@pamelche врз основа на извештаите приложи дополнителен документ од матичен дека раната била инфицирана. Рачно нека ти напише, нека се надоврзи врз тоа што веќе го имаш. Секако би добила, е сега овие осигурителните се малку терсене.
Зашто на мм сами му рекле дека имаме платено и за оштета во случај на незгода, само 'да си провериме дали не следува'. Ама добро, извештаите од тука им ги немаме однесено, може затоа. Ќе пробаме во секој случај не губиме ништо.
Здраво на сите. Се надевам некој ќе може да ме упати што може да се направи во мојава ситуација. Имено, во мај склучивме договор со столар за комплетно уредување на стан во кој што беше наведен рок од 50 дена за завршување и монтирање на мебелот. Но еве ние до денес немаме комплетно функционален стан. Во email комуникација столарот наведе дека до 04.11 сѐ ќе биде монтирано. Ги донесе работите, но спалната не можеа да ја монтираат поради погрешно земени мерки, и од тој момент не крева на телефонот, ни пишува само пораки да не го бараме бидејќи одел на испитување, бил болен и слично. Сакаме да го обврземе со анекс на договорот дека до крајот на месецот ќе изработи како што треба, дали е тоа можно? И дали имате некој друг совет? Ми се плаче искрено…
Што се случува доколку не се почитува решение на ЦСР за видување на дете од страна на баба и дедо по татко кој е починат? Патем бабата и дедото се здробија од лажење како мајката им забранила, а ЦСР и покрај докази дека тоа не е точно си донесоа решение.
Дали фирмата може да ме тужи ако дадам отказ и одам да работам во друга компанија со иста дејност како нашата притоа јас во договорот за вработување имам потпишано дека нема да работам во друга компанија со слична дејност како нашата 2 години од кога ќе дадам отказ и дека фирмата мене ќе ми плаќа 60% од мојата плата 2 години за јас да не работам? Дали ова е валидно за пред суд за да ме тужат ваков договор? И дали ако не кажам каде ќе работам од кога ќе дадам отказ, они имаат начин да ме проверат каде јас сум се вработила? Ве молам за помош и одговор, не можам да седам 2 години дома па дури и да ми плаќаат, сакам да работам, и нели е нормално да си работам по струка, нема да одам намерно во маркет да работам ако можам да си работам по струка, па за тоа сум учела факултет.
Ако има некој адвокат овде нека ми пише приватна порака, кратко прашање е, за сообраќајна незгода станува збор.
Ми требаат информации околу неподнесување на годишна сметка, каква е процедурата (санкциите) доколку правен субјект не ја поднесе навремено?
Краен рок е до 28 Февруари тогаш таксата беше 1600 ден., (по ново 2700 ден. али не знам со сигурност сè уште ја немам видено новата тарифа на ЦРМ) после тој датум административната такса се зголемува до крај на годината за секој месец одделно, пример по старата тарифа ако поднесеш завршна во месец Декември беше 1000 евра такса (сега е поскапо), итн., башка ако не поднесеш во тековната година другата година ќе поведат прекршочна постапка и глобата е висока околу 1000 евра вкупно, ако 3 години по ред не поднесуваш тоа е основ за бришење на фирмата, инаку ако сакаш да затвориш фирмата во меѓувреме ќе ти бараат прво да поднесеш завршна сметка со административна такса до плафон, а прекршокот си е башка, независно, па ќе треба и тоа да платиш за да немаш долгови... Зезната работа, затоа подобро навремено поднесувај завршна, ако се сомневаш во сметководотелот провери си во ЦРМ дали ти поднел завршна сметка.
Здраво Феминки, се обраќам тука за иницијален совет. До пред неколку месеци работев во казино 6 месеци и не добив исплата за к15 (најверојатмо ме заборавила сметководителката, ако не побараш нема да добиеш). Доколку одам и ги потсетам ќе ме исплатат најверојатно и без да ги пријавам. Меѓутоа ме интересира во кој момент од постапката по пријавување они добиваат казна? Сакам да знам дали имам право да барам поголема исплата од предвиденото к15 доколку одам преку судска постапка? Не верувам дека ќе дозволат да дојде работава до суд, па ме интересира дали воопшто имам продтор за преговарање во однос на сумата или сепак се заштитени они и добиваат парична казна дури 8 дена откако ќе ги пријавам а не ме исплатиле?
Не сум сигурна дали ова е првно прашање, но ме интересира која е максимум сума која што можам да ја ставам на моја сметка во банка без потекло на пари и плакање на данок. Исто така ако добивам од моите родители месечни суми на пари дали се плаќа данок на тоа?
Дали може при купување на имот во брак ,да се направи договор дека партнерот се откажува и да не му следи во случај на развод?
Не. Затоа што имотот во брачна заедница е со статус на заеднички имот. Откако го купите имотот, ќе го поделите за да добие статус на сосопственост, и после едниот брачен другар ќе треба да го подари неговиот идеален дел на другиот брачен другар. Брзо се завршува оваа работа до месец дена.
Дали може да се легализира доградба доколку се продолжи законот за легализација со оглед на тоа што за доградбата немало дуп затоа и е направена како диво градба.Или сепак нема да може да се направи легализација се додека не излезе дуп?