Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правни проблеми

Дискусија во 'Правни совети' започната од babyketi, 7 февруари 2010.

  1. pitbulce

    pitbulce Нов член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Благодарам за позитивното мислење-Ми ја направивте нокта ден :) (еве сум на кирилица).
    Правниот основ е Договор за подарок(склучен 10/2012 кај нотар). Нема никакви услови и ограничуванња, туку стрикно целосно располагање со имотот има единствено даропримачот(татко ми).Во катастар веке повеке од година како сопственик седи татко ми(ако менува нешто).

    Преку пошта сме известени со опомена пред суд со став дека1/2 дел од препишаниот имот имала нивната мајка(баба ми-почината) и дека законски ги следува дел и нив.
    Пронајдов неколку закони што го поддрзуваат ова(имот стекнат во брак ),но сите се во рамките доколку никој од сопствениците не е зив-па трети лица одлучуваат(поправете ме ако грешам).Па ме интересира дали во гореспоменатиов случај дедо ми има право да го поклони имотот на кој сака, и заради кои причини смета дека така е правилно.

    Уште едно ннотарско прашање за вас- Во времето на склучување на договорот, нотарот има прашано дали дедо ми има други деца(да-име/презиме) и дали би им оставил дел нив.Тогаш тој ги дава причините зошто татко ми е единствен дароприемач.Прашањето ми е дали овие изреки по стандард се заведуваат некаде-затоа што причините не се наведени во самиот договор а се во наша полза.

    Уште еднаш, голема благодарност за времето и професионалниот пристап кон мојот случај
     
  2. pitbulce

    pitbulce Нов член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Бубамаричке мила,
    Ти благодарам и се надевам дека сосема си во право.
    Доста цел зивот истите тие им ги влечеа сите пари(нам маката,изметот и трошоците) па сега и домот да ни го земат(оној во кој стапнале само кога требало да земат).
    Многу се надевам дека си во право- единствено што ме плаши е корупцијата кај нас барем така беше пред 10тина год.(се надевам дека пристапуваме различно сега) а едната од овие има малку надувано презиме(уфф се издував малце а? )... Се надевам што и да се случи правдината ке победи. да не спомнувам дека сакале по 10,000 еур да не остават на мира.ха ха ха...интересна проценка на наследство- Заокрузхена..

    Ти благодарам бубамарче.
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sophie90

    Sophie90 Нов член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Ова не е баш некој голем проблем, но ве молам кажете ми дали познавате нотар кој работи по 16 часот? Многу ми е важно.
     
  4. ilina230

    ilina230 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Почитувани,
    Имам еден проблем. Имено сакам да поднесам документи за оставинска постапка. Имам умреница, изводи (мој и од татко ми) имотни листови кои ќе бидат предмет на оставинската постапка... но мојата сестра не сака да ми даде нејзин извод од родени и копија од лична карта.
    Можам ли да поднесам предлог за оставинска без нејзиниот извод и постои ли правен начин да ја натерам да дојде на рочиште за оставинска?
     
  5. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Судот ке спроведе оставинска без разлика дали сестра ти сака или неке да даде нејзини податоци. Така да немај гајле, судот по службена должност ке ја расправи оставината :)
     
    На ilina230 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    824
    Допаѓања:
    3.179
    Би сакала да побарам совет од Вас.
    Пред неколку дена имавме сообраќајна несреќа, во која дечко ми беше возач и удривме во пешак. Пешакот е добро, има скршеница на подколеница и е во болница. Дојде брза помош, полиција, направија записник, увид, вештачење, бевме во болница да го посетиме човекот, тој е добар.
    Е сега, сообраќајката се случи на пешачки, кој воопшто не се познава дека е пешачки. Полицијата правеше алко тест, никој немаше алкохол, немаше брзо возење, едноставно се случи несреќа.
    Не сум упатена во овие закони, но знам дека дечко ми како возач, ке ги сноси сите болнички трошоци и се што следува законски. Но, знам дека се големи и шансите човекот да подигне приватна тужба, иако рече дека нема.
    Мене ме интересира дали ако (случајно) не подигне човекот приватна тужба, сепак ке мораме да одиме на суд, јас како сведок, а дечко ми како обвинет, или само ке стигне казна?
    И ако човекот одлучи да поднесе тужба, во рок од колку време би го направил тоа?
    Затоа што само чекаме и не знаеме што ќе се случи, не знаеме ни каде да се обратиме, барем да бидеме запознаени со можни казни и последици.
    Благодарам.
     
  7. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    ситуацијата и не вие баш сјајна затоа што пешакот сте го удриле и тоа на пешачки-лоша работа едно , друго ако пешакот е ок и е во болница според мене голема е веројатноста дека ке ве тужи, друго и да не ве тужи полицијата ке ве гони за прекршокот. во постапката која секкао дека претстои ке одите на суд секако, дечкоти како обвинето лице. земети си некој адвокат нека ве посоветува што како да превземете понатаму, овде ке нагодуваме само зошто реалната фактичка состојба не е сеуште утврдена, затоа мој совет е да побарате совет од адвокат и да му кажете што точно се случило, записникот каков е и слични работи за да тој правилно ве насочи што понатаму.ако само чекате така може уште повеке да се искомплицира нешто- сепак секој случај е различен затоа овде само ке нагодуваме, а немаме никкаов доказ за сообраќајната несреќа.
     
  8. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Машки
    аха, ок , ова веќе менува многу, дали имотот со кој располагал дедото е имот стекнат во брак , или негов личен имот, ако се работи за имот стекнат во брак, на тоа не влијае фактот што во јавната книга е запишан само тој како сопственик, и не може да располага со целиот имот, затоа што постои законска претпоставка дека заедничникот имот се дели на еднакви делови. Ова не е апсолутна претпоставка и може да се докажува во посебна постапка дека на едниот му припаѓа повеќе од една половина....
    Значи ако се работи за имот стекнат во брак, а дедото располагал со целиот имот, ќе се јави проблем кој што ќе го искористат тие што ве опоменале.
    За делот од заедничкиот имот кој и припаѓал на бабата требало да се води оставинска постапка, а со останатата половина дедото можел слободно да располага....
    Ај за повеќе инфо во лп.
     
  9. Marce5

    Marce5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво , сакам да прашам во врска со мојата мајка . Таа на конкрусот од македонски шуми доби работа после 21 година . Откако ја примија отиде по Скопје да го потпише решението во македонски шуми ( на договорот и стоеше дека е примана во Кочани во подрачна единица на македонски шуми ) и и рекоа на 1 декември да се јави на работа . Таа отиде на 1 декември но таму вработените и кажаа дека не треба да се јави на работа се додека не пристигне решение во македонски шуми- Кочани . И цело време чекаше мајка ми се до јануари каде и се јавија во да одиде во Скопје да потпише друг договор за работа па сега во Скопје во една лабораторија - како гром од ведро небо . Дали е тоа во ред што така постапија кон неа ? . Има 46 години , мајка е на 3 деца . Јас сум на факултет , сега и сестра ми ќе биде на факлултет од септември а брат ми е малолетен . Живее во Кочани и е родена во Кочани , фактички цел свој живот е во кочани , таа е дипломиран биохемичар . Сакам да ве прашам дали е исправно тоа што така се постапува . Ние секаде се обративме , дури и на градоначалникот а тој само одговори на општината не и треба БИОЛОГ . Имаа пред 3 дена обука во Кочани за сите што се примани она и таму го кажа својот проблем и тие и кажале дека тоа не е во ред но нема каде да се обрати да се исправи грешката . Кочани -Скопје е 130км што е многу за пат , картата е 8000 ден за цел месец , а државата не го признавала ни патот и смештај во Скопје . Никој друг не бил распореден од Кочани и околината во Скопје само она е што јас и многу други сметат дека не е правно-законски како треба да се постапе и кај кој треба да се обрате оти сите што се на власт и на позиција што ги имаме прашано викат незнаеме , незнаеме .
     
  10. kaca

    kaca Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    0
    ako kaj notar liceto sto daruva mu se trese rakata onaka se trese samo vo aktivna sostojba i pisuva hiroglifi ,kako treba da postapi notarot za da se skluci dogovor za poklon .dali moze bez svedoci,bez lekarsko uverenie .samo so otisok.liceto koe daruva e 77 god i e umstveno dobro
     
  11. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.001
    Пол:
    Женски
    па ако е 77 години и е умствено добар нема што тука да се докажува, договор како и секој мора да има сведоци, а лицето ако не е писмено може да стави свој отисок, а за ракописот на лицето што има тоа врска дали му се тресе раката, нотарот ке ги заврши потребните работи. кај нотар мора да се оди лично и заадолжително е да се носи докумет за идентификација, а во друг случај ако лицето неможе да дојде кај нотар постои можност, нотарот да дојде на местото каде тоа лице живее, со тоа што нотарот си наплатува плус за таа услуга.
     
  12. kaca

    kaca Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    0
    lele trebali svedockaj notar za dogovor za podarok pa notarkata go sostavdogovorot bez svedoci
     
  13. 12masima

    12masima Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    29
    Здраво на сите! Не знам каде да прашам па си помислив ако има тука некој за помош да се најде. Па не знам како е со студентите што биле на летна студентска работа во Германија дали заработените пари во Германија треба да се пријават во УЈП?? Со оглед на тоа дека во Германија задржуваат данок , но тој данок тука се враќа и сега како студенти дали се јавува како двојно одданочување, ако те одданочат и во Мкд?
    А студентите од претходните години не пријавувале ништо. Сега се јави на групите тема за тоа ако студентите сакаат да враќаат данок тогаш ќе платат 10%на заработените пари или како ли е не знам.

    Има некој подетално искуство, знаење да кажи за ова нешто?
     
  14. Pigmalion

    Pigmalion Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите!

    Би сакала да прашам нешто околу ДОГОВОРОТ ЗА ПОДАРОК НА ИМОТ помеѓу мојот сопруг и неговите родители. Во овој договор под еден член стои дека: „Дарувачот и брачната сопруга на дарувачот изјавија дека дека до својата смрт го задржуваат правото на користење и живеење во недвижниот имот, а даропримачот нема право да го оттуѓи, заложи, подари или на било каков начин располага со невижниот имот без писмена согласност кај нотар од дарувачот. Даропимачот со овој договор се обврзува да се грижи за дарувачот и неговиот брачен сопруг до крајот на нивните животи. Даропримачот може да изврши промени во јавните книги по смртта на дародавачот и неговата согласна сопруга.“
    Е сега, мојот сопруг не прочитал ниту еден член пред да го потпише договорот за подарок, а колку што јас можам да сфатам од горенаведеново, недвижниот имот не му припаѓа нему, а претпоставувам и имотниот лист нема да гласи на негово име. Инаку станува збор за стан во којшто планираме да вложиме доста пари за реновирање, а во меѓувреме реновираме и стара куќа во која неговите родители беше договорено да се вселат откако ќе му го подарат станот. Моето прашање е: -Како сме јас и моето дете обезбедени во животот и дали сме воопшто некако обезбедени доколку НЕ ДАЈ БОЖЕ нешто му се случи на сопругот додека неговите родители се се` уште живи или некое слично сценарио. Некако не ми е фер да вложам се` што сме заработиле досега, а еден ден пак да останам на улица.

    Однапред благодарам и искрено многу би ми значел било каков совет во врска со ова.

    п.с. Во договорот стои само името на сопругот, ниту јас ниту моето дете не сме наведени во ниту еден член од договорот.
     
  15. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Искрено мене ова повеке ми личи на Договор за доживотна издршка а не на поклон-дар,сигурна си за насловот?Разликата е во тоа што кај дар имотот веднаш се префрла на име на сопругот,а кај доживотна издршка дури по смрта на неговите родители со тоа што е должен да ги издржува дотогаш зашто во спротивно може и да го раскинат.Ова некако ми е измеѓу.
    Како и да е тоа е смислата на договорот,сам ја договараш содржината,во овој случај ваква како што е.По ова цитираното вие сте должни да се грижите за нив до смрта, и во овој период тие располагаат со имотот,потоа се врши уписот во катастар на име на сопругот.
    Тоа што ве нема во договорот со детето е нормално,поклон меѓу татко и син е ,а недај боже нешто да му се случи на сопругот вие како наследници ги имате истите права што тој ги имал тој на имотот,и тоа ке влезе во оставинска постапка.
     
  16. Pigmalion

    Pigmalion Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Благодарам nadja.d! И јас на сличен начин го протолкував договорот за поклон (баш така е насловен). Во понеделник ќе одиме кај нотарот и ќе пробаме да го измениме. Не сме сигурни дали нотарот грешка не` сфатил или родителите од мажот ми без наше знаење сами го составиле договорот, а тој верувајќи им, не го ни прочитал.
     
  17. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Заборавив да ти спомнам дека кај договорот за дар не се плака данок од татко на син,додека кај договорот за доживотна во иднина кога ке го спроведува во катастар ке плати 3-4% од вредноста на имотот.Имајте си предвид.Поз..
     
  18. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Машки
    ДА, интересно прашање, ова се е во ред !

    Дарувачот знае многу добро што прави, воспоставил Договор за дар со товар, и го користи тоа право со цел да се заштити! :)

    Исто така за воспоставил и лична службеност !!

    Во врска со преносот на правото на сопственост истото е одложено до смртта на дарувачот, и тоа е во ред, во врска со ова ве упатувам на чл. 569 од Законот за облигациони односи !

    Подетално во лп.
     
  19. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Некој правник ако може одприлика да ми пише ли било кој ако знае како треба да изгледа Потврда за практична работа во фирма, односно ми треба издадена потврда од фирма за компјутери издадена на практикант. Фала
     
  20. ilina230

    ilina230 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Имам една дилема. Мојот татко е жив и ми подари куќа која на имотен лист беше на негово име, а стекната е во брак со мојата покојна мајка. Тој имот не е предмет на оставинска постапка бидејќи имотот на имотен лист се води на мојот татко. Покрај таа куќа како имот на име на мојот татко има и плац (на кој се наоѓа подарената куќа) кој подоцна ќе се дели на половина со мојата сестра. Дали мојата сестра има право да бара дел од подарената куќа ако не и е загрозен нужниот дел?