Ти благодарам. Нема интерес за меѓусебно откупување во секој случај . Дали при договор за продажба на трет купувач треба сите да бидат потписници?
Не, само тој сосопственик што го продава својот сосопственички идеален дел е потписник односно продавач.
Здраво, лани потпишав договор за закуп на деловен простор на две години, но сега сакам да го напуштам. Е сега доколку сопственикот не се согласи што можам да превземам од правен аспект?
Zdravo, Dali za ista pravna rabota (spor) koga e podnesena Tuzba vo parnica, moze da bide podnesena I krivicna prijava?
Може, но само доколку дејствијата може да се подведат под законското битие на одредено кривично дело.
A koga e podnesena graganska Tuzba Dali posle odreden period za istata rabota moze krivicna prijava I Dali ako graganskiot sud utvrdi zastarenost moze da se podnese Tuzba do Apelacija?
Во однос на моето претходно прашање (уште еднаш благодарам за брзите одговори) за продажба на идеален дел на имот во сосопственост, се надоврзува прашањето: при незавршена приватизација на земјиште, а поднесено барање само за 1/3, што ќе се случи ако некој ги купи другите 2/3 од имотот, со оглед на тоа дека рок за нови барања за приватизација нема? Дали купувачот мора да чека нов рок, дали може на некој начин да го откупи земјиштето, дали може да се приклучи на веќе поднесеното барање или како? И уште нешто, дали може да се отповика изјава заверена на нотар? Фала однапред
Не мора да има посебно изминат период, може и веднаш да се поднесе, а во однос на жалбата, има право секако.
Според одредбите од Упатството за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење кои се однесуваат на Планот на архивските знаци, Листата на архивски материјал и Листата на документарен материјал со рокови на негово чување. Планот на архивските знаци содржи општ и посебен дел. Според општиот дел на Планот на архивските знаци се врши определување на архивски знаци за распоредување на документите/записите и предметите од 01 до 07, што претставува класификација на документите по материја или организациона единица, а според посебниот дел на Планот на архивските знаци од 08 натаму, согласно организационата структура и надлежностите на имателот. Општиот дел на Планот на архивските знаци содржи архивски знаци за документите/записите што се однесуваат на: 01. Основање, организација и развој; 02. Управување и раководење; 03. Канцелариско-архивски, правни и општи работи; 04. Човечки ресурси; 05. Финансиско и материјално работење; 06. Одбрана и безбедност; 07. Електронски систем и автоматска обработка на податоци итн ...
Пред 5-6 години кога бев малолетна (13 год) еден манијак ми пишуваше безобразлуци и кога реков дека ќе кажам ми се закануваше. Дали сега после 6 години можам да го пријавам?
Ако не ја користиш адвокатската лиценца односно ако не работиш како адвокат, дали мора да се стави во мирување?
Да, инаку, фактички работела или не, секој месец се плаќаат придонеси, ако е во мирување се врши одјава од ЦРМ, УЈП и ПИОМ за да не се плаќаат придонеси додека трае мирувањето.
Да, ама нема своја канцеларија. Работеше кај адвокат. Мислам имаше рок од 15 дена да се стави во мирување по престанок на раб однос
Ако не планира да работи самостојно како адвокат, а во меѓувреме не се вработи кај друг адвокат/адвокатско друштво, во тој случај нека се стави во мирување, не може истовремено да биде активна како адвокат, а да не плаќа придонеси односно да нема официјална трансакциска сметка во банка, високи се глобите, а и одма ќе ја блокираат од УЈП, ќе си направи проблем во секој можен аспект, почнувајќи од Фондот за здравствено осигурување, нема да биде здравствено осигурана и нема да може да се осигура и како невработена, зезнато е, за адвокатите важат други правила во буквално се', и многу е ригорозно со давачките, работеле или не, месечно имаме огромни давачки кои мора до 15ти во месецот да се платат. Ако те интересира нешто дополнително пиши ми во порака
@Forca Дали средствата од породилно подлежат на извршување? Дали мајката може да располага со тие пари доколку е блокирана од извршител?
По правило не смеат затоа што аналогно се смета како право од социјална заштита, но некои извршители извршуваат од овие средства затоа што си го толкуваат како надоместок на плата односно нето плата. Најдобро е во ваков случај да се поднесе приговор заради неправилности при извршување и да одлучува судот. Работата е што не постои точно наведено во Законот за извршување, туку стои иземени се средства по основ од социјална заштита, затоа во секој случај е различно, постои правна празнина.
Подлежат на извршување, тоа претставува надоместок на плата кое осигурено лице ја остварува согласно прописите од здравственото осигурување за време на привремена спреченост за работа, а не право кое припаѓа согласно прописите од социјална заштита, кои како такви се прецизно определени во член 116 став 1 т. 3 од Закон за извршување и кои како такви се изземени од извршување.
Сум слушнал за случаи каде што не подлежеле на извршување, точно е дека се надоместок на плата, и дека ако буквално го толкуваме законот тогаш да, подлежат на извршување, но не сите извршители го толкуваат исто законот, а нема прецизна одредба за конкретното прашање, а според мое мислење треба да бидат изземени. Не можам да кажам од сопствено искуство во мои предмети затоа што сум немал конкретен предмет по овој основ.