Ако добро ти работи фирмата и не сакаш да ја гаснеш тогаш најдобро префрли ја на сопругот. Со фирма може да управуваат и повеќе управители, немора само еден да е, битно е што управителот мора да биде осигуран а основачот не. А како се прави тоа префрлување ако сакаш ќе ти пишам во ЛП.
Незнам дали ми е за тука прашањето,ама незнаев каде да се обратам. Во моментов сум на неплатен одмород.01,07,2012 до 30.06.2013г., а во тој период ми се уплатувани само задолжителните доприноси од плата пропишани со закон, додека на име нето плата ми се исплатуваат по 100,оо (сто) денари месечно. Во меѓувреме останав бремена, и сега прашањето ми е каде да се обратам и да прашам дали ќе земам породилно и колку?. На работа не ме враќаат зашто не им се исплати за два месеца да ме обуцуваат. Во август ми е термин за породување.
Почитувани , Ми треба помош . Во моментов Двајцата родители ми се поцинати , Татко ми пред година ипол , мајка ми пред 6 месеци. Имено татко ми додека бил жив имал преговори некои за да продаде некој плац , за тоа татко ми прилозил документи и отишле кај нотар . Но бидејки договорот бил (спорет нотарскиот акт кој не е заверен ниту потпишан ниту печатиран од ниеден нотар ) да купувачот му ги исплати на продавачот сите сретства во одреден рок после кој рок нотарскиот акт ке биде заверен и потпишан кај тој нотар. До одредениот датум сумата не била исплатена бил само даден некој капар и татко ми отстапил од продавање . Следно е , куповачите го тужат татко ми за да им го врати капарот.татко ми одговара на тужбата со докази за сопственост на земјштето и образложение . Судот не донесува никаква одлука татко ми во меѓувреме почина и после една година случајот е ставен во архива се до правосилна оставинска постапка. Пред извесно време ми стигна позив за оставинска постапка кој ја поддал адвокатот на купувачите ...не ми е јасно како може некој без никакво судско решение да поддаде оставинска постапка , без доказ умреница ? Оставинската постапка сеуште не ни е започната но од претходно веке имаме поддадено ние самите за оставинска постапка но кај друг нотар . Ќе може да ме посоветувате дали овие имаат некакво право без никаков документ заверен на нотар да ме тужат мене како наследник? Благодарам
Можно е адвокатот да извади умреница. Но , доколку е отпочната оставинска постапка , Вие ќе поднесете потврда до нивниот Нотар дека е веќе отпочната. По отварањето на оставинската постапка и огласување на наследници , како и распределбата на имотот на оставителот , судската постапка се насочува кон наследникот КОЈ ГО ДОБИЛ ИМОТОТ на оставителот. Значи, постапката може да продолжи , а Вие како наследник ќе бидете наведени како тужен. Во постапката ќе се докажува , па доколку судот одлучи во нивна корист , односно во корист на тужителот , тогаш ќе требате да му исплатите на тужителот НО САМО ВО ВИСИНА НА ВАШИОТ НАСЛЕДЕН ДЕЛ: Доколку имате брат или сестра , па делите по пола или на повеќе делови , ако сте повеќе наследници , тогаш сите наследници солидарно одговараат за долговите на оставителот , сразмерно на својот дел. Ова има исклучок доколку сте невработен и немате средстав за живот др. имот итд. Во тој случај , доколку со давањето ќе се загрози вашата егзистенција , ќе бидете ослободени од страната на судот. Чекајте пресуда прво , а потоа доколку го исполнувате овој услов на социјален случај, прашајте што документи треба да поднесете.Поздрав.
Знам дека во погрешна тема прашувам ама незнам каде би било посоодветно. Значи лани со дечко ми кога отидовме под кирија се договоривме со луѓето кои ни го дадоа станот да го исклучат парното и да не плаќаме за истото. Е сега, тие го исклучија но од ноември пак стигнаа сметки за парно по пола цена. Сумата беше накај 700-800 денари секој месец се до февруари. И сега бараат тие сметки ние да ги платиме. А тоа не беше договорено. Јас се нервирам дека ем не сме користеле парно, ем не се договоривме да плаќаме, ем нема да ни го вратат депозитот. Тоа се многу пари за мене. Прашањето ми е дали може да ми кажете дали навистина примери за луѓе кои си го исклучиле парното и им стигнувале сметки по пола, они ги плаќаат или?
Моментало, се уште е на сила еден бизарен пропис за плаќање на парното кое не го користиш. Многу е чуден и пола од правничката фела се крсти со него. Никаде во светот и на векот не се плаќа услуга која не се користи , освен кај нас. НО, доколку со газдите сте се договориле ДА НЕ ГО ПЛАЌАТЕ парното , тој договор треба да важи! Лошо е што тие не сакаат да го вратат депозитот , а за негов поврат , ќе треба судска разврска. Разговарајте со нив , а и видете што стои во договор за закуп , ако сте го потпишале. Поздрав.
^ Истата ситуација ја имам со станот на мајка ми. Некој правник да каже КОЈ е во право и по што треба да се водат? Кој треба да ги плати тие сметки, пошто реално доаѓаат на име на газдата нели, ама па потстанар живее таму...во договорот стои дека се зема со „исклучено парно“, и дека треба да се покриваат сите „други трошоци“, без точно наведување нели, зошто никој не мислеше дека до толку ќе забега државата за да направи и исклучените да плаќаат пари за парно, па да се прецизира до детал. Газдарицата на мајка ми и` рече: „Па трошок е, ќе мора да се плати, ние си плаќаме за другиот стан“ ама ние ја убедивме да не плаќа ништо додека не се реши овој проблем на државно ниво, на суд, некаде....
КОЈЕ ВО ПРАВО и по што треба да се водат неможе да каже некој правник, туку треба да кажат законодавните органи. До тогаш сите што бараат плаќање на таа давачка се во право бидејќи законот тоа го наложува.
Прашањето е: На договорот стои „без парно“, и специјално заради тоа и беше одбран баш тој стан. Од друга страна, стои „и други трошоци“, што претпоставувам дека ги инкорпорира и овие „вонредни“. Јас лично не сум убедена дека овој трошок е уставен (настрана што воопшто не беше разговарано за тоа со газдите) и мајка ми нема да го плаќа се` додека законодавните органи не донесат одлука, зошто ако добро разбрав, ова не е одлука на државата, туку на Топлификација. Кој знае повеќе ќе молам да не` просветли, зошто ептен завиено се пласира оваа информација до народот.
Jас имам едно прашање, поточно не знам каде да го сместам, ама се надевам ќе се најде некој да ми помогне. Мајка ми пред 2 години отиде во стечај и заглави со кредит, не многу околу 20 000(се моментално) значи со камати со све.Сега официјално ја затвори фирмата и ја осигураа во друга фирма, платата нели и тече преку сметка, арно ама направи договор со банката да и одбиваат по 1/3 од плата за подмирување на кредитот, тоа се океј нормално неможе да не одбиваат ништо, арно ама веќе два месеци таа нема видено ни п од плата.Првиот месец 8 000 и ги одбија за одблокирање на сметка и требаше демек само 3000 за одблокирање, а другите да ги земе...па потоа чекаше недела дена и потоа и рекоа дека ги повлекле од Скопје Ајде ништо, овој месец и рекоа се ќе биде во ред да отиде денес во 3 и да си ја подигне платата(остатокот од неа)Кога отишла повторно немало пари на сметката и пак и рекле дека чекаат одобрување од Ск, да оди во понеделник.Жената умира од нервози, тешко ми е веќе да ја гледам, каде платата и е едни мочани 8000 па и ова сега.Јас барем од она што го имам учено мислам дека не е законски сите пари да и се повлекуваат, а и кога веќе има вклучено договор замо 1/3 да и одбиваат зошто ја маткаат вака? Има ли некој со ваков проблем, сличен или барем да има знаење од од оваа област, ќе му бидам благодарна да даде некој совет.Фала
Се зема просек од последни 6 исплатени плати (нели и тоа е условот за да земеш породилно треба да си мин. 6 мес осигуран), бидејќи тебе ти уплаќаат само придонеси и 100ден нето плата сигурно некој си минималец ќе ти следува. Најубаво прашај си во ФЗО на шалтер за породилно боледување. Таа знае колку извршни решенија има закачено на нејзината сметка?!?! Ако не знае, нека оди и нека праша во банка, мора да и кажат. Деблокирање на сметка е скапо да, сега сигурно и влечат пари прво за казнени камати кои се огромни па потоа ќе почне со задршка од 1/3 од плата за рата на кредит. Инаку да, треба да помине еден ден т.е после 15 часот кога поминува деблокадата на сметката. Нека отиде во банка и нека побара извештај од сметка за да види зошто и ги влечат парите, а за секоја спорна транск. нека си праша. 1/3 од плата задршка максимум за рата на кредит, извршител и др. доспеани обврски со решение ама кога станува збор за камата ја лапнуваат целата сума банките. Знам, не е хумано и логично ама кој да ги чита Договорите при потпишување
имам предмет во тетовскиот суд кој го добив на првостепена инстанца. странката што го изгуби предметот го обжали до апелација во гостивар,меѓутоа нема да плати за судските трошоци и сега предметот стои во тетово. дали има некакви рокови или предметот може да остане заглавен во судот во тетово, а мене ми се брза да се разреши од објективни причини.
Види вака, согласно законот за наследување, доверителите (во случајов купувачите) може да бараат издвојување на оставината на оставителот од имотот на наследникот во рок од три месеци од смртта на оставителот, и во тој случај наследникот не може да располага со тој имот за кој е барано одделување, и на кој имот судот по правило поставува старател.... Факт е дека татко ти им останал должен за невратен капар, они тоа си го побаруваат нормално, е сега до вас е дали ќе го вратите капарот (со затезна камата) до ден на исплата, или ќе ја продолжите постапката да ви ја доплатат цената и да им го пренесете правото на сопственост на плацот(откако како наследници ќе добиете решение за наследување ). Ти како наследник одговараш за долговите на оставителот до висина на наследениот имот!!! не повеќе.
Имам едно прашање па ако може да ми помогнете.Пред околу 9 месеци работев во мала приватна фирма,здравственото осигурање ми го плакаа и сини картони ми стигаа секој 1 во месецот,но платата не ми ја даваа преку банка туку на рака,и јас немам никаков доказ за тоа.Пред да си заминам од фирмата ми останаа уште 2 неисплатени плати.Дали е во ред што последните 24 плати ми ги даваа на рака,и што можам јас да направам сега откако ја напуштив фирмата?
Многу погрешно !!! Требало навреме да го известиш Државниот трудов инспекторат !!!!! Обрати се писмено до нив и до Управата за јавни приходи и побарај да се изврши контрола !!! Брзо
Ви благодарам на одговорот,но сега веќе не сум сигурна ни дали постои таа фирма,знам дека касно се сетив за прашањето,тоа ми е памет за друг пат.сепак фала
Имам прашање. Девет години сум вработена во Заштитно Друштво за вработување на инвалидни лица. Вчера ме прогласи за технолошки вишок. Имам 43 години.Ми вети се ке ми исплати што ме следува по закон.Ми нема плакано превоз сите девет годинии денес се кослутирав со адвокатка и ми вика Законот е сменет од 2 009и немаш право да го тужеш. Порано за последните три години можеше да тужеш повеке не . ДА НЕ МЕ ЛАЖЕ се плашам оти само таа е адвокат во нашето мало местои да не може поврзана со него ДАЛИ НЕКОЈ ЗНАЕ ИМАМ ЛИ ПРАВО ДА ГО ТУЖАМ ЗА ПОСЛЕДНИТЕ ТРИ ГОДИНИ.И ЗА НЕПРИСТОЈНО ОДНЕСУВАЊЕ КАКО РАБОТОДАВЕЦ ДОДЕКА БЕВ ВРАБОТЕНА ТАМУ СЕ ИЖИВУВАШЕ СО НАС
Значи доколку ти е прашањето само за патни трошоци, точно ти кажал адвокатот со концептот бруто плата се опфатени сите надоместоци од работен однос вклучително трошоци за пат, но имаш други права од работен однос, како на пример неискористен годишен одмор, искористен но неплатен годишен одмор, неплатено боледување, испратнина поради технолошки вишок, и други надоместоци од работен однос.
Сега ме копка моето следно вработување. Вака значи.Пред 9 години тој секако дека повлекол средста за мое вработувањеи истите се нерационално користени тоа не доведе до оваа положба.Значи работниот однос престанува не по моја вина со што се гордеаам и ако притисоците беа неиздржливи, е сега имам едно прашање. Дали следниот мој работодавец може да повлече исто толку пари колку следува спрема степенот на инвалидност Дали јас доколку изразам желба тие пари да ги повлечам за да почнам нешто свое можам да ги користам или тоа се веке искористени средсва и сега јас сум оставена без никанви права за моето следно вработување.Молам за побрзо да ми одговори некој со точност ако може оти не верувам во нашите вработени во заводот тие гледат да го извлечат максимумот од нас заедно со газдите и не се на наша страна за жал.