Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правни проблеми

Дискусија во 'Правни совети' започната од babyketi, 7 февруари 2010.

  1. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342

    Ако другите имаат земено плата за Април тогаш ти си била одјавена во Март и затоа немаш плата. Кога си била одјавена можеш да провериш во Биро или во социјално.
    Без разлика и сама да дадеш отказ ако си била пријавена и во Април ти следува плата за деновите што имаш работено во месец Април
     
  2. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.404
    Допаѓања:
    126.842

    Ако другите имаат земено плата за Април тогаш ти си била одјавена во Март и затоа немаш плата. Кога си била одјавена можеш да провериш во Биро или во социјално.
    Без разлика и сама да дадеш отказ ако си била пријавена и во Април ти следува плата за деновите што имаш работено во месец Април[/quote одјавена сум после заминувањето од работа а како имаат направено за да ги поминат другите плати а мојата не нез пошто ми признаа дека не ми пуштиле плата зш си заминав сама а немавме потпишано никаков договор
     
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Ме натера да отворам програм и да проверам :) . Една варијанта е, пак ќе кажам да си била одјавена во Март а друга е во часови за работа да ти е ставена шифра за неоправдано отсуство и плата 0ден. и така да помине МПИН во УЈП. Досега сум немала таков случај за да знам дали може да помине плата под таа шифра.
    За да те одјават од биро мораш да потпишеш ОТКАЗ, ти нешто потпиша? Ако не си, тогаш ти го имаат лажирано потписот, затоа што М2 нема да помине без Решение за отказ било да е спогодбено или отказ од работник или работодавец
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Да ја пуштат платата во банка, без да ти пуштат само на тебе, неможе, пријавата е таа, цела поминува.
    Ама како што спомнав претходно, има финти, да си ги платат придонесите, а ефективната плата, што треба тебе да ти ја исплатат, да е 0. Ние имавме таков случај, каде работникот пола месец беше на раб, пола не беше па си замина, а платата само пола не поминуваше, па го направивме ете баш тоа (ама не нула, туку само пола плата).
    Работата е што сега парите на сметка веќе неможеш да ги добиеш, можеш само на рака да бараш во кеш да ти ги исплатат. Законски треба да ти ги исплатат, ама ако натегнеш по тужби и адвокати, тоа е меч со две острици, па зависно од договорот со фирмата, можеш и ти да нае*еш.
    Другото славица мислам ти го објасни, може да ти лажираат потпис за да те одјават (спогодбено обично преферираат, за да нема последици ни за едните ни за др. појди во биро и информирај се).
    А за договор за вработување, тоа е стандарден договор кој иде во биро заедно со пријавата при вработување и тој истиот може да го шкрабнале така, наместо тебе.
    Ама ова што го пиша, приватно си работела, не го разбирам искрено :worried:
     
  5. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.404
    Допаѓања:
    126.842
    значи не постоеше никаков писмен договор а на кратенката на раб. каде се потпишувавме колку сати работиме(кога одиме и кога завршуваме)значи таму има доказ дека сум одела на раб и појке ништо не ми е јасно се е хаос само не ми е јасно со му е на луѓево,чесно и поштено си ги заработив парите :@
     
  6. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Добро, да оставиме муабетиве на страна, вака може така може, секако може. Нема да знаеш додека не појдеш и си ги побараш парите. Остави телефони, јавувања, закони, совети, појди и побарај си ги парите. Малце да се совесни, ќе ти ги исплатат, на рака ако треба, твои се секако, мора да ти ги дадат
     
  7. hugo84

    hugo84 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    zdravo na site...jas sum bobi...i ve molam za eden sovet....veke 3-4 godini si sobiram materijal za brvnara...imeno imam plac vo sredno nerezi....nakaj pantelemon....imam napraveno veke podrum i ploca 60 m...i e vo proces na legalizacija....ama sega se javuva problemot so noviot im gup na skopje....i avtomatski placot od gradezen...mi go stavile vo zelen pojas ili nacionalen park vodno....prasanjeto mi e....sto ustvari mozam jas da pravam vo moj plac so na vladata etiketa zelen pojas....imam plan sam da si pravam brvnara...kako sto kazavmaterijalot mi e veke sobran...se e ekoloski green tehnologija.....ama ne sum smeel ni vremen objekt....pa sto da pravam luge da otvoram planinarski dom???ve molam za sovet
     
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342

    Што е брвнара ??? :D не е битно што и да е
    Дали е донесен ГУП легално или во подготовка е?!? Ако е донесен веќе има рок до кој ќе биде правосилен и во тој рок можеш да поднесеш Приговор. Ако е во подготовка тогаш чекај и кога ќе го изнесат поднеси приговор.
    Си требал во фаза на донесување на ГУП да си кешираш здраво на рака на ....за да ти уцрта што сакаш т.е градежно земјиште. Да не навлегувам тоа таму ти е големааа урбана мафија која кешира на рака. Значи, си фатиш некој под рака од Урбанизам (луѓе кои го прават, а за да стигнеш до нив се многу тешко стигнува) и лепо фино се договориш

    Како и да е во зелен појас неможеш ништоооо, ама буквално ништо. Ниту да менуваш план и да правиш урбанистичка измена, НИШТО.
    Ако се добро сеќавам ГУП се прави менува на некои си 30-50год ако има средства државата и ако Владиката :) утврди дека има потреба од менување поради пренаселеност, ширење на градот и сл.
    Значи или чувај си го чисто на папир да си знаеш дека го имаш и тоа е твое место па можеби твоите внуци ќе можат да го искористат или продади го на држава ако сака да го купи. Зависи колку е интересно местото и зависи што е предвидено со ГУП да се прави таму т.е што државата сака во некоја си иднина да прави таму.
     
  9. sencee

    sencee Активен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    zdravo...dali moze da se rusi dogovor za poklun dokolku..tatkomi koj sega e (pokoen)..nie sme dvajca brajca edniot zivee vo avstrija pred nekolku godini mu dade poklon kuka..i od 1991 god.do maj ovaa god.go izdrzavav jas za se sto mu treba .pred da pocine mi pokloni i mene kuka....sega se pojavi brat mi i me tuzi saka da zeme del od mojot poklon dali moze da go srusi toj dogovor potpisan na notar za poklon i dali moze da mi zeme del vi blagodaram
     
  10. djaka

    djaka Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Имам 2 прашања- 1)Покојниот ми дедо на времето земал детски додаток и поради тоа имотот и го препишал на својата сестра која исто е почината.Наследници се нејзините деца нели, кои викаат дека ке го препишат на татко ми без проблем.Прашањето ми беше која е најефтина комбинација за помал данок?
    2)Живеам во дивоградба во лисиче, татко ми земјиштето го купил кога сум се родил и што е нормално има адвокатски договор заверен на нотар.Меѓутоа земјиштето гласи уште на првобитниот ссопственик бидејки немал право да го продава му било доделено од државата.Која постапка треба да ја превзземам јас да префрлам на име од татко ми.ви благодарам однапред
     
  11. Kalina1

    Kalina1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    37
    Ве молам знае ли некој да ми одговори,бидејки ми испаднаа големи проблеми.
    Почина баба ми, направивме спогодбена оставинска постапка тетка ми си ја зема куката, сетра ми другата кука и јас станот.
    При чистење на станот пронајдовме тестамент оставен од баба ми на обично ливче дека станот и го остава на сестра ми. Сестрами го украде тој тестемент и сега ме уценува дека ке ми го земе и станот.
    Па ме интересира дали може да ја поништи оставинската постапка и да ми го земе станот.
     
  12. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    Одговор на првото прашање - доколку сакате да префрлите некаков вид на имот и сакате да платите помал данок, постојат 2 начина. Првиот начин е да напишете во договорот помала сума од договорената, или да му го префрлат имотот на таткоти но да му биде даден како подарок, на подарок не се плака данок, во овој случај подобро е да се договорите да му го дадат имотот на татко ти како подарок.

    Одговор на второто прашање - сопственикот ( во овој случај продавачот бил концесионер а не сопственик на земсиштето бидејќи му го дала државата под концесија односно на одренден период за користење), немал право да го продава земјиштето, тогаш тетко ти немал право да го купува истото, со самото тоа договорот му е ништовен (неважечки), и незнам ни како нотар тоа го заверил, ама сега не е битно тоа. ти треба да ги однесиш сите документи во локалната самоуправа под која ти припага дивоградбата, и да започниш процес на легализирање.
    поздрав
     
  13. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    Во оставинската постапка, постојат наследни редови, кои служат за правилно распределување на имото на умрениот, доколку тоа се одвива според законот. Но доколку постои тестамент, тука законското наследување не се користи, туку тестаментално како што побарал оставителот(умретиот). Доколку тестаментот се најде подоцна, а во мегувреме се реализира законското наследување, тогаш тестаменотот како прво го разгледуваат стручни лица за да се утврди дали е важечки, оти може да б иде ништовен т.е. неважечки и ништо од тоа да не се примени. Доколку се утврди дека е ништовен тогаш се ке си остани како со било одлучено до сега, станот ке остани твој, но доколку го прогласат дека е важечки тогаш оставинската постапката ке ја вратат пак од почеток и на секој ке му следува тој дел што му бил оставен во тестаментот.
    се надевам дека ме разбра, поздрав :hai:
     
  14. Trnche

    Trnche Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    241
    Здраво,

    вака едно прашање во врска со купување на стан. Имено, спремни, договорено се`, стигнати до плаќање на стан од 41 м2. Е сега, гледаме имотен лист и шок - газдата на станот има имотен лист само на 37 м2, со тоа што преостанатите 4 м2 се терасите од станот и за нив има поднесено онакви документи за легализација или за незнам што (тоа што беше пред некој месец од Влада, реклами на тв и слично, 1м2=1ЕУР. Значи имотниот лист сега засега е само на 37 м2.

    Какви проблеми може да излезат од ова? Договорот почетен беше да го земеме станот за 39 000 ЕУР. Моментално газдата ни понуди опција да се направи договор (нотар, агенција, адвокат, сето тоа) за следново: да платиме 38 000 ЕУР, да ни се префрли станот на нас со имотен лист од 37 м2, а во меѓувреме тој да си ги досреди работите за легализација (или нз што е тоа на тие преостанати 4 м2), рече дека тој процес ќе трае максимум месец, месец ипол, па кога ќе си го заврши сето тоа, ни префрла нов имотен лист од 41 м2, се регулирано, а ние му доплаќаме уште 1000 ЕУР (као демек почетната цена, 39 000 м2).

    Е сега, јас немам појма од законите, но колку и да сум лаик вака кажано, мене овдека нешто не ми мириса добро. Сега засега на овие од агенција им реков дека ќе размислиме за понудата, во меѓувреме татко ми мисли да консултира адвокат и заедно да се видат со газдата на станот и со посредникот од агенција.
    Дали некој имал сличен случај, можеби некој знае колку би се плаќало во иднина за присвојување, легализација или нз што на тие 4 м2...некоја информација, што и` да е...

    Благодарам... :*
     
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски

    Па веројатно тие 1000 евра што ви ги намалува му се како гаранција дека ќе ги досреди документите за легализирање на терасата.
    А како и самата што кажа 1евро квадрат, па 4 квадрати=4 евра,па и 100 евра нека бидат, тој штом остава илјада евра за да го почекате, сигурно ќе среди се, само брзината зависи од администрацијата.
    Ако толку немате доверба, склучете договор дека во моментот му ги плаќате тие 37 квадрати, со тоа што тој ви намалува илјада евра, кои сте должни да му ги доплатите откако тој ја исполни својата должност-довршување на постапката на легализација на преостанатите 4 квадрати.
    Ако е само тоа спорно, а не постојат други пречки, можете да го решите проблемот со меѓусебен договор заверен на нотар. Значи морате да си се осигурате и вие а и тој дека двете страни ќе ги испочитувате вашите обврски, а договорот е најдобар начин за тоа.

    Оваа постапка може да се искомплицира и да го најдеш тестаментот (можно е да е веќе физички уништен и не можеш да докажеш дека постоел). Ако веќе го најдеш и да предложиш да се спроведе тестаментално наследување, сестра ти или тетка ти може да се повикуваат на неважност на тестаментот, дека го пишувала во тешка здравствена состојба под туѓо влијание, или дека не го пишувала она, па може да барате испитување на ракописот дали е нејзин и на крај ако не го признаат тестаментот како важечки, џабе си фрлила пари, зашто ќе треба да плаќаш за тие испитувања, кој ги бара тој ги плаќа. Не гледам начин како би го земала тестаментот од сестра ти, освен да и провалиш дома.
    Не ми се верува што се може да си направат две сестри од пуста алчност.
    Не дај Боже да се најдам во таква ситуација, но јас пред време би се откажала од тој имот кој ме одродил со родената сестра
     
  16. macika4

    macika4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    28
    zdravo na site ....sakam da prasam koja e procedurata za likvidacija na firma nemam dolgovi kolku ke me cini i kolku vreme ke trae toa? dali dodeka se zatvara firmata se plakaat posle toa pridonesi ili ne
     
  17. nedi

    nedi Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Имам еден проблем ако може некој да ми помогне, се работи за следното: тетка ми живееше во вонбрачна заедница 35 години во која има дете кое е не е признато од него на документ но е одгледано и чувано во таа заедница 25 години. Човекот со кој беше во заедница почина. Станот во кој што живеат е на негово име ама е стекнат за време на вонбрачната заедница. Тој има браќа и сестри кои го бараат станот, а нема негови деца. Чиј е станот сега по неговата смрт? Што треба тетка ми да превземе дали да поднесе оставинска постапка и каков би бил исходот според закон?
     
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342

    Ако не се лажам по Закон беше- ако 5 год. живееш во вонбрачна заедница исто е како да си венчан, значи си полноправен наследник. Би требало нејзе да и припадне станот ама ќе треба прво да се докажува претходно...


    Процедурата ја знаат адвокати, сметководители. Чини околу 15 000ден. Треба да се платени сите придонеси и др. давачки додека се затвори т.е земе објава дека е ликвидирана
     
  19. rubiema

    rubiema Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Почитувани
    Дали некој може да ми одговори колку трае временски постапката во суд за физичка делба од денот на поднесување на барање до закажување на рочиште(напоменувам дека не можам да правам делба на нотар мора на суд),знам дека се правеа некој обиди за скратување на роковите и зголемување на ефикасност на судовите ,меѓутоа не мозам да најдам колку се тие рокови
    Поздрав
     
  20. didush

    didush Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    Не знам дали моето прашање можам да го сметам за правен проблем но ми треба помош од вас.Од септември сакам да посетувам пракса во ск. зошто сум на правен факултет и тоа ни е задолжително.Минатата година бев во основен суд во Битола кај судија а оваа година сакам кај адвокат. Ако може некој да ми помогне нека пише.Фала од напред.