Значи приватна тужба мислам знаеше и дечкото, мислам прашуваше на кој суд. Се работи за кривично дело, кривична тужба до Основен суд Скопје 1 Скопје нанесување на телесна повреда(сега може тука да се инкорпорира и психички трауми како последица од нападот) али јас и кривичново сме засекогаш скарани така да толку можам да ти помогнам. Дали има шанси да го добие случајот или нема Самр може само соодветен и искусен адвокат да му каже од оваа тематика и според доказите кој тој ќе ги поднесе до суд, ни ти ни јас. Малку ме збуни ова со прекршочна пријава, но пак ќе кажам дека навистина ептен имам слабо познавање од крично, јас го памтам како кривично дело а не како прекршок, но може и да грешам.
Можеш да поднесеш приватна кривична тужба, но пази рокот за поднесување ти е 3 месеци од денот на настанот. Како доказ ќе поднесеш и вештачење од вешто лице за тоа како настанале повредите. Со оглед на тоа да немаш сведоци ќе биде твојот збор против неговиот. Ако го добиеш случајот, за кривичната постапка зборувам, понатака можеш да бараш во граѓанска постапка оштетно-правно побарување надомест на штета за претрпен страв и материјални трошоци што си имал- прегледот на болница. Во секој случај разговарај со адвокат кој има повеќе искуство.
Абе приватни кривични, не го буните човекот, ќе поднесе приватна кривична тужба а??? а против кого ќе поднесе!!! а Нели треба прво полицијата да спроведе предистражна постапка, да изведе определени истражни дејствија , да го пронајде сторителот, да го извести јавниот обвинител ...итн..итн...така било тоа нели...
Дечки пред точно 3 години заработив казна заради поминување улица на место каде што немаше пешачки премин. Е сега проблемот е што во рок од тие 3 години ми стигнуваат некои си известувања, покани за наплата на глоба и сега последо решение за прекршночна санкција но сите со поминат рок на доставување. Имено ова последното, денес ми стигна со година дена закаснување (на решението стои 27.08.2012 год и истото сум имала рок да ја платам во рок од 15 дена)..Како треба да постапам во ваков случај? Дали би ми било валидно плаќањето ако уплатам дури сега?? Ќе ве замолам значи кои имал некое вакво сикуство или е упатен повеќе околу ова, помогнете Иначе два пати како ми стигнуваат овие известувања, ми стигнуваат со отворен коверт (ова последното беше бланко плико - нит име, нит кој го носи, нит кај го носи ) а првиот пат кога го носеле тоа известување беше скинат (сигурно од поштарот) долниот дел од изјавата кај што јас сум требала да се потпишам дека лично сум ја примала истата . + што не ми ги доставуваат лично на врата, туку ги оставаат на тоа поштенското сандаче. Мизериии Извенете значи вака што замарав, може и повеќе од потребното, но навистина сум и загржена и тотално разочарана од овие поштенски услуги.
Па полиција повела прекршочна постапка што е сосема различно од кривина постапка. Пријавил во полиција, полиција повела прекшочна постапка значи се знае сторителот. Со оглед на фактот да станува збор за телесна повреда по Кривичен законик се гони по приватна кривчна тужба, а ако е при вршење на семејно насилство по предлог. Нема истрага тука, а бидејки не е семејно насилство не треба да се извести обвинител, туку да се поведе постапка со приватна кривична тужба.
ц.ц.ц бубамаричка злато, значи според тебе за дела кое се гонат по приватна тужба нема спроведување на претходни истражни дејствија (каде би ни бил крајот да е така)... а како воопшто заклучи дека се работи за к.д телесна повреда, кога човекот во темница бил нападнат , значи таа состојба може да биде многу потешко кривично дело, како насилство, учество во тепачка, разбојништво, загрозување на сигурноста, или во најмала рака ако е од полесен вид да биде само прекршок, зависно од наоѓањето на полицијата....така да злато проучи ги малце поубаво работите..
мила обрати се во поштата која ги доставува, имаат контролори, и објасни им околу неправилностите за доставувањето и тоа во каква состојба е примено, ќе состават записник и ќе преземат соодветни мерки против поштарот ако ги прекршил поштенските правила за достава.
Добрила а од тие информации што да му кажеме друго? Колку он објасни толку и доби, не му кажа Бубамаричка ништо страшно грешно. Нормално што пријавил у полиција таа спровела истражни меркин и го знае осомничениот ние поретпоставуваме и се надеавме само дека он го знае сторителот на делото што е решен да тужи, никој не е толку неук да го тужи каспер... А ова твоево во темно светло, разбојништво или што и да кажа(не знам од кај ги извади тие работи кога само кажа дека бил физички нападнат и има модрнки 2) е само нагаѓање, и затоа за вакви работи од форуми не се бараат совети туку од адвокат.
Добрила злато, ако сметаш дека можеш да му помогнеш на човекот тогаш повели и кажи му како, ако не знаеш не коментирај туѓи мислења, не напаѓај и не потценувај не е во ред. Да, и јас го цитирав твоето мисење ама во ниту еден момент не те нападнав ниту те потценав. Можеше да предложиш дека станува збор за други кривични дела, не мораше да мешаш други мислења, но кога веќе започна ќе ти одговорам. Заклучив дека се работи за кривично дело Телесна повреда зошто самиот кажа дека имал само 2 модринки. Па му кажав што да прави по мое мислење ако станува збор за тоа кривично дело и секако да си се консултира со адвокат. Не навлегов во други кривични дела со оглед на информациите кои ги кажа. А во однос на твоите претпоставки: Ако е учество во тепачка тогаш и тој е во некоја мера одговорен, така да тоа не му оди во прилог. Не може да е насилство зошто немало јавност. Кажа дека немало сведоци. За кд насилство треба да има јавност тоа е битието на делото, кај јавноста да се предизвикало чувство на страв. Разбојништо треба да му одземе предмет, нели според КЗ тој што со употреба на сила или закана дека непосредно ќе нападне врз животот или телото на друг ќе одземе туѓ подвижен предмет со намера противправно да го присвои. Не спомна дека му одзеле некој предмет така што ни разбојништво не е. Загрозување на сигурноста хмм можеби, но не сум сто посто сигурна зошто според КЗ треба да се закани дека ќе нападне врз телото или животот, а колку што кажа го нападнале не му се заканале. Значи повторно прекршок е едно кривична постапка е сосема друго. Ако сака може да поведе кривична постапка по приватна кривична тужба и нема истрага од причина што истрага се спроведува по барање на Јавен обвинител, ако тој се откаже од гонење тогаш ти како супсидиерен тужител можеш да го превземеш гонењето. А предистражна постапка се води кога постојат основи на сомневање дека е сторено кривично дело за кое се гони по службена должност. Не е дека не сум ги проучила работите на крај на краиштата колку правници толку мислења, држи вода пословицава
Има ли некој што е искључен од парно а е отужен за сметките? Свекрва ми е видно загрижена сака да оди кај првобранител да ги тужи Бег. Но дали има сврха и покрај тоа што падна на уставен ? Инаку да напоменам нема цевки освен едно мало во кујната а сметките и се видно поголеми од на тие што имаат цефки. Кое е решението ако може некој да даде совет ,фала однапред
леле мамичке по ова што го кажуваш баш е човек да се загрижи,а и на тие што имаат 'цефки' како што кажуваш не им е ич поарно.
Има некоја феминка што е добро запознаена со правните работи околу боледување, имаме ситуација во која сакаме да се заштитат двете страни - и работодавачот и работникот? Ситуацијата ќе ја објаснам во ЛП, да не замарам непотребно тука. Фала ви однапред.
Фала многу за советот, но за жал сите рокови за жалби се поминати а + како ќе докажам и кој ќе ми верува дека навистина јас не сум ја потпишала изјавата или дека решението за глоба е ставен во бланко плико . Значи, сепак тоа што највеќе ме интересира е дали ќе биде валидно плаќањето казна од 25 евра, независно од тоа што ќе уплатам со година дена закаснување? ( да не ми бидат џабе фрлени пари, па после некое време да ми стигне пр. друго решение со поголема казна)..Ако некој знае да ме упати околу ова, би им била многу благодарна
deliza, поштата што ги доставува препорачаните пратки има секогаш т.н интерна доставна книга во која се потпишува поштарот што го извршил доставувањето, и лицето до кое препорачаната пратка се доставува, како и датумот кога е истата доставена. Во случај ако се сомневаш во тоа што го наведе погоре, мора да се обратиш во поштата и да побараш увид во интерната доставна книга, да видиш кој е потпишан наместо тебе и дали воопшто е некој потпишан, и да пријавиш било какви неправилности. Тоа ќе биде причина да побараш повторување на прекршочната постапка, бидејќи е сторена суштествена повреда на постапката, поради неправилност во доставувањето, а да не зборувам дека фалсификувањето на твој потпис од страна на тој што доставувал (ако такво нешто постои) може да биде причина да се отвори дисциплинска постапка против него таму каде што е вработен.
Bi zamolil dokolku nekoj bi me posovetuval kako e najdobro da postapam vo mojot slucaj. imeno se raboti za delba na imot na dva braka, od sudot e dobieno izvrshno reshenie vo koj se naveduva deka tuzeniot treba da otstapi del od soba so pregraduvanje na zid, za da dvajcata imaat idealen del, pa me interesira dali e najdobro da se povika izvrshitel ( i me interesira kako odi postapkata za povik na izvrshitel) bidejki tuzeniot ne ja pocituva odlukata.
Go sakam Vasheto mislenje za sledniot problem : so mojot tatko imam dogovor za podarok na nedvizen imot ( stan) vo 2008 g. koj e sostaven od advokat I zaveren kaj notar. Tatko mi pochina vo 2011g tri godini poklonuvanjeto, sega vo 2012g brat mi me tuzi I bara nuzen del. Dali e vo pravo.
Go sakam Vasheto mislenje za sledniot problem: so mojot tatko imam dogovor za podarok na nedvizen imot( stan) vo 2008g. Koj e sostaven od advokat I zaveren kaj notar. Tatko I pochina vo 2011g. Tri godini od poklonuvanjeto, sega vo 2012g brat mi me tuzi I mi bara nuzen del. Dali e vo pravo. Blagodaram
Билјана, гледам дека два пати го напиша истото мислење и знам дека ти е итно.Јас не сум правник, но знам за случај на наши блиски, сличен како твојот. Дали станот од кога ти го поклонија ти одма го заведе во катастар? Инаку кај овие пријателиве, братот го тужеше другиот брат, заради тоа што таткото имал два стана, а едниот му го поклонил на постариот син, додека пак другиот остана не препишан. И знам дека одеа на суд за станот кој се водеше на име на таткото. Тој стан мислам дека судот им го подели на два еднакви дела, а станот кој беше претходно поклонет на едниот син си остана како таков. Тоа било така, затоа што, според кажувањата на едниот син, оној кој го доби на поклон станот, братот кој тужел имал материјални средства да се издржува и не му следело нужен дел. Е сега ова е само пример од реалноста, меѓутоа сето тоа зависи од многу фактори, како на пример, дали само тој стан ви го оставил таткото, дали братот твој има или нема средства за живот. Комплицирано е и со денешниве судови и адвокати не се знае ништо. Дали ангажираше адвокат, дали се консултира со него?