзин спрат со гаражата и останатиот дел од дворот и така не и одговараше. Ние сме си да си го земеме тој дел усмено што ни го продадоа. Фала ви

    Едит, бабата и дедото живеат 2 години во куќата, и го користат нивниот подрум и гаражата.
    Дворот е на усмено договорен , така што првиот спрат го зема дворот и подрумот под него, вториот спрат ја зима гаражата со другиот подрум.
     
    Last edited: Aug 17, 2022
  15. teglicki

    teglicki Истакнат член

    Joined:
    Dec 9, 2018
    Messages:
    14
    Likes Received:
    4
    Gender:
    Female
    Здраво
    Сакам да прашам и слушнам мислење,можеби се нашол некој во ваква ситуација и секој совет би бил добредојден
    Се работи за стан кој е здобиен на времето како што им давале нели на доживотна отплата преку работа на постарите генерации,родителите кои го стекнуваат тој стан(од кој само таткото работи,мајката не) имаат 3 деца.Со текот на годините редовно плаќаат рата ,едното дете по караница се повлекува од станот и го нема долги годии,едното дете си оди бидејќи се мажи(се откажува усно од било каков дел),а третото останува во станот.По смрта на мајката ,таткото заедно со третотот дете го отплаќаат станот, го препишува станот на трајна издршка на тоа дете,и по совет на адвокат истиот го препишуваат како дар (демек подобро било) и дава изјава дека при чиста совест го препишува и истата изјава е заверена на нотар.Но после години се појавува првото дете и бара мајковина.
    Прашањето ми е како бара мајковина ако мајката не учествувала во отплатата и до нејзината смрт е отплатен само 17% од станот, а се друго отплатил дел таткото дел третото дете?
    Како може да бара нужен дел кога станот сеуште бил на државата па дури и кога мајката починала?
     
  16. Bojan Dimkovski

    Bojan Dimkovski Истакнат член

    Joined:
    Apr 21, 2021
    Messages:
    16
    Likes Received:
    12
    Gender:
    Male
    Дали може за деловен простор да се користи стан на 4ти спрат во зграда. Дооел за нега и одржување на тело
     
  17. Forca

    Forca Популарен член

    Joined:
    Feb 21, 2016
    Messages:
    774
    Likes Received:
    2,124
    Gender:
    Male
    Може, само ќе треба да се направи пренамена на станот од објект за домување во деловен објект.
     
    Luciferka and Bojan Dimkovski like this.
  18. sofijaoh

    sofijaoh Истакнат член

    Joined:
    Dec 25, 2009
    Messages:
    3
    Likes Received:
    1
    Здраво прашањето е за некој правник.
    Колку време се одзема возачка дозвола за возење на кола под дејство на алкохол над 1.5 промили?
     
  19. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Joined:
    May 17, 2015
    Messages:
    1,146
    Likes Received:
    14,447
    Gender:
    Female
    Зависи дали си почетник (или професионален возач) така не смееш воопшто алкохол да имаш внесено. Инаку возачката дозвола се одзема односно се изрекува забрана за управување со моторно возило за период 6-9 месеци. Таквата забрана ја изрекува судот. Инаку се додека не се спроведе пресудата во МВР (се добива известување) можеш слободно да управуваш со возилото.
     
    sofijaoh likes this.
  20. Dreamsdocometrue

    Dreamsdocometrue Истакнат член

    Joined:
    Jan 5, 2021
    Messages:
    224
    Likes Received:
    257
    Gender:
    Female
    Едно прашање, некој стручен ако може да објасни:

    Починал управителот и основач на правното лице, во имотот на правното лице има деловен простор, машини, возила (на име на правното лице). По неговата смрт овој имот не може да влезе во оставинската постапка а е всушност имот негов, како се решава тоа ? Ако може некој точно да ми објасни зошто на правното лице не можело да се назначи др управител пред да се отвори оставинска постапка за починатиот управител а зошто кога и овој имот е логично да влезе во таа маса?
    Фала ви