Не се плаќа, односно се плаќаше три пати повеќе, но со одлука на Уставниот суд се укина. Одлука на Уставен суд на Република Северна Македонија, У. бр.80/2023 од 27 март 2024 година За објектот во кои се живее има намалување на данокот за 50%. За земјоделско земјиште кое не се користи за земјоделско производство се плаќа три пати повеќе данок.
Не за празна, туку за стан во кој не живееш стапката е 0.1%, додека за стан во кој живееш стапката е за 50% пониска, односно истата изнесува 0.05%, доколку твоето прашање се однесува за данок на имот.
Кои услови треба да се исполнат за да се стави фирмата во мирување? Треба ли да се платени сите давачки за претходните месеци?
Здраво, ме интересира доколку некој знае да ми одговори, се работи за постоечка куќа на неколку спратови која е лепенка со друга куќа од соседна парцела, сега ќе се гради зграда висококатница со подземна гаража на местото на таа соседна куќа која е лепенка со моја куќа. Лепенката куќа ќе се руши и на нејзино место ќе има зграда која сакаат исто да биде лепенка со мојата куќа. Од Урбанизам имам право на согласност или забелешка да поднесам. Ме интересира колку законски е растојание кое можам да го барам да се одалечат од мојата недвижност. Со оглед дека тоа бо била зграда за која би требало да се копа длабоко за темели ма истата. А Ск и вака е хаос а вака во тесна улица уште повеќе. Ве молам за одговор.
Дечки дали можеби знаете дали постои законски рок за одговор на поднесен приговор до јавна институциите во однос на донесена одлука (на истата нема ништо за приговори/жалби)? Се обидувам да најдам сам ама не можам.
Може не е соодветна тема. Но документ за неосудуваност е оној. Што гласи кривична или казнена евиденција? Или ми требаат двете?
Еден е за неосудуваност, другиот е за забрана за вршење професија. И двата документи се вадат од Основен суд 1. Може да платиш и со картичка.
Па јас на шалтер видов три молби. За казнена, за кривична и за забрана за вршење професија. Е сега не сум сигурна. Брат ми ги извади двете за секој случај порано. Пошо не знаеше кое е кое. Тие казнена, кривична потврди
Бев еднаш до Централен регистар да вадам потврда. Мислам дека таа беше за казнена евиденција. Тогаш ми бараа 3 потврди.
Каде можам да го побарам колективниот договор на фирма каде што работам? ПРИВАТНА ФИРМА. Ми викаат срамота било и премногу сум се бунела, ќе ми се смееле. Инаку се работи за давање на отказ, ме интересираат некои работи. Во ЗРО пишува дека пример нештото зависи од колективниот договор. И зошто не е јавно достапен за сите вработени? И дали имам право да го барам?
ОПШТ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ОД ОБЛАСТА НА СТОПАНСТВОТО *Сл.Весник на РМ бр.115/14 и С П О Г О Д Б А ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОПШТИОТ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОРЗАПРИВАТНИОТ СЕКТОР ОД ОБЛАСТА НА СТОПАНСТВОТО *Сл.Весник на РМ бр.119/15
Да, има уште и СПОГОДБА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОПШТИОТ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ОД ОБЛАСТА НА СТОПАНСТВОТО (Службен весник на РМ бр.150 од 10.8.2016, но тоа не ти значи нешто повеќе.
Ми треба помош за каде да се обратиме ако некој бил во слична ситуација. Имено станува збор за имот на дедо ми (починат) кој уште додека беше жив го пишале со грешно презиме на тој имот. Тој кога сакаше да среди му рекоа откако ќе умреш со 3ца сведоци се докажува. Меѓутоа работите се смениле во меѓувреме и моите не знаат како да докажат дека е истиот човек со различно презиме. Да напомнам дека ни матичен број немало тогаш кога нему му е препишана.
Здраво, Согласност за обработка на лични податоци и зошто морам или не морам да ја потпишам при заверка на документи во нотарска канцеларија? Ве молам за одговор
Потребно е од аспект на чување на професионална нотарска тајна, односно на личните податоци на граѓаните.