1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правни проблеми

Дискусија во 'Правни совети' започната од babyketi, 7 февруари 2010.

  1. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    1.974
    Пол:
    Машки
    Ќе дознаат ако им текне да проверат, но на 99,9% не им текнува, види може да си каже али така е ризик 50-50% да и дозволат, не е без значење некој непознат да се пријави како да живее во туѓ стан, верувам 100% од луѓето нема да дозволат непозната личност да го пријави нивниот стан за живеалиште, без разлика што е кираџија, ајде не сакам да внесувам стравови, но ако таа личност е со задни намери може да го злоупотреби тоа што е пријавена за живеалиште во тој стан во смисла на оствинско наследни односи, имено после 5 години нотарот не е должен да чува документација, а и институциите, а тоа што е впишана ,,новата" адреса на живеалиште во лична карта (која трае 10 години) после може да излезе како да живеала во иста заедница со оставителот ако доколку и сопствениците се водат на иста адреса, има мал милион начини како да се злоупотреби правно нечија доверба а тоа сè да биде согласно закон, и затоа со право се плашат и недозволуваат непознати личности да го упишат нивниот имот како живеалиште... ;)
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.415
    Допаѓања:
    34.011
    Пол:
    Женски
    Може да дознаат ако имаат врски во полиција. А во денешно време секој втор има.

    @Forca ако извади лична карта без они да знаат, имаат право да ја пријават?
     
  3. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    1.974
    Пол:
    Машки
    Можат само да ја одјават со тоа што ќе го раскинат договорот, а таа ќе треба да пријави нова адреса и да извади нова лична карта, затоа што ако ја фати полиција при редовна легитимација ќе треба да плати прекршочна санкција дека нема пријавено живеалиште/престојувалиште, ништо страшно, инаку таа ако пријави без нивно знаење е сосема легитимно не прави кривично дело, затоа што има законски правен основ договор за закуп заверен кај нотар, работава е чисто морална дали да им каже или не, сега зависи за што сака да пријави живеалиште во Скопје, може да нема задни намери но тоа никој однапред не може да тврди, може сака некое право да оствари како граѓанин со живеалиште во Скопје, има х причини, да не биде дека поттикнувам некоректно однесување, значи според мене е секогаш да се каже вистината да им каже на сопствениците зошто сака да промени живеалиште и да ги замоли да и дозволат и утре кога ќе си оди да го одјави живеалиштето, но пак ќе кажам кај непозната личност непознато е дали има совест и каква и е вистинската намера, ова важи и оние кои купуваат станови од физички лица обавезно да проверат дали продавачите се уште им се водат на нивен стан (стара адреса), за жал во законот има ,,дупки" и некој со лоши намери може да придобие нешто што не му следува...
     
    На SummerGirl и eliesaab им се допаѓа ова.
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.415
    Допаѓања:
    34.011
    Пол:
    Женски
    Јас знам за случај каде што газдите им дозволија на кираџиите да извадат лични карти. Ама..... Бараа од нив да потпишат изјава дека нема да бараат дел од станот доколку истиот се продава.
     
    На Forca му/ѝ се допаѓа ова.
  5. PepicaAn

    PepicaAn Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2023
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    43
    Ќе ве молам за информација- Дали некој има искуство со продажба на недвижен имот преку извршител, колку е тарифата на извршителот?

    Ви Благодарам
     
  6. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Машки
    Потребно е да наведеш за каков вид на побарување, односно за која вредност се спроведува извршувањето, за да добиеш поконкретни информации. Инаку Тарифата за награда и надоместок на другите трошоци за работа на извршителите можеш да ја најдеш во Службен Весник на РМ бр.32/19.
     
    На PepicaAn му/ѝ се допаѓа ова.
  7. PepicaAn

    PepicaAn Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2023
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    43
    Ви благодарам многу за советот. Која е формулата на калкулација, да речеме хипотетички за вредност до 30000е, 50000е итн? како во суштина се пресметува надоместокот?

     
    Последна измена: 27 јуни 2024
  8. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Машки
    Нема посебна "формула" бидејќи зависи каков се вид на дејствија ќе превзема извршителот од почетокот на извршувањето, па се до продажбата на недвижноста, односно колку видови на акти ќе изготви, колку странки има во постапката на извршување, која е вредноста на побарувањето, дали ќе има неуспешни обиди за продажба, огласи за јавно наддавање, закажување на рочиште за делба на износот добиен од продажбата, итн, итн.... со еден збор трошоците кај продажбите на недвижност не се така мали ..
     
    На PepicaAn му/ѝ се допаѓа ова.
  9. CacanaBu

    CacanaBu Активен член

    Се зачлени на:
    1 август 2022
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Donesena e Presuda koja e skros pogresna I se povredeni moite prava kako stranka. Osven pravo na Zalba, Dali imam nekoe pravo da go prijavam Sudijata za nesovesno I nestrucno rabotenje I ako imam koja e procedurata?
     
  10. МитеМен

    МитеМен Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2023
    Пораки:
    1.095
    Допаѓања:
    2.005
    Пол:
    Машки
    Треба да поднесеш до Судскиот совет Постапка за утврдување на одговорност на судија или претседател на суд.
     
    На SummerGirl и CacanaBu им се допаѓа ова.
  11. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.127
    Допаѓања:
    2.968
    Пол:
    Женски
    Ми треба совет од лице-правник или некој што поминал низ истото.
    Се работи за малолетно лице кое е малтретирано од родителите. Кој е процесот за добивање на старателство, колку трае, колкави се шансите да се добие и што треба да се направи?
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  12. CacanaBu

    CacanaBu Активен член

    Се зачлени на:
    1 август 2022
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Ke te molam podetalno, Dali ima nekoj urnek (ne mozam da go najdam) Dali jas kako fizicko lice sam sostavuvam Baranje I gi dostavuvam site informacii?
     
  13. МитеМен

    МитеМен Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2023
    Пораки:
    1.095
    Допаѓања:
    2.005
    Пол:
    Машки
    Навистина не знам подетално, најдобро поставете ги прашањата на: contact@ssrm.mk
    IMG_20240707_102612.jpg
     
    На eliesaab и CacanaBu им се допаѓа ова.
  14. CacanaBu

    CacanaBu Активен член

    Се зачлени на:
    1 август 2022
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
  15. МитеМен

    МитеМен Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2023
    Пораки:
    1.095
    Допаѓања:
    2.005
    Пол:
    Машки
    Нема на што.
     
    На CacanaBu му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    2.717
    Пол:
    Женски
    Не најдов друга тема па овде ќе пишам. Во фамилија имаме потреба од добар адвокат за сообракајќи. Од сите предлози на листата остануваат Љупчо Мицевски и Нино Новески. Ве молам мислење и за двајцата, може и во лп.
     
  17. tamche995

    tamche995 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    2.597
    Пол:
    Женски
    Дали има некој правник кој што може да ми пише во ЛП? Ми треба мислење:)
     
  18. CacanaBu

    CacanaBu Активен член

    Се зачлени на:
    1 август 2022
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Kolku vreme (vo praksa) se ceka odluka od Apelacionen sud Skopje?
     
  19. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    1.974
    Пол:
    Машки
    Една година до година ипол до две години ако имаш среќа да се погоди некој судија побрзо што ги решава предметите, во просек над 2 години, освен ако немаш некој познат во судска администрација на Апелација да ургира да се убрза одлучувањето по предметот. :)
     
    На CacanaBu му/ѝ се допаѓа ова.