@pross Ти благодарам многу, и извини за доцен одговор, немав нотификација дека си ми одговорил.. Дописот нема 'СУ' број само 2ВПП1-.... досега немам поднесено никаква претставка или барање до судот.. Дописот има наслов 'Поканаза презакажанорочиштезаглавнарасправа' и НАПОМЕНА за промена на судија. Сметаш дека ова е нормална (регуларна) процедура или има простор за сомнеж? Ти благодарам
ВПП бројот е број на вонпарничниот предмет, во кој спаѓа и постапката за делба на имот. За да немаш простор за "сомнежи", ќе напишеш едно писмено барање до претседателот на судот и ќе го поднесеш преку архивата на судот со кое ќе побараш информации за причините за промена на судијата во конкретната впп постапка, во која ти се јавуваш како странка, па откако ќе го добиеш одговорот ќе продолжиме да дискутираме, вака може само да нагодуваме.
@pross Ти благодарам многу, се извинувам за задоцнет одговор,..Во ред ако поднесам барање до претседателот на судот, претпоставувам ќе ми одговорат исто, "промена на судијата согласно неговиот распоред за работа"..барем така е наведено во дописот..што е доста банален сувопарен и празен одговор. од страна на судот, да напоменам и дека името на Новиот судија не ниту наведено! Сметаш дека ако поднесам писмено барање до судот за причина на промена, веројатноста да добијам поконкретен одговор постои или не?
Види можни се многу ситуации кои не ги знаеме, може судијата кој судел до тогаш е унапреден во повисок суд, може да се пензионирал, може да е преместен според годишен распоред на друг вид спорови, на пример од денес суди работни спорови, а до вчера судел вонпарнични и оставински предмети... Како и да е, во вакви ситуации не можеш ништо да направиш, едноставно постапката ќе продолжи да ја води новиот судија, а ако сакаш да знаеш што точно се случило, ќе си поднесеш едно барање во кое ќе замолиш да ти ги појаснат причините за промената. Инаку кога ќе се одржи новото рочиште, на записникот што ќе ти го дадат како странка, ќе стои и името на судијата, ако досега имало веќе рочиште, види на стариот записник, таму треба да биде името на судијата кој дотогаш судел ..
@pross Ти благодарам многу за искрениот одговор, ценам Искрено Ти и @Forca сте искучителни членови на овој форум, помагате на толку многу лица блокирани во баналноста на корумпираната бирократија и 'Право' кое во теорија е извонредно но на жалост во пракса (во пвеќе наврати) е во потполност спрегледано. Ти благодарам за секој совет и доколку може порака како да стапиме во контакт
Ќе ве замолам за информација И ПРЕПОРАКА- КОЈ АДВОКАТ ИЛИ АДВОКАТСКА КАНЦЕЛАРИЈА КАЈ НАС Е СО НАЈДОБРА РЕПУТАЦИЈА? Ми Треба адвокат што си ја знае работата, што не е мекуш (ако ме рабирате) Значи Адвокат кој е ПРОАКТИВЕН! Тарифата не е битна! (домен Граѓанско-Наследно, Облигационо право и слично)
Здраво, живееме во изнајмен стан, договор на една година уредно заверен на нотар. Прашањето ми е, дали сопственикот во меѓувреме има право да го продаде станот на трето лице и да не избрка?
Додека трае договорот не, ниту постојниот ниту новиот сопственик. Ако сакате подетално да разговараме пишете ми во порака.
Не знам дали е за тука прашањето. Ме интересира како да се заштитиме ние (јас и моите сестри) од родител кој постојано се дави во долгови. Има кредити и брзи и потрошувачки. Пробавме да го вадиме од тоа, плаќавме сите. Еден затвориме тој друг отвара. Почнавме да наоѓаме скриени кредити за кои не сме знаеле дека постојат. Свесни сме дека после него ќе остане се на нас ама никој од нас не сака да биде жртва на несовесен родител кој цел живот не ставил прст на чело да се запраша што прави. Од оваа перспекива свесни сме дека никогаш нема да ги исплати, затоа што ќе земе кој знае уште колку нови. Психата ни ја уништи, позајмува од нас, имдиректно бара и запрашува колку заработуваме. Дали има некоја опција, освен тоа да се откажеме од него?
Откажување од него. Порано во весници вообичаено беше родител од дете да дига раце, ама какви времиња дојдоа еве и обратен тренд започнува да се шири.
А што можете друго? Сигурно сте го седнале, сте поразговарале за сето ова. Ваквите ќе ветуваат нема, нема и после ќе се чудите од каде нови задолжувања. Не ви е лесно на вас, јасно е.
Здраво,не најдов друга тема за ова па ке пишам овде. Ми падна дрво врз автомобил,поприлично е оштетен автомобилот,цела десна страна и дел од левата. Автомобилот повеќе не е употреблив и нема начин да се поправи бидејќи ќе треба се да се мене,што не е ни исплатливо ниту пак изводливо. Дали некоја од вас знае колку трае процедурата за обештетување и дали Паркови и зеленило ве обештетиле спогодбено или морате да одите преку суд? Колкава сума ви одредиле за обештетување? Колку ве чинеше вас целата постапка?
Не е Каско осигурана колата, осигурувањето покрива штети од сообраќајни незгоди,не од паднати дрвја или временски непогоди.
Здраво. штотуку добив писмо од Клиника - опомена пред тужба за зафат кој го правев таму пред 2 години. за жал ја немам фискалната, само отпусното писмо и лекарската потврда. Јас си знам дека платив, ова често го прават на Клиника- дали не се организирани или пак им е некоја финта за “грабење пари”… како и да е, утре ќе им се јавам ама не верувам да направам нешто без фискалната. Ми треба совет од некое правно лице или некој кој го имал истиот проблем.
Дали при градба на куќа мора да имаш дозвола од соседите за прозорци кои гледаат накај нив? Или и за веќе постоечки куќи. Што ако соседот има веќе страничен прозор кој гледа во мојата куќа.. Знам за случај каде што пријатели градеа куќа, но соседите не дозволија прозорци да имаат од таа страна. Некој поупатен да ми одговори ве молам.
Доколку на страната кон соседот се поставува прозор, мора да има најмалку три метри растојание од меѓата. Ако тоа растојание е помало, се бара писмена согласност од соседот. Потребно е да се изврши проверка на урбанистичката парцела во твојата општина. Ако соседот има прозорец што гледа кај тебе, побарај увид во неговото Одобрение за градба. Ако е надвор од проект или без одобрение, поднеси Пријава до општински Градежен инспектор, кој ќе изврши увид дали тој прозор е во согласност со Одобрението за градба, ако не е, може да наложи отстранување на прозорот.
Ne mozes da se otkazes od roditel. Od dete mozes,ama od roditel ne. Ova se sluci na moja prijatelka koja koga se razbole tatko i tie trebase da go dogledaat bidejki bea razvedeni so majka im i ne go gledale so godini. Od centarot za socijala im kazaa deka ako tie ne se grizat za nego,centatot ke go smesti vo nekoj dom za koj sto tie ke bidat zakonski zadolzeni da plakjaat.