Здраво Маријана, Податоците кои ги имаш дадено се премногу малку за да ти се даде конкретен одговор. Дали дедо ти е сопственик на дел од имотот? На чие име е запишан имотот сега? Јас би те посоветувала да почнете од тоа да одговорите на тие прашања (претпоставувам дека тоа можете да го утврдите со извод од јавната книга во Австралија, каде е заведена недвижноста). Доколку твојто дедо воопшто не се јавува како сопственик, од тоа што го имаш напишано само може да се претпоставува, дали можеби братот на дедо ти го стекнал имотот преку подарок, или пак била спроведена оставинска постапка, дали постоел тестамент, дали било испочитувано правото на нужен дел и сл. Сето тоа е клучно за да ти дадеме поконкретен совет... *имај на ум дека во зависност од тоа чиј државјанин е оставителот во времето на смртта зависи чие право ќе биде меродавно (македонското или некое друго)
Доколку трговското друштво оди во стечај, сите долгови кои ги има доверителите (меѓу кои и државата) ги пријавуваат во стечајната постапка. Ако друштвото располага со определен имот кој сега претставува стечајна маса, од него се намируваат доверителите и тоа процентуално и по утврден редослед согласно закон. Најчесто стечајната маса е недоволна за да се намират сите доверители, меѓутоа ако евентуално има остаток тој се дели помеѓу содружниците. Доколку трговското друштво се ликвидира истото треба да нема долгови кон трети лица...
KOJA E PROCEDURATA ZA PREVEDUVANJE IMOT NA DRUGO LICE (TATKO-SIN) ILI ZA POKLON MISLAM KOI DOKUMENTI SE POTREBNI ZA DA SE PREPISI IMOTOT AKO ZA NEGO NE SE PLATENI KOMUNALI I I NEMA ELABORAT ZA KUJKATA I NE E VO URBANISTICKI PLAN
Сигурно мислиш на куќа штом спомнуваш комуналии и дека ја нема во урбанистички план, значи не е легализирана и е дивоградба. Не фигурира во Имотен лист и тоа значи дека неможеш ништо да пренесеш. Истече рокот за легализација, сигурно сте поднеле документи. Откако ќе се заврши цела таа постапка и куќата упише во Урбанистички план и извадите Имотен лист е тогаш само со нотарски заверен Договор или Тестамент (обично прават Договор за подарок затоа што државата не ти наплаќа данок на имот) се спроведува во Катастар и за тоа добиваш Решение т.е Имотен лист на наследник
Здраво Феминки, ме интересира една работа: дали студентите на било каков начин можат да земаат сини (плави) картони, а тоа да не бидат на некој од родителите? татко ми се води како невраотен, а мајка ми има фирма на нејзино име што е под стечај. Јас сум редовен студент на факултет, но партипацијата ми е „кофинансирање“. Стварно имам потреба од картони, моите не се во таква финансиска состојба за цело време да плаќаат доктори на приватно. Благодарам однапред
jAS MISLAM TEШKO! ето тоа ти ес ,,дупки недоречености во законот,, бидејки законите не се фер И ТИ треба да не си фер и да се снајдиш ! пробај на трик на име реверс да ги повлечиш документите од на Факс под услов одзади да не ти имаат ставено печат зошто порано ставаја печат за да не се прает маникулации и да се пријавиш во завод за запослување дека бараш работа со средно ! дури ти најдат работа ке магистрираш! ама ова е многу перфидна игра дали ке успееш незнам ! По легален пат немат зелени картони за жал ! П.С. ова не е стручно се молат правниците да помогнат !
прашањево знам дека не е баш за тука ама да си попрашам имам комшии простока невидена постојано пуштаат музика гласно незнам како да се справам со нив веке да повикам полиција ако ја намалат додека дојде полицијата...и кажав неколку пати не разбираат ако нејкат милум ке сакат може силум, од кај нив само викотниц,и во дворот и квичи постојано кучиња, свињи се нервирам многу, нема мира од нив ако знае да ми каже некој најдобро решение ве молам пошто не се издржува ова е со години веке , а мојте трпат се па несакат да се караат со никој аман пукнааавввв
вака сега прочитај го законот за домување кој гласи од 15-18 и од 23-06 не смее да се галами ,музика да се пушта ,кучиња да лаат итн..глобата е од 200-500 евра..слободно следниот пат повикај полиција..ако галамат во тој период.позз
ти благодарам многу риба79 ja се изнамачив барав по законите ама баш за тој ич не ми текна фала ти многу
Почитувани Ве молам за совет во врска со лихварството. Имено, за земени 5000 евра од лихвар, кај нотар лице потпишало договор за земени 12000 евра со 1 година рок навраќање. И двата примерока од договорот ги зел лихварот. Постои ли начин да се заштити лицето од враќање на високата камата?
Девојки имам еден проблем и доколку имате познавање од овој тип ве молам за совет.Се работи за моја пријателка што пред некоја недела имаше инцидент беше пријавена од страна на една девојка за физички напад,проблемот е што всушност мојата пријателка беше нападната и само возврати на провокацијата,но сепак та е та што е пријавена од страна на девојката која сепак има 2 сведоци што присуствувале на настанот и се подготвени на секаква лага само да извлечат пари од другарка ми.Проблемот е што од останатите присутни никој неќе да сведочи се плашат од незнам кои причини а добро знат што е вистината.Дали има начин некако да избегне парична казна?И како?Благодарам однапред
Нивниот збор против нејзиниот. По мое и двете ќе си добијат некоја опомена. А зошто ти не се пријавиш како нејзин сведок? ( и да не си била таму... кој ќе оспори?) п.с. ова е лаички совет
Епа проблемот е што тие знаат дека јас не бев таму и останатиот дел можат да потврдат и тогаш може да настане поголем проблем.Сум помислила јас да се појавам како сведок но се плашам дека тоа ќе ги влоши работите.И јас мислев дека ќе поминат само со опомена но веќе случајот е даден на суд упорна е девојката.А следува матура и другарка ми не може да си дозволи парична казна.Мислеш дека и покрај тоа што има два сведоци ке биде нејзиниот збор против на другарка ми?И дека ќе поминат само со опомена или досие што било само не парична казна?Благодарам уште еднаш
Прашање е дали при физичкиот напад другаркати и нанесла некоја телесна повреда на таа што тужи? За телесна повреда санкција е парична казна (или за посериозни повреди до година затвор, ова сигурно не е случај со неа). Паричната казна ја определува судијата зависно од случајот, си имаат тие листи и ценовници како се движат границите тоа не знам. Е сега, во случај како овој, ако другаркати докаже дека тужителката уствари го испровоцирала нападот, тогаш поминува само со судска опомена. Нека си убеде од сведоците на настанот да сведочат во нејзина полза, ако ти не си присуствувала тогаш немој да се нафаќаш за лажно сведочење.
Ме интересира дали постои некоја агенција за бесплатна правна помош.Наслушнав дека постои од понеделник одам да се распрашам ,а доколку е така дали тоа се однесува само за давање совети или можеби и застапување пред суд .И уште нешто дали споровите за враќање на работа може одново да се покренат?
Jaс прв пат слушам дека има такви агенции, како што знам ако немаш доволно моќ да си дозволиш да платиш адвокат да те застапува пред суд тогаш судот ти предодредува државен правобранител.
Незнам дали постои баш агенција, али има мислам дека можеше кај народниот правобранител да се обратиш за бесплатна права помош. Незнам тоа дали важи за сите или за социјални случаи само. Ако ти есамо совет нели да се консултираш од кај адовкат од таа област и прашај нема да ти наплати сигурно ако само го види предметот.
Почитувани Ве молам за совет во врска со лихварството. Имено, за земени 5000 евра од лихвар, кај нотар лице потпишало договор за земени 12000 евра со 1 година рок навраќање. И двата примерока од договорот ги зел лихварот. Постои ли начин да се заштити лицето од враќање на високата камата?