Кога потпишавме договор за работа, потпишуваме и отказно без датум и бланко лист. Со паметов сега никааааад, а тогаш барав работа итно и не размислив ама иииич.
Znaci orimer za dolg vo telekom ili tigo ili vo banka nevazno, ne mozat da ve viknat vo obvinitelstvo?
Страшно е што уште има вакви преварантски фирми кои работат на ваков расипан начин. Вака сите вработени сте во незаштитена позиција затоа што кога сака може да ве одјави. Те сфаќам што си пишала сега по стекнато раб. искуство и познавање на законите не би потпишала. Тоа е убавата страна, стекнатото искуство и стекнатото знаење за во иднина.
Оооо ова е само дел, да знаеш само што се прават. Пример го одјавија колега зашто побарал ден зашто детето му беше во болница и го одјавија , а детето преку него осигурано, сметка за во болница ѓавол ипол. А вакааа да ги гледаш едни верници едни со почит према луѓето ( мижи асан да ти баам).
Приговор против нотарски платен налог од страна на правно лице (државна институција) мора преку адвокат да се поднесе или може самата институција?
ДОМУВАЊЕ - Доколку се петмина сопственици на поголем стан во зграда управувана од фирма управител, дали на фактури за управувачки услуги треба да стојат (да бидат напишани за плаќање) сите петмина сопственици на стан на една иста фактура или пак еден, двајца, тројца или поинаку и како би се избрало? И во случај на спор со управител за плаќање кој би бил должникот?
Здраво феминки, Ми треба совет од правен аспект па би била благодарна. Работев во компанија во Скопје која ја напуштив во март. Во преговорите со мојата моментална компанија, која е странска (работам од дома), ми беше кажано дека можам да префрлам стар одмор (7 дена) меѓутоа испадна да не ми се прифатени деновите во моменталната компанија… Јас кога си заминував, не сум сигурна дали потпишав нешто за тие 7 дена од старата фирма. Дали може да ми исплатат од старата фирма за тие 7 дена што не сум ги искористила? Малце ми е криво што сум изиграна и би сакала совет на темава.
Здраво, би сакала да прашам дали рокот за поднесување приватна тужба за кражба е 3 месеца од денот на откривање на истата или од денот кога истата се случила? Благодарам
Некој што вадел Потврда за неосудуваност онлајн дали одма ви се праќа на меил изготвена потврда или и тоа се чека? И општо за овие потврди колку време се чека?
Кај кражбата гонењето се превзема по приватна тужба од страна на оштетениот само доколку вредноста на украдениот предмет е помала и сторителот одел кон тоа да присвои предмет од таква вредност. Во таков случај рокот на застареност изнесува две години од извршувањето. Застарувањето на кривичното гонење почнува од денот кога е сторено кривичното дело или настапила последицата. Прекинување на застарувањето настанува со секое процесно дејствие што се презема заради гонење на сторителот поради стореното дело; во таа смисла и самото поднесување на тужба ќе го прекине рокот на застареност. Со секој прекин застарувањето почнува повторно да тече. Исто така застареност на кривичното гонење настапува во секој случај кога ќе помине двапати онолку време колку што според законот се бара за застареност на кривичното гонење (апсолутна застареност).
Здраво. Дали некој може да ми каже што точно е потребно од документи и која е постапката за промена на презиме (порадистапување во брак) и промена на адреса на живеење (во друг град). Конкретно од друг град за во Скопје.