Наведете за каков Договор се работи, дали е тоа договор за воспоставување на службеност,и ако е во чија корист е истата воспоставена (кој е корисник на повластеното добро).........
Имам едно прашање.пред неколку години изградив куќа на мое земјиште,со платени комуналии и се средено,се вселив во неа.Арно ама немам пат за влегување со кола до пред куќата.Значи влегувам со кола но минуваќи низ земјиштето од комшиите.А до мојата куќа како што ми кажувал дедо ми има само пешачка патека,која моментално е зафатена од другите комшии.Не знам дали бев доволно јасна,но се надевам дека ќе ми објасни некој подетално за ова.
Imame dve kuki na ista ulica,vo ist dvor.Vo ednata ziveam jas so moeto semejstvo,a drugata ja izdavame na kiradzii.Pred nekolku godini imavme kiradzii koi na licna karta se vodea na nasata adresa i seuste se vodat,a pominati se dosta godini i sto osnovale firma,smetki od t-mobile,vip i slicno,se im stiga kaj nas,na nasata adresa.A mislam deka ne se odjaveni,cim se ovdat uste na nasa adresa.Moeto prasanje e dali oni mozat da steknat pravo na imot ili nesto slicno..i sto treba da napravime,za da gi odjavime i slicno.ve molam za pomos. Blagodaram odnapred!! Pozdrav
Се работи за т.н СТВАРНА СЛУЖБЕНОСТ (конкретно полска службеност како еден од видовите на стварни службености). Самиот поим на стварна службеност значи право на сопственикот на една привилегирана ствар (во случајов вашата недвижност), за потребите на таа недвижност да врши определени дејствија (во случајов право да се поминува со кола ) врз недвижноста на друг сопственик (вашите комшии по чие земјиште поминувате), чија недвижност претставува послужно добро. Вие како сопственик на привилегирана ствар, која нема излез на јавен пат, или до него може да се стигне само со претерано заобиколување, имате право на НУЖЕН ПРЕМИН (односно стварна службеност). Значи нужните премини се основаат и дозволуваат во корист на сопственикот на привилегираното земјиште кое нема пристап до јавен пат . Според Законот за сопственост и други стварни права нужниот премин се заснова тогаш кога судот испитува и одредува дали постојат услови за засновање на нужен премин, и потоа донесува одлука за засновање на таа стварна службеност. Значи самото воспоставување на стварната службеност ќе претставува ограничување на правото на сопственост на послужното добро, и таа мора да се врши на начин на кој најмалку ќе се оптоварува послужната ствар (недвижноста на комшиите).
Благодарам на одговорот,но ако може да ми кажете само уште каде треба да се обратам најпрво во врска со мојот проблем?
^ Во контекст на овој муабет: Постои ред на плацеви, сите на ист сопственик, кој сам си одбива од секој поединечно по 50м2 за да си отвори пат. Во тоа време им нудел на сопствениците на плацевите лево од патот (и малце повисоко се) да дадат половина од потребната ширина за патот, предлог кој тие го одбиле, па сега имаат само еден тешко пристапен пат (ако воопшто и може така да се нарече) кој им доаѓа од „горе“ да речам. Ние сме сопственици на последниот плац од тој ред (редот со патот, во нашата капија завршува). До нас има еден плац кој има пристап само од тој тешко-проодливиот пат, а од другата страна е плац кој пак од апсолутно никаде нема пристап (исто и тој не сакал да се договори со нашиот продавач за да си отвори пат). Во секојдневната комуникација јас добив впечаток дека - штом тие не се договориле во времето кога се отварал патот (преку откажување на дел од своите плацеви нели) тогаш не ни имаат право да бараат пристап кон истиот, т.е. се` зависи од нашата (и нашите соседи нели) добра волја. Дали во ваков случај сопствениците на тие плацеви имаат право на стварна службеност, со оглед на тоа што овој пат не е јавен, т.е. си го отвори сопственикот на сите плацеви за да може да си ги продаде поединечно?
прашањето е едноставно но верувам дека нема едноставен договор се и сешто се изнаслушав и решив да прашам правник значи во случај на развод кога на мајката може да и се одземат децата ???????????? мислам како каква треба да биде претставена пред судијата за да и ги одземе децата ?? мислам дека добро објаснивпа ако свативте пробајте да одговорете бидејки верувам дека има на форумовдоста форумгики што ги занима ова прашање?????????
Значи доколку ти пречат комшиите да преминуваш преку нивната недвижност, најправин провери во Одделението за урбанизам во урбанистичиот план доколку постои детален урбанистички план дали е предвиден премин и преку која недвижност е предвиден предмин за да стигнеш до твојата недвижност, доколку ти пречи сопственикот на послужното добро (комишијата) тогаш имаш право да се обратиш до судот со тужба за воспоставување на службеност.
Да е болна , без разлика дали станува збор за психичка(растројство) или физичка болест која би го отежнало одгледувањето на детето. Да е расипник и недостојна ( да не кажам да се швалерисува и сл.), финансиски да е неспособна за одгледување и чување дете( невработена,во големи долгови и сл.) .Да има докази дека физички и психички го малтретирала детето или не се грижела за него. Од прилика мислам дека е ова,ако има уште нешто нека дополнат поискусните правници.
Имаме две куки на иста улица,во ист двор.Во едната живеам јас со моето семејство,а другата ја издаваме на кираџии.Пред неколку години,можеби и 10, имавме кираџии кои на лична карта се водеа на нашата адреса и сеуште се водат,кој што основале фирма,сметки..и слично,се им стига кај нас,на нашата адреса, а не живеат тука можеби 10 години.Моето прашање е што треба да направиме? И дали може во иднина да дојде до нешто непосакувано,дали може да стекнат право на имот или нешто слично. Ве молам за помош. Благодарам однапред! Поздрав
Право на имот не можат да стекнат бидејки имотот не е на нивно име ,туку само нивното престојувалиште се води на вашата адреса. Треба они да го откажат тоа престојувалиште и да го сменат во лична карта т.е да го стават новото и таму да им стигаат сметките и другите побарувања.Тоа со нив треба да го решите,али како и да е имот не можат да стекнат .
Дали додека жена е на породилно отсуство, фирмата поведе ликвидациона постапка, а на жената и преостануваат уште 2 месеци да земе паричен надомест од Фондот, доколку се затвори фирмата односно заврши ликвидационата постапка, Фондот ќе и го исплати породилното до крајот? Ова прашувам од причина што сигурна сум дека Фондот неможе да ти префрли пари да речеме овој месец ако за истиот месец не се платени придонесите за останатите вработени во фирмата. Барем од Фондот за здравство таква информација се добива ако се јавиш да прашаш зашто не ти се префрлени пари месецов. Во исчекување на одговор Ви благодарам
и јас имав уште 2 месеци породилно да си земам арно ама фирмата се затвори престана со работа автоматски не се плакаат придонеси за вработените и тебе по автоматизам ти пропагаат у вода тиа 2 месеци и никогаш не си ги земав сепак правниците си знаат повеке па ке се уклучат и они да ни објаснат подобро
Mе интересираат казните за собраќен прекршок во Mакедонија .Бев сопрен од полиција каде што констатираа дека соборените (средни) светла не се во ред ( едното ) .Неможев да негирам бидејќи беше вистина .Но се имаше расипано истата вечер и не попречуваше во собраќајот (немаа толеранција да заменам вендаш од резервната опрема ) .Казната што ја добив е од 120 еу поради неиспаравни (пишано во множина ) светлносни уреди (кога се побудив поради тоа беа премногу дрски но каде што има сила деф нема правдина ).Ме интересира дали е казнава според законските норми ,дали можам да корегирам со казнени поени на суд (бидејки не потпишав ништо ) .Имам рок од 8 дена да ја платам половина па да на се зезнам да треба потоа и судските трошоци да ги платам .Совет од некој упатен во законскиве сплетки ? Законот за прекшоци -Никаде на се пронајдов со казнава http://www.mvr.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=252 Спојлер 14. Употреба на светла во сообраќајот 14. Употреба на светла во сообраќајот Член 85 Член 85 (1) Во сообраќај на пат, дење и ноќе, за време на управување со возилото, возачот на возилото задолжително треба да ги има запалено најмалку соборените светла за осветлување на патот. (2) Обврската од ставот (1) на овој член не се однесува за возачите на запрежни возила, кога возилото го управуваат дење, освен во услови на намалена видливост. (3) Ако на запрежното возило едно светло се наоѓа на предната страна, а друго на задната страна, тие светла задолжително треба да бидат поставени на надолжната осkа на возилото или на неговата лева страна, а ако на запрежното возило се наоѓа само една светилка - таа задолжително треба да биде поставена на левата страна на возилото. (4) Во условите од ставот (1) на овој член запрежното возило задолжително треба да има два катадиоптeри со црвена боја, на задната страна и по еден катадиоптер со жолта или портокалова боја на секоја страна. (5) Кога возилото на моторен погон, влече едно или две приклучни возила, најмалку две црвени светла задолжилтено треба да бидат запалени на задната страна на последното приклучно возило, а ако ширината на приклучното возило изнесува повеќе од 1,60 метри - на предната страна на првото приклучно возило задолжително треба да бидат запалени две бели светла. (6) Глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1), (2), (4) и (5) на овој член. (7) Глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на возачот на запрежното возило кој постапува спротивно на одредбата од ставот (3) на овој член. Член 86 Член 86 По исклучок од одредбите на членот 85 на овој закон обврската за задолжителна употреба на запалени светла не се однесува на: - возило што е запрено или паркирано на осветлен дел од патот, така што јасно може да се гледа од доволна оддалеченост; - возило што е запрено или паркирано на за тоа посебено определени места на коловозот или надвор од него или на улици со послаб сообраќај и - велосипед, велосипед со помошен мотор, мопед, мотоцикл, лесен трицикл, трицикл, лесен четирицикл и четрицикл – кога се запрени или паркирани во населено место, покрај самиот раб на коловозот. 53 Член 87 Член 87 Член 87 (1) Ноќе, како и дење во случај на намалена видливост, задолжително треба да носат запалени светла кога се движат по коловозот надвор од населено место: - група пешаци што се движи во организирана колона или поворка – најмалку едно бело или жолто светло на почетокот на колоната односно поворката и најмалку едно црвено светло на нејзиниот крај и - водачи на запрежни возила и јавачи и терачи на добиток – најмалку едно бело или жолто светло напред и најмалку едно црвено светло назад. (2) Наместо светлата од ставот (1) на овој член можат да се употребуваат рефлектирачки материи. (3) Глоба во износ од 25 евра во денарската противвредност ќе му се изрече на лицето кое постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член. Член 88 Член 88 (1) За осветлување на патот, возачот на моторно возило, по правило ги употребува долгите светла. (2) Возачот на моторно возило е должен наместо долгите светла за осветлување на патот, да ги употребува соборените светла: - пред разминувањето со друго возило на оддалеченост од која ќе оцени дека со светлото на своето возило го заслепува возачот на возилото што му доаѓа во пресрет, а при разминувањето со друго возило – кога возачот на тоа возило ќе премине на соборени светла или кога со наизменично палење и гасење на светлата го предупредува дека големите светла му пречат, а секогаш на оддалеченост помала од 200 метри; - за времето додека на кратко растојание се движи зад друго возило, во таква положба што со големите светла на своето возило го заслепува возачот на возилото пред себе; - за времето додека со возилото минува покрај организирана колона на пешаци и - кога се движи по пат што се протега непосредно покрај пловен пат или покрај железничка или трамвајска пруга – при средба со пловен објект односно со возило што се движи по шини, а кое наидува од спротивна насока. (3) Глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член. Член 89 Член 89 (1) Светлата за означување на моторно возило, задолжително се 54 употребуваат во условите од членот 85 став (1) на овој закон и во услови на намалена видливост кога возилото е запрено или паркирано на пат. (2) Светлата за означување на моторно возило, задолжително треба да бидат запалени за време додека се запалени кои и да било светла за осветлување на патот или посебни светла за магла. (3) Глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 20 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член. Член 90 Член 90 (1) Во магла, возачот на моторно возило, задолжително треба да ги има запалено соборените светла за осветлување на патот или светлата за магла или двете светла истовремено. (2) Светлата за магла можат да се употребуваат само во услови на магла или во случај на намалена видливост. (3) Светлата за магла што се наоѓаат на предната страна на возилото задолжително треба да бидат во бела или жолта боја, а на задната страна со црвена боја. (4) Глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 20 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите од (1) до (3) на овој член. Член 91 Член 91 (1) Возилата не смеат на предната страна да имаат светлосни, светлосно- сигнални или рефлектирачки уреди или материи што даваат светло со црвена боја, а на задната страна – уреди или материи што даваат светло со бела боја. (2) Одредбата од ставот (1) на овој член, во однос на светлото со бела боја не се однесува на светлото за осветлување на патот при возење наназад, на подвижното светло за истражување (рефлектор), на светлото за осветлување на регистарската таблица и на регистарската таблица премачкана со бела рефлектирачка боја. (3) Одредбата од ставот (1) на овој член не се однесува ниту на црвеното трепкаво светло на посебните моторни возила што следат возила под придружба. (4) Глоба во износ од 25 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.
Zdravo!Ke moze li nekoj da mi odgovori na prasanjava.?Nie sme tri deca ,imotot se vodi na ime na tatko mi.tatko mi e bolen i sega sakat so majka mi da napravat dogovor za dozivotne izdrska so mene bidejki brat mi i sestra mi ziveat vo stranstvo.V dogovorot ke bidam jas kako davatel na izdrskata i so toa mi sleduva nesto od imotot a drugiort del da bide podelen na brat mi i sestra mi ostaven vo testament.A ma sega problem ni e sto ako pocine tatko mi prv testamentot ke se cita vednas po negova smrt a sestra mi saka da bide procitan po smrtta na dvajcata.bidejki dogovorot so mene stapuva na sila po smrtta na dvajcata rodeiteli.ima ni nekoja druga procedura so testamentot ,na pr tatko mi da ostavi se na majka mi pa posle ona da prave testament.Bidejki majka mi ne moze da ostave testament oti nema nisto na nejzino ime.Blagodaram.
Штом не си потпишал и не си зел ништо, значи немаш платежен налог, не ми е јасно што и како ќе плаќаш. А и да имаш платежен налог и решиш да платиш половина во рок од 8 дена тогаш не следуваат судски трошоци. Ако не ја платиш казната тогаш одиш на Суд и сносиш судски трошоци. Можеш и да пишеш негативни поени ако сакаш, таму ќе ти одредат колку и ако не се лажам мислам -40 поена. Износите за казна ги вадат од ракав а знам дека максимум е 300 евра за такви работи - неисправност на автомобил. Правна поука - нема правда Нема врска што мајка ти нема ништо на свое име, автоматски и неа и следува дел. По смртта на татко ти по автоматизам ако немате тестамент кај што татко ти ќе наведе што и како ќе дели, целиот имот се дели на 4 дела (на мајка ти и на вас 3 деца). По смртта на мајка ти тогаш нејзиниот дел ќе се дели на 3 дела (на вас 3 деца). Со договор за доживотна издршка сака да каже дека ти ќе се грижиш за него а тој ќе ти ја препише куќата е тоа е осетливото прашање што ја дирнало сестра ти, и затоа кажува да настане делба на имотот после смртта на дваицата затоа што рамноправно целиот имот ќе се дели на 3 дела (под услов да не потпишеш ти никаков договор за доживотна издршка). Сепак ова со интерен договор меѓу вас ќе си се договорите - вие деца. Логично е да после смртта на татко ти куќата бидне на тебе и мајка ти (ако потпишеш таков договор за издршка) а после смртта на мајка ти тогаш нејзиниот дел нека се дели на 3 дела. Подобро решите сега кога се 2-цата родители живи за да утре вие не си вадите очи.
slavica999 благодарам за одговорот.Дефинитивно некои од казните се вадат од ракав .(добив лист-потврда кој што јас не ја потпишав бидејќи ја негирам нивната констатација )Јас решив да одам на суд и да не ја платам казната во рокот од 8 дена (Се разбира дека се информирав претходно.Бидејки во законот е наведено да бидат вклучени мин.соборени (позициони) светла.Па ке видиме како и што ке испадне на крајот се надевам ке поминам со помала казна ) .Поените не сум сигурен како ги одредуваат но мислам дека за казните над 100 еу не се корегираат со казнени поени .Пазете на светлата мн !Ова е моето лошо искуство со полицијава наша "НЕФЕР-СКА"
Наведувате дека имотот кој понатаму ЕВЕНТУАЛНО би бил предмет на наследување, или Договор за доживотна издршка се води на име на вашиот татко.... Најпрво треба да ни дадете поконкретни податоци за да знаеме за каков имот се работи, па да продолжиме да коментираме подетално околу вашето прашање.... Дали се работи за ЗАЕДНИЧКИ имот на брачните другари, или се работи за ПОСЕБЕН имот на вашиот татко (кој како таков се води во јавната книга-Катастарот на недвижности)... Како ПОСЕБЕН имот на татко ви ќе се смета се она што тој го поседувал ПРЕД стапувањето во брак, или го стекнал ВО ТЕКОТ на бракот, врз основа на подарок, наследство или легат!!!!! Од друга страна како заеднички имот на татко ви и мајка ви ќе се смета се она што тие го стекнале во текот на бракот врз основа на некое правно дело, на пр. го купиле, го исплатувале на рати, лизинг, (товарно правно дело), па дури и ако некој од нив не работел и материјално не придонесувал, меѓутоа не некаков друг начин придонесувал во брачната заедница!!!!!!!! (со грижа за семејството, одгледување на деца...итн..итн... Согласно чл.59 ст.3 од ЗСИДСП, кога имотот е во заедничка сопственост на брачните другари, на тоа НЕМА ВЛИЈАНИЕ фактот што во јавната книга имотот е запишан како сопственост само на едниот од нив (во случајов татко ви).....значи најпрво да разграничиме за каков имот се работи (дали заеднички или посебен), па врз основа на тоа да продолжиме да дискутираме подетално околу вашето прашање.....!!!!!
Se raboti za imot steknat vo brak.Toa e kukata vo koja ziveevme i sega ziveat majka mi i tatko mi.Kukata ja gradele koga bile vo brak ,i i nivi kupeni zaednicki vo brak.