Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правни проблеми

Дискусија во 'Правни совети' започната од babyketi, 7 февруари 2010.

  1. zokapoka12

    zokapoka12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    mojot soprug ima firma ama e na ime na negovta sestra bidejki e invalid ne plaka davacki onpecali mnogu poveke ama prikriva i e osigyran na skrateno vreme ama se e prikrieno .imame vo banka golema suma na pari dali me sleduva i od tamu sega tie pari se staveni pod kamata i stojat seuste vo banka
     
  2. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    повеќе нема како порано стави пари во банка под камата и орочиги на 3 години 4 и чекај до таа дата стрикно ако во меѓу време ти требаат сега можеш да ги извадеш и предвреме и немора сите на остатокот од парите ќе течи камата но помала се разбира
    е сега од парите ако не сака да даде дел или да ги дели на половина приложиго тоа во судот доколку се разведувате судски се разбира сепак неможеш да останеш незаштитена тотално без пари и без имот како што кажав сега има нови закони во разводите кој адвокат треба детално да ти ги објасне и каже сепак ЗоКА мора да си вработена за да ти припаднат судски децата а тука има фактори колку плата земаш кој од сопружниците зема поголема плата и во обзир се земаат и децата тие или едното од нив и да ти ги додели судот тебе или него може да речат јас не сакам кај него или кај неа да одам тука настапва и зборот на децата и на судот незнам колку му се гаранција парите во банка колку и да се бидејќи готовите пари знаеме дека бргу се трошат а родителите треба да имаат постојани месечни примања за издржување на нивните деца се надевам појасни ти се сега некои работи
     
  3. Avganistan

    Avganistan Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Имам купено идеален дел од имот кој што продаваците го имаат добиено со договор за поклон од нивниот татко.Со поклонот тој оставил еден идеален дел за себе.По неговата смрт тој имот го наследува само неговата керка додека синот и сопругата не се прифаќаат за наследници.Одкако тоа е спроведено во катастар со уреден Имотен лист јас купувам идеален дел за којшто купен имот поседувам купопродажен договор заверен кај нотар и истиот договор е спроведен во катастар.После извесно време еден од продавачите починува.Неговиот имот го наследува неговата сопруга.Откако по мирен пат не успеав да извршам физичка делба на имотот којшто го имам купено покренав судски спор за физичка делба . На првата расправа еден од продавачите) живиот) беше согласен да се изврши физичка делба додека Наследникот на починатиот почна да прави проблеми дека нејзиниот маж нема продавано никаков имот како и да за наследството од нејзиниот Свекор нејзиниот маж небил запознаен со што покрена судски процес кој што сака да го поништи наследството. Со тоа судијата го стопираше процесот за физичка делба се додека не се расчисти спорот за наследство.Имотот кој што го имам купено не припаѓа во спорниот дел од наследство туку припаѓа во делот што продавачите го имаат добиено со поклон.Иако инсистирав да се изврши изделување на мојот дел бидејки истиот нема ништо заедничко со спорниот имот судијата не сакаше да го направи тоа.Бидејки спорот околу расчистување на спорното наследство трае веќе две години и нема никакви индикации дека набргу ќе биде расчистено незнам како би можел да го продолжам процесот за физичка делба. Доколку некој ми даде ПОУКА ОДНАПРЕД БЛАГОДАРАМ.
     
  4. Avganistan

    Avganistan Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Имам купено идеален дел од имот кој што продаваците го имаат добиено со договор за поклон од нивниот татко.Со поклонот тој оставил еден идеален дел за себе.По неговата смрт тој имот го наследува само неговата керка додека синот и сопругата не се прифаќаат за наследници.Одкако тоа е спроведено во катастар со уреден Имотен лист јас купувам идеален дел за којшто купен имот поседувам купопродажен договор заверен кај нотар и истиот договор е спроведен во катастар.После извесно време еден од продавачите починува.Неговиот имот го наследува неговата сопруга.Откако по мирен пат не успеав да извршам физичка делба на имотот којшто го имам купено покренав судски спор за физичка делба . На првата расправа еден од продавачите) живиот) беше согласен да се изврши физичка делба додека Наследникот на починатиот почна да прави проблеми дека нејзиниот маж нема продавано никаков имот како и да за наследството од нејзиниот Свекор нејзиниот маж небил запознаен со што покрена судски процес кој што сака да го поништи наследството. Со тоа судијата го стопираше процесот за физичка делба се додека не се расчисти спорот за наследство.Имотот кој што го имам купено не припаѓа во спорниот дел од наследство туку припаѓа во делот што продавачите го имаат добиено со поклон.Иако инсистирав да се изврши изделување на мојот дел бидејки истиот нема ништо заедничко со спорниот имот судијата не сакаше да го направи тоа.Бидејки спорот околу расчистување на спорното наследство трае веќе две години и нема никакви индикации дека набргу ќе биде расчистено незнам како би можел да го продолжам процесот за физичка делба. Доколку некој ми даде ПОУКА ОДНАПРЕД БЛАГОДАРАМ.
     
  5. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079

    Чичко ми не е женет, нема деца , дедоми е пред смрт , а во куќата живи само он и дедоми , тетка ми една е посебно , а другата која нема деца е мажена и живи во друг град.
     
    На Avganistan му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Royal

    Royal Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2011
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    5
    me interesira kako glasi clen 42 od pravilnikot za koristenje na ortopedski pomagala.imeno tatko mi e nepodvize veke 15 god od koi poslednite tri celosno,znaci ne moze ni da stane sam ipodnesovme za peleni.ama odbieni sme od komisijata poradi toj clen ,.
     
  7. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    Okey i have a question и се надевам дека ќе го сместам во соодветна тема.На моја пријателка и беше украден вреден златен прстен,на сила (зошто таа неможе да ја движи десната рака и неможела да се одбрани ).Прстенот не и беше вратен па реши да го пријави случајот во полиција,утре има судење ама мислам дека без сведоци неможе да повтрди и тужбата ќе и оди во вода.Епа сега проблемот мие што утрото кога таа дојде на школо ми кажа што се случило и јас веднаш му се јавив на особата која го сторила злоделото(пред тоа тој му се правеше како многу грижлив дечко а јас знаев дека има план за нешто да ја искористи) и го прашав дали навистина тоа го има сторено и тој ми потврди и ми рече дека ќе му го врати прстенот.Сега на суд негира и ништо не признава па сакав да ве прашам вас кои подобро го познавате законот дали можам да одам како сведок и да помогнам некако со моето јавување?
     
  8. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    Јас незнам како е тој закон и незнам од кои причини е Татко ти неподвижен ама ЗНАМ дека ако ти се потпишит неуро психиатар дека како последица на инсули , излив е неподвижен ке ти одобрат ! ете за скршен колк не давет и ние никако неможевме да земиме инвалидска количка поради такви глупи закони за свекрва ми ама имавме срека керка ми е активист во црвен крст и таму ги замоли и од таму ни позајмија на реверс демек кога нема да ни треба да им ја вратиме .А пелени си земат секој месец и оној додаток за туѓа нега !
     
  9. Royal

    Royal Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2011
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    5
    Татко ми имасе мозочен удар и е неподвижен.А за законите да не збориме.со извештај од неуро психијатар и од матичен лекар и не го следувало.па си велам е па ако на него не му се потребни тогаш на кој.А количка земавме пред две год.ама од тие тоалетните,а другата ја имаме од луге земено.
     
  10. Avganistan

    Avganistan Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
     
  11. Sino

    Sino Активен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Браво за темава
    Мислам дека мојов проблем може да ги засега повеќето нови мајки, бидејќи колку што разбрав во различни фирми различно се пресметува.
    Се работи за земање на одмор после породилно боледување. Сметководителката на мојава фирма (инаку работам во приватна фирма) го пресметува на сл. начин:
    Бидејќи јас треба да земам просек од последните 12 месеци а тебе 9 месеци не сме ти исплаќале плата (фондот ме исплаќал) треба да ја земам најниската плата во гранката во која њто е регистрирана фирмата.
    Според член 28, последен став од Општиот колективен договор за стопанството, кој гласи:
    „Во случаите од претходниот став на работникот, му припаѓа надомест на плата во висина од неговата просечна плата од последните 12 месеци, доколку со закон поинаку не е определено.

    Доколку работникот во тој период не примал плата му припаѓа надомест во висина на најниската плата.

    - http://www.ssm.org.mk/index.php?option= ... 39&lang=mk

    Според мене тоа се однесува на нововработени, меѓутоа неможам никако да добијам писмена потврда дали сум во право или не.
    Барав по маил и до организација на работодавачи до ССМ да ми го објаснат, ама ништо. Првиве бараат податоци за работодавачот, што мене не ми одговара зошто сакам да ја средам работава само со сметководителката без да дигам голема прашина.
    Другиве или не одговараат на маил или на телефон одкога ке разберат за што се работи, иако би требало они да ги заштитуваат моите права.

    Ме интересира на кој начин да добијам некој писмен документ со објаснување на овој член.
     
  12. myst

    myst Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    36
    Незбам дали за во оваа категорија ми е прашањево, ама мислам дека ќе се најде некој кој ќе знае да ми одговори. Дали невенчана жена - значи жена која вонбрачно живеела со некого повеќе од 2 години има право да го посетува невенчаниот сопруг во затвор?
     
  13. chat-pat

    chat-pat Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Vaka , mi treba pomos
    Se raboti za stan koj ne e zapisan vo katastarot na ime na javoto pretprijatie,vo stanot ziveeme so vremeno resenie na dve godini bez da plakame kirija od 1987 god, resenieto e isteceno,sega javnoto pretprijatie pravi elaborat za da go zapise vo katastar na svoe ime , no jas barajki po zakonive najdov vo zakon za sopstvenost i stvarni prava clen 124 koj glasi:worried:ovesniot drzatel na nedvizna stvar , na koja drug ima pravo na sopstvenost,steknuva pravo na sopstvenost na taa stvar so odrzuvacka po istekot na 20 godini.
    Mislenje na pravnik?Sovet?
     
  14. hotel

    hotel Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Проблеми и совети на работното место

    Ве молам да ми одговорите на следново прашање:

    Бев вработен во хотел во Охрид, но истиот поради активирана хипотека веќе нема да постои. Како што ни беше кажано истиот нема да постои како фирма од 30.11.2011 година. Јас бев вработен со договор за вработување на определо работно време до 31.12.2011 година. Дали ми следува надоместок (од биро или слично во наредниве 12 или помалку месеци) и дали тоа што хотелот згаснува, правно, еден месец пред истекот на договорот може да биде правна пречка за добивање на надоместок. Ве молам да ми одговорите и на кои членови од ЗРО или некој подзаконски акти да се повикаме.

    Ви благодарам.
     
    На Delfina980 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Ситуација од многу блиски луѓе, т.е најблиска братучетка...
    На име на свекорот нејзин има стан кој го продаваат за одредена сума, и со кои пари (само дел, околу 30.000е) почнуваат да градат куќа еден месец пред да стапат во брак, значи стигната до темели кога се веќе официјално венчани. Плацот е купен 6 месеци пред тоа, и гласи на име на сопругот нејзин. Куќата беше изградена, ама не легализирана, со тоа што подадоа сега да ја легализираат по едно евро. И сега се добро, си тече глатко демек, кога пред еден месец, сосема случајно наоѓа документ кој е демек најобичен, заверен а нотар а е потребен за легализацијата, дека куќата е почната пред да стапи правото по 1 евро на сила. Тоа се добро, така почнува документот за после да вметнале дека иако плацот е на име на мажот и, е купен со пари од свекорот, и дека дозволува легализацијата да се изврши т.е куќата да се заведе на име на свекор и, и дека куќата е изградена со негови пари, а куќата чини околу 100 000 евра моментално, а имаат дадено само 30, и после уште дел кредит земен за нив, но од нивна страна. Доле потпис на мажот и нели, нормално, дека он потврдува се тоа.
    Тој се колне дека нема поим што потпишал, бидејќи се брзал, го прочитал само почетокот, дека е тоа, документ потребен за легализацијата, и потпишал, а инаку ова е направено кај нотар пријателка на мајка му, и веројатно е договорено. Исто тој и вели дека само му спомнале дека ќе напишат само дека има сума пари кои се поклон од неговите, но не и дека во целост и плацот и куќата се од пари на свекорот.
    Документите за легализација во општина не се комплетирани, треба уште елаборат, и кога таа сакаше да си замине тој и вети дека ќе го смени документот.
    Прашањето ми е, дали ова е намерно направено од страна на неговите за да ја лишат снаата од имот во случај на развод? Дали има шанси тој стварно да не прочитал, и тие две, мајка му и нотарот да сковале ова (он е малку таков, немарлив за детали), како да го поништи тој документ, и дали ако не видеше она на време, дека со ваквата изјава паѓа во вода стекнатата куќа во брак и таа ќе нема право на ништо?
    Мене ми личи на скована стратегија и заговор, он мислам по мое, не би и направил нешто вакво зашто вистина ја сака, и не му е ич битно матерјалното, а неговите се опасни во секоја смисла на зборот. Ве молам за совет и мислење, таа е подготвена да се разведе, ако остане вака, затоа што и таа вложуваше, и штедеше од себе за куќата, а според мене, и според неа ова е смислено и зад грб сковано, само она мисли дека можеби и маж и се согласил на ова. Се чувствува изиграно и предадено.
     
  16. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Јас мислам дека знаел, неможе нотарката да не му кажала дури и да е пријателка со мајка ми затоа што тоа би било крајно непрофесионално. Може да се случило тој да не знаел предходно а таму да се нашол во небрано и да потпишал а после од срам да несакал да и каже.
     
  17. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.032
    Допаѓања:
    123.899
    Enca,јас не сум по професија правник,ама имам доста искуство со таквите работи,тврдам дека нема шанса да не знае што потпишува зошто како што кажа Сесилија нотарот мора да му каже,дури и го куца најчесто документот пред него,и кажува што пишува.Секако пред да потпише тој е должен да прочита,му го дава на читање.
    Така тврдеше и дедо ми,дека поима немал,чичко ми го натерал да потпише на нотар-демек куќата е на двајцата синови,а уствари потпишал дека ја дава на поклон на чичко ми само.Случајно се видовме со нотарката,далечна братучедка на мајка ми.кажа дека тој свесно си изјавил дека сака на поклон да ја даде,и дека не може да тврди дека не знаел што потпишува зошто се чита се што е напишано.


    Ете и јас прашував или не,низ темите-дали ако куќата е дадена на поклон,нели без согласност од татко ми,ништо не знаел,може да се оспори?Баба ми е жива,ама таа не би покренала иницијатива! Прашав двајца адвокати-едниот ми рече поклон може да се оспори по желба на баба ми а другиот дека не е проблем и јас да покренам иницијатива зошто ми следи нужен дел од татко ми.Е сега како да постапам?Дали некоја ќе ми препорача искусен адвокат од оваа облас преку ЛП,со убаво искуство?
     
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    За да завериш документ кајнотар не треба само да ја потпишеш изјавата или што и да е туку треба да се потшишеш и во нотарската книга која стои кај нотар. Ако таму не е потпишан тогаш тој документ важи за ,,незаверен,, и нотарот ќе си сноси последици. Ако го знае нотарот братучетка ти, нека отиде кај него и нека види (ако не и дава да види, тука нешто мириса, и пази потписот треба да е ист и во нотарската книга и на изјавата-договор).
    Нотарски заверки се лесно поништуваат. Само треба да се направи нов Договор или Изјава во кој ќе се наведе дека тој под тој бр. од тој датум....се поништува и не важи и пак да се завери.
    Веќе стварно не ме чуди како можат луѓе да бидат изиграни. Прво и основно што и да е не се потпишува пред да се прочита па и маж да тие, мајка, татко...
    Едно е јасно, свекрвата не ја сака снашката и не сака ништо да и даде :$ .
    И, при развод кога се отпочнува постапката за утврдување на заеднички имот стекнат во брак се ангажираат (судот ангажира) судски вештаци или по потреба судски проценители и тоа е нивна работа,




    Ве молам да ми одговорите на следново прашање:

    Бев вработен во хотел во Охрид, но истиот поради активирана хипотека веќе нема да постои. Како што ни беше кажано истиот нема да постои како фирма од 30.11.2011 година. Јас бев вработен со договор за вработување на определо работно време до 31.12.2011 година. Дали ми следува надоместок (од биро или слично во наредниве 12 или помалку месеци) и дали тоа што хотелот згаснува, правно, еден месец пред истекот на договорот може да биде правна пречка за добивање на надоместок. Ве молам да ми одговорите и на кои членови од ЗРО или некој подзаконски акти да се повикаме.

    Ви благодарам.[/quote]

    Паричен надоместок следува во зависност од тоа колку години си претходно работел во хотелот, т. е колку имаш непрекинат стаж во хотелот (без разлика што си на определено или неопределено време бил осигуран). Таа информација ќе ја добиеш во Биро (таму каде што си се претходно пријавувал) кога ќе ти ја погледнат картицата и ќе видат колку и што ти е плаќано, ќе ти кажат дали ти следува и колку ти следува надоместок.
     
  19. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Славица, а дали ако останеше вака, да не го видеше документот, да се легализираше куќата на име на свекорот, и тоа што во изјавата пишува дека и плацот е купен и куќата изградена со пари на свекор и, дали тоа го поништува фактот дека таа куќа е стекната во брак и и следи половина?
    Дали со ова, ако остане вака таа ништо нема да добие бидејќи е на име на свекорот без разлика што е изградена во брак, и е потенцирано дека е се со негови пари?
    Ако одговорот е потврден тогаш е очигледно дека е смислена завера да се заштитат од неа, што е крајно мизерно, затоа што никогаш ама баш никогаш од нив немаше да земе ништо, се омажи од љубов, ама сега е разочарана, изневерена и и нема поим како да се однесува веќе спрема оваа мизерна фамилија, а со ниеден потег не покажа дека би си земала што и следува и би заминала. Страшно.
    Никој да не е на нејзино место, од она што го гледам.
    Молам кој уште може и правно, а и логички, објективно од страна да ја процени ситуацијава да пише.
     
  20. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Абе сите ние од љубов се мажиме ама ете некои од нас и се разведуваат, факт е дека во Македонија жените не си ги заштитуваат интересите, кој од незнаење која заради домашно воспитување. Братучетка ти ако планира да инвестира СВОИ средства тоа мора нотарски да си го потврди. Значи ако земе кредит на нејзино име или ако и се парите од наследство под рака со мажето и на нотар да си се документира колку точно пари вложила во куќата. И нека не биде (извини вака) глупава, љубов си е љубов а пари си се пари. Еве ние купуваме куќа сега и на нотар потпишавме процентуално колку е моја колку негова (затоа што он вложи повеќе од мене пари од неговото наследство). Секако дека додека сме заедно се е наше ама за во секој случај. Туѓо не сакам ама јас од мојот дел не се откажувам.