Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правни проблеми

Дискусија во 'Правни совети' започната од babyketi, 7 февруари 2010.

  1. yokoono

    yokoono Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    18
    Здраво јас ќе си се обратам тука :) Имаме ниви на Водно кој припаѓаат на повеќе членови од семејството,тапиите за сите ниви се кај една од тетките и она раководи со се,
    Јас не се разбирам баш во сите овие правни работи ама мислам дека некој лаже и крие нешто бидејки кога доаѓа ред се ова што го имаме да се продаде повеќето од роднините не сакаат да потпишат!
    Знаете ли некој добар адвокат кој се занимава со вакви работи да ми го препорачате за да ме застапува а и воедно да расчепка по сите тие мутни ствари :D
     
  2. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.823
    Допаѓања:
    24.101
    Пол:
    Женски
    Се надевам за тука е прашањево:

    Што после утврдување на татковство преку ДНК ?
    Која е процедурата за менување на постоечкото презиме кај тоа дете? Автоматски му се препишува презимето на таткото или како?
     
  3. Valentina.Vaki

    Valentina.Vaki Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2013
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    580
    Пол:
    Женски

    Драга сенза,јас сум обвинител но можам да ти објаснам накусо во врска со ова
    За менување на постоечко презиме на дете е малку тешко.
    Првин се утврдува чие е детето како што си кажа преку ДНК,пример доколку една жена е во брак и роди дете од нејзиниот љубовник,законска регулатива е дека нејзиниот сопруг е таткото на детето.Секундарно ќе напоменам доколку родителите се разведени,и детето е малолетно името или презимето може да се сменат само откако ќе стане полнолетно и тоа се оди преку МВР.Се надевам ти послужија работа овие информации. :)
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.321
    Допаѓања:
    37.036
    Пол:
    Женски
    Таткото не е законски обврзан да го признае детето.
     
  5. bubuu

    bubuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    4
    Прашањево може да предизвика смеа кај многу од вас ама тоа е што е ....
    Дали доколку мми е наложено да рушам дивоградба , а јас сеуште не сум ја рушил може МВР да ме гони?
     
  6. Tikiss

    Tikiss Активен член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Здраво!
    Ме интересира ако некој може убаво да ми објасни, кои се правата на жената ако живее со мажот 20 години, не е во брак, и има деца со него. Дали воопшто има некакви права ако дојде до разделба и кои се тие? Би благодарам однапред :)
     
  7. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Брачната и вонбрачната заедница во РМ се потполно изедначени во поглед на правата и обврските кои ги имаат мажот и жената. Така да се она што би го имала ако му била венчана жена, ги има и како невенчана. А тоа подразбира, не дај боже ако почине мажот, ако нема други наследници, сиот имот на мажот и припаѓа на жената.
     
  8. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Машки
    Изедначени се само во поглед на меѓусебното издржување, и заедничкиот имот кој го стекнале во текот на траење на вонрачната заедница, но НЕ МОЖЕ да наследува врз основа на закон, бидејќи не влегува во ниеден наследен ред, освен доколку не се јави како тестаментален наследник....
     
  9. Tikiss

    Tikiss Активен член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Значи при разделба, се што е стекнато откако се заедно мора да се дели 50-50?
     
  10. Tikiss

    Tikiss Активен член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Ме интересираат многу работи, па ако имате живци објаснете ми :)
    Пред 18 години од лихвар зедовме заем, и оттогаш куќата ни е под хипотека. Парите никако не сме во можност да ги вратиме, човекот доаѓаше кај нас неколку пати порано и се закануваше, ќе не избркал од куќата со полиција и такви работи, но никогаш не ни покажал никаков документ. Е сега веќе 3 години па и повеќе, мирна е работата, нема никаков проблем, а имотниот лист од куќата е кај него. Јас не разбирам што се случи, дали тој законски веќе не може ништо да направи или е нешто друго не знам. Нека ми објасни некој ве молам за целата ситуација ако ме разбирате :)
     
  11. Betty.Boop

    Betty.Boop Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    61
    Каде што работев газдата ми остана должен 2 плати е сега ме интересира бидејки фирмата уште постои и он работи од дома дуќанот му е затворен инспекција немозам да му пратам бидејки дуќанот не постои дали знае некој да ми каже какви други мерки можат да се превземат за да ми ги исплати платите.....каде да се обратам?
     
  12. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Закон за наследување
    Наследување во случај на вонбрачно сродство и потполно посвојување
    Член 4
    Во поглед на наследувањето вонбрачното сродство се изедначува со брачното, а сродството создадено со потполно посвојување со крвното сродство.
     
  13. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Машки
    па не ги мешај сега сродството (брачно или вонбрачно) кое се заснова со посвојување, и на кое се однесува член 4, и вонбрачната заедница меѓу маж и жена , прашање што го постави Tikiss...вонбрачните другари не може да се наследуваат врз основа на закон, само врз основа на тестамент, само БРАЧНИОТ другар влегува во првиот односно вториот наследен ред....
     
  14. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Добро, ако така се толкува тоа, во ред. Значи излегува дека вонбрачните деца ги имаат истите права како и оние родени во брак, додека истото не се однесува за жена од вонбрачна заедница споредено со онаа од брачна. Дали тоа значи дека вонбрачните деца можат да наследуваат врз основа на закон, а вонбрачна жена не?

    Мене ме буни и чл. 13 од Закон за семејство, кој вика
    Заедница на живот на маж и жена која не е заснована во согласност со одредбите на овој закон (вонбрачна заедница) и која траела најмалку една година, е изедначена со брачната заедница во поглед на правото на меѓусебно издржување и имотот стекнат за време на траењето на таа заедница.
    Како да се толкува ова тогаш? Кои се тие права кои ќе ги има вонбрачната жена во поглед на имотот стекнат за време на траењето на таа заедница?
     
  15. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Pross, гледам дека добро ги владееш овие работи, па би сакала и нешто друго да ми појасниш. Значи маж и жена живеат заедно во вонбрачна заедница, во текот на таа заедница не стекнуваат никаков заеднички имот, односно живеат во стан кој е наследство на мажот од неговите родители. После 5 години живеење во вонбрачна заедница, стапуваат во брак и повторно до ден денес живеат во тој стан и не стекнуваат заеднички имот.
    Кога не дај боже ќе дојде до смрт на мажот, тестамент нема, мора законски да се наследи, останува само тој стан да се наследува, дали таа негова жена ќе има право на тој стан, и ако да, по која логика би имала повеќе од неговите две родени деца од претходен брак???

    фала ти однапред.
     
  16. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Машки
    Неговите две деца од претходниот брак се негови наследници од првиот наследен ред, додека жената со која претходно живеел во вонбрачна заедница, а подоцна стапиле во брак, па мажот починал, ќе биде повикана на наследство со неговите деца, сите како законски наследници од првиот наследен ред (доколку се само тие)....
    Затоа што не стекнале имот во текот на траење на заедницата, станот кој што го наследил си е негов личен имот, кој ќе биде предмет на наследување од страна на наследниците од првиот наследен ред.
    Меѓутоа доколку не склучиле брак, овој починал, а не оставил тестамент за да ја обезбеди вонбрачната другарка, сега таа НЕМА ДА МОЖЕ да наследува со неговите дека во првиот наследен ред, ниту ќе може да бара издвојување на дел од заеднички имот, затоа што и нема таков, туку тој имот си е негов личен (бидејќи е наследен од неговите родители)....
    Дали се разбираме во што е работата.....
     
  17. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Машки
    во контекст на претходното, жената нема да може да бара ни утврдување на право на сопственост ни по основ на одржувачка, затоа што е НЕСОВЕСЕН ВЛАДЕТЕЛ, кој никогаш нема да може да се стекне со право на сопственост по пат на одржувачка, без разлика колку долго владее одреден имот...
     
  18. Tikiss

    Tikiss Активен член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Еве вака: Живееме во куќа, татко ми, мајка ми и имам две сестри. Родителите не се во брак, но живеат заедно 20 години, и тука сме ние 3 деца. За време на овие 20 години, татко ми многупати не бркал од куќата, ја тепаше мајка ми додека бевме ние помали, дури бевме и во шелтер центар 2 недели. Многу работи сме трпеле и сеуште трпиме, моментално нема физичко насилство, но психички сме малтретирани секој ден. Закани, уцени (индиректно), тоа е тоа. Куќата ни е под хипотека веќе 18 години. Значи пред 18 години, татко ми зел заем од лихвар, човекот работи во судот, и парите уште не му се вратени. Последен пат тој човек дојде кај нас пред 4-5 години, со закани дека ќе ни ја земе куќата, но не ни покажа никаков документ. Оттогаш не е дојден, но ние постојано живееме во голем страв од една страна од лихварот, а од друга од татко ми, затоа што всушност не си ги знаеме правата. Целта на овој текст ми е некој да ми објасни кои се правата на нас четири, и каде може да се обратиме. Последните неколку години, мајка ми и татко ми воопшто не комуницираат иако живеат во иста куќа, затоа што дотолку било трпението. Ние четири сакаме да си одиме од куќата, но немаме средства, не можеме тукутака да си заминеме, а притоа не знаеме дали тој може да бара некакви негови права над најмалата сестра, таа има 7 години, и воопшто не е блиска со него, затоа што и покрај нејзината возраст, неколку пати слушнала навреди од типот „ Таа не е моја!“ и била повредена.Со тие зборови татко ми директно ја навредува мајка ми, а таа воопшто не е таква. Моментално се наоѓаме во безизлезна ситуација и затоа ве молам за помош, затоа што вака пропаѓаме секој ден, немаме никаква иднина. Сестра ми пропушти една година од факултетот, а изгледа нема ни оваа година да оди, а и со мене не знам што ќе биде догодина. Мајка ми не е вработена и немаме никакви средства, мора да го молиме татко ми за парче леб.
     
  19. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Машки
    Не би требало да те буни членот 13, многу е јасен, значи тие живеат во вонбрачна заедница, може да стекнат одреден имот кој може да биде личен имот на било кој од нив, доколку е стекнат по пат на подарок , легат, или наследство, или да биде нивен заеднички доколку е стекнат во времетраењето на вонбрачната заедница со некоја правна работа...
    Во врска со статусот на заедничкиот имот во вонбрачната заедница, важат истите правила како и со тој стекнат во брачна, значи може да бараат делба кога сакаат, а во случај на смрт на еден од нив, другиот има право да бара издвојување на една половина , а останатата ќе се наследува согласно правилата за наследување - доколку нема тестамент со кој му е оставено нешто од таа половина ВОНбрачниот нема да може да ја наследува, само ќе си ја издвои својата половина....:)
     
    На AnaMKD му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    На имотниот лист запишана е хипотеката? Тоа што имотниот лист е кај него не значи ништо - може да се извади нов во секое време.
    Во катастар секој може да извади имотен лист за било кого. На шалтер одма го принтаат. Единствено кога ќе го вади сопственикот тој ќе биде со матичен број, во спротивно, заради заштита на личните податоци ќе биде без матичен број.
    На интернет страната на катастар можеш да пребараш на чие име се води куќата и да запишеш катастарска парцела и број на имотен лист. Одбери пребарување според адреса. Со овие податоци во катастар можеш да извадиш имотен лист. Провери за да бидеш сигурна дека хипотеката навистина постои.