Како и други закони, мислам дека и со Законот за денационализација се овозможува некои граѓани да бидат спречени да си ги остварат правата. Се остава простор дел од семејствата (наследници) да го сокријат постоењето на тапии, решенија и други потребни документи од некој член на семејството итн. Во вакви случаи изиграниот член на семејството (наследник) е токму од законите спречен да се бори против бесправните решенија. Ќе го изложам својот случај и се надевам дека има и други со слични проблеми, а исто така дека некој правник, упатен во проблемот на денационализацијата, ќе може да ни помогне. Каде да се обратам? Има ли можност ова да се спречи? Во постапката за денационализација, адвокатот што мислев дека застапува и мене (со полномошно) и другите наследници на правото на денационализација на имотот на дедо ми, не го напишал моето име во формуларот за листата на барателите, туку го додал дополнително, иако јас кај неа го покренав тоа истиот ден кога и останатите наследници (баратели). Една година пред истекот на рокот отидовме кај неа и таа влечкаше до последниот ден. документите ги предае последниот ден. Подоцна сфатив дека очигледно ги предала ден пред истекот да не можам на време да онтервенирам кога видов дека не сум на листата за баратели. Сите останати документи (од кои повеќе прибавив и донесов токму јас), вклучувајќи го и решението за оставинската постапка (јас сум наследник на 1/4 од имотот на дедо ми, односно делот на мојата покојна мајка), се додавани дополнително и прифатени како валидни. Во сите решенија на првостепената комисија сум изоставена. Адвокатот што мислев дека ме застапува ми објаснуваше дека тоа е небитно, бидејќи на формуларот немало место за сите наследници, а меродавно е решението за оставинската расправа. Откако ме зачуди што и на подоцнешните решенија сум изоставена, поднесов жалба на првостепената комисија и ми беше одговорено дека, и покрај оставинското решение, сум “неовластено лице„. Претседателката на комисијата ми опбјасни дека никој што не е наведен во барањето не е барател без разлика на тоа што е прогласен за наследник. така јас и мојот братучед сме во решението прогласени за неовластени лица. Но во истото решение нему му се доделуваат средствата. тој само го носи името на дедо ни. јас не сум крива што не можам да се викам Трајко бидејќи сум женско. така или на едно неовластено лице му се доделуваат средства, а на друго не (со исто решение0 или му се доделуваат средтва на покојникот од кого наследниците го наследуваат правото на наследство. Второч колку што ми е познато, секој го наследува само делот кој според оставинското решение му припаѓа. Во овј случај претседателката на комисијата самоволно го поделила на три третини, спротивно од оставинското решение. трето - предмет на ова решение е парцела која не била во владеење на дедо ми, туку на мајка ми, чиишто единствен наследник сум јас и имам оставинско решение. парцелата е порано приватизирана и во тек е изложувањето. Напоменувам дека тоа спаѓа под Карпош, а во решението од Центар со истата постапка сум наведена уредно во листата на баратели и наследници со 1/4. Како е можно да се постапува различно во секоја комисија? како е можно и судот да донесе решение според кое е нормално да се постапува различно во ист случај во исто решение, да се постапува спротивно на оставинското решение и да се доделуваат средства за надокнада на тужо )во случајов само мое0 земјиште секому, освен мене? знам дека адвокатката која очигледно ги застапуваше интересите на дел од семејството чијашто цел еше да ме исфрлат, воопшто во тужбата не ги навела вистинските состојби. Сега е обжалено на врховен, но сигурна сум дека адвокатката или не го запазила рокот или пак не се наведени вистинските состојби. Сфатив кога ми рече: „Па тоа и не е некој имот за кој вреди да се борите, секирате“ или така некако. Навистина не знам кому да му се обратам за помош. На овој начин законот дозволува и остава место за измами на еден од наследниците од страна на другите наследници. Може дел од наследниците едноставно да исфрлат еден од наследниците во договор со адвокатот? Лишена сум од мојот дел, доделен со судско решение и не сум се откажала од наследство. Освен тоа, приложив уверение за државјанство токму да го докажам правото да бидам барател. Адвокатката цело време ме спречуваше а одам сама во комисијата за „да не ги налутам“. Едноставно - комплетна измама. За цело време ме задолжуваа да ги прибирам документите. Како да постапам? Кому да му се обратам за помош? Веројатно не сум единствена со сличен проблем. Ве молам за помош. Однапред сум Ви благодарна.
Сакам да прашам нешто. Незнам дали тоа е точната тема “Правни проблеми„, но незнам и во која тема да прашам... Знам, дека лични карти не се дава на никој. Не се дават на непознати, затоа што може со нив да направи све. Но што е тоа све? Ако си дам на некого личната карта...може да изтегли заем со нејзе? Може да си нарачва по интернет ствари, може со уште еден-два мои документи да си препише дури и куќата на свое име...и јако нема мој потпис, да го фалшифицира, може ли сето тоа да го направи? Молам некој да ми разјасни што може да се прави со туѓа лична карта? Благодарам.
Најбитен дел од ЛК е матичниот број и потписот (со овие нови Лк). На ЛК има слика од имателот на ЛК. Ако некој ја злоупотреби лк за влечење на пари од трансакциска сметка обично нели во банка ти бараат и ЛК па ја погледнуваат и сликата. Иако оваа слика на новата лк нема врска со реалноста ама сепак се забележуваат разлики за разлика од порано кога беше колор фотографија и јасно се видеше кој е на сликата. Ама, може и тоа да се случи, честопати шалтерските работници работејќи по рутина за да ја намалат гужвата не ги ни приметуваат луѓето, ама ете може да се случи. По интернет не може да нарачува затоа што таму не ти бараат ЛК туку кредитна картичка. Баш да си препише куќа на негово име нема да може затоа што се бара и договор заверен кај нотар или наследно решение. Е нотарите бараат лк за заверка и се претпазливи во врска со тоа. Некоја голема злоупотреба и не може да направи ако се разликува на фаца - лик тој што ја изгубил и што ја нашол. По банка освен да отвори трансакциска сметка не може да зема др. пари како на пр. кредит затоа што се бараат и др. документи (МПИН кој го има фирмата, жиранти....) а и обавезно банката прави неколку копии од ЛК кои ги проверува во база. Баш од Април стапи на сила и Законот за заштита на лични податоци каде што секој клиент лично пополнува податоци кои одат во база а таа база е поврзана со НБРМ, УЈП и мислам дека и со полиција. Не ми текнува на др. злоупотреба али ова важи во РМ а знам дека ти живееш во Бугарија, е таму незнам како функционираат работите.
zdravo roditelite imat stan i kuka. vo gradeznata dozvola se napisani roditelite i sestra mi koja za vreme na gradbata na kukata rabotese samo edna godina i nema dadeno nikakva para .dali taa so toa e sopstvenicka na del od kukata i ako e kolkav e delot i dali moze da ja dade kukata pod hipoteka sama po svoja volja.dali moite roditeli mozat stanot da mi go prepisat bez nejzino znaenje i kukata kako ke se deli.problem e toa sto taa ima firma samo na dokumenti no treba da plaka davacki i danoci a ne saka da ja odkaze . ne plaka nisto za firmata oti nema pari a ima plan nekogas da ja dade kukata pod hipoteka i so toa da se odolzi kon drzavata i na 62 godina da zema penzija so toa .fala
поздрав...ако мозе некој да ми даде совет...одам на работа не пријавен и ја повредувам раката ...дали има некој основа за остета или тужба....
Мислам дека прашањето ми е за тука... Мислам дека пред 2 години некаде, кога идел дечко ми да го регистрира моторот го фатила полиција и му пишала казна. Си го регистрирал тој моторот истиот ден и нормално, чекал да му стигне писмо со кое го повикуваат на суд за казната. Е денес му стигнало писмо, а во писмото пишува дека бидејќи не се јавил на суд кога требало, судот сам донел пресуда и му е изречена казна од 30000 денари, која треба да ја плати во рок од 15 дена. А сето тоа е многу чудно затоа што тој нема примено покана за суд, а нели поканите се даваат на рака... Јас му викам да поднесе жалба, ама знам декаа ништо од тоа нема да биде, против државата не можеш да одиш... Што мислите вие, што би можел да направи и каде да се обрати?
Ако немаш никакво осигурување бар и приватно немаш основа за оштета. Можеш приватно да го тужиш газдата а дао докази да приложиш извештаи од лекари во зависност од повредата, сведоци дека тој ден си бил на работа....арно ама кој излегол на крај со газдата На такви дела за казни им пресудуваат во отсуство -постои таков закон. Најлесно што може да помине е да го најде тој што му ја пишал казната и да плати бар половина од сумата. Има таква спогодба да ако во рок од 5 дена платиш, платиш пола казна Во градежна дозвола се пишуваат само инвеститори а сопственост оди преку Катастар и за тоа добива Имотен лист. Во имотен лист стои (ако ја има) колку има дел од куќата (претпоставувам една третина мада зависи од Договор кој го имаат) и само нејзин дел може да го даде под хипотека (иако банките не се замараат многу многу кога е дел од куќа туку сакаар цела куќа, мада зависи и до висината на кредит кој се бара). Станот е сигурно друг имот и нема врска со куќата бар така те разбирам и ако сопственоста е на твоите родители можат да го препишат на кого сакаат (дали на тебе или на сестра ти). Ако има фирма само на папир значи само Решение од Центален Регистар а фирмата не е активирана значи нема направено М три образец, М1/М2 за шест месеци максимум самиот Централен Регистар или УЈП ја брише (со мали давачки) а ако ги има направено овие документи и е активирана фирмата а таа осигурана и ако 2 месеца не плати придонеси ќе биде блокирана од страна на УЈП. УЈП ќе ја чека некој месец и потоа ќе објави стечај или ликвидација и ќе си наплати присилно од имотот или средствата што и се внесени како основен капитал за регисрирање на фирмата (не верувам дека има паричен влог како основен капитал за регистрирање на фирмата)
Знам и дека може пола казна да плати, ама сепак требало да му стигне покана за на суд и во писмото пишува дека не се појавил во судот, а на него ништо му нема стигнато...
Ако го потпишал ливчето кое го дава полицаецот при пишување на прекршок, завршена работа. Така велат полицајците (имам братучед полицаец) веќе завршена работа и сами ја прифаќаме казната и оди во процедура по службена должност во Суд.
Не знам, имаше предходно уште 2 казни и за тие му стигна писмо, а ако е така како што викаш во писмото нема да пишува дека затоа што не се јавил кога бил повикан судот донел сам одлука, туку ќе си пишува дека судот донел одлука... Како и да е, тој утре ќе оди па ќе види што-како е...
Имам купено идеален дел од имот кој што продаваците го имаат добиено со договор за поклон од нивниот татко.Со поклонот тој оставил еден идеален дел за себе.По неговата смрт тој имот го наследува само неговата керка додека синот и сопругата не се прифаќаат за наследници.Одкако тоа е спроведено во катастар со уреден Имотен лист јас купувам идеален дел за којшто купен имот поседувам купопродажен договор заверен кај нотар и истиот договор е спроведен во катастар.После извесно време еден од продавачите починува.Неговиот имот го наследува неговата сопруга.Откако по мирен пат не успеав да извршам физичка делба на имотот којшто го имам купено покренав судски спор за физичка делба . На првата расправа еден од продавачите) живиот) беше согласен да се изврши физичка делба додека Наследникот на починатиот почна да прави проблеми дека нејзиниот маж нема продавано никаков имот како и да за наследството од нејзиниот Свекор нејзиниот маж небил запознаен со што покрена судски процес кој што сака да го поништи наследството. Со тоа судијата го стопираше процесот за физичка делба се додека не се расчисти спорот за наследство.Имотот кој што го имам купено не припаѓа во спорниот дел од наследство туку припаѓа во делот што продавачите го имаат добиено со поклон.Иако инсистирав да се изврши изделување на мојот дел бидејки истиот нема ништо заедничко со спорниот имот судијата не сакаше да го направи тоа.Бидејки спорот околу расчистување на спорното наследство трае веќе две години и нема никакви индикации дека набргу ќе биде расчистено незнам како би можел да го продолжам процесот за физичка делба. Доколку некој ми даде ПОУКА ОДНАПРЕД БЛАГОДАРАМ.
пола казна се плаќа откако ке те казнат во рок од 7 дена а откако ке се донесе пресуда не мозе пола казна да се плати затоа ти казав погоре што треба да прави
Бевме во Лисиче, не му дадоа увид во случајот, рекоа дека тоа е завршено и не им е гајле, не може ништо да направи освен да си плати. Потоа бевме во Управен суд, кога го видоа решението сите се изнасмееја и ни рекоа веднаш да поднесеме тужба, а ако е будала да плати, затоа што било застарено. Бевме, поднесовме, и сега ќе чекаме, ама му рекоа дека нема шанси да плати.
da ve prasam .vo gradeznata dozvola se napisani sestra mi majka mi i tatko mi.tie uste ne izvadile imoten list za kukata.kako se vadi imoten list?koj treba da go izvadi?dali moze i kako moze da imotniot list go ima samo majka mi i tatko mi ili samo tatko mi .mozno li e imoten list da nema sestra mi i kako na koj nacin? blagodaram i pozdrav.
Имотен лист може да извади било кој. Ако не го знаеш бројот на ИЛ доволно ти е матичен број на еден од нив. ИЛ се вади ако куќата, станот...се впишани во ИЛ. На еден ИЛ излегуваат сите сопственици и стои кој колкав дел има од имотот. Може на ИЛ да ја нема сестра ти туку само мајка ти и татко ти (во зависност дали и е даден дел од имотот)
Може да и се даде дел од куќа само ако земјиште на кое се гради куќата е во нејзина сопственост, ако не е на нејзино име земјиштето тогаш е коинвеститор и зависи од родители дали ќе и се даде дел - тоа се решава во имотно правен сектор
Ако има некој расположен и екстра време, учам нешто право па да ми се подобјасни пошто многу ми е комплицирано да му пишам во лп