Одјава од МВР од матичната општина и поднесување на документи во МВР во Скопје, заедно со венчаница и имотен лист на новата адреса.
Мене од кај што сум на стара адреса од МВР ми рекоа дека не треба да се одјавувам... Право во Ск демек. А имотниот нема врска колку е стар?
Е сега по службена должност ако си ја тераат процедурата е друго, јас се одјавував. Мислам дека нема врска колку е стар имотниот лист.
Ми стигна покана од ОЈО за да дадам појаснување во врска со некаква измама член 247 во својство на осомничен за нешто од почеток на 2022год. Не е наведено за што е. Како би можела да дознаам? Сите се на одмор и судијата и обвинителот? Се извадив од памет, можно ли е да е некаква грешка?
здраво, ми трева мислење ваше. Договорот за работа ми завршува другиот месец, дадов отказ меѓутоа отказен рок е 3 месеци. Дали мора да се одработи тој рок бидејки договорот ми завршува?
Не. Со истекот на времетраење на договорот истекува и времето за отказен рок, тоа значи отказниот рок трае заклучно со денот на истекот на договорот за вработување.
Здраво, за потврдите за неосудуваност и забрана за вршење дејност, дали може да поднесе некој барање без мене ( брат ми) само со копија од лична карта, и да ги подигне? Бидејќи јас нема да сум присутна, а ми требаат за следната недела. Дали има некој друг начин да ги земе без мое лично присуство , или можеби онлајн ако оди брзо тоа со е-услуги? Ако имал некој искуство, нека ми каже.
Здраво ако може некој што се разбира со кривично право да ми пише приватно,или некој адвокат би сакала да прашам неколку работи.Фала нека ми пише хитно ми е
Здраво, едно прашање дали од кога ќе заврши договорот за работа и немате потпошано нов договор ве офјавуваат од завод или не? а сеуште работите со птказен рок
Дали можам да го тужам хотелот ако имам добиено физичка повреда кај нив во претерано лизгава соблекувална (во спа центар)? Имам 6 конци на ногата. @Forca или некој друг ако знае да ме посоветува?
Ако може да ми објасните ова зашто е. Го видов денеска на годишната даночна пријава. Дали фирмата што плаќа данок, од ујп ќе ти ги вратат парите или за друго нешто е?
Во согласност со членот 141 ставот 4 од Законот за работните односи, секој вработен кој користел отсуство заради боледување или породилен одмор (отсуство) има право да го искористи неискористениот годишен одмор најдоцна до 30 јуни следната година. Моментално сум бремена и здравје во октомври планирам да го отворам породилното отсуство, ако биде сѐ во ред, на денот на породувањето и би била отсутна до јули 2024г. Дали тоа значи дека целиот одмор што ќе ми остани неискористен, ќе можам да го користам кога ќе се вратам на работа? А потоа да користам платен одмор од тековната година? Бев денес во правната служба, не знаеја да ми одговорат, единствено дека до 31ви декември морам да искористам 10 дена за да не ми пропаднат. И за тоа барав, ама никаде не успеав да најдам. И уште нешто, какви е тоа законско најавување на користење породилно отсуство 1 месец пред почеток? Јас знам кога ми е термин, ама тоа апсолутно ништо не значи, оти можам и во 7ми месец од бременоста да се породам.
Што точно значи ,,Република Македонија " како сопственик во катастар ,конкретно гледам на апликацијата катастар.гов.мк за имот кој во требало да се дели меѓу татко ми и чичко ми ама чичко ми вика дека го легализирал на свое име. Гледам тажу не стои негово ниту на дедо ми име туку Република Македонија .
Ако има разлика помеѓу пресметаниот и платениот данок, обврзникот има право на поврат на разликата на данокот (ако разликата е позитивна) или е должен да ја плати разликата (ако разликата е негативна), има и уплатница за плаќање. Еве јас имам право на поврат од 1 денар, но не го барам бидејќи може следната година да биде -1 денар. Па ќе треба да го платам. А ако плаќам банката наплаќа провизија.
Некој те пријавил за нешто, односно поднел пријава против тебе. Во твој интерес е да отидеш, да се запознаеш за што станува збор и да дадеш исказ. Можеш да ангажираш и бранител.