Форумџика на годината

Правни проблеми

Дискусија во 'Правни совети' започната од babyketi, 7 февруари 2010.

  1. Reni@

    Reni@ Нов член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2025
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Zdravo .dali nekoj mozi da me upati kaj koj advokat da se obratam so ima iskustvo so invalidski penzii.
     
  2. Hijabigurll

    Hijabigurll Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    1.074
    Допаѓања:
    1.452
    Пол:
    Женски
    Дали може да се дознае кој пријавил во пајак служба? Очигледно трн во око сме им на комшиите.. Неколку пати на колата ни закачуваа ливчиња со закани,ни го искршија задниот брисач си пријавивме се уредно во полиција ни кажаа ќе бидат превземени мерки. Сабајлево стана да оди на работа сопругот колата ја нема а на местото кај што беше паркирана друга кола. Отиде на железничка да провери и се испостави дека пајак служба е повикана добро вика не гледате дека на моето паркинг место (кај што беше нашата кола паркирана) има сега друга кола,зашто вика мојата им сметала? Не знам вика тоа комшијата те пријавил ако сакате карајте се,тепајте се ама мора да си платиш.
     
  3. PepicaAn

    PepicaAn Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2023
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    53
    Може ли некој да сподели искуство, препорака за добар адвокат? Некој кој има став, одлучност и знае како да се избори за интерес на својата странка?
     
  4. SStasia

    SStasia Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2017
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    1.277
    Пол:
    Женски
    Моментално сме во процес на купување на куќа, некој со искуство дали ќе можи да ми кажите отприлика колку би фатиле екстра трошоци како адвокатски, нотарски, административни, катастарски итн... Знам дека од се зависи, кој нотар кој адвокат која банка итн ама отприлика да имам претстава шо ме чека
     
  5. Belladona123

    Belladona123 Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2023
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Имам ситуација каде сопственикот на станот каде живеам под кирија сака да ми го продаде со одложено плаќање или плаќање на рати како и да е.
    Имено, предлага да направиме купопродажен договор каде ќе стои нели цената на имотот, и рок на отплата 5 години. Да јас во тој период му плаќам на рати.
    Искрено прв пат слушам за таква понуда па ме интересира постои ли такво нешто. Дали е тоа правно исправно?
    Стварно не знам.
    Ви благодарам
     
  6. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    200
    Пол:
    Машки
    Може секако, одложено плаќање е дозволено.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mariposa33

    mariposa33 Активен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2025
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Дали некој тужел дом за стари лица за небрежност/неправедна смрт? Колку бевте успешни? Кои беа вашите најголеми предизвици?
     
  8. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.731
    Допаѓања:
    24.086
    Пол:
    Машки
    Дали ако е заеднички ѕидот на две куќи и делумно од едната страна е решена куќата кој си сноси одговорност тука и дали постои можност да тужи дека му капи во куќата?
     
  9. Angel_G

    Angel_G Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    327
    Пол:
    Женски
    Здраво ,на голема мака сум. Дали некој може знае да помогне. Имам поголема сума и тоа баш голема сума на кредити ,картички, минуси, паралелен кредит и банка и друштва затоа што 5 години лечев болен родител, со скапи операции ,потоа нега ,потоа беше на крај канцер и на крај пред некое време ми почина за жал ... пари си отидоа и останаа да се враќаат. За жал нема банка која сака ова да го рефансира без жиранти , хипотеки и разни чуда. После погребот еве се акам од врата на врата по банките и ништо. Единствена опција постои Во Уни банка кај што ми се кредитите. Може да се направи реконструкција и да се стават сите во едно ,ама имаат услов тие постоечките да ги затворам ама буквално еден ден да се парите на ска и веднаш со друга апликација тие пари и овие што недостигаат да ги стави во еден кредит. Ќе ги одобрат зашто имам ок плата и на неопределено сум долго време и без жиранти. Ама ми треба помош некако некој да ни помогне овие да ми ги затвори и веднаш следен ден пари ќе му бидат на ска...прашав роднини ,пријатели ,креваат раменици ...помогнаа нешто за погребот за стариот и толку. Сама сум во ова за жал.Помагајте многу многу лоша годината. Дали знаете некој консултант, лице со добра намера да речам може звучи наивно,да кажам веднаш не не лихвар ,да помогне..?.или некој друг начин, немам ум веќе? Морам да најдам некое решение за ова. Инаку немам блокади и забрани на ска се уште,ама морам да реагирам брзо зашто нема шанси да се издржи ова на долг рок ..Ви благодарам многу
     
    Последна измена: 31 декември 2025
  10. Broken♡

    Broken♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    533
    Пол:
    Женски
    Не знам во која тема да напишам па упатете ме ако сум на погрешно место.
    Живеам во странство, малолетната ќерка до ова лето живееше со мајка ми и нејзиниот сопруг. Заради конфликт предизвикан од нивна страна со таткото на ќерка ми одлучивме најдобро за девојчето ќе биде да остане со татко си.
    Проблемот. Мајка ми не сака да го предаде пасошот и таблетот на ќерка ми. Исто така и очилата на мојот бивши кои останаа кај нив заради "конфликтот" кој настана. Другите не толку вредни работи како облека и играчки ги дадоа на сестра ми за да ги предаде на ќерка ми. Јас не сакам контакт со мајка ми и нејзиниот сопруг затоа што секогаш откако ќерка ми живее со татко и, секој разговор е психичко малтретирање. Што можам јас да направам? За две недели се враќам во мк на две недели. Ако пријавам во полиција дека не сакаат да го дадат пасошот и таблетот, дали ќе може да се направи нешто? Дали полицијата може да ме придружи за земањето на работите, затоа што тоа е единствениот начин на кој би отишла таму. Не сакам да барам адвокати да тужам итн. Попрво би заборавила на се и би купила нов таблет, нов пасош итн.
     
  11. Angel_G

    Angel_G Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    327
    Пол:
    Женски
    Не гледам проблем ако сте ги прекинале односите со Вашата мајка и ако планирате да си купите нов таблет. Ако одите до надлежни служби ќе имате многу прашања од ,,типот зошто детето не е со родителите или старателите,,. Немојте погрешно да ме разберете правно гледано мајката и таткото се одговорни за грижа ,раст и развој на малолетно дете ,а не трети лица, како што се баба, дедо, стрико ,вујко...Вашите причини да го оставите детето кај мајка ви можеби биле оправдани и рационални ,но за институциите ова е сосема различно гледање на нештата. Не знам колку помогнав пробајте интерно да го решите проблемот.
     
  12. LjupkaT1

    LjupkaT1 Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2024
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    • Пишувај на кирилица
    Dobar den sakam da spodelam nesto so vas i da dobijam nekoj sovet,bidejki vekje neznam sto da napravam.se raboti za brat mi.nokjta pomegju 18 i 19 januari go zapira policija.brat mi bil pod dejstvo na alkohol no sepak se odnesuval kulturno so niv.im dava vozacka i soobrakjajna dozvola i tie mu kazuvaat da izleze od kola,izleguva i tuka pocnuva torturata..pocnuvaat da go udiraat,da go gazat,go navreduvaat,go vlecat za jaknata,mu se zakanuvaat..istite tie policajci vo megjuvreme pred negovi oci koristat nedozvoleni supstanci odnosno marihuana..brat mi odi vo policiska stanica za da podnese prijava deka e napadnatat od nivni kolegi no tie istite nisto ne sakat da storat,duri ni izjava mu nemaat zemeno..ke ve molam za nekoj sovet kade da se obratime i kako da postapime
     
  13. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    2.180
    Пол:
    Машки
    Директно во внатрешна контрола и во ОЈО барајте средба со Јавен обвинител овде има основано сомневање за сторено кривично дело од страна на полициските службеници насилство и злоупотреба на службена положба.
     
    На Polyincognito и LjupkaT1 им се допаѓа ова.
  14. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    6.219
    Допаѓања:
    5.732
    Пол:
    Женски
    Го изгубив стариот пасош а ми треба потврда дека ми е изгубен за да аплицирам за виза. Каде да се обратам и колку време се чека? Инаку имам нов пасош.
     
  15. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.604
    Допаѓања:
    25.902
    Ме интересира дали откако на добиен случај, исплатата од трошковите освен тие што си ги дал на адвокатот, се исплаќаат на адвокатот?

    Попрецизно пример, за да го тера случајот на адвокатот си му платил 30.000 денари на почетокот, е сеа откако е пресудено да добиеш оштета, освен парите за оштетата, добиваш и пари за судски трошкови, пример 60.000. Од тие 60.000 тебе ти се враќаат 30.000-те што на почеток си му ги дал на адвокатот, а останатите 30.000 ги добива адвокатот?
     
  16. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    2.180
    Пол:
    Машки
    Да, разликата припаѓа на адвокатот, а тој ти ги враќа трошоците кои си ги дал како аванс на почетокот односно наплаќа во рамки на неплатената разлика 30.000 ден., а другите 30.000 ден. ти ги уплаќа должникот, доколку се изгубеше спорот ќе требаше да му ја надоместиш разликата од дадениот аванс до полниот износ, тој е задолжен да го наплати целиот износ по адвокатската тарифа.
    Освен во конкретниот случај ако не е договорено нешто друго како на пример награда за успешност или слично па да задржи процент и од тие 30.000 ден.
     
    Последна измена: 31 јануари 2026
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Moya1991

    Moya1991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2022
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Поздрав...
    Ве молам препорачувајте некој адвокат добар, кој има искуство со стекнување државјанство по основ брак. Ми треба хитно!
     
  18. Снегулк@23

    Снегулк@23 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.871
    Допаѓања:
    6.014
    Пол:
    Женски