Мене све ме буни , штом ми стигна такво решение дека сме сите три наследници на 1/3 значи еднаков дел имаме сите , дека сопругата нема поголем дел од ќерките ?
Сопругата доколку наследува само со ќерките, ќе дели еднакво со нив, но суштината е, дали сопругата тоа што го дели го СТЕКНАЛА во текот на траење на брачната заедница, или тоа е исклучиво личен имот на оставителот, тоа треба најпрво да се утврди и разграничи, бидејќи доколку двајцата стекнале во текот на бракот заеднички имот, еве да речеме еден стан, тоа е нивен заеднички имот стекнат во брак, и доколку оставителот почине, во текот на оставинската постапка нотарот е должен да ја запраша сопругата дали бара ИЗДВОЈУВАЊЕ на ЕДНА ПОЛОВИНА како имот стекнат во брак, па доколку сопругата изјави дека бара, во тој случај ќе се наследува само втората половина на ТРИ ЕДНАКВИ дела, а доколку се работи за личен имот на оставителот кој не се смета за имот стекнат во брак, во таков случај целиот тој имот ќе се подели на три еднакви половини..
Го има стекнато во брак ама изгледа не барала штом сите наследивме по 1/3, така пишеше во решението на нотарот
Во прв наследен ред, кога брачниот другар наследува со потомците, дели со нив на еднакви делови. Ако нема потомци, една половина зема брачниот другар, како наследник од втор наследен ред, а останатата половина ја наследуваат родителите на оставителот доколку се живи, а ако не се тогаш неговите браќа и сестри, или пак нивните потомци. Ако оставителот немал никого, освен брачен другар, тогаш тој наследува се, како наследник од втор наследен ред.
Има ли некој што ги разбира законот за работни односи и законот за заштита на лични податоци? Многу вработени се желат дека не само што имаат видео надзор туку и се прислушкувани т.е видеата имаат звук, или газдите постојано ги преслушуваат. Смеат ли така? Каде да се жалаат?
Здраво, Дали може на договор за купопродажба на кола да има три договорни страни, односно како купувачи да бидат наведени две физички лица кои не се во брак, односно две лица што се во врска и законски да бидат сопственици на колата? Поздрав и благодарам однапред
Здраво, прашувам за пријателка, дали некој знае доколку се води вонпарнилна постапка за поделба на имот 3 наследници, и по едно рочиште сите се согласни на спогодбена поделба, дали се продолжува вонпарничната постапка? (во случајов одложување на следно рочиште)? Благодарам
Ако нема спор за начинот и условите за делба, делбата се врши кај нотар во форма на нотарски акт. Вонпарнична постапка се поведува и води само доколку не постои согласност на некој од заедничарите, па е потребно судот да ги уреди меѓусебните односи. Доколку била поведена таква постапка, па во текот се постигне согласност, може да се донесе записник за порамнување како извршна исправа, со која ќе се оконча постапката.
@pross Благодарам многу за информациите. Во моментов ситуацијата е еден од сопствениците поднесе барање за делба на имотот, првото рочиште беше одложено со предлог да проба спогодбено да се реши делбата. Значи сите три страни се согласни спогодбено имотот да се продаде, имотот го огласија но сеуште нема купувач, Немаат склучено ништо на нотар. Сега прашањето е 1. дали додека имотот е огласен, е подобро да не се повелкува предлогот за делба поднесена до судот и на пример следното закажано рочиште повторно да се одложи (на пример за 6 месеци) додека имотот не се продаде? Што треба да се склучи кај нотар дека со-сопствениците се согласни имотот да се продаде ? Благодарам
Остај нотар, постапката е пред суд и судот со одлука ќе одлучува за начинот на делба, ако дојде до спогодба, таквата спогода ќе се внесе во записник, односно ќе се склучи судско порамнување, ако не, предметот ќе се дели со тоа што ако е можно да се подели, ќе се подели, ако не е може да се одлучи предметот да му припадне на еден од сосопствениците, а тој да им ја исплати разликата на вредностите на деловите на останатите, односно ако не е можно заедничкиот предмет да се подели судот ќе одлучи предметот да се продаде согласно одредбите од Законот за извршување, т.е извршителот спроведува лицитација итн..
Zdravo, firmata kade stonravoti soprugot se raspaga i za dva meseci nemat zemeno plata, od koi eden mesec se doma. Sopstvenikot Firmata ja prefrlil na nov upravitel, a toj stariot se odjavil i izbegal za svajcarija.. Noviot upravitel e neobrazovan covek so veruvam deka se potpisal no ne mu bilo jasno sto potpisuva. Go barame da dojde toj da se potpise za da moze da se odjavime od biroto, no prethodniot gazda mu rekol da ne se potpise se dodeka ne potpisame nie spogodbeno deka se otkazuvame od sekakvi baranja plata i k-15..dodeka pak prodazbite gi vrsi bratuced na stariot upravitel...halata se prodava 240000 evra od koj 200000 na bankata bilo dolg, a ostatokot za ostanatite doveriteli pa i za nas vrabotenite.. knigovoditelkata ni kaza deka presmetkite platite za dva meseci bile isknizani samo se cekalo priliv, i nemoze da se odjavime bidejki nema koj da se potpiese i neznaaeme kade da se obratime se odjavil i izbegal za svajcarija.. a noviot upravitel e neobrazovan covek so veruvam deka se potpisal no ne mu bilo jasno sto potpisuva...dodeka pak prodazbite gi vrsi bratuced na stariot upravitel...halata se prodava 240000 evra od koj 200000 na bankata bilo dolg, a ostatokot za ostanatite doveriteli pa i za nas vrabotenite.. knigovoditelkata ni kaza deka platite se isknizani za dva messci i se cekalo za priliv pa da ne isplatat.. kade da se obratat da moze da se odjavat i prijavat vi biroto kako nevraboteni a i dali ima nadez deka ke si gi zemat izrabotenite plati
Ако сметката на фирмата е блокирана повеќе од 45 дена поднесете вработените барање за отварање на стечај, од халата прво вие ќе си наплатите за придонеси и плати, ако не му е блокирана прво поведете постапка за наплата со тужба за да се стигне до пресуда па на извршител и чекајте 45 дена да му биде блокирана сметката ако веќе од УЈП не го блокирале треба да се испита и треба да сте брзи во време ако треба и времена/претходна мерка за забрана за продажба на халата, за да не излезе новиот управител да ја продаде халата во меѓувреме. Не чекајте веднаш реагирајте со правни инструменти за да се заштитите, ако излезе можност за реорганизација на стечајниот должник (фирмата) тоа ќе биде уште подобро наместо продажба на имотот.
@pross ти благодарам повторно..прашав за нотар, бидејки тројцата со-сопственици се согласни да се продаде имотот и да се дели на три дела..Значи веќе има спогодба меѓу нив и треба претпоставувам истата спогодба се склучи пред нотар (како што наведе). Ми е нелогично да се продолжи со судска постапка, кога имотот е веќе огласен и е на продажба.. Или твој совет е се додека имотот не се продаде, да се води во позадина вонпарнична постапка (со одлагање на рочишта додека не се продаде имотот) ?
Пред нотар ќе се склучува договор за купопродажба ако сите 3-ца се согласни, и ако има купец за имотот, со тоа што тој што поднел предлог пред судот истиот ќе го повлече (бидејќи нели е согласен и тој) и судот ќе ја запре постапката за делба, не те разбирам каква "позадина", зошто комплицирате