Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правни проблеми

Дискусија во 'Правни совети' започната од babyketi, 7 февруари 2010.

  1. Hellokity12

    Hellokity12 Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Здраво, а нова сум на форумов и ме интересира еден правен совет.се работи за мои пријатели.Имено прабабата има куќа на два спрата.Таа има една ќерка која има една ќерка и еден син.Е сега, синот од ќерката и синот од синот, знаци правнуците на прабабата која има куќа сака едниот спрат да го подари на едниот правнук и другиот спрат на другиот правнук.Дали може со договор за дар посебно да се подарат спратовите, и второ прашање дали спаѓаат во прв наследен ред, а напоменувам дека сите се живи,значи и ќерката и внуците и правнуците.Се надевам дека ме разбравте. Чекам одговор?
     
  2. Hellokity12

    Hellokity12 Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    И ве молам да ми одговорите итно на ова прашање.За колку време треба да се почне постапка за обештетување од кога кривичниот судија го упатува оштетениот да си го бара имотното правно барање во спор?
     
  3. Hellokity12

    Hellokity12 Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Abe nikade ve nema.Eve i ova sakam da prasam, dali ako tatkoto na sinot ja poklonil kukata , dokolku sinot posle nekoja godina se razvede od zenata , dali zenata ima pravo na polovina od kukata?
     
  4. Hellokity12

    Hellokity12 Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    А ако свекрвата ја поклони на синот, дали жената тогаш има право на пола куќа?
     
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    И во тој случај мислам дека не може,дека е поклон, со истата причина, имотот не е склучен во брак, поклонет е од икс причини.
    Е сега за претходното прашања, малку ми е нејасно,

    Незнам дали се работи за прв наследен ред, зашто според закон јасно си кажува, прв наследен ред се брачен другар, и неговите деца. Е сега децата на неговото дете или внуците по право на преставување доаѓаат како наследници ама само ако нивните родители се умрени па неможат они да наследат.
    Но имаме тука живи наследниви пред правнуците- и внуци и децата на прабабата(оставителот) така да ако се иде според законско наследување сите тие ќе имаат право пред внуците.
    Нека не чека прабабава да почине за да се делат затоа што се иде по ред.
    Нека склучи договор за дар или тестамент, ама договоров за дар според мене е океј, и може зашто да не може со договор на дар да ги припише спратовите посебно на правнуците.
    Распрашај се сепак убаво кај адвокат иаку мислам дека ти одговорив точно.
     
  6. Hellokity12

    Hellokity12 Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    ZAR NEMA NIKOJ????????????
     
  7. VMP

    VMP Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    53
    Имам проблем со ЛЕГАЛИЗАЦИЈА на викендичка. Барањето ми е предадено на време, истотака и елаборатот. Меѓутоа, сепак се јави проблем за кој мислам дека не сум единствена што го има. Кога го купивме плацот, помеѓу нас и соседите постоеше ограда којашто е таму многу пред да го купиме плацот и никој никогаш не спорел околу оградата. Мислејќи дека е на меѓата (сосема немамерно) ја градевме викендичката дури, за секој случај, нешто подалеку од оградата. Кога го добивме елаборатот, испадна дека со едно ќоше сме (25 цм) навлезени во плацот на соседите. Доколку би го откупиле делот од плацот на кој сме навлегле, би било се на се 5 м2, што не е проблем да се купи. Истотака во општината ни рекоа и дека може сопственикот да даде изјава на нотар дека нема да прави проблеми. Но, кој да даде изјава? Сопственикот е мртов, не е направена физичка делба (мислам ни оставинска расправа), а наследниците се во затегнати односи. Како да постапам во овј случај? И уште нешто: со оглед на тоа што барањето и елаборатот (и останатите потребни документи) ги предадов навреме, дали ми остануваат оние години, предвидени со законот, а ги решам имотно-правните проблеми?
     
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342

    Па би требало геометрите да прогледаат кроз прсти, обично така прават ако се 3-4-5м2. Тогаш кога сте го зеле елаборатот сте требале да реагирате и да се договорите некако со геометрите. И да излезат од Општина на увид на лице место тие не мерат туку само сликаат и нема ни да ги приметат тие 5м2. Како и да е тоа е завршено.
    Мислам дека Општината по службена должност би требало да им пушти допис на соседите (бар така е кога се зема дозвола, по службена должност Општина си собира согласности за разлика од порано кога инвеститорот сам си ги маваше тие работи), сепак прашај си таму во Урбанизам.
    Не спиј ти на тоа уво дека имаш рок од неколку години да го решиш проблемот, гледај по на време пред да му дојде ред да се работи во служба.
     
  9. Hellokity12

    Hellokity12 Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Vaka, se raboti za plati i pridonesi. Dali moze naslednik da bara plati i pridonesi?
    Covekot bese vo postapka da tuzi za neplateni plati i pridonesi i pocina, dali moze zena mu da tuzi za negovite plati i pridonesi?
     
  10. Hellokity12

    Hellokity12 Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Почитувани, Ве молам да ми одговорите на следново прашање.Имам куќа со имотен лист на кој стои сопственик Република Македонија а јас единствен корисник.Поднесено ми е барање за приватизација, а во меѓувреме и дозволив на сестра ми да живее привремено во неа и сега на мое барање не сака да се исели од неа.Дали имам право да поднесам тужба да се исели од куќата? Ама Ве молам соодветен одговор, не нагодување.Поздрав до сите
     
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Како прво, запрепастена сум од овој однос помеѓу две сестри .
    Дали сестра ти живее во куќата само врз основа на усмен договор помеѓу вас или има пишан документ. Како и да е, ти си влегла во постапка за легализација и само прашање на време е кога ќе ја добиеш куќата.
    Кога ги поднесе документите и приближно за колку време очекуваш решавање на постапката.
    Според Кривичниот законик (Посебен дел) ти имаш право да поднесеш приватна тужба за нарушување на неповредливоста на домот:
    Нарушување на неповредливоста на домот
    Секако дека таа тужба ќе ја поднесеш преку адвокат кој би те упатил ако настанат некои проблеми во врска со тоа дека во моментов како сопственик се јавува државата а не ти, но би требало да се реши легализацијата набрзо, мислам дека не траат толку долго.
    Не знам дали ти е сложена постапката , но ако не си сигурна за брзината на исходот од постапката за легализација, консултирај го адвокатот дали нема проблем околу тоа, миислам дека не би требало.
     
  12. meri11

    meri11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Би ве замолила за едно прашање. Дали при продажба на стан од внатрешноста,(продавачот е со жителство во Скопје и поседува стан во Скопје) потребно е уверение за платен данок од град Скопје?
     
  13. didush

    didush Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    Би сакала да прашам дали ако си студент и сакаш да се вработиш,студирањето би претставувало ли некаков проблем за да си осигуран?
     
  14. cungalunga

    cungalunga Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2012
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    6
    По мое мислење не. Во секој случај најдобро да се јавиш во општината каде се наоѓа станот што се продава за да ти потврдат.
     
  15. cungalunga

    cungalunga Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2012
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    6
    Не. Проблем е да си редовен студент потоа :)
     
  16. cungalunga

    cungalunga Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2012
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    6
    Без разлика што не е завршена постапката за приватизација на земјиште или легализација на куќата, ти како последен совесен владетел имаш право да бараш во постапка пред суд заштита на своето владение, или со тужба да бараш иселување и испразнување на просторот.

    Поздрав
     
    На Hellokity12 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. didush

    didush Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    Не. Проблем е да си редовен студент потоа :)[/quot

    Како мислиш потоа? :worried:
     
  18. kaca

    kaca Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    0
    itno itni itno mi trba odgovor na koj nacin i kade mozam da se otkazam od imeto sto e napisano vo gradeznata dozvola sto e izdadena pred nekolku godini blagodaram
     
  19. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    100.719
    Пол:
    Женски
    Ме интерсира дали градажната дозвола со сегашна терминологија е исто што и решение за градба од крајот на седумдесеттите?
     
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Искрена ќе бидам незнам баш со сигурност, но прогуглав и најдов нешто кај што мислам дека ако бараш може да најдеш дали е исто :)
    http://www.mtc.gov.mk/new_site//images/ ... 011/12.pdf
    Знам дека терминот решание за градба уште се користи, а искрено вака ми делуват слични терминиве.
    Најдов нешто што укажува дека се работи за иста постапка
    http://www.zels.org.mk/Upload/Content/D ... al_mac.pdf
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.