Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правни проблеми

Дискусија во 'Правни совети' започната од babyketi, 7 февруари 2010.

  1. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    2.095
    Пол:
    Машки
    Како сведок ќе треба да се јавиш лично на рочиште кога ќе ти стигне покана, на рочиште ќе си кажеш така како што е, за да не те фатат да криеш нешто да не си направиш дополнителни проблеми заради лажно сведочење (не знаеш до каде ќе оди спротивната страна во однос на докажувањето), ако не се јавиш на поканата на судот можно е судот да побара со полиција да те донесат за сведочење, работата е во тоа што ако некој од страните те повика како сведок задолжително треба да се јавиш и како што кажав да си кажеш тоа што знаеш, тоа што си видела, посведочила, ако избегнуваш да се јавиш може судот дополнително да те глоби и да донесе решение за рочиштето на кое требало да се јавиш, а се одложило заради недоаѓање на сведокот и трошоците за тоа рочиште да паднат на твој грб.
    Немам намера да те уплашам туку да ти кажам реално како стојат работите, и затоа најдобро јави се на рочиште нема ништо страшно да сведочиш, да си кажеш тоа што си го посведочела.
    Обавезно носи лична карта на рочиште за да може судијата да го утврди твојот идентитет.
     
    Последна измена: 24 ноември 2022
    На FroggyLover и Luciferka им се допаѓа ова.
  2. FroggyLover

    FroggyLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Дали по default сите одат до суд?
     
  3. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.741
    Пол:
    Женски
    Сигурно ќе оди на суд, освен ако некако не се постигнати некаква спогодба.

    Пиши ми во ЛП за повеќе информации.
     
  4. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.826
    Допаѓања:
    3.167
    Пол:
    Женски
    Дали може некој правник да ми пише лп?
    Се работи за проблем во зграда, меѓу два станови
     
  5. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.741
    Пол:
    Женски
    Пиши ми.
     
  6. maaraa96

    maaraa96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2015
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    385
    Пол:
    Женски
    Здраво :) Бидејќи баш и не сум упатена а долго време во глава ми е прашањево, решив најпрвин тука да прашам и се надевам ќе добијам одговор. Таткото на мајка ми е починат тазр починат (1 година), има брат кој што има бааги имот во село, но мајка ми мисли дека ништо не е поделено т.е дека додека дедо и бил жив (таткото на татко и и чико и) не препишал се на едниот или другиот и се се води сеуште на име на стариот, или можеби откако починал и нели синовите се наследници татко и без да каже да потпишал на брат му се. Ми рекоа дека може во катастар да се дознае тоа. Да напоменам дека не е во добри односи со чичко и, ни прават проблеми бидејќи живееме во куќи-лепенки. Дали може мајка ми да отиде и да праша Дедо ми и татко ми се починати, мислиме дека имотот не е поделен сакам да знам со сигурност на чие име е. Дали некој може да ме посоветува да ми каже што точно може да се направи? Фала ви. Убаво неделно попладне:D
     
  7. Dreamsdocometrue

    Dreamsdocometrue Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Женски
    Ако добро те разбрав, починал дедо ти (татко на твојата мајка)!? Значи, ако е така, смртовница - Извод од матична книга на умрените вадите од подрачна служба на Министерство за правда односно ако не е пријавено вие пријавувате за смртта таму. Тој Извод од матична книга на умрените, Министерство за правда го доставува до надлежниот суд, местото каде живеете а судот по службена должност формира предмет и го дава по службена должност кај нотар. Нотарот, по службена должност со писмена покана за време и место на рочиште за распределба на оставина - во случајот вашиот дедо ги поканува сите законски наследници - брачен другар - вашата баба доколку е жива и децата - вашата мајка и нејзини браќа и сестри. На рочиштето на кое задолжително мора да ангажирате адвокат односно вашата мајка како негов наследник, нотарот може да провери во Катастар на што се е сопственик вашиот дедо - мислам на недвижности/земјиште. Во случај, вашиот прадедо и да не располагал со својот имот односно не направил поделба помеѓу дедо ти и неговиот брат, сепак таа поделба е направена на рочиште за оставинска постапка одмосно кога вашиот прадедо починал.
    Во секој случај, мајка ти може во Катастар на недвижности или во било која нотаска канцеларија да отиде со матичен број од дедо ти како негов наследник да и кажат што точно има на негово име.
    Се надевам дека бев доволно јасна.
     
  8. Dreamsdocometrue

    Dreamsdocometrue Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Женски

    Ако добро те разбрав, починал дедо ти (татко на твојата мајка)!? Значи, ако е така, смртовница - Извод од матична книга на умрените вадите од подрачна служба на Министерство за правда односно ако не е пријавено вие пријавувате за смртта таму. Тој Извод од матична книга на умрените, Министерство за правда го доставува до надлежниот суд, местото каде живеете а судот по службена должност формира предмет и го дава по службена должност кај нотар. Нотарот, по службена должност со писмена покана за време и место на рочиште за распределба на оставина - во случајот вашиот дедо ги поканува сите законски наследници - брачен другар - вашата баба доколку е жива и децата - вашата мајка и нејзини браќа и сестри. На рочиштето на кое задолжително мора да ангажирате адвокат односно вашата мајка како негов наследник, нотарот може да провери во Катастар на што се е сопственик вашиот дедо - мислам на недвижности/земјиште. Во случај, вашиот прадедо и да не располагал со својот имот односно не направил поделба помеѓу дедо ти и неговиот брат, сепак таа поделба е направена на рочиште за оставинска постапка одмосно кога вашиот прадедо починал.
    Во секој случај, мајка ти може во Катастар на недвижности или во било која нотаска канцеларија да отиде со матичен број од дедо ти како негов наследник да и кажат што точно има на негово име.
    Се надевам дека бев доволно јасна.
     
    На maaraa96 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.025
    Некој ако е вработен на неопределено, постои шанса да добие отказ?
     
  10. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    2.095
    Пол:
    Машки
    Да, и тоа може да биде отказ со отказен рок или отказ без отказен рок, во зависност од тоа кои се причините за отказ, ако ве интересира нешто конкретно пишете ми порака.
     
  11. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.469
    Допаѓања:
    8.578
    Што е работава со страницата на Катастарот? Веќе некое време не можам да влезам во „пребарување по имотен лист/адреса“. Да не го наплаќаат и тоа сега?
     
  12. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    930
    Допаѓања:
    2.576
    Здраво, пред две години ме казнија за брзо возење, но ништо не ми стигна од суд по пошта. Бидејќи поштата знаеме како функционира и онака имам проблем со тие картончиња ми е страв казната ако не е платена да не завршам на извршител. Има ли начин како ова да го проверам.
     
  13. Lana Girl

    Lana Girl Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2022
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Да ми препорачате добар адвокат кривичар
     
  14. Elena Eci

    Elena Eci Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Zdravo. Ne sum sigurna dali e ova za ovde ama ke prasam. Razvedena sum od soprugot i ne ziveam veke so nego tuku ziveam na drugo mesto pod kirija. Bi sakala da posnesam dokumenti za socijalna pomos no mi baraat mesto na prestoj. Da dobijam mesto na prestoj treba gazdata da me prijavi. Za taa cel treba da se napravi dogovor za zakup. Bi prasala za informacija pri sklycuvanje na dogovorot kakvi dokumenti se potrebni bidejki prasav kaj notar i mi kazaa deka mi trebaat poveke dokumenti. Moze li da mi kazete koi dokumenti trebaat za da znam kolku ke me cini. I da znam sto dokumenti da mu kazam na gazdata da gi najde. Vi blagodaram
     
    На Irlandy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dreamsdocometrue

    Dreamsdocometrue Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Женски
    Не ти требаат никакви посебни документи за да склучите договор за закуп. Тебе ти треба само твоја лична карта или било кој друг документ за идентификација а нему му треба исто лична карта и Имотен лист за станот кој го издава под закуп, одите заедно на нотар и го заверувате договорот. Тоа чини 300 денари.
    Разликата е само што кога имате склучено договор сопственикот на станот е должен да плаќа данок за тоа што го издава. Друго посебно нема.
     
  16. Dreamsdocometrue

    Dreamsdocometrue Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Женски
    Предложете ми добар адвокат од Струмица. Фала
     
  17. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.500
    Ако отидеш во мвр кога би ја менувала возачката ќе ти кажат дека имаш забрана ако имаат ставено воопшто забрана. Можеш да појдеш до шалтерите каде се сликаш за возачка само по скалите ќе се спуштиш и скроз десно и ќе те упатат и ќе ти кажат.
     
    На celineparis му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mrsfreak

    mrsfreak Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2018
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    Здраво имам потреба од совет за лажно обвинување од страна на работодавач ако може некој да ми пиши во лп бидејќи да ви објаснам подетално за што станува збор...фала
     
  19. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    Не знам за што конкретно станува збор, ама ако се работи за лажна пријава тоа е кривично дело и се одговара.
     
  20. mrsfreak

    mrsfreak Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2018
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    Личноста ја обвинуваат како соучесник за нешто што не го направила. Има камери но не биле проверени на работното место. Како да се докаже дека нема врска со тоа?