Вредноста на која се пресметува данокот на имот е пазарната вредност на делот кој го поседува и е утврдена во самото решение. Да, за станот во кој живееш постои даночно намалување од 50%, односно се даночи со стапка од 0.05%, а за недвижности во кои не живееш данокот на имот се пресметува по стапка од 0.1%.
Да. Ќе плаќаш половина од таа сума. Нашиот данок е 1 214 денари. Првата година плативме дупло затоа што немавме сменето лични карти. Сумата тогаш беше 2 428 денари. Двајцата плативме по 1214. Кога сменивме лични карти сумата сега е како таа што ја пишав. Плаќаме по 607 денари.
Мој колега од студенските денови по право, продолжи да работи адвокатура и мене ме застапуваше во работен спор против една повлијателна наша компанија, и иако од нивна страна имаше непристојна понуда, човекот до крај ме застапуваше професионално и на крај успеа да го дибие предметот. Вечно ќе му сум благодарна. Не знам колку е во ред јавно да го напишам, затоа ако си заинтересирана пиши ми ЛП.