Како што знам за новата куќа ќе треба нова дозвола за градба, и да се платат комуналии, затоа што старата куќа што била таа би била срушена а дозволата за градба важела за таа куќа, не постои временски универзална дозвола за градба, секогаш пред да се изгради објект од тврда градва треба да се извади дозвола за градба.
А доколку е од оние што се хот и хот? Може сум смешна со прашањава ама… И уште нешто. Ако родител на дете даде поклон куќа/ ја препише и сега веќе две години скоро е на име на синот. Дали може да се поништи тоа?
Сакаш да ми кажеш и покрај тоа што не гласи после неговата смрт, туку свесно сега ја препишал може да смени?
Да, поклонот може да се земе назад. Особено тоа се случува кога даропримачот искажува небладарно однесување со непочит спрема дарувачот.
Едно прашање Дали може да поднесам тужба самиот (лично)и да ја докажувам во суд без правник.. Тужбата е Признавање на сопственост по основ на владение и договор за купопродажба
Ти благодарам за комплиментите А во што е проблемот во 60 страници закон за имотни правни односи..јас подобро го владеам тој закон за разлика од правниците кај кои се обратив,а бараат секој еден тон пари и секој гледа како да те заебе некако да ти земе што повеќе пари а знаење никакво.. Па не ли е срамота јас да го знам напамет законот а тие не
А да не зборам за однос каков имаат и објаснување.. Никакво.и тоа за еден тон пари.. Па еден продавач во продавница повеќе и подетално објаснува..
Ако некој познава врвен адвокат за имотно правни спорови, достоен на својата професија нека пише..со задоволство ќе го посетам..
Прво можеш сам да поднесеш тужба и сам да се застапуваш, не е потребно да те застапува адвокат, и те разбирам трошоците во имотно правните спорови се високи може да достигнат до 300 евра по рочиште, зависи од вредноста на спорот. Нејсе, пожелно е во овој случај адвокат да те советува и да ти ја состави тужбата, после ти можеш сам да се застапуваш, ако не сакаш да ангажираш адвокат. Второ, еве ќе ти дадам бесплатно еден првичен но суштествен совет, ваква тужба со ваков правен основ не постои, ти гарантирам судот вака поставена тужба ќе ја одбие како неоснована. Значи постојат три вида тужби во македонското законодавство и тоа деклараторна тужба, кондемнаторна тужба и конститутивна тужба. Во имотно правни односи се користи деклараторна тужба со што се бара да се утврди постоење или непостоење на право. Сфатив што барате сакате да утврдите ваше право на сопственост врз недвижност по основ на одржување. Доколку имате договор за купопродажба тоа е правен основ за запишување на право на сопственост во Катастар, само спроведете го договорот во Катастар, но изгледа има некој правен проблем, да не прејудицирам има мал милион ситуации, а имотно правните односи се комплицирани и потребно е детално познавање на ЗСИДСП како генерален закон (lex generalis) и сите други поврзани закони со овој закон во зависност од случајот.
Се сложувам потполно ..но зошто да платам некој адвокат со толку многу пари (за спор со вредност од 800.000 денари јас ќе треба да платам 300.000 денари судски спор )а кога ми велат да би требало да го добиеш спорот но знаеш какво е судството..тоа е мал со две острици.. Што значи и магаре да ме брани,ако судијата одлучи да го добијам ќе го добијам.. Еве ако си Правник пушти тел..па ќе се договараме за цена..
За оваа вредност на спорот ако се оди до крај (и ревизија по исклучок ако дозволи Апелација, затоа што сумата е под 1 милион денари) и доколку се загуби спорот вкупно твоите трошоци и за спротивната страна ќе изнесуваат толку околу 5000 евра. Да ти кажам искрено во имотно правните спорови шансите за успех се 50-50% детали решаваат, секогаш е различно дури и за навидум идентични ситуации (предмети) зависи и од силината на доказите, и никој не може однапред да каже дека би требало да го добиеш спорот или дека ќе го добиеш спорот. Секогаш во имотно правните спорови се влегува со ризик да се загуби спорот. Јас не би можел да се нафатам затоа што ти очекуваш да го добиеш спорот што е во ред, но јас од моето искуство во имотно правните спорови за утврдување на право на сопственост по основ на одржувачка ти кажувам дека тешко е да се добие спорот, тоа значи дека има шанси но не очекувај да се добие спорот.
Јас на тој објект имам владение 30години,со изграден објект викендица-тврда градба, објект за животни,пчели....фолија,овоштарник, житница Документ која година е купен составен од адвокат но без нотар и катастар.. И потврда во 2022 од сопственикот оти е купено од него со знаење на сите ..заверено на нотар.. Сведоци Прва линија до мојата парцела и втора линија оти го владеам 30години.. Потврда за купен мотокултиватор 98година Чување на млечни животни во имотот.. Незнам што поголем доказ од оваа би требало да имам Јас само сум против на некој да платам 15000 денари доколку се одложи рочиштето..па дали е нормално тоа.. Пази па уште и ми бараат премија на добиен спор..за парите кои треба да ги земам од спротивната страна на нив да им ги дадам.. А ако го изгубам..тогаш пу пу неважни.. А кога ќе отидам не се способни да го елаборираат прашањето до крај или не сакаат.. како кон клиент, од трошок,образложен,па до крај Све ти е Мафија..
Мајка ми долги години работеше во фирма. Фирмата пропадна, останаа неисплатени плати на вработените меѓу кои и на мајка ми. Отиде фирмата во стдчај под стечаен управник, и стечајниот управник во 2014 год испрати писмо до мајка ми дека фирмата и должи пари на мајка ми околу (1500 евра неисплатена плата) и од 2014 година кога стечајниот управник и го испрати писмото на мајка ми досега и немаат префрлено ни денар. Го исконтактиравме стечајниот управник и се правдаше дека пари немало, а се слушаше дека сите зимале пари од фирмата. Дали може мајка ми тие 1500 евра некако да ги земи преку адвокат па преку нотар и на крај преку извршител со налог за извршување?
Мајка ви е стечаен доверител по основ на неисплатена плата и има предност во намирувањето, нека направи увид во документацијата (предметот) за стечајниот должник кај стечајниот управител, да се види дали е започнато впаричување на имотот на стечајниот должник, или тие исплати од стечајниот должник кон трети лица биле по основ на доверители на стечајната маса кои се намируваат заради тековно работење на стечајниот должник, и се разбира дали се одржало собрание на стечајните доверители и какви одлуки биле донесени. Вака однапред без детално да се испита не може ништо да се каже. Ако ве интересира нешто подетално пишете ми во порака.
Стечајниот управител воопшто не се јавува на телефон и не враќа на вибер порака кога му се пишува. Последно кога се јави во 2019 год рече дека се е испродадено и дека нема пари за исплакање. После некое време се слушна муабет дека бившите вработени си ги поделиле парите меѓу себе. А колку е точно не знам, ама да нема пари за исплата стечајниот управител тоа не ми се верува.
Дали за направен прекршок т.е тепачка во овој случај може адвокатот да те претставува на суд? Дали има воопшто одење на суд или само со изјавите се работи и се изречува казна т.е глоба? И дали за првиот случај се викаат сведоци? Ова ми е прв пат да сум сведок на тепачка во кој учествуваше роднина и не знам ништо во врска со правни работи исплашена сум така да ве молам само некој што стварно го знае законотнво државава да ми каже.
Ако МВР пушти прекршочна до суд, ќе си биде повикан и обвинетиот, оштетениот, сведоци, и сите тие имаат право да си носат адвокат на рочиште.