1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правни проблеми

Дискусија во 'Правни совети' започната од babyketi, 7 февруари 2010.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.707
    Допаѓања:
    35.059
    Пол:
    Женски
    Ако не пишува дека може да се раскине предвреме, ќе треба да седите една година. Роднина на маж ми издаваше стан и немаше ништо за раскинување. Ако си под договор, а не му плаќате кирија, има право да ве тужи сопственикот на станот.
     
  2. Deva Path

    Deva Path Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2020
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Машки
    Одделение за увиди на сообраќајни незгоди. Се наоѓа во Полициска станица Лисиче спроти стар Трговски Центар Лисиче, во моментов Полициска станица Аеродром (додека се изгради новата станица). Веднаш по влегување на влезна врата од лева страна имаат оставено маса со барања и на барањето има примерок од уплатницата што треба да земете во банка/пошта пополните и платите 250 денари, со пополнето барање и уплатница захефтана на барање се враќате и имате на истата маса со барањата една кутија отворена каде ќе го оставите и тоа е, ќе видите има и други оставени, ќе ги земат наредниот ден. Од Одделение за увиди на сообраќајни незгоди нема да излезат да ви објаснат, но полицајците на станицата кои работат на пријавница што е пред влезна врата лево ќе ви кажат ако не се снајдете.
    Само да знаете дека се чека со месеци за записникот. Јас отидов по еден месец, ми кажаа за повеќе месеци оти има голем број на записници пред мене што не се изготвени, секој ден има голем број на сообраќајки во Скопје. За нешто помалку од 4 месеци го земав. Така да не мора веднаш да уплаќате и поднесувате барање, можете пред крајот.
     
    Последна измена: 23 мај 2024
    На Tamara546 и eliesaab им се допаѓа ова.
  3. behappy111

    behappy111 Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2023
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    ti blagodaram mnogu
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. babyA

    babyA Нов член

    Се зачлени на:
    23 мај 2024
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Decki help kako da postapam…Vaka bremena sum 5 mesec sea pocnav so rabota skoro pred nedela dog mi e na 6 meseci mene termin mi e vo septemvri dog mi istekuva vo noemvri porodilno ne me sleduva, sega neznam dali da kazam na firmata za situacijata bidejki kje povne da se poznava za kratko i dali imaat pravo da me izbrkaat ajde ve molam kako da postapam nekoe pravno lice ili hr Tnx
     
  5. ScrappysSunshine

    ScrappysSunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2021
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Почитувани Феминки, здраво на сите! Дали некоја од вас знае колку вкупно чинат трошоците за затворање на фирма, колку долго трае постапката и дали во текот на постапката мора да се плаќаат плати и придонеси за вработените? Имено, фирмата нема долгови, се е чисто.
    Благодарам и се најубаво
     
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.707
    Допаѓања:
    35.059
    Пол:
    Женски
    Имаат право да не ти го продолжат договорот. Не можеш ништо да направиш околу тоа. Да имаше право на породилно можеби ќе те оставеа на работа.
     
  7. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    732
    Допаѓања:
    1.998
    Пол:
    Машки
    ДООЕЛ или ТП?
    За ДООЕЛ околу 500 евра, и се чека 2 месеци отприлика (ако се оди со ликвидација, ако се оди со стечај отприлика пола година), за ТП чини 150 евра и се затвара за 2-3 дена.

    Да се плаќаат плати и придонеси на вработените додека не биде избришана фирмата, за ДООЕЛ задолжително се поднесува завршна сметка.

    Ако ве интересира подетално пишете ми во порака.
     
  8. CacanaBu

    CacanaBu Активен член

    Се зачлени на:
    1 август 2022
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Zdravo,
    Kolku cini taksata za Zalba po Presuda? Dali ima fiksna cena ili zavisi od vrednosta na sporot
     
  9. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    732
    Допаѓања:
    1.998
    Пол:
    Машки
    Таксата за жалба по пресуда изнесува двојно од износот кој е платен за такса по тужба (пример ако такса за тужба изнесувало 1500 ден., тогаш таксата за жалба изнесува 3000 ден.) ако пресудата се побива во целост, ако се побива делумно тогаш делот од побиваната вредност на спорот се пресметува колку би чинело такса за тужба и тоа помножено по 2, на пример: вредност на спорот е 100.000,00 ден., вие побивате само 10.000,00 ден. такса за тужба е 480 ден. x2 = 960 ден. е таксата за жалба, ако се работи за милионски спор тогаш максималната такса за жалба е 6000 ден. колку што е максималната такса за тужба ова според најновите измени на Законот за судски такси
     
    На SummerGirl и CacanaBu им се допаѓа ова.
  10. Dreamsdocometrue

    Dreamsdocometrue Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    242
    Пол:
    Женски
    Некој адвокат да одговори, колку изнесуваат трошоците за ликвидација на правно лице дооел, се вкупно до завршување на целата постапка?
     
  11. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    732
    Допаѓања:
    1.998
    Пол:
    Машки
    Зависи кој адвокат сте го ангажирале, некои наплаќаат по дејствие, други вкупна сума, од прилика од 500 до 1000 евра, и во зависност дали вие ги обезбедувате сите исправи потребни за ликвидација или адвокатот во ваше име ги обезбедува сите документи, нормално ако сè прави адвокатот тогаш е поскапо затоа што во вкупната цена е вклучена и администативната такса кон институциите, пример ако треба завршна сметка за цела претходна година само таксата за ЦРМ за да се поднесе изнесува 1000 евра, пак ќе кажам зависи од обемот на работа затоа што има случаи адвокатот да ангажира дополнително сметководител за да се заврши работата, буквално секое одење по институции чини пари, јас ви кажувам просек цена 500 до 1000 евра, но зависи од случај до случај.
     
    На Anaroz1 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  12. Dreamsdocometrue

    Dreamsdocometrue Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    242
    Пол:
    Женски
    Не ве разбирам во делот адвокатот да ангажира сметководител, ако може да ми објасните. Фирма дооел која е активна, не е ли задолжително да има сметководител веќе или може и да нема? Фирмата инаку е скроз чиста и за претходните години платени сите давачи, единствено спорно е што фирмата има имот односно канцеларии и машини кои не се продадени па ме интересира како се пренесуваат тие со оглед што дел се возила транспортни? Ви благодарам
     
  13. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    732
    Допаѓања:
    1.998
    Пол:
    Машки
    Ако се погоди да нема во моментот сметководител ќе треба да се ангажира (различни ситуации), за второто прашање, сиот имот на ДООЕЛ по завршување на ликвидационата постапка станува сопственост на основачот, кај ДОО на основачите.
     
  14. Dreamsdocometrue

    Dreamsdocometrue Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    242
    Пол:
    Женски
    Дали тоа значи дека по добивање на решение за ликвидација, може да се направи договор за дар со кој правното лице го префрла на основачот како физичко лице за да може во МВР да се упише промена на сопственик на возило или МВР со тоа решение за лик може да изврши промена во сообраќајната дозвола? Фала Ви.
     
  15. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    732
    Допаѓања:
    1.998
    Пол:
    Машки
    Вишокот од имот на ДООЕЛ по сила на закон преминува врз основачот, решението е само доказ дека ДООЕЛ е ликвидирано, дека е избришано, со тоа сопственоста на имотот (недвижен и подвижен) се враќа на основачот, и МВР врз основа на тоа решение треба да направат промена во сообраќајна, но со оглед дека живееме во Македонија не ме чуди да ви бараат договор за дар.
    Али тоа е исто кога од Катастар би барале договор за дар каде дарувач е починато лице, а по направена оставинска постапка.

    Да појаснам кога правно лице (фирма) ДООЕЛ е избришано, тоа не може да учествува во правен промет, исто кога некое физичко лице почине тоа не може да учествува во правен промет.
    Кај физички лица се прави оставинска, додека кај правни лица се прави ликвидација или стечај, откако се донесе решение дека ДООЕЛ е избришано не може од МВР да бараат договор за дар затоа што тој договор треба да биде потпишан од управител кој веќе по сила на закон му престанало својството на управител со самото отварање на ликвидационата постапка, дури и на ликвидаторот му престанува функцијата по завршување на постапката, но може да побараат ликвидаторот да биде дарувач од име на ДООЕЛ.
     
  16. Fancy_Nency 22

    Fancy_Nency 22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    Здраво работев 3 месеци во државна институција.Не бев осигурана не ми се водеше стаж,но бев осигурана за повреда на работното место.Еве веќе месец и пол од завршувањето на проектот не ми се исплатени средства,не само и мене и на другите вработени.Како да постапам?
     
  17. Ravenn

    Ravenn Активен член

    Се зачлени на:
    21 март 2024
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    330
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки!

    Пријателка што живее во Штип сака да се пресели во Скопје, да живее под кирија. Работата е што она сака и живеалиште (лична карта и пасош) да ги стави на таа нова адреса.

    Знам дека она треба договор за закуп да потпише нели, но што е следно? Може комотно да иде до мвр да префрли адреса или треба сопствениците да одат со неа?
     
  18. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    732
    Допаѓања:
    1.998
    Пол:
    Машки
    Треба да потпише договор за закуп и да е заверен на нотар, нека потпише/завери 2 договора (еден за неа и еден за МВР), да се одјави од Штип од МВР (да ја однесе потврдата од МВР - Штип), и ќутенката без да кажува на сопствениците инаку може нема да и' дозволат, утре кога ќе си оди, исто ќутум ќе се одјави, и тоа е тоа :)
     
    На Ravenn му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.707
    Допаѓања:
    35.059
    Пол:
    Женски
    Ама може сопствениците да не се согласат да го потпишат договорот, за да не плаќаат данок.
     
    На Forca му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ravenn

    Ravenn Активен член

    Се зачлени на:
    21 март 2024
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    330
    Пол:
    Женски
    Благодарам многу, ќе пренесам!
    Но нема ли сопствениците секако да дознаат дека некој друг се пишал на нивната адреса?
    Инаку @SummerGirl они се согласиле да потпишат договор и да плаќаат данок, само за адресата не знаеме, она не им спомнала.