Ако сметката/струјомерот се води на име на татко ти тогаш не можеш ништо да направиш. ЕВН не ги интересира кој ги плаќа сметките туку само да се платени. Единствено што можеш е да ти си воведеш твој струјомер за твојот дел во кој што живееш, ти доаѓа сметка на твое име и си плаќаш струја. Така прават многу куќи кога младите сакаат да се одделат од старите.
Ме интересираат 2 работи: 1. Пред 30-тина години државата продавала недвижнини (објекти) на лица кои, откако ќе ги земеле, ги отплаќале објектите на месечни рати во рок од 30-тина години. Објектот е сопственост на државата се додека купувачот не го доисплати целосно, а се води на име на купувачот. Во случајов, купувачот на објектот почина пред неколку месеци, но не ја префрли сопственоста за објектот на никој т.е. објектот се уште гласи на починатиот. Како, според законите, би се постапило во овој случај? Дали се прави попис-маса и се бараат наследниците на починатиот или директно и се префрла сопственоста на сопругата? Дали таа има право да го продаде објектот и што ако за продавањето не се согласат сите наследници? Како наследници се сопругата, синот и 2-та внуци од починатиот син. 2. Во другиов случај, постои објект кој е стекнат во брак - имот стекнат во брак. Едниот брачен партнер е починат. Речено е од мајката на починатиот ( само усно е наговорено, а не постои никаква писмена изјава) дека објектот го остава за догледба на снаата, што мислам дека не може да биде така затоа што по смртта на починатиот како сопственици на објектот се наведени сопругата и 2-те деца, а родителите никаде не се спомнати. Инаку на местото на сегашниот објект, до пред 10 години имаше друг кој гласеше на родителите на починатиот. Куќното место беше препишано на име на синот ( сега починат) за да може да гради, стариот објект беше срушен, а на истото место е изграден нов објект кој се води како имот стекнат во брак. Појаснување? Би ви била благодарна доколку би ми ги објасниле работиве и би ме посоветувале.
Во врска со првиот случај сигурно станува збор за социјални станови кои се отплаќаат долгорочно (не е битно), жената на починатиот и неговите деца се рамноправни наследници од прв ред (внуците не ги мешај тука). Судот по службена должност ќе ги викне наледниците од прв ред и таму ќе си каже секој дали го сака или не својот дел. Ако целиот објект падне на жената доколку се откажат децата тогаш тој е во нејзина сопственост и може да прави што сака. Ако реши да го продаде, нормално купувачот ќе сака да бидат подмирени сите рати па тогаш да се пренесе право на сопственост (тоа е веќе др. работа). А може да се случи да се подели како идеална третина на сите троица па отпосле ако сакаат да прават физика делба, доколку секој си сака дел. СДК дека зависи како ќе се договорат тие троица зашто се рамноправни наследници. Вториот случај, убаво ти кажува наследно решение (ако го имате во оригинал). Родителите на починатиот му го препишале (доказ Решение за наследство кое сигурно е однесено во Катастар и ако извадиш имотен лист за таа парцела ќе видиш на кого гласи) и ако се има решение тогаш нема што старите-родителите да се мешаат и да уценуваат дека ако ги чуват-гледат ќе и препишат на снаата. Ако е стекнато во брак и за тоа се има доказ и е решено тогаш жената на починатиот и децата се автоматски наледници и нема што старите да бараат тука. Значи, објектот- местото е на жената на починатиот.
Одиш во матично во Словенија и дознаваш (логично бракот се склучува во Словенија и важат тамошните Закони за склучување на брак).
Татко ми е возач,моментално е на пат, газдата негов му должи над 3000е и како што стои работата не сака или не може да му ги даде.Не знаеме ни дали е здравствено осигуран,до сега демек средуваа документи.Ситуацијата е лоша.Татко ми е надвор од земјата,а ние тука, не знаеме што да правиме.Дали имаме некоја шанса да го тужиме,треба да има некои сведоци или .. ве молам за помош.
Би сакала бејбикети да те прашам,не дека е правен проблем но и јас во иднина се глледам како правник па би сакала да ми кажеш како е на факултетот повеќе детали и дали успеваат правниците во Македонија?
Зема плави картони?!? или оди во биро за вработување да се пријави???? Ако е под биро за вработување тогаш сигурно има некој договор на дело со работодавачот. Е, зависи што пишува во него, ако пишува дека месечно ќе му се исплатува надоместок од на пр. 1000еур е тогаш е прашање дали ги има тие пари на негова трансакциска сметка. Ако ги нема, т. е не му ги пуштил на сметка е тогаш има основа за тужба и не ти треба сведок. Зависи што пишува во договор и дали има, ако нема и се е на ,,лепе очи,, е тогаш не му може ништо на работодавачот. Ако е осигуран здравствено, пио...зема плави картони а не прима плата е тогаш работодавачот доцни со плаќање на рекапитулациите МПИН и во најмала рака после 45 дена ќе го блокира УЈП. И сега јасно ти е дека ти и мајка ти неможете ништо да направите туку татко ти треба да си поведе ред. Не ме сваќај погрешно ама сигурно татко ти знае што прави.
Знам јас тоа бракот и ке се склучи во Словенија него работава е што јас сите документи морам да ги извадам од Мк (брачна состојба уверение од државјанство и ред други) кои треба сите да бидат преведени од Мк на Сло..работава е тоа што од Сло ми рекоа дека во Мк ке ми кажат кои се документи ми требат (си имале земјиве договор за документи у веза за склучување брак) а во Мк отидов во полиција и може нема да ми верувате ама ми рекоа дека сетоа тоа морам или во амбасада во Мк или на страната на мвр да проверам,барам барам никаде нема дел од тие што знам дека ми се неопходни јас ги извадив ама имам уште ваљда а најинтересно е што морам до 21 август да ги предадам овде за на нашава дата што си закашавме да се регистрираме...затоа барам линк кај може да прочитам што трееба (ши држава ке бевме неможеш да знаеш шо документ ти треба)
Ама ајде бе те зезаат, не им се работи и те малтретираат и кога ќе дојде време да ги предадеш нашиве ќе ти кажат ,,еј ова ти фали, незнаеш, ти рековме,, па ќе се нервираш www.mvr.gov.mk види тука можда нешто ќе најдеш
Може ли некоја од вас да ми каже за замрзнување на имот? Дали тоа се прави само при кривично дело или може и онака? Како се почнува таа постапка, каде се поднесува, дали треба да е отпочната постапка за имотно-правна поделба или ова е засебно? Дали оваа постапка е дел од барање за имотно-правна поделба на недвижен имот или е посебна?
ти треба извод од матиЧната книга на родени за тебе и потврда дека немаШ склуЧено брак од матичното и документите од тука да бидат интернационални
ќе се обидам да бидам кратка значи ми треба совет бабами има 4 деца 3 ќерки и 1син е сега имотот нејзин нивите порано му ги оставила во наследство на својот син т.е.на вујкоми тој живее во Шведска и нема потреба од тие ниви е сега мајками и тетките мои сакаат да ги продадат нивите бидејќи бабами е премногу стара а вујкоми нема потреба од нив тој даде збор ако најдиме купец за нивите дека ќе потпише све што треба и парите ќе се делат на еднакви дела прашањето ми е како да се започне цела процедура и на вујкоми во Шведска кој дукументи треба да му се испратат да ги потпише дека се согласува тоа сега е проблем,знам дека треба да се изваде поседовен лист за нивите која класа се и според тоа ќе оди цената но понатаму како одат работите? однапред благодарам се надевам јасна бев
Сакам да прашам ако знае некој да ми подобјасни, што документи требаат за легализација на дивоградба, значи се ке беше поедноставно ако куќата беше префрлена на името на вујко ми, но таа сеуште гласи на име на дедо, кој пред неколку месеци почина, и сега се работи за легализирање на гаражен објект во куќата, и дали истите документи требаат и за легализација на дворно место.
Ако нивите се на име на вујко ти тој ќе треба да дојде во Македонија затоа што ќе мора да се потпише на договорот за купопродажба и во службените книги на нотарот, а доколку не може да дојде тогаш мора во Шведска да состави полномошно(кај нотар, во суд или во амбасадата во Шведска) со кое ќе ја овласти на пример мајка ти, таа да може да го продаде нивите во негово име, и во тој случај таа ќе се потпише како полномошник на местото на продавачот т.е вујко ти. Таквото полномошно откако ќе го добиете од Шведска мора да го преведете кај овластен судски преведувач и заедно со имотните листови и лични карти на продавачот, купувачот и полномошникот ќе отидете кај нотар и таму ќе ви состави нотарот договор за купопродажба и тоа е процедурата.
Боа ти благодарам, за одговорот само уште да ти кажам тој кога замина таму имотниот лист дукументи од овде не зеде т.е (толку го интересирало и толку му требале)знам дека тоа не мора да значи ништо и дека немаме зелено светло значи полномошното е клуч на све исто така и дукумент личен идентификација,благодарам
Легализација или приватизација не се прави на лице кое е починато. Прво ќе треба да префрлите имот на вујко ви, сето тоа да помине во Катастар па потоа да вршите легализација. Во општина се поднесува барање таксирано со 50 ден уплата адм. такса, копија лична карта и копија од сметка -струја, вода, тел. а од геометри се зема елаборат.... Ама ти пишав а до денес е рок за поднесување
Здраво Мој пријател има проблем, па се прашува како да го реши се надевам дека некој ке ми даде конкретен одговор на неговиот проблем , а проблемов му е следен : „ imam nenaplateni nalozi za prevoz od edna firma od Ungarija , covek firma e vsusnost.. imam nalozi , validni dokumenti uste malku edna godina sega covekot iskluci telefoni i nemam druga alternativa osven da go tuzam , e sega me interesira dali ke mi e potreben advokat od Ungarija i kako bi odelo seto toa„ Blagodaram
da li znae nekoj volonterite posle vkolko vreme stapuvat vo raboten odnos? postoji li takov zakon? jas volontiram veke 1 godin i 8 meseci.
Има Закон за волонтери еве прочитај го од тука http://www.pravo.org.mk/documentDetail.php?id=733 Мислам дека нема право - не мора, да мора да те вработи, ти волонтираш по твоја воља.