Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правни проблеми

Дискусија во 'Правни совети' започната од babyketi, 7 февруари 2010.

  1. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    758
    ке замолам некој од феминките правнички да ми објасно нешто за ова
    нели испадна закон да плакаме радиодифузна такса од 130 денари па ја поткачија на 190и сега најново и несватливо ми е што на секој член во семејството му пристига радиодифузна такса
    дали е ова по закон реално?
    како гласи законон?
    пошто не е фер во фамилија од2 возрасни +2 деца над 18 години му стигнува 4 радиодифузни такси
    4*190---+4*40 провизија кога плакате во банка испага 1000 приблизно да пламеза такса
    тетка ми е почината 15 месеци и за неа стигна радиодифузна такса кај да се позалиме што ке не советувате вие ?
    стварно претераа веке а заради ова го губат гласот од мене на избори
     
  2. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.158
    Радиодифузна такса се плаќа за домаќинство по една такса, значи нелогично е секој член од тоа домакинство да плаќа една иста такса. Инаку имало на ТВ дека по грешка се испратени многу Решенија, треба некаде да се пријави, ама не сум сигурна каде, најдобро ќе биде во УЈП да се обратите за ова на сите што не сте обврзници а ви се стигнати решенија. Ова е голема грешка, само едно не ми е јасно, како не успеале да воочат дека за последниов месец се испратени енормно поголем број од досега?
     
  3. cungalunga

    cungalunga Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2012
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    6
    Еве што треба да се приложи кон барањето за ослободување од плаќање на РДТ при двојно задолжување:
    • Фотокопии од двете решенијa за РД такса издадени од УЈП;
    • Фотокопија од двете сметки за електрична енергија;
    • Фотокопија од лична карта
    Еве и линк од барањето http://www.mtv.com.mk/upload/Dokumenti/Baranje_RDT.pdf

    Поздрав ;)
     
  4. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    758
    правници ајде на помош
    се работи за свекорми па ми треба мислење од правна страна
    со свекрва ми имаат земено кредит и до некаде го плакале но откако не му стигнувале иле да го плакаат сега банката им го бара целиот останат износ да се плати во рок од 8 дена ако не ке оди на извршител делото е сега прашањето ми е кога ке оди на извршител ке се блокира сметката тоа е начин а за наплата он не зема плата ни пензија а нема ништо на негово име куката е свекрва ми сега прашањето ми е
    смее ли извршителот да ги блокира и на свекрва ми сметките и да и ја земе колата што е на нејзино име???
    пошто реално она не е должник ама е во брак со должникот
     
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Eва јас колку што успеав да те разберам, свекор ти и свекрвата ти престанале да плаќаат наеднаш или?
    Малку најасно си напишала, се слеано без точки и запирки 3 пати читам и неможам да сватам.
    На чие име е кредитот, само на свекор ти?
    По некоја логика не би требало на неа да и ја блокираат сметката, само на свекор ти.
    Ако нема хипотека на куќата неможат да ја одземат, ако има пари на сметка, прво тоа се одзема и ако има нешто на негово име тоа може да иде на лицитација.
    Куќата е на има на свекрвата.
    Обично бачниот другар ги исплаќа долговори само доколку почине, сега он е жив мислам дека нема да има таков случај.
    Ама ако има некој што малку повеќе е навлезен во ова нека ти одоговри подобро, не сум 100 посто сигурна.
    Со среќа и следен пат наремено плаќајте кредити, зашто сега ќе отлати он како да земал 3 кредити не ден(камата + провизија за извршител=многу пари :( )
     
  6. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    758
    да плакале со плакале до некаде и престанале да плакаат и сега за 8 дена треба цел да го доплатат свекорот нема на негово име ништо може само сметката да му ја блокират и кога ке дојде некогаш прилив од пари да му ги повлечат свекрва ми се нервира дали неа може да и ги блокираат сметките и да ја земат колата оти е на нејзино име а свекор ми на негово име нема ништо ни кука ни кола ни ниви ништо а кредитот гласи на негово име нема ништо негово да оди на лицитација и куката не е под хипотека а кредитот е земен додека свекор ми беше вработен потоа го избркаа од работа и престанал да плака значи он нема ништо на негово име за да му наплатат сега моментално понатаму сигурно ке има ама сега нема
     
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    ^Ако зима пензија некаква, или па пак се вработи за да има прилив редовен, тогаш ќе му ја конфискуваат пензијата/платата, парите, додека да не се наплати целата сума, е ако нема, тогаш незнам искрено шти би било.
    Банката мора си ги наплати побарувањата, на било кој начин,она никогаш не е и загуба.
    Дали тоа значи дека ќе земат нешто од имотот на свекрвата незнам, најискрено.
     
  8. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    758
    фала ти на информацијата за до тука и јас сум запозната незнам дали на свекрвата ке и земат нешто али нека си ја мислат крај на крај :!:
     
  9. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Ева, како што разбрав свекор ти должи рати за кредит и поради тоа банката поднела предлог за извршување, по што нотарот донел решение за извршување. После донесувањето на решението сте имале рок од 8 дена да поднесете приговор, доколку во меѓувреме долгот е подмирен. Како што разбрав во вашиот случај долгот сеуште не е подмирен, а ни приговор не е поднесен. Поради тоа решението станало правосилно и извршно и сега извршителот ќе го наплаќа долгот со се каматите и трошоците околу извршувањето. По правило извршителот најпрвин наплаќа од сметка на должникот. Од сметката на свекрва ти не може да наплаќа зошто таа не е должник. Но доколку во догледно време нема прилив на пари на сметката на свекор ти, тогаш извршителот ке посегне кон присилна наплата врз недвижности (ниви, куќа што е на име на свекор ти, зависи колкав е долгот). Недвижностите ќе ги продаде и на тој начин ќе го намири долгот на доверителот, во овој случај банката.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  10. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    758
    вака да се надополнам само тука читам, дека ако по некое време не легнат пари на сметката ке се продава имот на свекорот кука нива ама пак ке спомнам дека свекорот на негово име нема кука нива него куката и колата се на име на свекрвата дали мозе неа да и ја земат колата и куката ????
    али мислам рекоа дека по малку по малку ке ставале пари на сметката па така полека ке си го отплатат
     
  11. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Zdravo
    dali imate iskustvo so firmata ADORA, vo odnos na kupuvanje stan i kakvo?
    mnogu mi e potrebno mislenje, posebno od pravnicite
    fala
     
  12. melani-melani

    melani-melani Активен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    6
    Пред некој ден зборував на таа тема за становите во Лисиче ,на Адора (на Чифлиганец мислам дека се)биле најквалитетно изработени по стандарди онака како треба,сите други што граделе биле фушерајски
     
  13. didush

    didush Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    сакам да запишам поздипломски студии на правен факултет но се двоумам меѓу финансово и деловно..барам помош од вас да ми кажете на кои позиции можам да работа со едното а на кои со другото.позз
     
  14. dijana2

    dijana2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Zdravo sakam da prasam za eden slucaj.
    se raboti za eden drugar, tatko mu e pocinat pred poveke od 30 god, zivee vo stan so majka mu-stanot e na nejzino ime(stanot e steknat vo brakot), imaa nekoi problemi vo posledno vreme i moeto prasanje e dali dokolku majka mu go prepise stanot na drugiot sin toj bi mozel da prevzeme nesto bidejki zivee cel zivot vo toj stan , da bara del koj mu sleduva od tatko mu, ili slicno. Vi blagodaram odnapred
     
  15. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Може со тужба да бара дел бидејќи тој живеел во него ,па доколку судот одлучи да му додели и ако нема никакви пречки од другата страна,само така мислам дека би можел да добие дел.
     
  16. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Да може.
    Може да го оспорува било да се работи за тестамент, или за договор за дар, и да бара нужен дел кој му следува.
    Но нужниот дел е обично малку, т.е помалку отколку тоа што правно му следнува-пола на него, пола на другиот брат.
    Вака, дали беше 1/2 од неговата половина или 1/3 , не сум сигурна.
    Само нека внимава да не склучи договор за доживотна издршка мајката со другот син тука, тешко оспорување и плус за тоа треба да се исполни обврската давање нега и мајката да почине.
    Да не те збунувам само дополнително, најубаво би било да си го средат проблемот.
    Штета е тоа ако живее цел живот со мајката, станот да не го делат со братот, пола пола, зашто двајцата имаат легално прво на половина од имотот.
    Убаво би било да се среди целата ситуација надвор од судот.
     
  17. Ani.cka

    Ani.cka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    26

    Драга, меѓу овој избор што сакаш да го направиш нема некоја голема разлика. Јас сум на постипломски на финансово 5та година, исто се двоумев за овие два смера и се одлучив за финанс, а всушност е скоро исто освен професорите што се многу подобри на оваа катедра, освен првиот смер сите други имаш изборни предмети што сама си ги бираш (сега во 5та година сите сама си ги бирав нема ниту еден задолжитлен а од опционите предмети за бирање ги има од двата смера, значи во 9ти семестар можеш да си избереш предмети и од деловно, па дури и од граѓански има). Прелесни ми беа предметите за полагање учиш скриптички и тоа најглавното дефиниции, поделби и такви работи, верувај дека на додипломски исто на правен се борев за 6ки, 7ци, некои предмети дуги ги имав презапишано (мислев дека никогаш нема да дипломирам :lol: ) а сега цела група сме со 9ки и 10ки :) Незнам на кој факултет си дипломирала, ако си од правен сигурно ги знаеш професорите веке. А за работа |( ммм, како да ти кажам, би те советувала да си избереш нешто што можеш полесно да го завршиш, а после праксата е најбитна, оваа диплома од постдипломски ке ти донесе само поголема плата, а другото е пракса, ти можеш да работиш на пример во фирма и правни работи, и економски и во делот на финансии и човечки ресурси, па дури и информатичар да си, незнам дали ме разбра и колку ме разбра... ааа и ми текна дека некои колеги од деловно многу се жалеа од МАРКЕТИНГ, им бил задолжителен од некој заебан професор, дури и асистентката ни кажа дека е истата и на маркетинг од деловно смерот и на финансово на два предмета и сама си каза дека нема да се однесува онака како што било на деловно бидејки таму професорот така и налагал.
     
  18. dijana2

    dijana2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Ви благодарам многу за помошта и вашите мислења.Поздрави
     
  19. majams

    majams Активен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите
    Ме интересира дали може сестрами да поднесе тужба?
    Пред некое време во една од нашите приватни очни клиники го оперираше окото при што требаше
    да и вметнат торична леќа за намалување на астигматизмот
    докторот без да ја информира и вградува обична леќа при што не се добиваат никакви резултати-гледа уште поматно
    пред операцијата на сите пациенти им даваат изјава која мора да ја потпишат дека нема да ги бараат парите назад
    Значи ме интересира дали може да покрене судска постапка иако има потпишано ваква изјава,
    бидејќи е вградена леќа за која се немаат договорено и која не е соодветна за атигматизам
    ВИ благодарам однапред
     
  20. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.685
    Јас не сум правник, ама логично ми стои дека може да тужи, затоа што не го доби она за кое платила, без разлика што потпишала изјава дека нема да бара пари назад.
    Веројатно таа изјава е ако пациентот не е задоволен, а не ако е изигран, зошто сестра ти секако може да докажи што побарала, а што добила...