Правни проблеми

Discussion in 'Правни совети' started by babyketi, Feb 7, 2010.

  1. pross

    pross Истакнат член

    Joined:
    Aug 29, 2012
    Messages:
    211
    Likes Received:
    111
    Gender:
    Male
    Во ред, значи се работи за заеднички имот кој брачните другари го стекнале во текот на брачната заедница, а истиот во јавната книга е запишан на име на едниот од нив.
    Во таков случај доколку во јавната книга како сопственик на заеднички имот е запишан само едниот од нив, ќе се смета дека уписот е извршен на името на двајцата брачни другари, односно правото на сопственост на брачните другари врз недвижности кои се заеднички имот, во јавната книга се запишува на име на двајцата како нивен ЗАЕДНИЧКИ ИМОТ....
    Што се однесува до деловите на брачните другари во заедничкиот имот се тргнува од фактот дека заедничкиот имот се дели на ЕДНАКВИ ДЕЛОВИ.....
    Значи мајка ви може полноважно да учествува во склучување на Договорот за доживотна издршка (во кој ќе се јави како еден од примателите на издршката), како и да состави свој тестамент, со својата половина од заедничкиот имот, а татко ви со својата половина од заедничкиот имот може да располага на начин како што сака (еден дел од имотот да опфати со договорот за доживотна издршка, а останатиот дел од својата половина да го распредели со тестамент), се е до нивната слободна волја...
    Бидејќи сакаат еден дел од нивниот заеднички имот да биде опфатен со договорот за доживотна издршка, предлагам да склучите договор за доживотна издршка во форма на нотарски акт, во кој детално ќе се уредат правата и обврските на договорните страни, со што по смртта на едниот од нив неговиот дел од заедничкиот имот опфатен со договорот ќе премине во сопственост на примателот на издршката.(самиот договор за доживотна издршка е ПРАВЕН ОСНОВ за пренесување на правото на сопственост врз давателот на издршката, а неговото правно дејство Е ОДЛОЖЕНО до смртта на примателот, значи по смртта на примателот, давателот ќе побара пренос на правото на сопственост на свое име со самиот договор и доказ за смртта, без притоа за тоа да се води оставинска постапка.
    За останатиот имот кој нема да биде опфатен со договорот, брачните другари може да состават и посебни тестаменти, секој да располага со својата половина од заедничкиот имот, и да извршат распределба на начин како што сакаат (во корист на потомците кои се во странство)....
    По смртта на едниот од нив, ќе се води оставинска постапка, во која ќе се приложи неговиот тестамент, и тој имот ќе биде распределен со Решение за наследување (кое е ПРАВЕН ОСНОВ за пренесување на правото на сопственост на останатите потомци) на начин како што е содржано во самиот тестамент.
     
  2. Antula

    Antula Истакнат член

    Joined:
    Mar 31, 2010
    Messages:
    44
    Likes Received:
    91
    Почитувани, ве молам за совет. Сестра ми без да знаеме ние домашните му позајмила на некој нејзин ,,пријател,, 10.000 еур а тоа се средства од продажба на заеднички имот. Направиле некој нотарски договор каде типот треба од 01.01.2014 во рок од 6 месеци да и ги врати парите без камата. Во нотарскиот договор стои дека тој гарантира со сиот свој движен и недвижен имот а не е наведено поконкретно за каков имот се работи. Но проблемот е што сестра ми дознава дека типот скорз е пропаднат а покрај тоа почнал да и бега,ја игнорира,исклучува телефони,безобрзно се однесува кога ќе го добие на тел. а разбрала и дека куќата што ја имал ја дал на продажба. Прашањето до вас е дали сестра ми може предвреме да го раскине нотарскиот договор со тоа што да се задржи извршната клаузула од договорот. Ви благодарам.
     
  3. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Joined:
    Feb 21, 2013
    Messages:
    582
    Likes Received:
    3,417
    Под хитно барајте помош од правник.Советувајте се дали да го пријавете во милиција.Ова не е мал проблем .Треба да делувате брзо, може после ке нема од каде да ви ги врати парите.
     
  4. Antula

    Antula Истакнат член

    Joined:
    Mar 31, 2010
    Messages:
    44
    Likes Received:
    91
    Знам дека си направила голем проблем без потреба но ако го пријави во полиција тој можеби ќе се вади дека отплатата треба да започне од 01.01.2014 година и затоа сакам да знам дали може да го раскине договорот па после да превземеме дејствија. Инаку ваков преварант заслужува решетки ама оваа мојава е добродушна и наивна.
     
  5. pross

    pross Истакнат член

    Joined:
    Aug 29, 2012
    Messages:
    211
    Likes Received:
    111
    Gender:
    Male
    По ова што го наведувате се работи за Договор за заем склучен во форма на нотарски акт со извршна клаузула, со кој договор должникот-заемопримачот се обврзал да го врати примениот заем без камата, со тоа што неговата обврска за враќање на средствата доспева од 01/01/2014 г.
    Самиот договор за заем е двострано-обврзувачки договор, а карактеристично за двострано-обврзувачките договори е тоа што доколку една од страните не ги извршува своите обврски од истиот, Законот за облигациони односи и дава право и можност на другата, да бара РАСКИНУВАЊЕ на договорот, и право на надомест на целокупната штета која со тоа и е причинета.
    Бидејќи обврската на должникот сеуште не пристигнала, врз основа на Нотарскиот акт сеуште неможе да барате присилно извршување, меѓутоа Законот за облигациони односи ви дава можност да барате раскинување на договорот ПРЕД истекот на рокот, и тоа согласно чл. 117 од ЗОО, каде се предвидува дека кога пред истекот на рокот за исполнување на обврската Е ОЧИГЛЕДНО дека едната страна нема да ја исполни својата обврска од договорот, другата може да го раскине договорот и да бара надомест на штета. Значи ќе треба со тужба да поведете граѓански процес пред надлежниот суд, во кој ќе треба да ги докажете фактите дека должникот очигледно нема да биде во состојба да ја исполни својата обврска од договорот, и ќе побарате судот со пресуда да утврди раскинување на договорот, со што истовремено ќе го задолжи должникот да го врати целиот износ кој што го примил, со казнена камата од денот кога ги примил парите, па се до исплатата, како и да ви ја надомести целокупната штета која настанала поради предвременото раскинување на договорот, се разбира доколку таква постои, и чие постоење треба да се утврди. Таквата пресуда понатаму, по добивањето на клаузула на правосилност и извршност, ќе претставува извршна исправа, врз која ќе може да се спроведе извршување против должникот.
    Бидејќи наведувате дека должникот започнал да превзема мерки со кои почнал да го оттуѓува имотот, со поднесувањето на тужбата, побарајте судот ДА ИЗДАДЕ ПРИВРЕМЕНА МЕРКА - во случајов да ја забрани продажбата на куќата на должникот, се до завршување на спорот.(во оваа постапка ќе биде потребно да ја докажете и опасноста која постои со тоа што доколку ја продаде куќата, значително ќе се отежне можноста понатаму да се спроведе извршувањето.
    Тоа е на кратко околу граѓанската одговорност на должникот. По она што го наведовте претходно препознавам и елементи на кривично дело Измама чл. 247 од КЗ на РМ, меѓутоа за ова ќе дискутираме посебно.
     
    Anon likes this.
  6. Antula

    Antula Истакнат член

    Joined:
    Mar 31, 2010
    Messages:
    44
    Likes Received:
    91
    Многу Ви благодарам на корисните информации. Поздрав
     
  7. sweety23

    sweety23 Истакнат член

    Joined:
    Oct 6, 2010
    Messages:
    22
    Likes Received:
    2
    Здраво, една моја другарка направила порачки во орифлејм на мое име и не ја платила фактурата со што мене дома ми стигаат писма, и реков да си плати но очигледно нема намера. Па сакам да знам кои се моите права овде бидејќи јас ниту сум зачленета, ниту пак имам потпишано некој договор за да правам порачки и слично. Би сакала да знам дали е можно доколку имам пари на сметка да ми ги повлечат и сличо, и дали јас можам да покренам некој вид на тужба (дали против "другарката" или орифлејм). Ве молам да ми помогнете.
    Поздрав
     
  8. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Joined:
    Dec 2, 2009
    Messages:
    183
    Likes Received:
    115
    Јас мислам дека неможе да се прават нарачки во Орифлејм на нечие име, без тој некој да биде зачленет.
    Знам дека порано дозволуваа да правиш на туѓо име нарачки, ако имаш негова копија од лична карта, сега незнам како е, одамна немам правено нарачки.
    Провери убаво дали си била зачленета во моментот на правење на нарачката.
     
  9. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Joined:
    Feb 3, 2011
    Messages:
    4,042
    Likes Received:
    41,633
    Не е проблем,но би сакала да добијам информација ако некој е упатен..планирам да го изнајмам станот,кој се води на име на мајка ми на подолг период(ние заминуваме во странство)...сакам се да биде легално,да склучам договор со кираџиите,да плаќам давачки(но нема да бидам во мк)..дали договорот се склучува на нотар или адвокат и како отприлика оди таа цела процедура..во меѓувреме станот ке биде префрлен на мое име..
    Благодарам
     
  10. Anon

    Anon Популарен член

    Joined:
    Sep 24, 2011
    Messages:
    830
    Likes Received:
    1,790
    Gender:
    Male
    Па прво можеш одма да одиш на нотар и да им побараш нотарски акт договор за закуп или да одиш на адвокат да го сочини договор па да одиш на нотар да ти направат солемнизација. Распрашај се за трошоците ама се на се мислам дека ќе ти испадне исто или скоро исто.
    Ако ти не си сопственичка на станот ќе ти треба полномошно или ќе треба мајка ти да потпише на договорот.

    За колку време ќе треба: не повеќе од недела дена. Помалку ако се ангажираш поинтензивно.
     
    Dentina likes this.
  11. Anon

    Anon Популарен член

    Joined:
    Sep 24, 2011
    Messages:
    830
    Likes Received:
    1,790
    Gender:
    Male
    Јави им се во Орифлејм и кажи им дека ти не си направила нарачка, дека тоа била другарка ти во твое име. Ако ти ја испорачале робата врати им ја препорачано по пошта.
    Не можат да ти повлечат средства од жиро сметка туку така. Можат да тужат ама нема да добијат зошто ти си влегла во облигационен однос со нив, како што кажа самата, не си склучила никаков договор.
     
  12. Unica

    Unica Популарен член

    Joined:
    Oct 5, 2010
    Messages:
    536
    Likes Received:
    604
    Здраво девојки, јас би сакала да прасам сто се слуЧува ако дедото на 4 деца се обрати во социјално дека едниот од родителите пие а другиот ги напусти и сега фактиЧки децата зивеат со бабата и дедото.
    Сите деца се малолетни.
    Ги зема дрзавата или.. ?
     
  13. sweety23

    sweety23 Истакнат член

    Joined:
    Oct 6, 2010
    Messages:
    22
    Likes Received:
    2
    Ја се јавив во Орифлејм но и со таа не се разбравме, вели дека има копија од лична карта од мене, а јас немам дадено и реков во тој случај да ја скенира и да ми ја прати на маил за да покренам тужба и ми вели дека не може да дава такви податоци. Јас не знам како може да дозволуваат такви нарачки врз основа на матичен број, али сеа што е тоа е ке одам кај адвокат и ке видам што ќе направам.
     
  14. Anon

    Anon Популарен член

    Joined:
    Sep 24, 2011
    Messages:
    830
    Likes Received:
    1,790
    Gender:
    Male
    Абе не ме смеј, јакиот доказ имала лична карта твоја. Дали има твој потпис на договор? Нема.
    Уживкај.
     
  15. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Joined:
    Jul 8, 2011
    Messages:
    5,779
    Likes Received:
    22,422
    Gender:
    Female
    Уница, зависи многу од ситуацијата, ама ако дедото и бабата се здравствено способно да се грижат за децата и ако сакаат да бидат државата може да ги додели на нив и тие да бидат законски старатели.
    Во принцип се бараат некои од роднините за старатели, зашто домовите се последно место на кое сакаат да се сместат. Плус и не дека има којзнае колку место и услови.
    Консултирајте се со адвокат за најдобро да ви каже, јас знам за сличен случај, каде децата останаа со бабата и таа им беше старател на внуците(и тоа 3 деца беа, сите на различна воздраст, малолетни), што значи дека има шанси децата да останат со бабата и дедото, и не секогаш остануваат на државата.
    Ама нај добро со некој адвокат консултирајте се, јас знам една добра адвокатка за семејно право можам да ти предложам, сигурна сум дека може ситуацијата најточно да ја определи.
     
  16. sweety23

    sweety23 Истакнат член

    Joined:
    Oct 6, 2010
    Messages:
    22
    Likes Received:
    2
    Потпис немаат и јас тоа и го велам на која основа ми праќаат мене фактури, бидејќи производи кај мене немаат стасно, таа ми вели не ме интересира ќе те блокирам врз основ на матичен број и ќе ти дојдат дома извршители и ке има присилна наплата на долгот.
     
  17. pross

    pross Истакнат член

    Joined:
    Aug 29, 2012
    Messages:
    211
    Likes Received:
    111
    Gender:
    Male
    Ауу луѓе не ми се верува што читам, ајде да го видиме и тоа чудо, нека те блокира па да се изнасмееме сите заедно....да видиме на кој начин ќе добие ИЗВРШНА ИСПРАВА врз основа на која ќе може извршителот да спроведе извршување, хахахах, па ти девојче не си во никаков облигационен однос со доверителот, ниту си влегла во некаква обврска, не може на овој начин некој тебе да те обврзе како трето лице....
    Согласно чл. 135 од Законот за облигационите односи , договорот (во случајов за купопродажба-нарачка на определени производи), создава права и обврски за ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ,(другарка ти која стапила во договорна обрвска спрема доверителот, и самиот доверител), а тоа значи дека договорните страни НЕ МОЖАТ да превземат права и обврски за трето лице, односно не можат да обврзат трето лице......
    Во секој случај не можеш да претрпиш никакви штетни последици, доколку самата ти не си се обврзала на некаков начин....друго е прашањето ако другарката фалсификувала твоја исправа или сторила нешто друго, ќе сноси кривична одговорност.
     
    zhap4e and Hipster like this.
  18. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Joined:
    Feb 15, 2011
    Messages:
    564
    Likes Received:
    235
    Знам дека ова ке звучи малку глупаво, но морам да прашам...

    Што би се случило доколку полицаец те сопре додека возиш, но ти не го забележиш и си продолжиш со возењето.. Работата е што јас возев но многу врнеше и прегледноста ми беше 0, а другарката на сувозачкото седиште ми кажа дека имало полиција но дека не видела дека ме сопираат но не е сигурна... Прво ова дали е возможно да не ги видам, и второ ако навистина не сум ги видела што може да се случи? (со документите се ми е исправно, возев со нормална брзина, немав капка алкохол во крвта)
     
  19. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Joined:
    Aug 19, 2011
    Messages:
    1,495
    Likes Received:
    4,994
    Gender:
    Female
    Ме интересира како оди процедурата кога ќе пријавиш закани за загрозување на живот од страна на некое лице?
     
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Joined:
    Jul 8, 2011
    Messages:
    5,779
    Likes Received:
    22,422
    Gender:
    Female
    Освен ако не ти ја запамтил регистрацијата, ништо друго не ти може.
    А ако викаш ти прегледноста била мала, мали се шансите дека ти ја запишал.
    Штом не те следел штом си одминала, ништо не се десило, уживај.
    Следен пат само биди повнимателна.

    sweety23 слушај што ти кажуваа просс и анон, нека не ти праат бајрам на умот, не си зачлената ни податоци ти имаат ни ништо, некој сака да те наседне тебе очигледно.
    Не ми е јасно само како може да ти има копија од лична карта, што праите бе деца со личните карти, не се флаери па на секого да раздавате.
     
    Aniston likes this.