Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правни проблеми

Дискусија во 'Правни совети' започната од babyketi, 7 февруари 2010.

  1. skorpija.95

    skorpija.95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2012
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    95
    Zdravo,
    Firma kaj sto rabotev mnogu kratko (edvaj nekolku dena) pobarav otkaz. Dobivam obrazlozenie deka mora da cekam 30 dena. Baram del od odmorot sto mi e ostanat da se iskoristi bidejki nemav prekin vo staz i sum odbiena bidejki jas ne sum ni rabotela za da imam pravo na istiot. Priflaat da mi dadat otkaz bez tie 30 dena samo ako se soglasam da potpisam otkaz zakluxno so 31.08. Bidjeki ne mi odgovara istoto poradi toa sto bi imala prekin vo staz baram od niv da bidam odjavena vo ponedelnik 2.09 i dobivam odgovor deka ne gi interesira. Sto moze da se napravi vo ovaa situacija za da nemam prekin vo staz a da ne cekam 30 dena?
     
  2. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.019
    Допаѓања:
    16.135
    Другар, во фирма е веќе 2 години, зима одмор и сака да напушти му остануваат уште 10 дена за да го доземи одморот.

    Ако даде отказ дали би му ги дале тие или не?

    Во отказен рок да ги искористи тие 10.

    Сака спогодбено да си оди инаку ради здравствен проблем, брн аут, сака да си оди.

    И дали смее боледување во отказен рок?
     
  3. World89

    World89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2020
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Дечки потребна ми е итна консултација бидејки веќе прашав два локални адвоката и добив две различни толкувања и видувања за иста работа.

    Имав сообраќајна незгода пред некој ден во која сум физички повреден, човекот влезе во мојата лента и ме удри директно со возилото, додека јас бев со моторчето.

    Дали неговото осигурување ќе ме исплати за моите материјални штети и нематеријални кога ќе излезе записникот од полицијата која била на увид, доколку сам си поднесам документи, читајки ги нивните обрасци и не се нешто комплицирани за пополнување, воедно дали ќе имам и бенефит плус доколку адвокат ги поднесе документите место мене се разбира за одреден процент кој го бараат по исплатата.

    И друга работа важна дали го губам правото на надомест од неговото осигурување доколку продолжам со приватна тужба кон него по свикување од Јавен обвинител ( и дали за овде ми е потребен адвокат за кај Јавниот Обвинител, и ако факт е дека тој е виновен за предизвикување на незгодата ), воедно претпоставувам дека тој ќе треба да ме исплати по завршување на судскиот спор кој исто така претпоставувам дека ќе ми одземе добар дел од животот, а може и никогаш да не се наплати штетата како што разбрав дека и не е вработен, со што ќе бидам само оштетен и без надомест за истото.

    Човекот нема интерес од негова страна за мојата состојба и иако можеше незгодата да биде и фаталана, а искрено и немам намера да се тужам со таков лик а пак и не сум бил во судница а и немам желба. Важно е дека жив сум, и покрај тоа што ми нанесе доста штета од секој вид и мене и на моето семејство.

    Ви благодарам однапред
     
  4. januari19

    januari19 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    1.749
    Пол:
    Женски
    имам прашање ако некој може да ми помогне со совет.
    Станбена зграда со 14 станови нема куќен совет , од причина што поголемиот број на станови се на еден ист човек кој не се замара и не живее таму. Заради немање 51% од станарите неможеме да направиме куќен совет.
    ве молам некое идејно решение како да се постапи за да се натераат останите станари и тој со мнозинството станови да се ангажира средување и чистење на влезот преку агенција.
    Како законски да ги натерам со закани ли немам идеја ...
     
  5. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Машки
    Предлог до надлежен суд за поведување на постапка за уредување на односите меѓу етажните сопственици врз основа на одредбите од Законот за вонпарнична постапка.
     
    На januari19 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Aa Bb

    Aa Bb Активен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2022
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите.Стасана е покана тужба основ: Други видови имотни односи во вредност од 40.000.00 ден на особа од страна на нејзиниот брат. Нема друг лист со образложение за што станува збор а братот не кажува за што се работи и негира. Каде да се обратеме за одговор дали во судот би ни дале информации бидејки адвокатот што е консултиран бараа голема сума на пари а лицето што е тужено е во социјален ризик. Претпоставка дека се работи за нешто во врска за стан наследство од покојни родители а не е купен туку се плаќа кирија околу 2.500 ден. на државата. Тужителот го узурпирал станот, живее со неговата фамилија ја сменил бравата и си го користи како целосно лично негов.Туженото лице нема увид во документите во врска со правата на закуп откуп кирии итн бидејки тоа се крие и му беше нудено неговиот дел да го даде на брат му да потпише некој документи без да има увид во документите за тоа лицето не прифати и не потпиша. Киријата ја плаќаше свекорот.Кој не смееше да отиде таму заради овие да не се направи проблем си живееше на друго место.
     
    Последна измена: 18 септември 2024
  7. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Машки
    Доколку е поднесена тужба до судот, истата се поднесува во доволен број на примероци зависно колку странки се опфатени, тоа значи тужбата мора да се достави до тужениот, да се запознае со нејзината содржина и во определен рок да може да достави одговор на тужба, а потоа се закажува рочиште. Ако не е доставена, а не ја знаете причината, треба да направите увид во судскиот предмет.
     
    На Aa Bb му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Aa Bb

    Aa Bb Активен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2022
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    На поканата пишува
    Покана за рочиште за главна расправа
    и е закажана за 02.10 2024
    Претходно нема стасано тужба
     
    Последна измена: 18 септември 2024
  9. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Машки
    Мора да претходело доставување на тужбата на одговор, направете увид во предметот во судот.
     
    На Aa Bb му/ѝ се допаѓа ова.
  10. zone89

    zone89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2010
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    251
    Дали куќа може да има имотен лист а да не е легализирана во општина? За дар на имот татко ми да ми ја префрли на мое име има имотен лист но вика дека во општина нема поднесено за легализација.
     
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Тој има имотен лист само за плацот а за куќата веројатно има поседовен лист.
    Треба да си ја завршите постапката за легализација, па потоа правете договор.

    Мене ме интересира, во одобрението за градење куќа е наведено градежните активности да се пријават писмено и електронски.
    Каде се пријавува електронски, бидејќи на линкот се пријавува само за градби од прва категорија а станбена куќа е втора категорија?
     
  12. zone89

    zone89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2010
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    251
    Да проверив во катастар пишува само земјиште под зграда и дворно место сопственост. Дали тоа може да се препише на мене како дар а понатаму јас да си терам за легализација на куќата.
     
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Може, ама најдобро прво тој да среди, па во договорот да биде и куќата.
    Зошто Ви се брза. Имате брат или сестра што нема да биде задоволен со ваков договор?
     
  14. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.860
    Допаѓања:
    32.463
    Пол:
    Женски
    За колку време отприлика стасува пресуда од суд?
     
  15. unicorne

    unicorne Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Здраво, ми треба мислење за следниот случај.

    Многу одамна мојот покоен дедо има купено плац, имаме потпишан договор за продажба како доказ, но истиот не е префрлен легално на негово име. Исто така и други луѓе купуваат од истиот човек кој продава и кај нив подоцна е регулирнао тоа. Сега сопственикот првичен е починат и има три ќерки кои имаат сопственост секоја по 1/3 од цел негов имот. Ги исконтактирав нив со документите кажаа ок ќе се префрли. Но бидејќи се многу луѓе вклучени, од различни градови ми кажаа дека нивниот адвокат предложил да се направи фиктивен купопродажен договор за плацот и на тој начин наједноставно да се префрли на име на мојот татко. Во договорот би стоела Х сума, но не би имало доказ за трансакција.
    Моето прашање е дали тоа е возможно и легално изводливо и добро решение за овој случај? Длаи би имало некакви проблеми да се изведе?

    Ви благодарам на одговорот
     
  16. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.625
    Допаѓања:
    13.916
    Пол:
    Женски
    Не, зошто на денешно време мора на сметка да пуштат пари за купување на недвижнини. Нема на рака давање ништо веќе за да речете дека фиктивно сега сте платиле. Ќе си направат оставинска постапка и потоа ќе ви го префрлат плацот.
     
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.306
    Допаѓања:
    36.965
    Пол:
    Женски
    За две недели.
     
    На iloveyou29 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Aa Bb

    Aa Bb Активен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2022
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Се работи за општествен стан наследен од починато лице.Наследници се четири лица деца на починатиот.Кои права ги имаат лицата во врска за откуп на станот.
     
  19. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.532
    Допаѓања:
    17.258
    Некој правник да ме насочи во врска со тоа дали ми следува нешто од осигуртелната компанија во случај на незгода.
    Имено, имавме земемо патничко осигурување + доплата за незгода. Е сега на одмор се случи несреќа, од осигурителната компанијата се согласија да ја покријат сметката во болница, и ми рекоа да си провериме дали ни следува и оштета.
    Детето имаше отворена рана која беше шиена и третирана еднаш таму, и после овде на клиника. По доаѓање од одмор раната се инфицираше поради што лекувањето ни се продолжи. 25 дена не можеше да оди, конци после 21 ден почнаа да вадат.
    Под несреќен случај во условите имаат пишано 'инфекција на повреда предизвикана со несреќен случај'.
    Не знам дали да бараме нешто со извештаите кои ги имаме тука од клиника, или не?
    Ако ни следува, секако би земале :)
     
  20. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.442
    Допаѓања:
    12.960
    Пол:
    Машки
    Пробајте се, побарајте, секако ништо не губите.
     
    На SummerGirl и pamelche им се допаѓа ова.