Или не е префрлено како што треба, или не е ваше односно сте го користеле но легално не било на ваше име.
Доколку станот е купен на кредит 2016 година(мојот сопруг), а законски сме се венчале 2018 година и се уште се плаќа кредит(сопругот повторно), а јас не сум дала ништо за тоа, дали се рачуна како брачна стечевина или не? И како се наследува тогаш? (откако ќе се исплати се разбира, и што би било ако на сопругот му се деси нешто а не е доисплатен?) имаме едно дете, плус он има уште две
Здраво, дали на некој му се случило полицаец да го застани за брзо возење при тоа ми кажува дека сум возела 50 од дозволено 40 а ми дава лист за плаќање на него пишува дека сум возела 59 од максимално дозволено 60. Како да постапам во случајов????? Притоа мн арогантно се однесуваат полицајциве, зарем немаат кодекс на однесување. Ве молам за помош
Ве молам одговор од правник или сметководител.Мајка ми има договор на 6 месеци,усно и дадоа решение за одмор,пред истек и не и даваат во писмена форма ,бараше и викаат што ке ти е.Договорот не и го продолжуваат ама ,има шанси и да ја одјават порано ,за да не и дадат регрес.Дирекорот кажува 1 ден порано дека е договорот ,ама нели се рачуна од датум исти до датум за 6 месеци.Може и да ја одјвави порано ако нема решение,и нема да добие ни плата ни регрес?
Доколку не ѝ дадат регрес, па реши да тужи за исплата, ќе биде неопходно пред судот да докаже дека се стекнала со правото на годишен одмор за конкретната година; значи како еден од писмените докази - решение за годишен одмор за конкретната година ...
Ne i davaat barase,direktorot i kazal sto ke ti e tebe,prijavena si na 6 meseci i gotovo,sto ponatka da pravi ?
Во случај на развод,каде има и малолетни деца,колку години треба да имаат децата за да добие цср мислење и од нив 10год.ли не можам да најдам?
Пред донесување одлука за доверување на дете на чување и воспитување, дете со навршени 10 години може слободно да го изрази своето мислење во ситуации во кои се одлучува за неговите права и мора да биде прашано и да се консултираат со него за неговото мислење..
Дечки, итно ми треба адвокат од Струмица за граѓански работи но некој што е стварно посветен и сериозен да си ја познава работата? Секое мислење би ми значело. Фала ви
Здраво имам прашање во врска со наследство на имот. Ние сме две сестри од кои едната е омажена а јас не сум и живеам со татко ми во семејната куќа која е негова сопственост и мајка ни е почината. Татко ми е хроничен алкохоличар и нон стоп се задолжува и не ги враќа долговите користи и кредит и сега повторно сака да го рефинансира и само се заглавува се повеќе и повеќе финансиски. Ние со сестра ми сакаме да ни ја препише куќата но тој не сака. Има две сестри кои порано му имаат земано ниви кои ги наследил со денационализација. Татко ми добиваше мал мозочен удар и е со оштетен црн дроб. Се плашиме доколку нешто му се случи дали и неговите сестри би имале право да наследат дел од неговата куќа или само ние како негови деца? Друго прашање ми е бидејќи има долг кон водна заедница и е на извршител и долг за неплатени здравствени придонеси бидејќи се пријавувал како индивидуален земјоделец ние би можеле да ги префрлиме нивите на наше име или прво ќе треба да ги плаќаме неговите долгови?
Се што е на негово име - негова сопственост не може да префрлите без него односно само тој може да ги префрли на ваше име со договор за дар. По неговата смрт, доколку претходно не ви префрли, ќе го стекнете целиот имот по основ на наследство. Но, доколку наследите негов имот, ќе наследите и негови долгови, сразмерно на имотот што сте го наследиле.
Неговите сестри се наследници од втор наследен ред, а согласно Законот за наследување наследниците од првиот наследен ред (брачниот другар и потомците на оставителот) ги исклучуваат наследниците од вториот наследен ред (брачниот другар и родителите на оставителот, односно нивните потомци), кои би биле повикани на наследство само доколку не постои ниту еден наследник од првиот наследен ред. Во конкретниот случај, евентуалните долгови кои ги има човекот, не се од значење за да може истиот со договор за дар или слично да располага со својот имот за време на живот, односно по својата смрт имотот да биде наследен. Имотот може да се подари односно наследи и со долгови, со тоа што обврската за исплата на тие долгови во таков случај преоѓа на лицата кои го примиле подарокот, односно на наследниците и тоа до висина на наследениот имот. Тоа практично значи дека ако како наследник наследиш имот од приближно 50.000 евра, обврската за исплата на евентуалните долгови од твоја страна не може да го надмине тој износ...
Здраво ми треба консултација во врска со правна работа. Ако има некој слободен нека ме контактира во лп. Однапред благодарам