Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правни проблеми

Дискусија во 'Правни совети' започната од babyketi, 7 февруари 2010.

  1. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Денес бев да поднесам приговор во станица и не ми го прифатија, приговор се поднесувал во рок од 8 дена по пристигнување/потпишување на казната, а не после 6 месеци. Не ги обвинувам нив, но побогу да имав казна ќе платев и немаше да се бунам али сеедно, виновен е тој кој ме пуштил без да ме обавести за тоа. За нив сум уште еден од партијата обвинети за прекршок кој пробуваат да се фатат за сламка, сламка која вака или така не издржува.

    И не знам што да правам, ако барам соочување и дојде полицаецот што ме казнил дефинитивно губам, мојот против неговиот збор не значи ништо. Ако не се појави има шанси да го преполоват износот, што е подобра опција, но реално, јас не требаше да платам ништо. Сведоците не играат никаква улога, они биле во возилото и ми се пријатели, а тоа подразбирало дека се на моја страна. Велат случај како мојот е еден во илјада, но како да ме утеши мене тоа? Како ќе ми помогне?

    Не знам како да го истерам ова, прв пат се соочувам со ваков проблем и за прв пат се чувствувам дека сум обесправена, изманипулирана и наскоро искористена. Никогаш не сум мислела дека ќе стигнам до суд, онака од никаде и за ништо. Очајно се чувствувам, како безгласна буква, како пионче кое го дриблаат во оваа безправна држава и наскоро ќе го одерат со прилично фина сума која ќе оди во буџетот за нови споменици, за некој нов Аце, Филип, Мајка Тереза... Мизерија, лаги и безредие.

    Систем кој брзо и сигурно тоне, луѓе кои со причина се нервозни и огорчени, живот во кој си тотално обесправен и газен. Ми се смачи од сé!
     
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Треба веднаш да побараш совет од адвокат, однеси ја пријавата , одн тоа што имаш од документи, предност ти е тоа што не си се потпишала на записникот и дека не си потпишала на доставен образец од пошта дека си примила казна за плаќање, тие работи се доставуваат лично на рака. Ако е така, можеш да бараш од доставна пошта доказ дека ти е доставена таква казна (тоа мислам преку адвокат ќе треба да бараш како доказ во доказна постапка, ако веќе почнувате постапка), потпис од тој што ја примил, зашто ако немаат нешто такво, не можат да докажат дека ти доставиле казна, односно во тој случај ти не си запознаена со таква казна и дека треба да ја платиш.
     
    На Artemission му/ѝ се допаѓа ова.
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Оди на Суд и таму докажувај се (како што ти кажа и Абеја погоре). Откако ќе ти пресудат и не си задоволна од казната тогаш пушти жалба веднаш или во рок од 8 дена одкако ќе добиеш Пресуда.
    Процедурата е покрената и неможеш да ја сопреш единствено да ја намалиш најмалку што можеш казната или пројдеш само со судски трошоци.
     
    На Artemission му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Да, морам да одам, немам друг избор, а и нема да дозволам да ме обвинат без да го слушнат мојот дел од приказната. Дека нешто ќе постигнам, со други зборови ми стана јасно денес по муабетот, само се двоумам околу одлуката дали да барам соочување со полицаецот или не, зошто ако тука изгубам ќе ме соголат до гола кожа, или во спротивно, си ја признавам вината и барам помилување односно намалување на казната.

    Ќе разговарам викендов со адвокат, кој не е за овакви прашања, но сепак се надевам ќе ми потпомогне во одлуката. Во разговор со други ми рекоа дека не е паметно со него да се појавувам во судница, но јас сум таков лик кој е тремаџија и ми ствара малку паника самото појавување таму, па уште и сама... Посакувам само да имав избор претходно, знам што ќе направев, но сега ми е многу потешко. Стигнав до тука без моја вина, одам на суд без да сакам, знам не е крај на светот, но дефинитивно е крај на многу мои планови.
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. didush

    didush Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    мажот умира и сопругата ја наследува неговата пензија по неколку години таа решава да се мажи повторно.ќе има ли право сеуште на пензијата од починатиот сопруг?
     
  6. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.404
    Допаѓања:
    126.842
    Незнам дали овај проблем припаѓа тука,бев вработена и поради здравствени проблеми морав да си одам и не ми е исплатена последната плата а веќе 2 месеци поминаа?? И сега што да правам??
     
  7. rambo

    rambo Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Благодарност за соработката. Сам се снајдов (има врска со просечни плати во РМ).
    Поздрав!
     
  8. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    Ако се премажи го губи правото на наследување на пензијата од починатиот маж.
    Може да живее со мажот без да склучи граѓански брак, во вонбрачна заедница.
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342

    Ако си била осигурана мора да ти ја исплати затоа што кога пушта плата за цела фирма важи и за тебе. Тоа порано беше да може да се платат само придонеси без нето плата, сега неможе.
    Исто така зависи и кога си одјавена, до ден кога си одјавена мора да ти плати инаку МПИН од Ујп нема да му помине. Останува само да чекаш ако си била осигурана
     
  10. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.404
    Допаѓања:
    126.842
    од работа си заминав на 15 Април значи за тој месец од 1 до 15 ми следува плата и најверојатно ме одјавиле после заминувањето од работа пошто не постои можност да бидам одјавена порано???
     
  11. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.404
    Допаѓања:
    126.842
    а на другите му има пуштено плата а како ги помиал нивните а за мене нема пуштено???
     
  12. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Ти немаш земено плата само за април?
    Јави се и прашај некој од колегите дали априлската плата им е земена. Ако ја дале, тогаш те одјавиле пред 1ви и си на милост и немилост да ти исплатат на рака. АКо знаеле дека ќе си заминеш, може да те одјавиле однапред.
     
  13. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.404
    Допаѓања:
    126.842
    не знаеја дека ке си одам а другите имаат земено плата кај д апроверам до кога сум била пријавена??
     
  14. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Или да ги прашаш, или во биро да прашаш. Беше повторно да се пријавиш во биро? Ако не си била, кога ќе појдеш можеш да прашаш со која дата си одјавена од прет. работно место. За друг начин јас незнам, другиве ако знаат :)
    Иначе може да ја пуштат пријавата за плата, а во неа кај тебе да не внесат ништо за исплата (кај нето ефективна плата), се друго пополнето со доплата до минимум основица (имаше ова некои финти, не ми текнува како идеше, ама сепак е изводливо, законски и плаќа на државата придонеси за тебе, а тебе не ти плаќа ништо.)
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.036
    Допаѓања:
    123.901
    Регистрирај се на агенција за вработување,таму пишува кога си пријавена ,до кога како и кога те одјавиле.
     
  16. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.404
    Допаѓања:
    126.842
    неможам да се снајдам :tmi:
     
  17. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.404
    Допаѓања:
    126.842
    Баш вакво нешто имаат направено прееска и се јавив на шефицата и ми рече дека не ми пуштиле плата зш сама сум си заминала од раб а тие обожаваат да ги бркаат работниците и неможат да се помират со тоа дека сама сум си заминала :rofl: а законски мора да ми пуштат сега незз сто да превземам
     
  18. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Па може да им се заканиш со тужба, ама од др. страна може и они да те тужат зашто не си поднела отказ 1 месец однапред, и работиш додека не најдат замена. Си има цаки тука, можат да те заебат во секој случај па да треба да им плаќаш ти на нив, наместо обратно :worried:
    Да се влечеш со процедури и да бараш совети од адвокат, и тоа ќе те кошта. Вака можеби подобро е да појдеш лично или да замолиш или да се искараш барајќи си ги парите. Молбата подобро ќе помине, кавгата не баш :worried:
    У краен случај, ако не си ги добиеш парите по ниеден основ (испробувајќи ги сите можности) јавно можеш да ја оцрниш фирмата, по сите форуми, интернет страни, фејсбук, твитер...па да неможат потоа да си најдат квалитетен кадар.
    со среќа и се надевам ќе ти ги исплатат твоите пари
     
  19. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.404
    Допаѓања:
    126.842
    Јас работев приватно немав договор до кога ке работам и кога ке си одам или и тогаш морав да останав дури да најдат замина????+ бев осигурана на 6 саати а работев 10 и ред други раб
     
  20. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Ух незнам каков договор сте имале, ако имаш примерок од договорот што го имате со фирмата кога си вработена, ако ти дале, треба да ти ги пишува правата и обврските. Ако си била пријавена во биро, во биро со се пријавата мора да се поднесе и договор за вработување, а во истиот има ставка за раскинување на договорот каде е отворено празно место за временскиот период за отказен рок т.е. тука рачно може да си пополни работодавачот.
    За други случаеви, еве како што рече приватно си работела, незнам, глупаво би било да трескам од памет, не сум имала со такви искуство на работа до сега. Се надевам некој друг ќе ти одговори и ќе ти помогне