Нотарот чува примерок од секој акт во својата архива, така да можете да отидете и да побарате примерок. Актите се чуваат 3 години. Е сега докажувањето дека постои лихварство ќе биде тешко, посебно имајќи го во предвид фактот што во договорот за заем е наведено дека се земени 12.000 илјади евра, а не 5.000 илјади. Полесно ќе било да се докаже на суд доколку во договорот си стои дека се земени 5000 евра, а другото се камати, тука веднаш се гледа дека станува збор за лихва. Но доколку имате сведоци, обратете се кај адвокат и тој најдобро ќе ве насочи што и како понатаму.
me intesira dali mozenekoj da mi pomogne okolu pravo na sluzbenost za pat kakvi prava imam 5 kuki sme na edna ulica jas sum posledna dali moze da mi go zatvorat patot
Здраво! Се работи за следново - Реномиран салон за убавина има употребено фотографија на својот веб сајт, а без мое знаење и согласност, при што повредена е мојата личност. Дали можам да ги тужам или на некој друг начин да барам надомест на штета, и според ваше искуство колку е сумата која можам да ја барам или добијам како надомест за претрпеното? Однапред Ви благодарам
Zdravo, Poradi toa sto pocina mojot Tatko a celovkupniot imot glaseshe na negovo ime normalno e da se pokrene ostavinska postapka. E sega vo razgovor so mojata Majka vo dogledno vreme ne planiravme da zavrsime taa procedura bidejki vo momentov nemame dopolnitelni sredstva koj sto ke trebaat za taa postapka I plus treba da dosredime nekoi dokumenti. No sepak denes dojde doma pismo najverojatno od notarska komora ili slicno vo gradot vo koj ziveeme pokana kaj notar da se odi za ostavinskava postapka. Pa me interesira dali ovaa postapka po sluzbena dolznost ja otpocnuva drzavata kako vo ovoj slucaj so pismo I so odreduvanje na notar kogo ne ni go poznavam, ili pak e sami da ja otpocneme postapkata nie koga sto mislime deka ke se snosime so istite trosoci???? Vi blagodaram za odgovorite. Pozdrav
Добро ве најдов колеги Се надевам дека и моите совети и мислења ќе бидат добродојдени за останатите членови на форумот.
Оваа постапка може да се покрене и по барање на странките и по службена должност. Во вашиот случај претпоставувам дека е поведена по службена должност, матичарот кој ја изготвил смртовницата ја доставил до судот, судот оформил предмет и го испратил кај нотар и сега нотарот ве вика на рочиште да ја расправате оставината. Нема врска дали го познавате нотарот или не, оставинските постапки се решаваат кај нотарите како повереници на судот. Не го бирате вие нотарот, туку судот си има редослед по кој ги бира нотарите. Штом сте добиле покана, треба да отидете и да ја решите оставината, зошто нотарите се задолжени оставинските предмети да ги враќаат во судот во одреден временски период. Оставината кога тогаш мора да се реши, затоа подобро не одолговлекувајте. Решавањето на оставината нема да ве чини повеќе од 9.000 денари(може и помалку, зависи колку имот имате и колкава е неговата вредност).
Да, можеш да тужиш. И тоа многу убава тужба. А може и да се договорите. Само ќе треба да се обезбедат докази и да се види што може да се направи. Поздрав
Здраво Феминчиња! Се надевам дека не сте ја заборавиле оваа тема што е отворена Јас сум нов во овој форум и видов дека имате доста интересни мислења за правните работи па ме заинтересира и јас да прашам нешто што ме мачи мене и моето семејство веќе половина година. Се работи за наследување, моите дедо и баба имаат доста имот. Дедо ми почина пред некои 4 месеци и сега сеуште не е поделен неговиот дел. Имено имотот кои тие го поседуваат се 2 куќи и 1 дуќан (едната куќа е на баба ми целосно, другото е се заедничко). Деловите што ги добиваат баба ми, мајка ми и вујко ми по неговата смрт ми се јасни. Она што треба да истакнам е дека мојот вујко е многу лаком и посакува да го земе целиот имот што тие го имаат. Ама мајка ми целиот живот и има помагано на баба ми (при нејзините 2 операции, 1 излив итн.) што тој нема ни 1% од тоа. Сега баба ми живее во нејзината куќа и сака да ни го даде целиот имот што го поседува и ние да ја одведеме во нашата куќа и да живее со нас до крајот на животот. Но, јас и мајка ми не знаеме сеуште кој договор е најдобар и најсилен да се направи (имаме многу адвокати и нотари прашано и едните кажуваат договор за дар, другите договор за доживотна издршка и тн.). Да ви појаснам дека мојот вујко има 2-3 имоти на негово име и тој и неговата жена заеднички примаат месечно по 1000 евра плата од тоа што го работат (и верувам дека тој не би можел да докаже нужен дел бидејќи баба ми е од наша страна и сака кај нас да живее, а исто така во Законот за наследување прочитав дека нужен дел се бара доколку тој е неспособен за работа, доколку има живеено со нив (а нема живеено) и доколку нема никаков имот или средства за живот). Е сега зошто да не се направи договор за дар (адвокатите постојано го зборуваат тој нужен дел дека има право) а немаат знаење во каква состојба сме ние. Но ете и со договорот за доживотна издршка ние не стекнуваме право во имотот на баба ми (само по нејзината смрт), а доколку сакаме да ставиме нешто да издаваме ќе е потребен потпис од баба ми за се тоа (а таа е стара и не сакаме да ја мачиме за се). Било кој договор и да се направи баба ми не се плаши од нас (бидејќи има доверба во нас дека ќе ја чуваме до крајот на животот) туку од него пошто тој е голема “превара“ да не ни додева веќе со тоа и да тужи. Прашањето е кој од овие договори е најдобар и не може да се сруши од вујко ми (што највеќе не плаши и мене и баба ми и мајка ми). Ве молам на брз одговор и ваше мислење за ова.
^^ Нема врска колку и какви примања има вујко ти, штом и е син на баба ти тој има право на нужен дел. Затоа во вакви случаи најдобро е да се направи договор за доживотна издршка. Но од друга страна пак лошо е тоа што кај тој договор се плаќа данок 3 или 4 посто од утврдената вредност на имотот независно дали станува збор за сродници од прв наследен реда, како што е случајот кај вас. Доколку се одлучите за договор за поклон, со тужба вујко ти може да бара и да добие нужен дел, но баба ти може да остави нешто минимално на нејзино име, на пример една нива или нешто слично и во тој случај вујко ти нема да има право да бара нужен дел, а таа нива или тоа што ќе остане уствари ќе биде делот на вујко ти.
Фала многу на одговорот БоаВиста, сето тоа што го кажа е точно. Но, во меѓувреме се сетивме дека може да се направи и договор за купопродажба како “демек“ баба ми ќе го продаде целиот нејзин имот “за одредена сума“ на мајка ми и сето тоа да припадне на наша сопственост. Дали мислите дека со овој договор можеме да го избегнеме тужењето или расправијата со мојот вујко? Инаку за делбата од дедо ми е точно дека не е поделена и сето тоа е веќе го имаме решено со деловите си знаеме колку кој добива, но важното е сега за баба ми.
И кај договорот за купопродажба се плаќа данок мислам, така да ако сте спремни да платите данок, најдобро ви е да направите договор за доживотна издршка. Инаку вујко ти може да поднесе тужба и да спори дека договорот е фиктивен, само за да биде лишен од нужен дел, ама колку ќе успее тужбата не би можела да кажам.
Значи тоа и ќе биде, договор за доживотна издршка. Ќе го наведеме во договорт тоа што е нејзино, а останатото од дедо ми, ќе биде дополнето со анекс договор. Инаку за користење на имотот на тоа што е нејзино (100% нејзина сопственост) нема да биде проблем да го издаваме на кираџии доколку таа ни даде овластување преку полномошно. Би требало ова да биде крајно решение за нашите маки. Инаку дали знаете, мојот вујко ќе поседува 1/6 од делот на имотот (2,5 квадрати) а останатото ќе биде наше. Дали можеме нашиот дел да го издаваме без тој да не оспорува што има 1/6 од сето тоа? И дали треба ние доколку примаме некои 120 евра од издавањето на него да му даваме 20 евра? Има ли друго решение? (Или да го купиме) Благодарам!
Здраво на сите, имам правен проблем и се надевам ќе ми одговорите. Имам фирма(ДООЕЛ) која не работи од 1-ви јануари 2007 година до денес, значи 5 години. Притоа немам платено придонеси за здравствено осигурување во износ од 500 евра, односно фирмата има долг, а тоа по дифолт значи дека мора да се оди со стечај. Ме интересира каде треба да се обратам, КОЛКУ ПАРИ ЧИНИ стечајната постапка, дали постои можност за простување на долгот или барем за намалување кај оние лица кои не се способни да платат како мене? Да напоменам дека во овие 5 години колку што не работи фирмата не работам ниту јас никаде бидејќи неможам да се вработам и да напоменам дека немам апсолутно ништо на мое име, ни имот, ни кола... ништо. Молам за одговор!
Здраво Тони. Сакал или не фирмата твоја должи и тоа мора да се плати. Колку што знам нема простување за вакви случаи. Единствена утеха е што се работи за ДООЕЛ па долгот ќе се наплати од имотот на друштвото (она што е впишано дека е влог во Централен регистар). Доколку има како влог предмети тоа значи дека тие работи одат во неврат. Стечајот е спора постапка и чини пари, зависно од тежината на предметот. Колега, мислам дека ова ти го пишува во книгите на факултет. Можеби мало потсетување не би штетело, не за друго, да не се срамиш по форуми.
Како прво, дали воопшто е пуштан МПИН за плата да помине низ УЈП? Дали во овие 5 год. има поминато некој денар низ жиро сметката на фирмата? И како трето дали си блокиран од страна на УЈП до сега, дали имаш дома добиено некои опомени или решенија од Ујп? И дали поднесуваше завршна сметка до Централен Регистар овие 5 год. и кој ти е статус во ЦР на РМ? Одговори на овие прашања па потоа ќе ти кажам што понатаму следува. Инаку стечајната постапка чини 8 000ден кои се уплатуваат на сметка на Основен суд. Има и други ситни давачки, како што се такси, објави во Сл. весник и сл. Целата процедура трае околу 4-6 месеци. Обично стечајните постапки ги водат адвокатите ама можеш и сам (ако можеш да се снајдеш) или некој економист затоа што се пишуваат Изјави и пресметуваат даноци доколку те фаќа некој Закон, кои нормално ќе ти наплатат за својата услуга.
Една мала корекција- стечајните постапки ги водат адвокатите или други лица со слично образование. Економистите можат да ја зафркнат постапката (од недоволна информираност или нестручност) па после адвокатот ќе мора прво да го исправи она што е згрешено, за потоа да продолжи постапката како што треба. Инаку, работа на сметководителите е да пресмета кој колку должи, а не кој какво право има
Лелеее друже ти си вистински АДВОКАТ Стручно кажано, лице од правна или економска струка кое има искуство може да води стечајна постапка
Се извинувам што не одговорив порано! Вака сега: Незнам што значи кратенката МПИН, ако може појаснување за тоа. Инаку нема поминато ни денар низ жиро сметката, а блокирана е сметката неколку години незнам точно колку. Понатаму, имам добивано опомени, а потоа и казна од 500 евра на име правно лице и 200 евра на одговорното лице заради неподнесување на годишна сметка. Многу е значајно да напоменам дека на решението т.е. казната со големи букви пишува дека се ОДЛАГА за една година. Дали тоа значи дека ако сега поднесам годишни сметки за сите 5 години решението се поништува??? А за статус незнам, татко ми има извадено документ од ЦР дека фирмата не е активна ама само за 2007 год. Дали таков документ треба да извадам за сите години? И на крајот дали има спас за мене, дали затвор не ми бега со оглед на тоа што едвај ќе најдам пари за стечајната постапка, а камоли 500 евра за придонеси плус горе споменатата казна? Слободно потпрашај ме за уште некоја информација, цел ден стојам на располагање.
МПИН -Декларација за прием на плата, тоа значи. Како прво ќе отидеш во ЦР со матичен број на фирма и ќе ги замолиш да ти го кажат статусот на фирмата. Се додека се води кај нив дека е активна фирмата, имаш должност да поднесуваш завршна сметка. Ако не поднесеш ќе ти лупнат казна. Не значи ако поднесеш 5 завршни сметки ќе ти го поништат Решението. Најверојатно ќе те тераат да пишуваш Изјава па потоа да одлучуваат што ќе прават. Бидејќи за 2007 е статусот неактивен, претпоставувам дека е и за другите 5 год. ама сепак треба да провериш во ЦР. Исто така таму прашај дали може веднаш да поднесеш Барање за бришење од ЦР или ќе мора со судско Решение. Ако немора со судско Решение, тогаш ќе поднесеш барање, платиш таму во ЦР некоја такса за да ја избришат фирмата. За да ја избришат обично УЈП не прави ништо додека не се платат секои даноци, казни и сл. незнам дали ЦР ќе те пушти така без да платиш (незнам за што и од кого се опомените) И како второ, отиди до банка каде што имаш жиро сметка. Сигурно си задолжувам за одржување на сметката без разлика што ти е блокирана сметката. И прашај по кој основ си блокиран? Незнам во која банка е сметката али сигурно ќе те тераат прво да го подмириш нејзиното задолжување, можеби и да направиш деблокада на сметката (деблокада се прави кога ќе платиш за тоа што си блокиран) па потоа да ја завориш сметката. Би ти препорачала да не чекаш многу, многу туку веднаш во ЦР по информации. Кога ќе добиеш од таму одговор, ќе видиме после што ќе правиме Успат, со Даночен број од фирмата отиди до УЈП и прашај дали те должат по некој основ. Тие се најбитни и со нив нема зафрканција. Можеби лесно ќе поминеш и ќе завршиш работа само во ЦР, ама треба да си ја истрчаш оваа работа без одлагање А ти ли си бил Управителот на фирмата?
Да, јас сум управител на фирмата, практично бев дете (19 год.) кога ја отворивме па само формално се потпишував на документите, се останато правеа моите дома. Инаку нема ништо нелегално, и не е намерно доведена до стечај ако мислиш на тоа. До овој степен дојде поради долгови направени пред отворањето на фирмата (за кредити, кон ЕВН, кон триста други сметки...) Лани бев во ЦР и таму ми кажаа дека не може да се поднесе барање за бришење на фирмата бидејќи има долг кон Фонд за здравство и затоа мора стечај. МПИН имам поднесувано до 2007 година. Дали ќе можам да поднесам годишни извештаи за изминативе 5 години одеднаш? Уште нешто, сеуште ми стига фирмарина, како да го стопирам тоа?