Дали може на основ на заканувачка СМС порака да се покрене тужба или да се пријави заканувачот во полиција?
Глоу, пријави го во полиција, па ќе ти кажат таму што како после, ама обавезно да го пријавиш и никако не ја бриши порака!!
Ми треба еден правен стручен совет за да го решам овај проблем Значи дедоми живее со нас во куќа а настрана има друга куќа која е многу голема и вториот спрат од куќата секогаш го дава под кирија,е сега проблемот е во последните кираџии со кој испаднаа многу проблеми,значи живееа во куќата околу една година немаме никаков договор што се однесува од законска страна дури живееа како така некако ја плаќаја киријата месец за месец подоцна почнаја да ја каснат ии наместо 6000 на дедоми да му носат по 5000 по 4000 и му велеа остатокот ќе ти го дадеме дедоми никогаш не правеше проблем бидејќи финансиски стоеа лошо и секогаш му опростуваше работата е што ја искористија неговата добрина и на глава му се качија кај гибаја во куќата кај што не му е место и кирија борчат 4 5 месеци му рековме да си ги земат работите и да се губат одкуќата а пред тоа да си ги платат кириите тие паметните си заминаа на село работите ги остаја во куќата и ни трага ни глас од нив ни достапни на телефон сто пати ги побара дедоми и не се разбираја од збор ни си ги земаја стварите ни кирија плаќаја и само бегаја и се криеја се распрашавме по луге и дознавме дека биде и тужени но дека никој не е вработен (наоѓаат работа по неколку месеци и бегаат)џабе ги тужеа нема од каде да им наплатат сменваме сто места на живеење и ги бркале поради неплаќање)сега да не должам многу дека ни идеа ни плаќаја пари дедоми долу им ја заклучи куќата да неможат да влезат внатре вчера се јавија и му велат да си ги земеле работите и да се потпиши договор на нотар дека ќе ги исплатат парите на рати и првата рата во јануари да ја дадат е сега дедоми не попушта дури не ми ги платат парите вели јас куќата не ја отворам да си ги земат работите ...Ќе ве молам што можеме поконкретно во овај случај од правна страна да направиме? Се извинувам за големиот пост но морав да се изјаснам добро би била благодарана ако некој ми помогне
Бидејќи имаш напишано дека тие немаат месечни примања од каде може да се наплати долгот, за џабе би бил и договор склучен на нотар, ќе направите трошоци на нотар, а работата пак нема да биде завршена зошто и да ги тужите врз основа на договорот долгот ќе остане се додека нема да има од кај да се наплати, освен ако немаат некои повредни подвижни ствари како на пр. кола, телевизор и некоја друга бела техника што би можел извршителот да ја заплени и од таму да ви се подмири долгот. Поради тоа најпаметно би било додека не ви ги исплатат сите пари да не им дозволувате да си ги земат стварите од куќата. тоа би било накратко позз
Ти благодарам за одговорот но заборавив да напомнам дека ќеркаму сега е вработена во училиште како учителка или воспитувачка појма немам па можи преку неа да се наплати т.е преку нејзината плата да и повлекват една третина ако не и повеќе но пред тоа што да направиме тужба или нешто да поднесеме?а тие можат да го пријават дедоми во полиција дека не сака да им ги дава стварите имаат основ за тоа?
неможат никако да докажат дека работите што дедо ти не им ги дава се нивни поради тоа што немате никаков договор и никој од надлежните институции нема право да влезе и да проверува во вашата сопственост само на нивните усни тврдења, што значи од таа страна вие сте заштитени. поради тоа што нивната ќерка е вработена договорот дедо ти ќе треба да го склучи со неа за да може од нејзината плата да се наплаќа. Најпаметно Ви е да склучите договор на нотар, ама нотарот да го солемнизира договорот за тој да добие сила на извршна исправа, а тоа значи дека доколку договорот не се почитува од некоја од страните, еве во овој случај од нив, дедоти нема да треба да оди по судови и да ги тужи, туку со самиот договор ќе оди на нотар и ќе бара да се наплатат неговите побарувања кои се стасани, а не наплатени. се надевам ме разбра, а ако не најдобро ќе биде да одите на нотар и да му објасните ова што ти го пишав и он ќе ви разјасни се зошто сепак друго е кога со некој имаш личен контакт, а друго е вака напишано.
Ниту вие ќе докажите дека ви должат пари, ниту тие ќе докажат дека работите се нивни. Кога немате договор... Затоа најдобро е меѓу вас да се спогодите, и двете страни да се задоволени. За случајот со учителката, да се задржува од нејзина плата, најдобро е да се советувате со нотар, тој најдобро ќе ви каже кои се опциите.
таја веќе е тужена од друг човек каде што живееле под кирија 4 години човекот бил странство за тој период и овие денар не му исплатиле но бидејќи ја тужеше жената т.с тужбата е на нејзино име а таа фактички нема никакви примања најверојатно затоа долгот неможат да го наплатат и постојано сменват живеалиште досега 13 пати сменале место на живеење постојано се во движење и во криење е сега се консултирав со нотарка позната по тел.бидејќи денес во сабота не работи на кратко ми објасни дека договорот на дотар ќе биде од полза само ако се склучи со тој што има примања т.е со ќеркаму а со неа џабе ќе биди исто како што објаснаа малку погоре и мора да дознаеме дали е во редовен работен однос ќеркаму дали е волонтер или привремено мора најпрво тоа да го дознаеме,па неможе сегде да должат пари и одсекаде да се извлекват а во куќата направија штета плус и борчи толку кирии и се прават на удрени .Разбирам што е да немаш ама да немаш и да не работиш да пребарваш а да должиш на сите места пари е тоа неможам да го разберам само ја искористија добрината на дедоми да беа луѓе да не се криеја и да ја одржаваја куќата и самиот рече ќе му простев дел од долгот и како што имаја така да плаќаја ама овие мерка немат секое трпение има крај нели?
Во оваа ситуација тешко дека лесно ќе најдете излез. Како прво, противправно ги држите нивните работи кај вас дома, со што би можеле да си направите проблем, ако ве пријават во полиција. Никој нема право на друг да му ја ограничува сопственоста. Второ, бидејќи кажуваш дека не им е прв пат ова вака да седат под кирија во други куќи и после тоа да бегаат сигурно и други луѓе до сега имале проблеми со нив и водат против нив разни постапки за да си го повратат долгот. Ско се согласуваат да заверите нотарски договор со извршна клаузула тогаш имаш само црно на бело согласност од нив дека доколку не го исплатат долгот до одреден временски период кој ќе го наведете во самиот договор тогаш ќе можете со истиот тој договор да ги дадете на извршител (со оваа заверка на нотар избегнувате цела една судска постапка, која би траела повеќе од година дена сигурно). Точно е дека извршителот прво се обидува да го намири долгот од должникот (во вашиот случај како што кажувате жената која работи во училиште, нели доколку се согласи таа да се потпиша на договорот), односно од неговата сметка ако има парични средства на истата. Доколку има и претходни доверители, односно и други кои на кои им должат пари и кои имаат веќе активирано постапки пред извршител, тие имаат предност пред тебе, односно треба тие прво да се намират целосно па после вие. Ако смета извршителот дека неможе да се намири од сметката на должникот постојат уште неколку начини на намирување. Е сега како што кажуваш ти овие луѓе немаат ништо, а ако немаат ништо што би им земал извршителот за да ви го намири долгот на вас. Мислам дека вака само ќе ги плаќате сите трошоци и нотарски и извршителски, и само ќе чекате додека не добијат нешто на нивно име (било пари, имот или сл ) па да се намирите. Јас би те советувала на нотар да го заверите договорот со извршна клаузула, да ги дадете после на извршител и да чекате, друго не ви останува.
neznam kolku ke mozete megutoa iskreno se nadevam deka ke moze da dobijam sovet...situacijata e mnogu zapletkana,se raboti za transformacija-legalizacija na zemjiste.imeno,placot na koj veke imame i kuka e kupen 1984gidina od eden od trojca braka.dokaz za toa e kupoprodazen dogovor racno napisan nezaveren.e sega site trojca se pocinati a nemaat fizicka delba megu sebe,pa taka i naslednicite seuste nemaat napraveno delba megu niv.za da mozam da ja legaliziram kukata mora da go prenesam zem. na moe ime megutoa edna od naslednickite ne prifaka da ni dade soglasnost i pokraj toa sto nie bi gi pokrile site trosoci.kako da postapam i da go resam ovoj problem???VE MOLAM POMOGNETE MI SO SOVET...po nova godina ke premine vo drzavna sopstvenost,dali togas ke mozam da go kupam od drz. po onaa cena koja bese promovirana?ako nekoj znae ve molam...
Здраво, сакам да прашам дали има санкција доколку се направи фалсификат од печат на факултет ? На моја другарка и треба итно а не може да добие од фак во брзо време. Ве молам за брз одговор
Здраво, имам едно прашање до оние кои се запознати со оваа работа,па ке ве молам ако знаете да ми одговорите. сестра ми има добиено казна за неносење на лична карта.и стигна решение ама не го плативме тогаш,бидејки бевме во неповолна економска ситуација.Кога ја доби казната,беше студентка,и уште е ама сега има услови да се вработи.Сметката во банка и е блокирана од страна на извршител. е сега прашањето ми е што треба да се направи,понатаму,дали ке ја плати само тогашната казна,трошоците за извршител и дали за ваква казна има камата и колку изнесува таа?како ке ја одблокира сметката во банка. ако некој знае ве молам да ми објасни оти незнам од каде да се почне. благодараљм
Здраво, фалсификувањето претставува кривично дело и секако дека се санкционира...незнам за што станува збор но мислам дека не вреди да ризикувате... Поздрав, Член 378 (1) Тој којшто ќе направи лажна исправа или ќе преправи вистинска исправа со намера таквата исправа да се употреби како вистинска или тој којшто лажната или преправената исправа ќе ја употреби како вистинска, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години. (2) Обидот е казнив. (3) Ако делото од став 1 е сторено во однос на јавна исправа,тестамент меница, чек, јавна или службена книга или друга книга што мора да се води врз основа на закон, сторителот ќс се казни со затвор од три месеци до пет години.
Најдобро е да отидете кај извршителот и тој ќе ви каже колку треба да платите за да ви ја одблокира сметката. Инаку, тој во секој случај ќе ги повлече парите веднаш кога ќе има прилив на сметката што го покрива износот и потоа ќе ја одблокира...
Само да додадам ќе треба да ја платите изречената казна и извршните трошоци на извршителот, камата за вакви казни нема, а ќе ја одблокира од кога целосно ќе го измирите долгот односно казната и трошоците за извршување. Сега присилна наплата на прекршочните снакции извршува УЈП и трошоци за извршување нема само треба да се плати казната, но кај вас се работи за прекршок пред влегувањето во сила на законот за извршување на санкции според кој извршувањето го спроведува УЈП.
ВО брак сум 25 год.4 год. не функционираме како семејство,јас Живем во една , а тој во друга соба.Јас готвам, перам и се друго само јас сум вработена . Имам 2 возрасни деца. Одамна сакам да си заминам ама поради децата моментално не можам .Психицки и физички сум години малтретирана .ДАЛИ постои начин да останам на едниот спрат , а тој со некакво решение да си оди на другиот спрат . Сакам да си останам со моите деца.Тој вика поради тоа што не му давам пари за кирија морам да перам пеглам ,готвам купувам , а тој да не малтретира.Куката се води на неговата мајка . Во таа кука јас носам плата 25 години а тој е невработен .Ке ве молам да ми одговорите што треба да направам ако воопшто постои таква шанса . Однапред ви благодарам .
Прво прашање е дали наследниците имаат расправено оставинска постапка?Бидејки договорот е незаверен,најверојатно ке треба да покренете формална тужба на суд кон наслениците да ви го признаат правото.Доколку земјиштето е приватизирано на нивно име може и да се префрли на нотар со тоа што би платиле данок на промет,но ете една наследника не прифака,така што најверојатно би оделе со тужба.
Имам едно прашање и би била многу благодарна ако некој ми помогне. Значи, како може да се поништи фирма што не врши дејност уште од 2007 година? Фирмата нема долгови, освен за даноци спрема државата кои не се платени со години, исто така нема ни седиште ни имот,ништо.Сметките се исто така блокирани подолго време. Едноставно не се врши дејноста на таа фирма а се води во регистарот како даночен обврзник и се трупаат само давачките спрема државата. Инаку, дооел е правната форма. Која форма да се искористи стечај или ликвидација? Некој што ги разбира овие работи ако може да ми појасни
Штом има неплатени даноци мора да се води стечајна постапка во судот. Ликвидација на фирма се води кога нема долгови. или кога ликвидационата маса (односно имотот на фирмата) може да ги намири долговите.