Тоа значи дека земјиштето не може да се продаде на друг сопственик ако данок кон државата не е исплатен од првиот сопственик или ако вториот сопственик е согласен да го плати целиот данок што е неисплатен па го презеде на свое име Тоа значи купување земјиште плац во овој поглед е сигурна работа Се надевам дека разбрав добро
Дали има некој искуство со сертификат за работа преку Отворен Балкан за Македонија? Ми требаат некои информации
Здраво прашувам за пријателка- Дали некој знае колку е наградата на адвокат, во имотно правни опдноси- Станува збор за споразум помеѓу со-наследници каде едниот го продава својот дел од имотот на другиот сонаследник. Во овој случај колкав процент од вредноста на имотот е награда на адвокатот? Реална цена од-до
Поднесуваш барање до Министерство за правда на нивен образец за давање на бесплатна правна помош, и ако ги исполнуваш условите тогаш Министерството за правда ти обезбедува бесплатна правна помош во смисла ќе биде ангажиран адвокат по службена должност, и сите адвокатски трошоци ќе ги плати Министерството за правда. За ослободување од судски такси, вештачење итн. се поднесува одделно барање до судот кој суди по предметот.
Прашање за мој многу драг пријател (нема тука профил). Ако може некој да помогне со совет!!! Имено мојов пријател е ко-сопстеник на куќа која ја дели со брат му,кој изрази желба да ја откупи неговата половина од куќата. Меѓутоа за да го откупи делот брат му сака да поднесе барање за кредит, а за биде одобрен кредитот сака да ја стави куќата под хипотека. Сега од мојов пријател кој ја продава својата половина од куќата му бараат да потпише дека се согласува куќата да се стави под хипотка! Мене искрено ова ми звучи многу сомнително!!!- Како ако се согласи да ја стави куќата под хипотека (за брат му да земе кредит) може да го продаде својот дел? тоа не е законито ми се чини!?
Најдобро би било да се консултира со адвокат. Или со @Forca секогаш ми се нашол на помош. А јас ќе напишам мое мислење без познавање на правото. Да куќа која е под хипотека може да се продаде во случајот тој може да го продаде својот дел на брат му но прашањето што мене би ме мачело е дали брат му ќе си стои на зборот и ќе го купи делот или само ќе го изигра да добие голем кредит.
Здраво, ми треба совет каде и на кој начин да се обратам. Колата ми беше паркирана на паркинг и пред еден месец една стара сува топола падна врз неа и направи голема штета.. викнавме полиција направи увид и по месец време го земавме записникот(потврда) од полицијата за настанот..каде,од кој и како треба да бараме надомест на штетата бидејки е голема. Досега сите трошоци ни фатија над 3000 евра
Здраво на сите. Да ве прашам доколку се изврши ликвидација на фирма од сопственикот односно да ја затворам воедно веќе има пасивен статус две години дали можам да го извадам основачкиот влог пошто влегов дел со паричен и дел со непаричен и дали подложи на данок после ликвидација и кои се трошоците во тој процес?
Каско имаш? Прво се носи одлука за престанок на друштвото, па се спроведува ликвидација, и на крај решение за бришење на уписот. По намирување на сите обврски на друштвото, основната главнина се распределува на основачите според нивните удели.
@IwyMe Ти благодарам за одговорот...мѕ рекле дека ако ја даде дозвола куќата да се стави под хипотека, банката директно нему ќе му го исплати кредитот..Јас не сум запознанена со ова така да се надевам дека некој тука има информација..незнам колку е ова точно... Пријателов нема средства за адвокат затоа пробам да му помогнанм некако
Здраво на сите, нова сум на форумов и не сум сигурна дали моето прашање припаѓа тука. Доколку не е соодветно, ве молам преместете го во правилната категорија. Станува збор за постара жена со ограничена подвижност (се движи со дубак), која последниов месец покажува драматични промени во однесувањето, кои настанаа буквално преку ноќ. Стана физички агресивна, одбива храна, упатува навреди, клетви и лажни обвинувања кон членовите на семејството, користи вулгарен речник и одбива да ги зема препишаните лекови. По консултација со невропсихијатар, ѝ беше поставена дијагноза: психоза на раб на шизофренија, и препишани беа антипсихотици – кои за жал ги одбива. Животот и секојдневното функционирање со неа станаа многу тешки. Невропсихијатарот рече дека не постојат реални услови за хоспитализација, бидејќи жената е когнитивно свесна. Се консултиравме и со адвокат, кој потврди дека правно гледано нема основа за присилна хоспитализација. Дали некој има искуство со ваква ситуација? Дали постои институција или начин преку кој може да се пријави случајот или да се добие помош? Ви благодарам.
Здраво, ако некој се соочил со истиот проблем ако може да пише како го решил. Станува збор за оставинска постапка, но кога е отидено во катастар за да се направи промена истата е одбиена, бидејќи сопственик на имото се води друг, а не оставителот. По поднесен историјат пишува дека правото е стекнато врз основа на дигитализација по аналогни планови, што значи тоа? Дали може некако да се реши ова?
Дечки, вие што повеќе се разбирате. Не сакам одма да напаѓате, сакам да се консултирам и да видам што е исправно. Комшиите, најгоре имаат доградено спрат(на постоечка заедничка тараса), плус поткривје, на времето сум била дете и не знам баш да кажам колку е легално, едни викаат е, некој вика не е. Сега, пред 2 години не поплавија, цел влез буквално. Уште не е санирана штетата. Е сега, сакаат да го поправат кровот на нивни трошок со тоа што ќе поднесат за субвенции во општина. И се е тоа во ред, ок нема проблем. Но, доаѓа момент за потписи, за да се аплицира и вика: Сакаме да пробаме да добиеме субвенции 30% а 70% ќе си подмириме лично, во спротивно ако не одбијат ќе си платиме 100%. И нагласува дека ако не и се дадат потписи може да тужи на суд... Не знам може грешам ама не гледам логика. Од друга страна, другиот стан што си догради, си санира штета сам без вакви закани(него му е се легално). Јас не знам како да се разбере во влезов стварно. Значи се работи за кров што е доградба, а не веќе постоечкиот кров на зградата.
Дали некој знае каква е процедурата за ставање на фирма (ДООЕЛ) во мирување? Јас сум управител и единствен вработен.