Значи едно е тестамент едно е доживотна издршка. А инаку се може да се оспори во суд, само незначи дека тој што оспорува ќе успее да ги докаже тврдењата негови.
ne mi e jasno .za dozivotna izdrska kakov e toj dokument? testamentot kako so koi zborovi moze da se sostavi?
Едно е тестамент а друго Договор за доживотна издршка: 1. Тестамент Тестаментот е правен акт, направен од страна на завештателот, со кој тој врши распределба на својот имот за случај на смрт. Завештател е лицето кое во својот тестамент слободно без закана ја изјавува својата волја. Наследник е лице кое го определил завештателот да го наследи целиот негов имот или дел од имотот. А. Форми на тестамент Тестаментот може да биде: Своерачен Судски Меѓународен Устен тестамент Тестаментот најчесто се составува во писмена форма, при што завештателот соверачно го потпишува. Б. Содржина на тестаментот Завештателот со тестаментот може да определи еден или повеќе наследници, да остави еден или повеќе легати, да нареди некој предмет или право или дел од оставината или целата оставина да се употреби за постигање на некоја дозволена цел, како и да го оптовари со некоја должност лицето на кое му остава некоја корист од оставината. В. Судски тестамент Тестамент на завештателот, по негово кажување може да состави судија на основен суд, кој претходно ќе го утврди идентитетот на завештателот. Откако завештателот ќе го прочита и потпише ваквиот тестамент, судијата на самиот тестамент ќе потврди дека завештателот во негово присуство го прочитал и го потпишал. Во случај завештателот да не е во состојба да го прочита тестаментот што му го составил судијата, истиот ќе му го прочита на завештателот во присуство на двајца сведоци. Како сведоци можат да се јават полнолетни лица на кои не им е oдземена деловната способност, кои знаат да читаат и пишуваат, и кои го разбираат јазикот на кој е напишан тестаментот. Ништовен е тестаментот ако завештателот бил натеран со закана или присилба да го состави (ова може да го оспори секој кој има интерес за наследство и е наследник по некој наследен ред, ако има докази дека на пример, тој што остава тестамент бил тешко болен и била злоупотребена неговата физичка и психичка состојба, ако тој бил доведен во заблуда од трето лице, ако бил излажан, натеран со закана итн.) Г. Прогласување на тестаментот Тестаментот што го оставил умрениот му се доставува на судот за прогласување. Судот на кого му е предаден тестаментот, кога ќе утврди дека неговиот составувач е умрен, должен е да го отвори тестаментот без да го повреди печатот, да го прочита и за тоа да состави записник. Со тоа тестаментот е прогласен. Д. Легат Завештателот може со тестаментот, покрај другото, да му наложи на наследникот, од она што му е оставено, да му даде некој предмет или да му исплати сума пари на определено лице. Ваквото завештание на оставителот се нарекува легат, а лицето за кое е наменето легатар. Правото да бара да му се изврши легатот,легатарот го стекнува со моментот на смртта на завештателот. Примерок на: ТЕСТАМЕНТ Јас, долупотпишаниот_____________како човек во поодминати години, додека сум при чиста свест и здрав разум сакам да направам распределба на својот имот во случај на смрт, па заради тоа ________200_ година, го составувам овој тестамент. Во својот живот сум се женел два пати, и од првата сега покојна жена по име ___________ имам две деца и тоа 1.___________и 2.___________, а од сегашната жена имав едно дете по име______________, сега покојно, од кое имам внук по име ____________. Со желба после мојата смрт да нема расправија за мојот имот, определувам да биде наследен на следниов начин: 1. На својата жена и го оставам следното: ............................ (да се опишат недвижностите и подвижните предмети), 2. На своето дете________од првиот брак, му го оставам следното....(да се опише што се остава), 3. На своето дете___________од првиот брак муго оставам следното...( да се опише што се остава) 4. На мојот внук_________од сега покојното ми дете, му го оставам следното.....( да се опише што се остава) На двете свои деца од првиот брак, на кои им го оставам во наследство и станот на ул.________бр.___ во _______, им наложувам на мојот внук по име_____________кој е син намојата покојна сестра_____________, да му плаќаат месечно определен износ во висина од киријата што може да биде од издавањето на тој стан под наем додека тој студира, а најдоцна додека не наврши 26 години возраст. Ова е мојата последна волја и сакам да се изврши така како што е определено во овој тестамент. Забелешка: Ако тестаментот е напишан своерачно на крајот да се додаде и следното: Овој тестамент го напишав и потпишав своерачно. (Во тој случај не е потребно потписот на завештателот да го заверат двајца сведоци). ЗАВЕШТАТЕЛ,______________ Ние, двајца сведоци, со својот потпис потврдуваме дека лицето________ ја потпишагорната исправа во наше присуство, изјавувајќи при тоа дека тоа е негов тестамент. 2.Располагање со оставината за време живот А. Договор за отстапување и распределба на имотот за време на животот Предокот може со договор уште за време наживотот да им го отстапи и раздели својот имот на своите деца и на своите потомци. Ова отстапување и распределба на имотот се полноважни само ако со тоа се согласиле сите деца и другите потомци на отстапителот, кои според законот ќе бидат повикани да ја наследат неговата оставина. Отстапениот имот не влегува во оставината. Имено, доколку предокот (кој уште за време на животот извршил отстапување и распределба на својот имот) умре, неговата оставина ќе ја сочинуаат само оние нешта што не биле опфатени со отстапувањето и со распределбата, како и добрата со кои дополнително се здобил. Ако брачниот другар не биде опфатен со овој договор, неговото право на нужен дел останува негибнато. Примерок на: ДОГОВОР ЗА ОТСТАПУВАЊЕ И РАСПРЕДЕЛБА НА ИМОТОТ УШТЕ ЗА ЖИВОТОТ Склучен на _________200__година, меѓу: 1. Отстапителот на имотот__________________ од_______со стан на ул.________________бр.__ (во натамошниот текст : отстапител) и 2._________ од_________со стан наул.__________бр.__ 3.___________од_________со стан на ул.__________бр.__ 4.___________од_________со стан наул.__________бр.__ Согласност на овој договор дава и брачната другарка на отстапителот по име_________, која и го потпишува овој договор. 1. Со овој договор отстапителот врши отстапување и распределба на дел од својот имот уште за животот, и им го распределува на своите потомци, од кои вториот и третиот договарач се негови деца, а четвртиот договарач му е внук од порано починатиот син по име_______. 2. Отстапувањето и распределбата на имотот уште за животот, отстапителот го врши на следниов начин: а. На синот_____ му ги отстапува следниве недвижности и подвижни предмети....( да се набројат); б. На ќерката_____ и ги отстапува следниве недвижности и подвижни предмети.... ( да се набројат) в. На внукот_________му ги отстапува следните недвижности и подвижни предмети...(да се набројат). 3. Со заверувањето на овој договор од страна на судот, на отстапените недвижности и подвижни предмети, потомците на отстапителот стекнуваат право на сопственост и тие им се предаваат во владение, а потомците се овластени врз основа на овој договор да извршат пренос на правото на сопственост од име на отстапителот на свое име. 4. Отстапениот го задржува правото на плодоползување за себе како и за својата брачна другарка и тоа доживотно, на четворособниот стан на ул. _______бр.__во______, кој им е отстапен на сите тројца потомци на по една третина. Во случај неговата брачна другарка да го надживее, потомците се должни да и обезбедат плодоползување на конфорен стан од најмалку 1050 мкв., во подрачје на градот според нејзината желба. 6. Вредноста на отстапениот имот се проценувана износ од _________денари. 7. Овој договор е склучен во потребниот број истоветни примероци, од кои по еден запотписниците, а другите за службена употреба. Отстапител: Потомци: _____________ 1.____________ Брачна другарка 2.____________ на отстапителот 3.____________ ___________ Б. Договор за доживотна издршка Договорот со кој едниот договарач се обврзува да го издржува доживотно другиот договарач,или некое трето лице, а во кој другиот договарач изјавува дека му го остава целиот имот или еден негов дел во наследство е договор за доживотна издршка. Со овој договор не се наследува. Имено, овој договор претставува договор за отуѓување со надоместок на сите недвижни ствари што му припаѓаат на примателот на издршката во времето на склучувањето на договорот, или на определен дел од тие ствари, чие предавање на давателот на издршката е одложено до смртта на примателот на издршката. Договорот за доживотна издршка се составува во писмена форма и се заверува од судија. Договорот за доживотна издршка може да се раскине ако: • Договорните страни спогодбено изразат желба да го раскинат договорот за доживотна издршка и откако започнало неговото извршување; • Според договорот за доживотна издршка договорувачите живеат заедно, па нивните односи толку се растројат што заедничкиот живот станал неподнослив; • Секоја странка може да бара раскин на договорот ако другата страна не ги извршува своите обврски. Во случај на смрт на давателот на издршката неговите обврски преминуваат на неговиот брачен другар и на неговите потомци што се повикани на наследство, ако тие се согласат со тоа. Меѓутоа доколку тие не се согласат да се продолжи договорот за доживотна издршка, договорот се раскинува. Примерок на: ДОГОВОР ЗА ДОЖИВОТНА ИЗДРШКА Склучен пред Основниот суд во ______ на200_година меѓу: 1. Примателот на издршката_____од______ со стан на ул.________ бр.__ (во натамошниот текст:примател на издршката),и 2. Давателот на издршката_____од____со стан на ул._________ бр.____(во натамошниот текст:давател на издршката). 1. Примателот на издршката и неговата сопруга се во поодминати години, а поради нарушеното здравје, имаат потреба од чување и негување од друг и затоа, за да си обезбеди подобар помин во наредните години за себе и својата сопруга, го склучува овој договор за доживотна издршка. 2. Примателот на издршката е сопственик на следните недвижности....( да се набројат со поблиски ознаки). Покрај тоа, примателот на издршката е сопственик на следните подвижни предмети...( да се набројат со поблиски ознаки). 3. Со овој договор странките се договорија давателот на издршката и неговата______доживотно да ги издржува примателот на издршката и неговата сопруга, да ги чува и негува, да им приготвува јадење, да ги пере ида ја одржува хигиената во станот, како и личната хигиена на примателот на издршката и неговата сопруга. Во случај на болест да им обезбеди лекарска помош и лекување, да се грижи навреме да бидат наплатени сите негови финансиски обврски, и во случај на смрт да им приреди пристоен закоп. Гробот да го уреди со подигнување на надгробен споменик и да дава вообичаени задушнини. Обврските на овој договор, давателот на издршката ќе ги извршува и кон сопругата на примателот на издршката, во случај таа да го надживее примателот на издршката. За возврат на тоа, примателот на издршката му го остава во наследство имотот - недвижностите и подвижните предмети опишани во овој договор, под точка 2, врз кои, со денот на смртта на примателот на издршката, давателот на издршката стекнува право на сопственост. 4. Вредноста на имотот од овој договор се проценува на_____денари. 5. Давателот на издршката може да бара во јавните книги да се прибележат неговите права од овој договор. 6. Овој договор се склучува во 5 истоветни примероци, од кои по два за секоја договорна страна, а еден останува при неговата заверка, со што договорот влегува во сила. Давател на дож. издршка: ____________________________ Примател на дож. издршка: ____________________________ В. Договор за дар Со договорот за дар дарувачот се обврзува даму пренесе или му предаде на даропримачот восопственост определен предмет, или му отстапува некое право, или му отпушта долг, или му презема долг без надомест. Договорот за дар се склучува во писмена форма. Со овој договор не се наследува. Овој договор претставува договор со кој даропримачот му јаподарува односно предава во сопственост и владение недвижноста или подвижните предмети, така што по смртта на дарувачот овојдел од имотот за кој е склучен договор за дар не влегува во оставинската маса на дарувачотоставителот. Овој договор, со кој дарувачот се обврзал на повремени давања, престанува со смртта надаропримачот. Во случај пак на смрт на давачот,обврските од овој договор не преминуваат на неговите наследници, освен ако неговитенаследници го прифатиле овој договор. Дарувачот одговара за неисполнување насвојата обврска, за задоцнување на исполнувањето, ако е тоа со намера или е од негово крајно невнимание, како и за правните недостатоци на даруваниот предмет. Дарувачот може да го раскине договорот и даго отповика договорот за дар, во случај когадаропримачот со своето однесување кон него или на нему блиско лице, покаже крајна неблагодарност, кое право воедно преминува и нанаследниците на дарувачот. Примерок на: ДОГОВОР ЗА ДАР НА МОТОРНО ВОЗИЛО Склучен на 200__година, меѓу: 1) Дародавачот___________ од ______со стан на ул.__________бр.__ (во натамошниот текст:дародавач) и, 2) Даропримачот__________ од ________со стан на ул.____________ бр.__ (во натамошниот текст: даропримач) 1. Дародавачот, кој му е татко на даропримачот, е сопственик на моторното возило марка_______тип______, со број на мотор_______, број нашасија______, зафатнина на моторот______см/3, година на производство______, со рег.бр.______,кој го купи со договор за купопродажба -фактура бр._____ од _____200_ година на трговското претпријатие ___________. 2. Ова моторно возило дародавачот му гоподарува т.е. предава во сопственост ивладениебез надоместок на даропримачот со денот напотпишувањето на овој договор. 3. Дародавачот не може да го отповика овојподарок по ниеден основ. 4. Врз основа на овој договор, даропримачот ќе го регистрира автомобилот на свое име, со тоашто ќе ги сноси сите трошоци за регистрацијата. 5. Овој договор е склучен во пет истоветни примероци, од кои еден за дародавачот, три задаропримачот и еден за судот. Даропримач, _____________________ Дародавач, _____________________ ИЗВОР Од лично искуство Ви кажувам дека подобра опција Ви е на време со договор кај нотар да го подарите својот имот или ако веќе правите тестамент, истиот да го направите во суд со двајца сведоци со кои нема да бидете во крвна роднинска врска.
Па не знам на кого сакате да поклоните, дали е тоа прв наследен ред (деца, брачен другар), втор наследен ред (родители на оставителот и негови потомци и брачен другар), трет наследен ред итн. Зависи дали некого од прв наследен дел оставате без негов нужен дел. Значи има многу зависи и неколку опции. Можете да склучите договор за доживотна издршка и после тоа да оставите тестамент во суд,во кој исто ќе наведете дека имате договор за доживотна издршка за делот од имотот кој сте го оставиле со договорот за издршка. Можете да склучите и договор за дар но во него да наведете дека го оставате имотот на тој и тој и дека за возврат тој на кој го оставате имотот, ќе има обврска да ве дочува и ред други работи што вие ќе сакате да стојат во договорот. Може и да склучите и Договор за купопродажба, значи само формално-правно да постои договор за купопродажба, без да мора да плаќа тој на кого оставате, само што тука не можеш да условуваш да те дочува итн. Можете да се обратите на нотар и ќе ви објасни колкави се трошоците за сите варијанти.
Може да се поклонува само тоа што го има на имотен лист, значи ако го нема како право на сопственост, морате прво да ја завршите приватизацијата па после да правите било што друго. Убаво ти кажа Абеја отиди на нотар ќе ти ги објасни сите постапки и ќе ти каже која колку ќе те чини. Нема тука прашање што е подобро, туку прашање е што сакате да постигнете со договорот или тестаментот. Постојат четири начини за оставање на имотот на децата: тестамент, договор за доживотна издршка, распределба на имот за време на живот и договор за подарок. За секој од тие се различни правните последици, затоа обавезно обратете се на нотар да ви објасни која што значи.
Ќе ти цитирам одредби од Законот за наследување (посвети внимание особено на зацрнетите букви): 3. Исклучување на нужните наследници од наследството и лишување од нужниот дел во корист на потомците а) Исклучување на нужните наследници Причини за исклучување Член46 Завештателот може да исклучи од наследство наследник кој има право на нужен дел ако: 1) потешко се огрешил спрема оставителот со повреда на некоја законска или морална обврска и 2) со смисленост сторил некое потешко злодело спрема него или неговиот брачен другар, дете или родител. Исклучувањето од наследство може да биде целосно или делумно. Услови за полноважност на исклучувањето Член47 Завештателот којшто сака да исклучи некој наследник мора тоа да го изрази во тестаментот на несомнен начин, а корисно е да ја наведе и причината за исклучување. Причината за исклучување мора да постои во времето на составување на тестаментот. Во случај на спор за основаноста на исклучувањето должноста за докажување дека исклучувањето е основано лежи на оној којшто се повикува на исклучувањето. Последици на исклучувањето Член48 Со исклучувањето наследникот ги губи наследните права во мерката во која е исклучен, а правата на другите лица кои можат да го наследат оставителот се определуваат како да умрел исклучениот пред оставителот. б) Лишување од нужниот дел во корист на потомците Член49 Ако потомокот кој има право на нужен дел е презадолжен или е растурач, завештателот може да го лиши во целост или делумно од неговиот нужен дел во корист на неговите потомци. Ова лишување останува полноважно само ако во моментот на отворањето на наследството лишениот има малолетно дете или малолетен внук од порано умреното дете, или има полнолетно дете или полнолетен внук од порано умреното дете кои се неспособни за стопанисување. Не сакам да навлегувам во интима, но каква е таа причина за да мајка се откаже од свое дете (без разлика дали е машко или женско), без намера да навредам ничија интелигенција, размислете добро пред да направите таква одлука, што е тоа што толку ви го погрешила ќерката за да ја отпишете од наследство или можеби синот влијае на вас. Земете ги во предвид сите околности за да ви биде мирна душата и за да не се каете за стореното. Вие можете да го поништите тестаментот доколку се предомислите, можете и да го менувате, но ако веќе еднаш направите грешка спрема свое дете, со ништо нема да можете да ја избришете таа емотивна празнина. Немојте поради алчноста на едното дете, да го запоставите другото. Да, тие за Вас ќе бидат секогаш деца. Сите правиме грешки во животот но љубовта не ја погазуваме. Запрашајте се дали вреди сето ова што го планирате правејќи грев спрема ваше дете. Вие сте повозрасна од мене, но ете Ви дадов совет уште еднаш да размислите пред да погрешите, можеби. Не знам колку разбравте од одредбиве, но за да се откажете од ќерката, која спаѓа во прв наследен ред и има право на нужен дел, истото можете да го направите со отворање на тастамент во суд, со напомена кого од нужните наследници исклучувате од наследство и причини зошто го правите тоа. Со ова би можеле да го продлабочите раздорот помеѓу вашите деца, бидејќи ќерката по отворање на тестамент може да тужи и да бара да се поништи исклучувањето доколку наведе докази и причини за тоа. Најсигурно ви е тестамент во суд, но не знам и тој колку е сигурен, ако неосновано ја исклучите вашата ќерка од наследство. Мислам дека може да се остави имотот ако е започната постапка за негово легализирање, со тоа што во тестаментот ќе се наведе секој податок за имотот, број на барање за легализација итн. За ова треба да се обратите до судот и тие ќе ви објаснат, дали може и на кој начин.
Во ред тогаш, но ми изгледаше како да сакаш што побрзо да дознаеш, како да ти се брза, таков впечаток добив. Во тој случај, не теба да те загрижува ништо, дури и кога би се отворила оставинска постапка, ако ви е таков договорот со децата, ќерката може да се откаже од својот дел во корист на братот и не ви треба ниту тестамент. Може само договор за дар да направите и да ги средите тие работи уште сега. Но само односите со сите тројца да се и да останат во ред, за да не предизвика тоа проблеми понатаму. И ако има недоразбирања, најдобро решете ги на време, зашто многу е тешко ако на децата им оставите нерешени, одн.неподелени работи.
Здраво, Имам еден проблем и се надевам дека ќе можете да ми помогнете.Моите родители се починати.Пред смртта мајка ми имаше кредитни картички од Тутунска Банка кои редовно ги плаќаше.По нејзината смрт јас и брат ми поради тешката финансиска состојба не го плаќавме долгот и тој достигна околу 500EUR.Ме интересира дали ние како наследници имаме законска обврска да го исплатиме тој долг кон банката.Ве молам доколку знаете несто за оваа тематика да ми помогнете затоа што не би сакала да се најдеме во уште покомплицирана ситуација.
Зависи дали сте дадени на суд (или по ново нотарите ги водат тие постакпки) и ако сте дадени кога било тоа, пред смртта на вашата мајка или после тоа?
Ми треба помош. Колку ќе ме чини ликвидација на фирма, на татко ми фирма, нема долгови спрема државата, на картица е 0.00 денари, значи чист. Постапката за ликвидација ако може некој на кратко да ми ја пише и колку се ќе ме чини од прилика? Благодарам многу!
Штом се е чисто, многу едноставно ќе оди. Ликвидационата постапка има две фази. Првата фаза опфаќа најпрвин вадење на неколку потврди, а тоа се: - Состојба на сметка од банка - Уверение за платени даноци и придонеси од УЈП (100 денари се плаќаат на сметката на УЈП, а образецот се симнува од сајтот на УЈп и се пополнува со потпис и печат од фирма ) - за да се добие ова Уверение, во УЈП покрај барањето бараат да се достави и Листинг на вработени/невработени од Агенција за вработување (ова се вади за 1 минута) Потоа, потребни се: - Одлука за престанок на друштвото - Одлука за именување на ликвидатор - може да биде и управителот. - Пополнети ПП и ППЗ образец, симнати од сајтот на Централен регистар и пополнети на компјутер, секако потпишани и печатирани од фирма. Ова се документи потребни за прва фаза - се поднесуваат во Централен регистар со уплата од 1803 денари - ако има кратко име фирмата + 200. По добивањето на решение за ликвидација, а по истекот на не помалку од 7 дена и не повеќе од 15 дена се дава барање за објава во архивата на ЦРМ и се плаќа 605,00 денари. Кога ќе се земе објавата треба од денот на објава до денот на бришење да поминат 15 дена и се носат документи за 2 (втора)фаза. 2 (втора) фаза - Доказ за поднесена годишна сметка од ЦРМ - Уверение од УЈП - исто како во прва фаза, но ново треба да се вади. - Одлука за бришење на друштвото и за разрешување на ликвидаторот - Состојба на сметка во банка - Изјава заверена на нотар дека не се јавиле доверители - Одлука за одобрување на извештајот на работата на ликвидаторот по чл. 545 и 547 од ЗТД донесени од страна на основачот на друштвото - Пополнет ПБ образец -Уплатени 500 денари за бришење. Тоа би било тоа. Се надевам ќе ти бидам од помош.
Не сеуште постапката не дојдена до суд,затоа прашувам дали ние како наследници го наследуваме и долгот и дали имаме обврска да го исплатиме
Vo momentot na smrtta na ostavitelot, ostavitana preminuva na naslednicite. Vo ramki na ostavinata vleguvaat i imotnite prava i imotnite obvrski. Imotnite obvrski na ostavitelot naslednicite gi isplakaat dokolku tie se pomali od imotot koj go nasleduvaat. Koga imotot na ostavitelot e pomal od negovite obvrski, doglovite ne se plakaat...
Значи ако покојниот додека е жив е покрената постапка против него врз основа на долгот тогаш тужителот, односно Тутунска банка може доколку во текот на постапката доколку умре должникот, односно вашата мајка, да бара да се продолжи постапката и врз наследниците на покојната, односно врз вас како нејзини деца. Доколку не е покрената постапка тогаш неможе да ве тужи вас како наследници зошто вие не сте должници, значи прво би ја тужел вашата мајка(која кога е покрената постапката е покојна) и вие комотно ќе се повикате на немање на пасивна легитимација, односно нема тужена страна. Иако обврските преминуваат на наследниците, доколку го прифатат наследството, ако не е дадено во постапка додека бил жив должникот после неговата смрт неможе да се бара присилна наплата на обврските од неговите наследници