Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правни проблеми

Дискусија во 'Правни совети' започната од babyketi, 7 февруари 2010.

  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Не знам дали прашањево е за тука, ама ај да си прашам :?:

    Татко ми е моментално на боледување и треба да зема 100 процентна плата од социјално.
    Документите ги спремивме и ги дадовме, но ни ги вратија и ни побараа изјава од двајца свадоци кои ќе сведочат за сообраќајката. Ми нема логика некако целава работа, затоа што има полициски извештај и не знам како сведоците би биле поверодостојни од тоа.
    Ај што ни бараат, ни бараат, ама каде да ги најдеме сведоците?
    Може да наведеме било кој? :tmi:
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342

    Јас баш имав случај да еден работник имаше сооб. незгода и нормално си поминаа документите во ФЗО, без никакви изјави од сведоци ниту пак побараа полициски извештај. Нив им е битно Решението од докторите кои го отвараат боледувањето
    Сведоци на Суд се бараат.
    Сега гледам пишуваш ,,социјално,, мислиш на ФЗО ?!?! Татко ти вработен е во некоја фирма?
     
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    ^ Во Клинички центар е вработен.

    Не знам, ми нема логика ова со сведоциве...
    Можеби бараат бидејќи татко ми кога му се случи сообраќајката одеше кон работа, па се смета за повреда на работно место и затоа треба да ја зема целосната плата.
    Си барам некое логично објаснување... :?:
     
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    ^ Нема врска тоа што одел кон работа, ние исто имавме таков случај, па воопшто не се сметаше за повреда на работно место. Туку, така им чини, да заташкаат, да те измалтретираат, се што на нив им треба се документите од специјалист доктор, лекарска комисија...
    Ние моментално имаме случај со човек кој беше на операција, два, три месеца не беше на работа, од почеток до крај на месецот (по 30дена, а отсуство поради донација на орган), па ни бараат да направиме исправка на плата, дел да платела фирмата (што законски воопшто не треба).
    Ако си приметила какви се луѓе работат во последно време таму, ич да не те чуди што врска немаат од работата. Башка што државата нема пари да ги исплати овие боледувања, па гледа да извлече што е можно повеќе со одбивање на вакви случаи (за кои нема основ).
    Нека појде малце нека се искара, друго чаре...
     
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    ^ Еве што пишува во Законот за пензиско и инвалидско осигурување, според најновите измени и дополнувања.


    Добро, тоа не е ни важно на крај краева.
    Мене ми беше чудно зошто бараат сведоци.
    Ама ако сакаат - ќе им најдеме.
     

    Прикачени фајлови:

    • 1.jpg
      1.jpg
      Големина на фајлот:
      308,2 KB
      Прегледи:
      425
  6. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Ова беше лани случајот, отиде на товар на фзо, ама се испомачи жената дур да ги добие парите :worried:
    Еве го законот
    http://www.fzo.org.mk/WBStorage/Fil...O_OSIGURUVANE_Precisten_tekst_65_od_20120.pdf
    од 8ма страна тебе ти треба. И документите за барањето
    Кон барањето (образец бр. 2 надоместок на плата - болест/повреда/нега) за надоместок на плата поради болест и повреда, се поднесуваат следните документи:

    - копија од М1/М2 - пријава и договор за работа во копија, ако од пријавата М1/М2 не може да се утврди видот на работниот однос (работен однос на неодредено или одредено време а за управител решение од Централен регистар);
    - извештај за привремена спреченост за работа - ИСР од избран лекар;
    - наод, оценка и мислење од лекарската комисија;
    - отпусно писмо за болничко лекување;
    - потврда за висината на исплатената нето плата на осигуреникот - образец НП -1;
    - Платни списоци (исплатни листи) на увид, со копија од декларацијата од УЈП и извод за исплатена плата;
    - Изјава заверена на нотар за жиро сметките на правното лице и копија од изводи на жиро сметки (за правно лице со еден вработен)

    Од http://www.fzo.org.mk/default.asp?ItemID=BF60B21E78FD1D49ADA0A03C50FA4749, само овде пишува до 21 ден за работодавачот, изгледа не им е сменето по новиот закон |(

    Баш ме интересира што ќе им прават на сведоците, кај ќе ги испрашуваат и што ќе ги прашаат. Не им важи оправдание од доктор, сведоци бараат... Боже држава :puke:
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  7. cungalunga

    cungalunga Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2012
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    6
    Posle 10 godini nastapuva zastarenost i treba da se bara otpis na danocniot dolg.
     
  8. ivan122

    ivan122 Активен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    тука сум да ве прашам нешто и ако може некој да ми помогне..... :sweat: идев на раб во една фирма ме пријавиа на пола работно време и сега не сакаат да ме одјават и да ме исплатат газдата ми вика на секое идење дека ме одјавилл вчера и дека чека од сметководство да му израчунаат колку треба да ми префрли на трансакциска...чудно ми е бидејки проверив стварно сум пријавен ама незз кој би држел некој пријавен повеќе од колку што работелл и на крај да не му исплаќа...моето прашање е дали може да не ме исплати за два месеци работење и ако мора да ме исплати колку време може да помине од одјавување од фирма до исплата???????? ве молам побрзо за одговор фала однапред... :tmi: :* :* :* :* :* :* :* :*
     
  9. cungalunga

    cungalunga Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2012
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    6
    Вака, ако си пријавен тогаш мора да ти ја исплати платата за месецот за кој си пријавен. Краен рок за исплаќање (законски, што не значи дека нема да касни, или воопшто нема да ја исплати) е 17ти во наредниот месец за претходниот, односно 17 септември за плата од август.
    Доколку не те исплати во овој рок, можеш своето право да го оствариш во судска постапка.

    Поздрав,
     
  10. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    758
    можеши сама да напуштиш и при тоа да му дадеш отказ написмено напишан а во наредните 30 дена си должна да доагаш на работа додека он да најде замеа демек де а за исплата земи си копиј аод м1-м2 од завод за вработување и копија од договорот за работа ипушти му тужба
    инаку можеби не те објавува ако си примена преку некој проект па мора дате држи одредено време заради што има подигнато пари за тебе и обврзан е со закон да те задржи на работа незнам сега дали1-2 години
     
  11. Hellokity12

    Hellokity12 Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    ZDRAVO NA SITE, STO E POEFTINO ZA SOLEMNIZACIJA KAJ NOTAR, DOGOVOR ZA KUPOPRODAZBA ILI DOGOVOR ZA DAR?
     
  12. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    Дали некој знае да ми каже колкав процент на мнозинство на акции го прави сопственикот апсолутен (имам слушнато 82%) и со тоа тој станува сопственик со право самиот да одреди членови на управен одбор, а и да има право да ја затвори веќепостоечката фирма и потоа да отвори нова? Со тој чекор останатите акции на другите акционери би пропаднале, така? Доколку не ги продадат на новиот сопственик кој врши откуп на сите акции? Или грешам? Доколку некој правник знае да ми одговори ве молам побрзо.

    Може и ЛП ;)
     
  13. zivkicazivkova

    zivkicazivkova Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Почитувани !..Би сакала да ми дадете правен совет во врска со моето следно прашање. Станува збор за физичка делба на објектот(куќа), на две реални целини. Едниот од учесниците во физичката делба има плац к.п.1633/1 поврзан со, парцелата и објектот к.п.1664/2 кои се предмет на делбата . Дали може да му се даде излез преку таа парцела к.п.1663/1 (која е во негова сопственост), односно дали може судот во постапката да донесе таква одлука со цел да се оформат два самостојни влеза на објектот....Ви благодарам !
     
  14. catwomandog

    catwomandog Активен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Здраво до сите ! Сакам да прашам дали можи некој да ми одговори на следново да ме посоветува ...
    Семејната куќа е на 3 дела односно на 3 сопственици физичка делба не е направена сега со законот за легализација треба да се плати по 1 евро но едниот од сопствениците не сака да плаќа па така да ние треба да ја сносиме цела сума бидејќи мора да се плати во одреден временски рок значи ни кажаја дека мора да се плати вкупна сума без оглед на тоа што е на три дела значи парите мора да се однесат во општина па после ние да се договараме меѓу себе...значи прашањето ми е дали можи ние да ја платиме цела сума за сите три дела а тоа некако да се завери кај нотар да се има доказ кога ке дојде до физичка делба на куќата да нема проблеми бидејќи едниот сопственик ја сака пола куќа и пола дворно место а не плаќа ништо ! Ве молам за помош доколку некој има вакво искуство нека пиши Би Благодарам !
     
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342

    Ако е на 3 сопственици а не е направена физичка делба значи во имотен лист имотот излегува на 3 имиња кои поседуваат идеални третини. Со легализација односно поднесување на документи освен имотен лист и др. документи се носат и изјави од сите троица а и копии од лични карти, што сака да каже дека и Решение стига за сите троица и нормално кога сите ќе уплатат на сметка ќе се спроведе. Не им се битни имињата што стојат на налогот туку вкупната сума да е легната на нивна буџетска сметка.
    Како бе носење пари во Општина, се уплаќа на ПП50 налог
     
  16. legijate

    legijate Активен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Здраво.Ве молам да ми одговорите за мојот проблем.
    На 17 год. направив сообраќајка со мотор 125 кој не беше регистриран,јас немав возачка дозвола.Моторот не беше мој,туку на мојот другар.Јас не знаев дека моторот не е регистриран.Од судот според записникот на полицијата јас бев крив.Совозачот што беше со мене се здоби со тешки телесни повреди и од осигурителна компанија доби оштета,а во истата компанија бев и јас осигуран како ученик.Него му исплатија,а мене не.Осигурителната компанија тражи регрес од мене.Дали јас треба да го платам износот,дали сопственикот на моторот сноси одговорност за штетата што ме теретат мене.Во случај да го изгубам спорот,кои се последиците,јас сум студент,немам ништо на мое име,и што би можело да се случи доколку немам од каде да ја платам штетата,дали моите родители би имале некои последици поради тоа.
     
  17. legijate

    legijate Активен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Здраво.Ве молам да ми одговорите за мојот проблем.
    На 17 год. направив сообраќајка со мотор 125 кој не беше
     регистриран,јас немав возачка дозвола.Моторот не беше 
    мој,туку на мојот другар.Јас не знаев дека моторот не е регистриран.
    Од судот според записникот на полицијата јас бев крив.Совозачот што
     беше со мене се здоби со тешки телесни повреди и од осигурителна 
    компанија доби оштета,а во истата компанија бев и јас осигуран како 
    ученик.Него му исплатија,а мене не.Осигурителната компанија тражи
     регрес од мене.Дали јас треба да го платам износот,дали сопственикот
     на моторот сноси одговорност за штетата што ме теретат мене.Во случај
     да го изгубам спорот,кои се последиците,јас сум студент,немам ништо на
     мое име,и што би можело да се случи доколку немам од каде да ја платам
     штетата,дали моите родители би имале некои последици поради тоа.
     
  18. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.158
    Трошоците кај нотар се исти и за дар и за купопродажба, само данокот на промет на недвижност ти е 3% од проценетата вредност, а кај дар е 5%.
     
    На legijate му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Hellokity12

    Hellokity12 Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    5% za dar i pomegu tatko i sin?
     
  20. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.158
    Не, помеѓу роднини од прво наследно колено (родители и деца) данок на подарок не се плаќа.
     
    На Hellokity12 му/ѝ се допаѓа ова.