Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правни проблеми

Дискусија во 'Правни совети' започната од babyketi, 7 февруари 2010.

  1. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Можеш да се искористат повторно средствата, по изминување на одреден период повторно може да се повлечат средства, но пред вработувањето мора да бидеш пријавен во Агенцијата како невработено лице.
    Според Член 16-б став 3 од Законо за вработување на инвалидни лица Работодавец може да користи средства од Посебниот фонд за вработување на невработено инвалидно лице од членот 2 став 1 на овој закон, ако во евиденцијата на Агенцијата се води како невработено инвалидно лице. За вработување на инвалидно лице од членот 2 став 1 на овој закон за кое се користени средства за вработување од Посебниот фонд, при повторно вработување новиот работодавец не може да користи средства од Посебниот фонд за вработување на инвалидното лице пред истекот на пет години сметано од денот на засновањето на новиот работен однос.
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Јас секако ке се водам невработено инвалидно лице пет месеци ке ме плака заводот после ако се вработам треба ли да поминат пет години за работодавецот дури тогаш да ги повлече средствата или за тој период ке влече малку по малку така беше и при ова вработување. Ама кој работодавец ке чека на пет години да повлече средства а да те плака за тоа време и тоа во услови на економска криза. едино мислам ке плака минимално за пензизко , здраство. ТЕШКО МЕНЕ АКО Е ТАКА. Многу тешко тогаш ке се вработам.Едино во заштитно друштво пак или патот во Скопје кај министер за труд и социјала па трчање кај градоначалник да барам под хитно организација за нас а не има многу и овој град е пола заштитни друштва. Се чудам што тие средства и се даваат на приватнаци а еве јас би чистела во некое училиште и замислете што би направиле 5000 евра и после немало тоалети, кровови, маси столови по училиштата а мојот газда со тие пари си направи кука на синот си отвори маркет место да ги вложи во заштитно друштво. Помагај Боже.
     
  3. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Дечки имам едно прашање...
    Со новиот закон за бришење на неактивни фирми во централен регистар, фирмата за која што прашувам е на списокот на фирми кои ќе се бришат, е сега како да ја затворам скроз (стечај, ликвидација) или пак тоа си оди последователно со бришење од централен регистар, ќе ја затворат и во ујп?

    Централниот регистар на Република Македонија врз основа на член 7 а во врска со член 11 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва (Службен весник на Република Македонија бр.166/2012) објавува Преглед на друштва односно субјекти на упис кои имаат статус на неактивен поради тоа што не ја потврдиле идентичноста на податоците пренесени од хартиена во електронска форма во единствениот трговски регистар согласно член 67 од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица И ГИ ПОВИКУВА сите доверители и лицата и органите овластени за управување, застапување и надзор на овие друштва односно субјекти на упис во рок од 30 дена од денот на објавувањето на ова соопштение, да поднесат предлози за ликвидација согласно Законот за трговските друштва или предлози за стечај над истите согласно Законот за стечај и за истото писмено да го известат Централниот регистар на Република Македонија.

    Доколку во рок од 30 дена од објавувањето на ова соопштение не добие писмено известување за поднесен предлог за отворање на постапка за ликвидација односно постапка за стечај, Централниот регистар на Република Македонија ке го избрише друштвото односно субјектот на упис од својата евиденција.

    Друштвото, односно субјектот на упис кој писмено го известил Централниот регистар на Република Македонија за поднесен предлог за ликвидација, односно стечај е должно во рок од 60 дена од истекот на рокот од претходниот став да достави решение за отворена ликвидациона односно стечајна постапка, во спротивно Централниот регистар на Република Македонија ќе го брише од својата евиденција.
     
  4. pipi-corapa

    pipi-corapa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    34
    Форумџии, треба да направам промена на основна главнина на ДООЕЛ, и од централен регистар покрај останатите акти ми кажаа дека ми треба и препис од книга на удели. Е баш за таа сакам да ве прашам, каква е таа книга на удели? Некоја посебна форма е или обична евиденција што ја води друштвото???
     
  5. pipi-corapa

    pipi-corapa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    34
    Значи ги бришат неактивните фирми, т.е оние кои немаат поднесено годишни сметки во последните 3 ( или незнам точно колку години беше) ама ги бришат само од ЦРМ, а за целосно бришење ваљда треба во тој рок од 30 дена од објавувањето на Прегледот на друштва односно субјекти на упис кои имаат статус на неактивен да се иницира постапка за ликвидација или стечај, зависи кои услови се исполнуваат. Зашто не би било логички да на тој начин целосно се бришат фирмите. Во тој случај сите би ги задолжувале фирмите и по исполнување на статусот неактивна по автоматизам ЦРМ ќе ги избрише целосно без да водат постапка за стечај или ликвидација. Мое мислење е дека сепак треба да се поведе постапка по објавување во прегледот.
     
    На rakce69 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Почитувани, може ли за совет.
    Ќе се обидам да објаснам најдобро што можам. Значи имаме земјиште и на него куќа карабина за продажба и имаме заинтересиран купец. Е сега земјиштето е купено многу одамна како што било со сведоци на времето, а карабината е изградена на диво исто така пред повеќе од триесет години. Од пред неколку години имаме поднесено барање и се што треба во општината за расчистување. Значи за легализација на куќата и префрлање на земјиштето. Процедурата си е во тек. За земјиштето сите години си е уредно плаќан данок. Дали може да ми појасните како да се изведе продажбата во однос на документите. Односно дали оди она купопродажен договор, уплата на парите и заверка на нотар, а постапката за легализација и понатаму да си тече или треба поинаку и како.
     
  7. pipi-corapa

    pipi-corapa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    34
    па и не баш лесен проблем имаш ирена.Прво треба на имотен лист да го имате земјиштето за да можете да го продавате, а тој имотен лист за земиштето ќе ви користи и во постапката за елгализација на куќата. Значи прво со земјиштето треба да си ја расчистите работата а потоа дури да продавате инаку никој нотар нема да ви завери договор без имотен лист.
     
    На irena.1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Ќе може некој да ми објасни детално од сто може да има административна забрана?и што всушност значи таја?
     
  9. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Прогласена сум технолошки вишок после неполни девет години. Во одлуката убаво стои дека работодавецот треба да ми исплати две плати, спрема стажот, помина една недела , за кое време најкасно треба да ме исплати, и доколку не го стори тоа имам ли шанса да добијам на суд.Плус работата ја загубив не по моја вина ми предложи работа на црно за моите девојчиња,Јас сум лице со намалена работна способност и работев во заштитно друштво.Има ли основ да го тужам за тоа да речеме дискриминација. Се сомневам дека е психички здрав, и како може тоа да се докаже на суд . РАБОТАТА Е СЕРИОЗНА И СИТЕ ДОМА СМЕ РЕВОЛТИРАНИ ОД НЕГОВИОТ ОДНОС ПА УШТЕ НЕ ВЕРУВАМ ДЕКА КЕ МИ ЈА ДАДЕ ИСПРАТНИНАТА.За времето додека работевме таму ништо не беше законски. Ја немаме добивано онаа бруто плата не тераша да потпишуваме дека земаме хранарина 2000А НЕ СМЕ , РАБОТЕВМЕ РАБОТИ КОИ НЕ СЕ СПРЕМА НАШИТЕ СПОСОБНОСТИ . РАСТОВАРАВМЕ КАМОИНИ СОЛ јас едно девојче. Молам за правен совет, во врска со испратнината и причината за која ме прогласи технолошки вишок нели е тоа дискриминација на работно место и можам да докажам оти имам по нешто сведоци луге кои се најдоа тој ден во моја близина и ја видоа мојата психолошка состојба а и порака до него на скупе дека не е во ред тоа што ми го предлага на која не се брани .
     
  10. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Некој? :?:
     
  11. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.038
    Допаѓања:
    123.911
    Татко ми има позајмено пари на пријател,кој почина скоро,а парите не ги врати.Си има све заверено на нотар,и плус дека тече камата ако не ги врати.
    Што мислите вреди да се мавта мајка ми по судови?Сумата е некои 2000,2500 евра чинам,не е малку денес.
    И како оди постапката некој да ми објасни?

    Значи прво целосно се откажавме од парите,ни беше жал да ги бараме од жената,и верувавме дека е без работа и без пари,две ќерки на факултет.Со оглед на тоа што татко ми им помогнал кога отворале продавница,жената рече ќе почне на рати да ги враќа,демек од почит,ама и од тоа се откажавме.Последно слушнавме (од нејзиниот брат,сосем случајно),дека лажела дека не работи,си работела а плу и ќерките дипломирале и тие работеле.Го продале станот и граделе куќа во Бардовци! Е ова ме изреволтира и ја убедувам мајка ми да си ги земе парите.
     
  12. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Машки
    Ели, врз основа на овие информации кои ги наведе, најверојатно станува збор за Договор за заем , склучен помеѓу татко ти и должникот кој починал, со обврска на должникот да ги врати парите во определен рок. Бидејќи истиот починал а парите не ги вратил, обврска е на неговите наследници истите да ги вратат, со законска казнена и договорна камата согласно Договорот (треба да го видиме договорот и кои права и обврски од истиот произлегуваат за странките) па да продолжиме да коментираме !!!!!!
    Погледни го Договорот за заем и кажи ми како е заверен, дали како УЗП, односно само потписите на договорните страни ги заверил нотарот, или е во форма на Нотарски акт, (ОДУ бр.) со извршна клаузула, бидејќи доколку станува збор за нотарси акт , работата е поинаква, а и многу поповолна за вас како доверители...!!!!
    По ова што го наведуваш , а и сумата којашто се должи воопшто не е за потценување, така што мора да се делува во одреден правец...!! се со цел да не испаднете изиграни ...
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.038
    Допаѓања:
    123.911
    Па не се заверени само потписите,пишува на кој и кој датум кој и кој склучиле договор и дека тој се обврзува да ги врати за месец ,за доцнење има камата и дека во случај на спор надлежен е основен суд скопје.
     
  14. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Машки
    Во ред, но ме интересира дали Договорот е заверен како УЗП.бр. или ОДУ.бр. !!
    Најверојатно станува збор за УЗП.бр., тоа е обичен Договор , на кој нотарот ги заверил потписите на договорните страни, односно извршил нивна легализација...
    Е сега, во таков случај доколку една од договорните страни не ги почитува обврските од истиот, согласно Законот за облигациони односи , и се дава право и можност на другата договорна страна која останала верна на договорот, во случајов татко ти, истиот да го раскине, односно да поднесе тужба пред редовен суд, со која ќе бара судот да утврди дека другата договорна страна не ги извршувала обврските од истиот, и да утврди со пресуда дека таквиот договор е раскинат, и да ја задолжи другата страна да го надомести износот кој што го должи ,(тоа се сите невратени рати) зголемен за износот на договорената и казнена камата која доспеала.
    Значи, поради тоа што немате (најверојатно) Нотарски акт со извршна клаузула ( ОДУ.бр.!!!)
    ќе мора да се оди со редовна тужба против наследниците на должникот, кои што ќе бидат тужени, а татко ти ќе се јави како тужител.
     
  15. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Ми треба некој во лп да ми пише, и по можност да е од Н.Лисиче, ми треба совет.
    A и не мора да е од Н.Лисиче, да прашам само нешто што ме стави цела во прашалници..
     
  16. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Машки
    Славица, учесниците кои се во кружниот тек се секогаш во предност !!! тие се неприкосновени , и секој што доаѓа надвор од кружниот тек , мора да причека, и не смее да ги загрози.
    Сметам дека работникот на полицијата сосема постапил во ред , бидејќи (најверојатно) си ги загорзила учесниците во кружниот тек....Доколку сакаш помош околу оваа работа пиши ми во inbox.
     
  17. luzevski

    luzevski Активен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
     
  18. luzevski

    luzevski Активен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    baram sovet ili pomos mojot tatko poteknuva od s. dolno sonje ima ne reseni imotni prasanja toj e iselen od tamu uste na negovi 5 do 6 god a imotot ne bil podelen uste od dedomu negde okolu 1970 god prijatel na tatko mi izvadil od katastar nekolku parceli od imotot posle negde okolu 1994 god vo katasar nemase nisto postoecko kukata seuste stoi samo raspadnata dali nie sega mozeme vo slucaj dae odzemena od drzavata zemjata povtorno da ja vratime imame nekolku podatoci sto sega vo katastarot ne postojat sepak toa nie dedovina i sakam da ja poseduvam
     
  19. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Машки
    Да, затоа сме тука, да се обидеме да им помогнеме на оние на кои навистина им е потребна помош.Поздрав
     
  20. didush

    didush Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    Здраво здраво,сакам да прашам...се работи за неизградено земјиште во скопје кое пред многу години додека било во сопственост на баба ми, бил потпишан договор за низ тој плац да поминува водовоната канализација(значи доброволно е потпишан) е сега прашањето ми е што да правиме ние за да добиеме дозвола за градба на тоа земјиште доколку ова со водоводов претставува проблем.ВЕ МОЛАМ ЗА СОВЕТ КАДЕ ДА СЕ ОБРАТИМЕ И ШТО ДА ПРАВИМЕ? :worried: