Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правни проблеми

Дискусија во 'Правни совети' започната од babyketi, 7 февруари 2010.

  1. JENI66

    JENI66 Активен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Почитувани, имам едно прашање и ако некој може нека ми одговори. Имам ќерка, која студира редовно и е на 22 години од мојот прв брак, и за неа плаќам алиментација. Во исто време таа е од пред неколку месеци во работен однос со договор на две години и редовна плата. Мојот доход изнесува 11000 денари од кои 3000 ми одржуваат за алиментација. Сега имам и друго дете од втор брак. Па ме интересира дали законски јас треба да плаќам за ќерка ми која се води на редовно школување, а во исто време работи и има доход? Однапред ви благодарам!
     
  2. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Слатко ви беше кога правевте деца, а сега не сакате пари да давате за да ги издржувате а? :devil:
    Што си правел и второ дете кога едно одвај не можеш да го издржуваш?
    Не сум сигурна како е по правило, мислам дека без разлика на тоа дали работи или не додека студира до нејзина 26 годишна воздраст мораш да плаќаш алиментација.
    Така е во многу западноевропски земји и колку што ми текнува така е и кај нас.

    Не сум јас за адвокат сите ќе ве исплукам вакви нетатковци...
     
  3. JENI66

    JENI66 Активен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Фала многу за нељубезниот одговор, но сепак одговор. Јас си ја плаќам алиментацијата и ќе продолжам да си ја плаќам. Сум давал и дополнително пари кога сум имал и се налагало. Прашањето ми беше само поради тоа, што мислам дека ако имам должност , сигурно имам и права, ама за жал се алудира само кон должноста кај мене. Како и да е , мислам дека ако човек не е запознат со ситуацијава не е многу добро да се плука толку арогантно. Уште еднаш благодарам за одговорот и незнам дали си за адвокат, но за судија во никој случај не си. Правото е за луѓе кои умеат да ги ислушаат и двете страни пред да се произнесат.
     
  4. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Машки
    Доколку сметате дека се промениле околностите врз основа на кои е досудена законската издршка и нејзината висина, ќе мора да поведете нова постапка со посебна тужба, во која ќе побарате намалување, или укинување на досудената издршка, и доколку судот најде дека тужбеното барање е основано, врз основа на променетите околности, ќе донесе пресуда со која ќе ја намали алиментацијата во иднина...
     
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Имаш среќа што не сум нит ќе бидам, ти и таквите како тебе.
    Секој алудира на должностите, зашто да не беа тие алиментации пола и повеќе од татковците кои се разведени од жените, немаше скршен денар да дадат на многу деца.
    Сум оделе на пракса кај адвокат што се бави со семејно право, какви се не сум се изнаслушала и видела, ти си злато за нив. Не зборам од бафтана и од памет.
    Од тоа ти што го прикажа, јас прочитав само причина и изговори да не се плаќа алиментација. Нема друга страна на приказната, барем ти не ја прикажа.
    Штом и тие 3000 ти се многу, и тоа законски задолжителни, тешко верувам дека и башка од тоа, незадолжителни пари даваш.
    Дај боже да грешам и нека ти служи на чест.
    Правото знае често да биде и не праведно, колку и да лицемерно свучи од правник,ама тоа е вистината.
    Секое добро, и наместо да бараш начини да не плаќаш алиментација, најди начин да бидеш праведен како што алудираш на тоа и ти ислушај ја и другата страна.
     
  6. Aligator

    Aligator Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    19
    Од правен аспект секако дека имаш право да прашаш. Но, позади твоето прашање очигледно се крие намерата да се најде најбрз и најбезболен начин да се намали сумата за издршка. Е сега, како ти е тебе ...
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  7. JENI66

    JENI66 Активен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Благодарам за вниманието на сите вас! Мое е да прашам, исто така е мое и да решам што понатаму ќе правам, а за судење има кој, сигурно не сте Вие!
     
  8. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Здраво на сите,

    ме интересираат 2 работи

    1) ме касна кучето на комсијата пред неколку месеци. сеуште не сме покренале тужна против него. кога застарува правото за ова?
    2) може некој да ми ја објасни постапката за склучување купопродажен договор за стан? имено, зедовме кредит на база на преддоговор и банката ке исплати средства на база на него. Нотарот ни кажа дека ние треба да го доисплатиме станот, па после треба да склучиме купопродажен договор. Ова мие малку нелогично.

    фала
     
  9. sandra32

    sandra32 Активен член

    Се зачлени на:
    7 август 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    здраво!ме интересира едно прашање сто многу не мачи цела фамилија.по смртта на дедо ми целиот имот остана на баба ми и мајка ми (која е единица нема ни брат ни сестра)беа на нотар и тој му рече дека 1/3 е на мајка ми а 2/3 на баба ми.по желба на баба ми да не остане на улица :D мајка ми нејзиниот дел му го даде на баба ми и сега таа е наследник на цел имот од дедо ми.помогнете ми со совет на кој најлесен и најдобар начин може да се препише имотот на мајка ми без да плати данок после смртта на баба ми и дали како едно дете мајка ми ке плака данок на имот после смртта на баба ми како наследник од прв ред секој ни кажува разлицно :D и дали за подарок ке се смени имотот на име на мајка ми (во обзир доага некој начин за после смртта на баба ми а со сигурност на мајка ми усте сега пошто се работи за малце настрана баба која се плаши да не останела без кука :D дава само после смртта позз
     
  10. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Наследниците од прв наследен ред се ослободени од данок. Ова значи дека не дај боже после смртта на баба ти, кога ќе поведете оставинска постапка, мајка ти како единствен наследник ќе стане сопственик на целиот имот кој бил во сопственост на баба ти. Данок не треба да плаќате!!!
     
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.735
    Допаѓања:
    43.848
    Пол:
    Женски
    Јас поима немам каде да го поставам прашањето, ама поради тоа што се работи за закони ќе прашам тука.
    Годинава јас и брат ми го сменивме осигурањто, поточно мајка ми и татко ми беа со фирми во стечај, тие не земаа социјално ниту сини картони, не можеа да бидат осигурани додека не си ги ликвидираат фирмите.Е сега поради тоа што ние не можевме да биде осигурани преку нив па бевме во социјално, за да видиме што како, за да земаме сини картони, таму не ни рекоа дека треба да се заведиме под бирото како невработени, ниту не прашаа дали сме студенти само сменија осигурање и во книшката ни напишаа основ на осугурување:лично.Е сега мене ова ми е тотална збунка, како може да бидам студент и да сум лично осигурана и како воопшто ме осигураа кога јас не го плаќам тоа осигурување од некаде?Сега засега не сме имале проблеми, си земаме картони и никому ништо, е сега ме буни мене, немој некогаш да ни стигне некоја блесава сума за плаќане на основ здравствено осигурување и затоа сум заинтересирана.Инаку мајка ми во меѓу време се вработи и е осигурана па може да се префрлиме преку неа, ама ако е во ред вака со некој нов закон, да не правиме сега пак се одново.
    Ќе молам некој со познавање од оваа област, ако има такви да ми објасни.Фала.
     
  12. sandra32

    sandra32 Активен член

    Се зачлени на:
    7 август 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    извинете ме интересира уште ова доколку сега склучат договор за догледување дали мајка ми ке плати данок после смртта на баба ми?и дали ако е поклон уште сега ке се сменат сите сметки на име на мајка ми или може сметките да доагаат на име на баба ми ?
     
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Договор за доживотна издршка(не догледување) и за него се плаќа данок, без разлика на тоа што мајка е во прв наследен ред.
    За подарок не се плаќа данок дека е прв наследен ред, но автоматски во моментот на полноважноста на документот за дар, имотот преминува во сопственост на мајка ти.
    Сметките може она да си ги префли на нејзино име, но и не мора, може да се водат и на име на баба ти.
    Тоа се прави ако лично отидеш за да смениш до кое име ќе се досавуваат, но и не мора, зашто секако ќе може мајка ти да ги плаќа ако се на име на баба ти.
     
  14. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    ме интересира една работа општо
    доколку си должник одредена сума на пари дали имаат право да наплатат присилно од твојата сметка или било како без известување било какво да ти стигне дома? |(
     
  15. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Некој?
     
  16. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.841
    Допаѓања:
    5.588
    Мора да добиеш Налог од Извршител
     
  17. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Само мала корекција данок на промет не се плаќа доколку давателот на издршката и примателот на издршката се од прв наследен ред во конкретниот случај мајка и ќерка, и со договорот за доживотна издршка имотот од примателот на издршката (баба) ќе премине на давателот на издршката (ќерката) по смртта на примателот на издршката (бабата), така што доколку имотот не поминал во сопственост на мајка ти и сметките остануваат да гласат на баба ти, зошто таа е сеуште сопственик на имотот, и секако има право овој договор за доживотна издршка да го раскине кога сака секако и мајкати може да го раскине кога сака.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  18. bubuu

    bubuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    4
    Незнам каде точно требаше да го сместам прашањево па се одлучив тука, ми изглеаше како пооошта тема.
    Вака живеам во стан најгоре во зградата ,бидејки сум најгоре имаме заедничка тараса ...нз како поточно да објаснам но мислам дека знаете како тоа изгледа . Имам изградено настрешница на делот од тарасата што е допрена до ѕидот од мојата соба, за тоа никој до сеа не се побуни а и не собирав потписи за согласност од станаарите, настрешницата стои веке 3 години,а во 2011 поднесов документи за приватизација на тој дел од тарасата и за истото ми побараа да доставам елаборат , елаборатот е направен и истиот е доставен, но по овој предмет веке никаков одговор немам. Оваа година ,сеа од општинава ми стигна Заклучок кој е од 2011 година (а јас го добивам сеа) со кој се дозволува извршување административно на некое си решение т.е решениево од 2011 што јас го немам ни добиено е извршно и од мене се бара во рок од 2 дена да ја тргнам настрешницата или во спротивно ке се пристапи кон присилно административно извршување на моја сметка.
    Моите 2 прашања се следните - Како може да ми достават заклучок за дозволување за извршување кога решението со кое мене ми било наложено да ја тргнам настрешницата јас никоаш го неам добиено(значи пристапуваат кон присилно извршување на нешто за кое мене не ми е ни оставен простор да го извршам предходно доброволно во смисла пред да се изготви заклучокот ? Како може целата постапка да дојде до овој степен коа јас иам поднесено документи за приватизација на тој дел , која дури и да не е дозволена , наместо мене одма да ми кажат дека тоа не е дозволено од мене писмено бараа да доставам и елаборат за истото и јас тоа го сторив, датата на која елаборатот го иам доставено е од 2011 и е после датата од која е само ИЗГОТВЕН но не и доставен горе споменатиот заклучок,т.е прво ми го доставија известувањето дека ми недостига документација (елаборатот) па го изготвиле заклучокот за кој ја сеа дознавам и после тоа во 2011 година ја го доставувам елаборатот .
    Благодарам однапред
     
  19. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Машки
    Ај обрати се до Државниот Управен инспекторат, и напиши една ПРЕТСТАВКА, во која детално ќе ја изложиш состојбата на работите, тие ќе извршат контрола во управниот предмет, па ако нешто "не чини" ќе те известат писмено кои мерки ги превзеле и што понатаму...
     
  20. sun-sun

    sun-sun Активен член

    Се зачлени на:
    13 август 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Здраво, се надевам дека ќе можете некако да ми помогнете. Се работи за смртен случај на мој близок на неговото работно место(сообраќајка, на слжбен пат) на вработен во државна институција, при тоа не осигуран од работа по никаков основ. Моето прашање е, дали постои основ семејството да ја тужи институцијата(поради тоа Што вработениот не бил осигурен) како иде целата постапка, колку трае, колку се шансите да го добијат спорот и за која сума на пари како оштета истите би ја земале.
    Секоја помош и информција ќе ми биде добредојдена... А, да исто така ме интересира дали знаете да ми препорачате и ДОБАР адвокат што гриза за да можеме да го добиеме споров.