едно лице умира и остава татко мајка двајца браќа и лице кое што живеело со нив во заедница подолго од 5 години.е сега прашањето ми е дали ќе добие дел лицето што живеело со нив и колкав дел ке добијат мајката таткото и браќата?
Луѓе ај некој нека ми помогне има измени на законот за наследување и од кога се или нека ми прати линк со последниот пречистен текст пошо на страната на право не ми дава
Првенствено зависи од својството на лицето кое живеело со починатото лице подолго од 5 години. Зависи и од другите лица дали сакаат да го признаат или не, но и од други работи....
ајде малку помош оклу проблемот на мојата тетка... таа има 3/4 од куката а нејзиниот внук 1/4...запишани на имотен лист..тој ја сака целата куќа ..како е процедурата за понатаму...дали може физичка делба и кој треба прв да потегне,кој ги сноси трошоците(иако куќата не е деллива)...сака тетката и да ја продаде ..дали тој мора да биде согласен и како во случај кога тој не сака да разговара?//значи кои се правните методи во ваков случај?благодарам
me interesira dali upravitel na firma dokolku firmata ima dolgovi i tuzbi moze da odgovara so svojot imot ili bilosto sto ima na svoe ime.
Голема и замрсена работа. За ова ако се бара „чаршиски совет од нога“ може нешто да се каже. Ама за стручно решавање потребни се документи, кои овде неможат да се споделат.
Каде треба да пријавам имот, во Општина Кисела Вода, или во Град Скопје, или и на двете места? И што следува потоа, комисија некоја да не треба да дојде за да го процени имотот, т.е. станот?
dali firmadooel so osnoven vlog od 5000eur(inventar) so upravitel so neogranicena odgovornost i istata dolzi i ima tuzbi i istata e vo stecaj dali vo toj slucaj upravitelot odgovara so svoj privaten imot ili samo so vlogot na firmata.
во оставинската постапка, дали наследникот на поголемиот дел од недвижниот имот има предност да го откупи и преостанатиот дел (доколку дојде до лицитација)
Мој роднина, со својата венчана жена, купи плац и направи куќа. Деца во брак немаа. Жената почина пред десетина години. Роднинава прими кираџии и кога се разболе,со нив направи тестамент. Пред некое време и тој почина. Сега дознав дека кираџииве станале сопственици на целокупниот имот (во катастар жената немала никаква имовина). Оставинска постапка за починатиов роднина е водена , а за жената не е. Прашувам, дали овдека не е изигран законот и дали има основа и во што, јас да пишам една пријава до јавно обвинителство (како совесен граѓанин, кој нешто знае, а несмее да преќути-казниво кривично дело би било).
Најпрво треба да знаеме во која роднинска линија сте со починатиот роднина. Зависно од тоа имаш или немаш право на оставина. Понатаму, треба да се види како е пренесен имот (тука стои тестамнет ама треба да се провери). И уште ред други работи кои треба да се проверат со одговор на овие две прашања за да се добие комплетна слика за ситуацијата.
Кога не би бил тестаментот, по закон сум еден од наследници на имотот на мажот. Проверено 100% е со тестамент. Не ми јасно уште, дали со умирачката на брачниот другар, другиов (конкретно мажов) е по автоматизам (по закон) наследник на 1/2 од нејзиниот дел ( другата половина нејзините родители), или мора да се води оставинска постапка и добие оставинско решение.
Утрово ми стигна покана за на суд заради прекршок при возење, односно неплаќање на глобата во рок од 8 дена. Прекршокот е направен пред скоро пола година, точно опишан, каде бев веднаш застаната од страна на службеното лице кое ми зема само податоци, ги запиша во тефтер и поминав со усна опомена. Значи никаков записник не беше направен од негова страна ниту пак побара од мене да се потпишам некаде, туку само ми ги врати документите и ме пушти да си одам. Платен налог не сум добила и не знам колкава глоба сум требала да платам за што верувам дека доколку би имала би подмирила уредно. Е сега прашањето ми е, како да постапам на суд, дали да поднесам приговор претходно бидејќи никој не ме казнил на лице место и како да гласи? Имам ли право на тоа? Со мене имав уште 4 сопатници, сведоци дека не било побарано да потпишам ништо, дали да нагласам? Значи не сакам да платам сега нешто за што сум била претходно ослободена, па ми треба совет како да се поставам и што може да направам. На суд сум наредната недела, па би била благодарна доколку добијам некој совет претходно. Во спојлер е "Барањето". Едит: И името ми е згрешено во поканата и во барањето, ако има некаква улога тоа..
Е кај си брзала толку Името може да е и печатна грешка, тоа не е битно али ако се совпаѓа адресата и МБ е таа си. Ќе си пуштиш веднаш жалба (уствари жалба се поднаса откако ќе те осудат па се жалиш на пресуда, а сега ќе чекаш да видиш како ќе помине ова барање) како за почеток и ќе си кажеш дека немаш добиено платен налог. За да си го добила па макар и по пошта се дава лично и мораш да го потпишеш. Евентуално ако можеш да најдеш некако некој кој може да ти помогне т.е даде копија од ливчето за доставена - потпишан дека е примен платен налог (за да имаш доказ). Знам, дека може да го шкртне било кој и да те убедуваат дека е тоа твој потпис па оди докажи се дека не си ти или пак фрлен некаде и е недостапен за тебе али пак тука се вади дека не си уредно била поканета т.е даден налог за плаќање за кој не си ни знаела дека постои. Спојлер ако веќе неможеш ништо и дојдеш до СУД ќе се вадиш дека на една другарка и се слошило и повраќала и си брзала да ја однесеш до брза помош - смисли нешто. За тоа имаш и сведоци (ако можеш направи некоја превара со некој д-р дека на лицето стварно и било лошо , ајде ќе пишат било што за 200гр кафе). Ќе си кажеш дека не си била осудувана до сега и веќе нема да ти се повтори. Си направила грешката и си признаваш ......дрн дрн.....за да поминеш само со судски трошоци во износ од 1000ден. Толку знам од искуство на други
^ Славица ти благодарам многу на одговорот. Работата е што не возев брзо, туку не дадов предност на тие во кружниот тек и одма се приклучив. Кога ме застанаа, ме викна џандарот кај него и ме праша зошто брзав толку многу и не сум почекала, па од каде одам, дали е мое возилото и некои такви општи работи, а за казна ми спомна само дека делото е прекршок, но не рече дека ќе ме казни, која е сумата или ми даде да потпишам нешто. Значи како што реков, во тефтерче ги запиша само податоците од возачката и ми рече дека сум слободна да си одам. Копија од ливчето за достава немам представа од каде да земам? Од пошта? Убедена сум дека не е доставено, или некаде изгубено, но како да знам да го очекувам кога не ми кажал дека ќе ме казни. Пукам од нервоза, пред се заради безобразноста на џандарот кој наместо да ми се смешка можел фино да ми каже дека ќе треба да си платам и нема проблем, секоја грешка се плаќа, а не после 6 месеци да ми стигне опомена дека доколку не се појавам на суд ќе ме приведат (тоа го има во поканата). Планирам приговор да поднесам, жалба ко што викаш следи после пресудата, но не знам дали имам простор за приговарање. Зарем е должен тој да ми каже дека ќе ме казни? Збунета сум, немам вакво искуство и не познавам некој со слично. Инаку за извртување на приказната мислам дека нема да успеам во тоа, едно што не знам успешно да го правам тоа, друго што веќе му кажав дека сум била уморна и доаѓам од пат и не забележав убаво дека некој има во кружниот тек.
Копија од ливче од судски поштар. Секој СУД си има назначено свој човек кој носи судски покани/барања. Знам, не е фер....празни се касите
Во секој случај мора да се води оставниска постапка. Друг начин нема. Во таа постапка ќе се определикој колку ќе добие и таму ќе се прогласи тестаментот и останати работи. За докажување кој колку требало да добие се оди на парница. Тоа од мене, па се среќа.
Не сакајќи да го злоупотребувам форумов, за крај ако може да ми помогнете околу појмовите: - Ако сторената штета е од помала вредност..... - Ако сторената штета е од поголема вредност..... - Ако сторената штета надминува значителна вредност..... Кои се тоа орентациони вредности ( пр. во денари, евра...) ? Поздрав