Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правни проблеми

Дискусија во 'Правни совети' започната од babyketi, 7 февруари 2010.

  1. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    Нека инсистира да проверат камери ама најдобро да си се консултира со адвокат ако веќе има пријава. Инаку може со налог од јавен обвинител да се проверат задолжително камерите или на суд одбраната да бара судијата да дозволи таков доказ и да се докаже нема врска. Ако има друг начин да докаже дека не е виновна, сведоци, колеги тоа секако да го искористи.
     
  2. mrsfreak

    mrsfreak Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2018
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    Случајот е од септември...предходно и кажале дека се проверени камерите а денеска и кажале не биле прегледани...Сигурно до сега се избришани
     
  3. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    3.151
    Пол:
    Женски
    Дали ќе може да ми пише некој правник? Имам потреба од стручен совет
     
  4. mar3q

    mar3q Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2014
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    474
    Приговор до
    Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен мора да поднесе адвокат или може и физичко лице?
     
  5. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.876
    Допаѓања:
    8.293
    Ве замолувам сите што имате повеќе знаење и правно познавање, да ми одговорите на следните 3 прашања, потребна ми е вашата помош. Однапред Ви благодарам.

    1. Имавме вонпарнична постапка за физичка делба на деловен простор. Истата заврши спогодбено. Во решението што го добивме од судот т.е во документот нема конкретни податоци за делбата, туку само за трошоците. Дали е така исправно или треба да ги содржи податоците околу квадратурата и сл?

    2. Дали само со вештачкиот наод може да се изврши промена на податоци во катастар?

    3. На адвокатот му дадовме изјава со која му го отповикуваме полномошното. Меѓутоа изјавата ја дадовме на него, но не и на судот. Е сега, тој без наше знаење и без да не извести дека стасало решението, си поднел жалба во наше име. Со жалбата си бара пари неосновано. Ние денес во судот ја предадовме копијата од изјавата за отповикувањето на полномошното. Целта ни беше да ја повлечеме жалбата, бидејќи не е се уште пратена до Апелационен суд. Од таму ни велат само тој може да ја повлече жалбата. Исто така ни велат да го контактираме него, но истиот одбива да ни се јави.
     
    Последна измена: 4 јануари 2023
  6. mrsfreak

    mrsfreak Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2018
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    Здраво. Дали знаете од прилика колку земаат адвокатите/бранителите?
     
  7. Svetlina

    Svetlina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    35
    Пред да прашам би сакала на сите членови да им посакам Среќна Нова 2023, многу здравје и насмевки во новата (и помалку правни проблеми [​IMG] ) и секако Честит Божиќ на оние кои го слават.
    Имам неколку прашања за пријател: живее во нова зграда и има купено свое паркинг место. Дополнително во заедничката гаража (немаат сите станари паркинг места) има дел од гаражата што би сакал да го земе во своја сопственост и да го користи. Дали може да советувате дали и како може да го стори тоа? Какви документи се потребни за да нема можни пријави од други станари? Како може да го земе во сопственост? Дали треба да го купи од инвеститорот или му треба согласност од станарите? Дали 51% од сите станари или само од тие што имаат паркинг места? Се извинувам за многуте прашања [​IMG] и ви благодарам однапред на советите! Поздрав и убав Бадников ден!
     
  8. Dreamsdocometrue

    Dreamsdocometrue Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е за тука да го поставам прашањево, доколку не е, предложете кај е посоодветно …

    Ми треба добар адвокат за имотно правни односи - граѓанско право од Струмица.

    Благодарам
     
  9. Anya321

    Anya321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2021
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    103
    Пол:
    Женски
    Дали некој менувал странска возачка дозвола за македонска, како иде процедурата
     
  10. FroggyLover

    FroggyLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Дали доколку адвокат те претставува на суд за граѓанска прекршочна, на крај те викаат и тебе да ти кажат лично што е пресудата, или само ќе ти стигне некое писмо дома?
     
    Последна измена: 18 јануари 2023
  11. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    2.095
    Пол:
    Машки
    Рочиште за објава се закажува само формално, во пракса не се одржува за граѓанска и прекршочна постапка, одлуката се испраќа до полномошникот, а тој после ја известува својата странка дали да се вложи жалба, или да се започне постапка за извршување (зависи од предмет, во прекршочна дали е глобен обвинетиот или не) понекогаш судот во прекршочна испраќа примерок од одлуката и до обвинетиот и до бранителот.
     
  12. FroggyLover

    FroggyLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Во ред, значи само известен ќе биде.
     
  13. FroggyLover

    FroggyLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Уште едно прашање- дали поради далечина е возможно некако преку интернет да се види состојбата на некој предмет?
     
  14. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    2.095
    Пол:
    Машки
    Сега за сега не постои можност да се види состојба за предмет по фаза на постапка преку интернет.
     
  15. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.795
    Допаѓања:
    8.404
    Пол:
    Женски
    Ова е по активна тема. Итно ми е потребен адвокат. Препорака?
     
  16. FroggyLover

    FroggyLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Дали после тепачка сите што учествувале имаат право на приватна тужба за оштета, или само ако се докаже дека си бил нападнат а не си го нападнал другиот?
     
  17. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.592
    Допаѓања:
    6.153
    Пол:
    Женски
    Здраво, имам едно прашање.
    Моментално сме во судска постапка со комшиите, ради делба на дворот. Ние сме на 1ви, комшиите на втори. Дворот не бик поделен уште од претходно. И сега сакаат они да го земат делот од дворот кој што нас ни беше ветен при купување. Адвокатот вика кој што користел до сега, така ќе си биде и понатаму.
    Сакаме да местиме изолација, 10 цм, изолацијата почнува едно метео од земја, и оди низ цел први спрат. Дали би можеле комшиите да ни прават проблем со тоа што дел од изолацијата ќе влегува во нивниот дел од дворот?
    Сега моментално е што е мое-и твое е . Се е заедничко.
     
  18. Zoe050805

    Zoe050805 Активен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    13
    Дали се лежи затвор за долгови, пример околу 200 иљади денари
    Невработен што прима пензија од починат родител и му кинат од пензијата дали не дај боже во затвор се завршува за ова ве молам
     
  19. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.741
    Пол:
    Женски
    Во целост се согласувам со вашиот адвокат.
    Соседите апсолутно си имаат право да спречат поставување на било што во нивни двор, но се додека нема направено делба и дворот се води како заеднички можете да поставувате.
    За долг не се оди во затвор, се работи за облигационен однос во случајов, освен ако не се работи за долг по алиментација каде согласно член 202 од КЗ предвидена е казна затвор во траење до 1 година.

    Нели си на Јустинијан ? Зошто вакви прашања поставуваш и имаш потпаднато претпоставувсм на некаква закана од страна на доверител.
     
  20. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.592
    Допаѓања:
    6.153
    Пол:
    Женски

    Ти Благодарам. Ух олеснително. :hug::sun:
     
    На Luciferka му/ѝ се допаѓа ова.