Надлежниот суд според живеалиштето на лицето. Воедно можете потврдата за неосудуваност електронски да си ја извадите за 5 минути. https://uslugi.gov.mk/service-details.nspx?serviceId=5234
Ако некој ти направи штета на имот и го тужиш и ја добиеш тужбата, ќе ти исплати само за поправка на штетата или може да бараш и повеќе? Се приложува сметка за поправка/замена на оштетеното или предвремено се договара за сума која ќе се исплати?
Ако иде преку суд, мислам дека колку што е штетата-толку. Треба да приложиш доказ во колкава вредност е настанатата штета. Пример ако ти искршам нешто што кошта 10,000, не можам да ти платам 20,000 пошто не ти вреди толку
зависи за каква штета се работи, ако веќе ја имаш поправено и си дал пари добро е да се приложи сметка, ако не висината најчесто се определува преку вештачење
речиси секогаш кога се тужи за штета се прави вештачење, значи пак ќе кажам, не знам за каква штета правиме муабет, обично вешто лице од таа област ја определува висината
Дали некој од вас има претплата на дејуре,ми требаат неколку закони за симнување ако може некој да ми помогне
раво, имам некои неподмирени долгови, и сега почнав да работам уште не ме пријавиле итн, ратите од долговите до сега се кинеа од семејната пензија што ја земав а сега знам дека ќе треба од плата, дека коа ќе ми пуштат плата пример ќе ми одземат 1/3 од платата што ми легнува у банка, е сеа сакам да прашам ДАЛИ МОРА тоа да стигне до мојот работодавец? Не би сакала д азнаат сите, зарем не може како ќе ми легне плата во банка директ од таму да се одземат парите Ве молам за одг..
Nekoj dali moze da mi objasni sto e toa inkasator. Mi se javia od m kesh poradi dolg koj go dolzam 100 dena mi se zakanuvaa deka ke dojde inkasator. Pa sakav da prasam sto e toa i dali smee da doagja??
За уверение за неосудуваност, дали треба од казнена или кривична евиденција? 2 различни формулари зс пополнување има.
Едно прашање Државен стан му е доделен на еден човек многу одамна. Не социјален, туку на исплаќање. Човекот го исплаќал 40 год. , сега пак го направи на 40год да го исплаќа, плус и камати плаќа за тие години што не плаќал. Е сега, дали после смртта на човекот ( да претпоставиме дека станот нема да биде исплатен) државата ќе си го земе станот? Човекот има три деца , али никој од децата не се нафаќа да го плаќа станот заради многу долгови и семејни проблеми, а сите сакат да го земат станот. Како би одела процедурата после смртта на човекот? Ако не е исплатен станот дали ќе ги викнат на рочиште за наследници или?
Дали некој имал искуство да ми поможи дали во превод, PRIVATE COMPANY LIMITED BY SHARES би значело Акционерско друштво, или сепак се работи за ДОО?...