Да, согласно член 117 став 1 од ЗИ, ...извршувањето врз плата и пензија, како и врз надоместок наместо плата...со почитување на ограничувањата од 1/2 за привилегираните побарувања, а за сите други 1/3, односно 1/5...извршувањето се спроведува како врз плата, пензија, така и врз надоместокот.
Здраво барам мала помош да ми помогне некој со негово мислење. Нашиот имот татко ми и чичоми го наследија од дедоми го ставија на нивно име но не направија физичка се договорија кое чиво е пре тетките кои се откажаа . И така татко ми починува ненадејно млад и неговиот дел го наследува брати и сега чичко ми одеднаш почнува да бара соба дел од таа кука што живеал татко ми 56 год ... И сега што би можело да се деси би можело ли чичко ми да земе нешто од братми . И чичко ми во тој дел што седи е било на дедо ми и е наследено кого наследството преминало и на татко ми и чичкоми. Сега чичко ми некогаш пијан улетува ја мава мајка ми од куката во која живее 43 години која е со дијагноза бидејки братми не е тука моментално. Секое мислење е добредојдено
Потребно е да поведете постапка за делба на заедничкиот имот со поднесување на предлог до надлежниот суд и да поведете постапка за изрекување на мерки за заштита од семејно насилство спрема чичкото.
Zaednicki imot ni e i taa strana sto toj zivee 45 godini i ovaa strana sto ziveeme nie vekje 45 godini znam deka teba delba no dali toj ima pravo da ni vlwtuva taka i toa vo pijana sostojba toj si ima poseben dvor i poseben vlez a se sili deka i tuka nasiot e negov
Ваљда е за тука прашањево. Еден другар треба да наследи стан од родител и сака да го продаде. Родителот е починат. Другаров си има свое живеалиште, но има многу долгови и извршители и мислам дека сметките му се блокирани. Дали ќе може да се направи оставинска постапка и да го продаде станот без да треба да плаќа извршители и долгови за сметката? Или како може тоа да се среди?
Ако му одбиваат веќе од плата не би требало да му одбијат од продажната цена за станот, затоа што банките исплаќаат од сметка на должникот врз основа на налогот за извршување, но ако банката го извести ,,неформално" извршителот дека легнала голема сума на пари, извршителот може за 5 мин да го повлече претходниот налог и да донесе нов налог за извршување на парични средства по сметка, така што не е сигурно ништо, постои ризик, а да се одбегне извршувањето не може, затоа што парите од продажбата треба да легнат на трансакциска, инаку оставинска може да си направи, ама да почека со продавање.
Аха, а ако например плаќа редовно извршители секој месец, тогаш не би требало да му сопрат од парите од продажбата така? Колку е ова сигурно дека нема да му ги сопрат?
Искрено не знам, но штом станува збор за извршување нема ништо сигурно, ако разбере извршителот дека има средства за одма да се наплати долгот, убеден сум дека веднаш ќе донесе нов налог за целосно да се наплати.
Дали може да ме контактира некој за прашање во врска со договор за работа? Да напоменам дека е америчка фирма и е на англиски договорот, но работам од МК како contractor.
Адвокат ако ти даде изјава дали на таа изјава треба да има датум кога ти ја дадел и да ти биде заверена на нотар изјавата за да биде правосилна? Адвокатот ми даде изјава нема ни датум на изјавата, ниту пак нотарски печат. Дали има шанса со оваа изјава да го поништам адвокатот и да си најдам друг адвокат?
Само отповикај го полномошното со твоја изјава, истата завери ја на нотар, и достави ја изјавата до твојот адвокат, од денот на доставување на изјавата полномошното престанува да важи и можеш да ангажираш друг адвокат.
Здраво, би сакала да прашам Пред 3 години подигнав кредит ( на мое име) Со тој кредит е купен стан којшто гласи на име на сопругот( во моментот на подигнување на кредитот не бевме во брак). Е сега прашањето ми е, дали во случај на развод јас имам право на дел од станот? И дали има можност да се направи промена во имотниот лист, односно истиот да гласи на двајцата?
Не знам дали е за тука прашањево, ама ќе го поставам. Имено, не ми се јасни работиве околу продажба на стан. Продавам стан. Е сеа, во имотен лист е впишано одредена квадратура околу 50+ квадрати, меѓутоа двата балкони се големи и плус има помошна просторија во самиот стан, кои не се впишани на имотниот. Според мене не може туку така да отиде станот без да ги земат предвид тие простории. Но, моето мислење е секако небитно. Ако ги пишам со се нив, тогаш испаѓа за 20 квадрати повеќе површината. На имотен ги нема. Многу поголема сума ми искача секако кога ги вбројувам и тарасите, па дали се рачунаат и тие во квадратура ? Како е според закон? Прашано е за легализирање тераси, но добив негативен одговор дека во блиска идниина ќе нема конкурс.
@dea.18 легализирање кога ќе има, нема потреба да се брзаш за продавање. Башка секој што ќе купува ќе си бара и тој простор да е на имотен лист. Вака само ти си во загуба, ќе дојде помала квадратура за продавање. После уредно со купопродажен договор ќе си оди тоа, не е проблем. Обична процедура, али среди го тоа со квадратите.
Морам што поскоро да го продадам, а за легализација не ми се чека, бидејќи кажано ми е дека ќе нема за брзо време оглас за легализација на тараси. Процедурата за квадратите се решава на нотар или адвокат? За колку време?
Zdravo, imame situacija kade ziveeme vo kukja koja e na tetka mi veke 10 godini, taa e nestabilna licnost bidejki imase zboruvano deka kukjata ke ostane na mene no od toa nisto, pa me interesira posle kolku godini ke steknam legalno stanarsko pravo kade sto ne bi mozele da me isfrlat od kukjata i koga tetka mi ke pocine?
За да стекнеш право на домување потребно е писмен договор и истиот да биде евидентиран во Имотен лист како товар врз недвижноста, и истиот може да трае ограничено до рокот наведен во договорот или неограничено, но имај во предвид новиот сопственик (наследник) има право да го раскине договорот. За да стекнеш право на сопственост потребно е исто договор (за дар или доживотна издршка) и истиот да биде спроведен во Катастар само имај предвид ако сопственоста е пренесена со дар во рок од 90 дена од смртта на оставителот тогаш наследниците можат да бараат враќање на дарот доколку им се повредува правото на нужен дел, исто не е исклучено како наследници да бараат раскинување на договор за дар заради покажана неблагодарност, субјективен рок за застареност е 1 година од објективниот рок од 5 години од покажаната неблагодарност. Ако те интересира нешто подетално пиши ми во порака.