Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правни проблеми

Дискусија во 'Правни совети' започната од babyketi, 7 февруари 2010.

  1. Advokatot

    Advokatot Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    6
    Договорите кои се продадваат во книжара се само за пример. Вистинките договори треба да се направат со внесување на сите карактеристики за соодветното работно место. Во случај нешто да недостасува, многу лесно таков договор може да падне на суд.
     
  2. kruger

    kruger Активен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Поздрав до сите, ФОРУМОВ навистина е супер. Нова сум и несум сигурна дали пишувам за мојов проблем на правилно место. Ако некој од правниците имат време молам да ми одговорите,имено се работит за имотни правни односи со незгоден сосед. Соседот пред 5 години ја померил оградата од неговиот имот и узурпирал 58м2 од нашиот имот,кога дојдовме на одмор во Р.М. мажотми му рече зошто вака си напрајл и му понуди да му ги продајт тие 58м2 но соседот понудата е одби. Поднесовме тужба
    и после 5 год.добивме пресуда во наша корист. Прошлото лето сакавме да почниме да градиме но излезе нов проблем,истиот сосед некојпат бесправно поставил цевки за канализација по целата ширина од нашата градежна парцела. Моетто прашање е,ако одиме со тужба поново 5 год на суд,докази сведоци и т.н. Ако му понудиме да ги пренесит неговите цевки поново на наше место но каде немат да сметет ке одбиет.Мажотми размислуват во копање на подрумите машината да ги искршит цевките.
    Молам за совет,како да постапиме,како е нај безболно и време да заштедиме. Однапред Благодарам
     
  3. Advokatot

    Advokatot Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    6
    Добредојде овде. Ова се* што е нашишано овде е во ред и по закон. АМА, не секогаш се оди по правата линија. Тоа знае да донесе и до ѕид :( Е, сега, кој е поедноставен пат за решавање на проблемите, тоа на друго место, не овде, во јавност.
     
  4. verica81

    verica81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    55
    Ако ги искршите цевките може тој да ве тужи за нанесување на штета , змрсен ви е случајов неможе да се каже вака на памет сепка мора да се тужите друго чаре нема . Ужасен е правниов систем ама така е што да правиме. :tmi:
     
  5. ibanez

    ibanez Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    102
    Би сакала да ве замолам за правен совет.Имено се работи за нанасеување на тешка душевна болка од страната на мојот роден брат..Имавме оставинска постапка(додека беше жива мајка ми)и имотот беше поделен вака-1/6јас,1/6 брат ми и 4/6мајка ми...Пред една недела дознав случајно од еден сосед дека мајка ми починала пред 2-3месеца....Се запрепастив.Се јавив на брат ми а тој ми рече да не се дерам и ми спусти телефон.Ги прашав роднините -никој ништо не знаеше.и што е најсурово ,во катастер беше заведен како носител на 5/6од имотот.Прашањето ми е-дали брат ми може да го тужам за душевна болка за лишување на МОЕТО право за последен поздрав со мојот родител и ДАЛИ тој може да го присвои делот на мајка ми без да ме извести за тоа????????Поздрав и однапред ВИ БЛАГОДАРАМ
     
  6. ibanez

    ibanez Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    102
    Би сакала да ве замолам за правен совет.Имено се работи за нанасеување на тешка душевна болка од страната на мојот роден брат..Имавме оставинска постапка(додека беше жива мајка ми)и имотот беше поделен вака-1/6јас,1/6 брат ми и 4/6мајка ми...Пред една недела дознав случајно од еден сосед дека мајка ми починала пред 2-3месеца....Се запрепастив.Се јавив на брат ми а тој ми рече да не се дерам и ми спусти телефон.Ги прашав роднините -никој ништо не знаеше.и што е најсурово ,во катастер беше заведен како носител на 5/6од имотот.Прашањето ми е-дали брат ми може да го тужам за душевна болка за лишување на МОЕТО право за последен поздрав со мојот родител и ДАЛИ тој може да го присвои делот на мајка ми без да ме извести за тоа????????Поздрав и однапред ВИ БЛАГОДАРАМ
     
  7. Advokatot

    Advokatot Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    6
    Овде има мозност да се тузи и за друго, не само за душевна болка.
     
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342

    Можеш да го тужиш брат ти за душевна болка а ако имотот го присвоил врз база на тестамент оставен од мајка ти дека нејзините 4/6 ги препишува на брат ти, тука неможеш ништо. Ако можеш да дознаеш некако од Катастар (ако имаш свои луѓе) врз која основа е впишан делот на негово име.
    Зар роднините беа толку сурови да не ти кажат за мајка ти.... :(
     
  9. Advokatot

    Advokatot Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    6
    НЕ станува збор за суровост, туку за интерес. За жал, такви се сите роднини кога доаѓа нешто да се дели. :(
    Во секој случај се препорачува тужба од проста причина затоа што не било определено наследство на јавен начин или некако слично. Тука следат и други работа, ама пак зависи од случајот.
     
  10. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    би сакала да знам колку отприлика достигнуваат сумите за данок на копопродажба за земјиште? позз
     
  11. cungalunga

    cungalunga Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2012
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    6
    Данокот е 3% од вредноста на земјиштето. Вредноста ја определува Комисија, врз основа на Методологија за утврдување на пазарната вредност на недвижниот имот...

    Поздрав,
     
  12. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Ме интересира дали некој знае како е на суд да се донесе одлука за условно...што значи тоа и дали може да се напушти државата во тој случај?
     
  13. shedevil

    shedevil Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    5
    Здраво феминки правнички :hai: ,

    Сакам да прашам дали за еден договор да биде валиден, мора да биде заверен на нотар, доколку е склучен од физички лица.

    Исто така, доколку договорот се склучува помеѓу две физички лица, дали во конструкцијата на договорот правата и обврските на страните треба да бидат распоредени во членови или може да бидат набројани со цртички. Значи дали ваквиот изглед на договорот, без употреба на членови би бил признаен како договор.

    Благодарам :)
     
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342

    Зависи за што условна али во принцип условна казна значи дека за одреден период (се нагласува на пр.6 месеци, година....) не смее да направи друг прекршок.

    За да биде полноважен Договорот се заверува кај нотар. Обично се редат членови, досега не сум сретнала да има цртички а понекогаш ставаат и бројки како 1, 2,3....али со членови е највалидно.
     
  15. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    2.053
    Пол:
    Женски
    Бидејќи ми ја посочија оваа тема, а не гледам друга посоодветна ќе си прашам.. Ќе може ли некој да ми даде пример за пишување молба и покана? Итно ми е :worried:
     
  16. shedevil

    shedevil Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    5
    За да биде полноважен Договорот се заверува кај нотар. Обично се редат членови, досега не сум сретнала да има цртички а понекогаш ставаат и бројки како 1, 2,3....али со членови е највалидно.[/quote]

    Благодарам, многу :)
     
  17. mano

    mano Активен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    како ќе се подели имотот после смртта на родителите - ние сме двајца браќа и вдовицата и синот на третиот починат брат
     
  18. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179
    на три дела еден дел е твој друиот на брат ти а третиот на починатиот брат ќе го поделат вдовицата и неговиот син по правото на претставување
     
    На mano му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mano

    mano Активен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Блг maca-23 :?:
     
  20. Advokatot

    Advokatot Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    6
    Никакво напуштање на државата нема во овој случај. Кому му треба нека дојде овде.
    Кога ќе помине рокот тогаш може. Е сега, едно лето без одмор во странство нема да направи никаква разлика :!: