Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правни проблеми

Дискусија во 'Правни совети' започната од babyketi, 7 февруари 2010.

  1. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Своеволна согласност, морала и таа да потпише, ама најобро е Dankelepotanka да дообјасни. Затоа прашав каков е нотарскиот договор, дали е потпишан од двајцата.
     
  2. dankalepotanka

    dankalepotanka Нов член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Dogovorot pisuva deka e dogovor za dar na nedvizen imot.I opisuva vaka Od prilozenata izjava notarot konstatira deka soprugata na daruvacot e soglasna so sklucuvanje na ovoj dogovor.Dogovorot za dar na nedvizen imot e sostaven del na ovaa potvrda i se prilozuva kon ovoj notarski akt.
     
  3. dankalepotanka

    dankalepotanka Нов член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Ubavo objasniv jas deka pred da se prepise kukata taa dade za nejziniot del izjava kaj notar deka se soglasuva dodeka se zivi da go koristat dolniot sprat i da ziveat na nego,no po smrtta da pripadne se na mazot mi.Imame veke se prevedeno na ime na mazot mi.Samo sto sega ovaa starata ja fatija bubacki i saka da sozdava problemi.
     
  4. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Со договорот ќе одите во Градско собрание, ќе проверат дали имате данок за плаќање, ако има ќе платите и пак назад во Граско собрание да ви удрат печат. Со тој документ дирктно во катастар за да ви издадат имотен лист на име на мажот, е после свекрва ти може да се чеша.
    Редактирам зошто во меѓувреме си пишала нов момент. Ништо не ви може колку сака нека оспорува.
     
  5. dankalepotanka

    dankalepotanka Нов член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Neznam zosto ne razbirate bas se sto pisuvam.Vi pisav deka so izjava kaj notar za nejzina soglasnost e konstatirano deka moze da se pokloni na mazmi za da ne ima precki ponatamu.Kaj notarkata stoi zaverena nejzinata izjava,plus vrz osnov na izjavata za nejziniot del e i napraven dogovvorot za dar na nedvizen imot.I se toa e napraveno pred 4 godini ,imaz mi i svekor mi podnesoa baranje i vo opstina i sekade i se e podmireno,plateno i prefrleno na ime na maz mi.Imame i imoten list na koj sto e imeto na maz mi.Ovaa sega saka da ja osporuva izjavata demek se premislila,demek ke se ostava od maz i za da go raskine dogovorot.Dali moze toa?Toa e prasanjeto.Znaci se e zavrseno so site proceduri,no lepojkata vrti filmovi.Fala Vi sepak na sovetite,da se nadevame na se najdobro.Pozdrav i ubav den do site ;)
     
  6. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.824
    Допаѓања:
    24.101
    Пол:
    Женски
    Дечки, данокот од договор заверен на нотар за изнајмување на стан кој го плаќа по правило, газдата или тие кои ќе седат во него?
    Итно е, фала.
     
  7. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Ти не го купи станот за да плаќаш данок?
    Ти го изнајми, плаќаш ќирија и сметки.
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  8. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Тоа е данок од приход кој го плаќа тој што го остварува, во случајов газдата.
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  9. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.824
    Допаѓања:
    24.101
    Пол:
    Женски
    Хвала к**цу, и јас така мислам.
    Па кој треба да правда пари, тој шо ги собира или тој шо ги дава ?!
    Ај, нека им влегуваат купчиња секој месец и никому ништо. :^)
    Да знам како да постапам со новата газдарицата, инаку.
     
  10. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.841
    Допаѓања:
    5.588
    Добро не беше дообјаснето дадената согласност дали е писмена или усмена. Штом е писмена т.е има изјава дадено, не може да се предомислува, тое е тоа, завршено е.
     
  11. zellenko

    zellenko Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    39
    Дали законски има право водовод да ти ја исклучи водата? И ако нема по кој член од законот е тоа ?
    Имено, во викендицата ми ја исклучиле водата иако не била користена. Ми стигал паушал кој не бил плаќан 2 години и за долг од 5000 денари ми го извадиле водомерот и го оставиле на страна.
    Сега за да ми го приклучат водоводот ми бараат дополнителни 4800 за приклучок.
    Предпоставувам дека исклучуваш некого за да се заштитиш да не троши повеќе вода. Јас вкупно имам 30 кубика потрошено за 5 години.
    Дали имале право да ме исклучат?
    Имам ли право да тужам ?
     
  12. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Еве ти го законот обрати внимание на Член 33.
    ЗАКОН ЗА
    СНАБДУВАЊЕ СО ВОДА ЗА ПИЕЊЕ И ОДВЕДУВАЊЕ НА
    УРБАНИ ОТПАДНИ ВОДИ “Сл. весник на Р Македонија” бр.68/05 од 05.10.2004 година
    I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

    Член 1
    Со овој закон се уредуваат условите и начинот за снабдување со вода за
    пиење, прекинување на снабдувањето со вода за пиење и одведување на
    урбани отпадни води во реципиентот преку водоснабдителниот и
    канализациониот систем, изградбата, одржувањето, заштитата и
    приклучувањето на водоснабдителни и канализациони системи, односите
    меѓу давателот и корисникот на услугата, како и надзор над
    спроведувањето на овој закон.
    Член 2
    Цели на овој закон се:
    - достапност на доволни количества здравствено исправна и чиста вода
    за пиење за потребите на корисниците на услугата, согласно со барањата,
    стандардите и вредностите за квалитет на водата;
    - снабдување со здравствено исправна вода за пиење, а во случај на
    нејзина контаминираност, забрана или ограничување на користењето;
    - соодветно информирање на корисниците на услугата за квалитетот на
    водата за пиење и преземање мерки за обезбедување на квалитет на
    водата за пиење;
    - соодветно пречистување на индустриски отпадни води пред нивно
    испуштање во реципиентот и
    - преку одведување на урбаните отпадни води да се обезбеди заштита од
    негативните ефекти од нивното испуштање.
    Член З
    Одделни поими употребени во овој закон го имаат следново значење:
    1) "снабдување со вода за пиење" е зафаќање, обработка и
    дистрибуција на водата преку водоснабдителниот систем до главниот
    водомер на корисникот на услугата;
    2) "вода за пиење" е :
    - секоја вода, во својата првобитна состојба или по третман, наменета за
    консумирање од страна на човекот, готвење, подготовка на храна или за
    други домашни намени, без оглед на тоа од каде потекнува и дали
    се снабдува од водоводната мрежа или од цистерна и
    - водата што се користи за производство на храна за производство,
    обработка, конзервирање или за продажба на производи или на материи
    наменети за консумирање од страна на човекот, освен доколку надлежните
    органи потврдат дека квалитетот на водата не може да влијае врз
    здравствената исправност на прехранбениот готов производ;
    3) "одведување на урбани отпадни води" е собирање на отпадните
    води од станбените, деловните, производните, административните и на нив
    слични простори
    во агломератот, од приклучокот на дворната мрежа, одведување со улична
    канализациона мрежа, пречистување во пречистителни станици и
    испуштање на отпадните води во реципиентот.
    4) "реципиент" е секоја проточна и стоечка вода на површината на
    земјата во која се испуштаат урбаните отпадни и атмосферски води;
    5) "водоснабдителен систем" е збир на хидротехнички објекти за
    снабдување со вода за пиење и тоа : водозафат (места каде давателот на
    услугата зафаќа површинска и/или подземна вода), резервоар, објект за
    обработка на вода, пумпна и хлоринаторска станица, главен довод,
    магистрален вод, улична водоводна мрежа и водоводен приклучок заедно
    со придружните објекти и опремата за довод на вода од водозафатот до
    приклучокот на главниот водомер на корисникот на услугата;
    6) "водоводна мрежа на корисникот на услугата" е од главниот
    водомер во водомерната шахта и целокупната водоводна мрежа на
    корисникот на услугата;
    7) "водоводен приклучок" е водоводна цевка од уличната мрежа,
    односно од регионалниот водоснабдителен систем до водоводниот
    вентил (затворач) пред главниот водомер во водомерната шахта;
    8) "водомерна шахта" е објект на корисникот на услугата во која се
    монтира (поставува) главниот водомер на водоводниот приклучок;
    9) "урбани отпадни води" се отпадни води од домаќинства,
    индустриски отпадни води и атмосферски води, односно мешавина од
    отпадни води од домаќинства, индустриски отпадни води и/или
    атмосферски води;
    10)"отпадни води од домаќинства" се отпадни води од станбени
    населби и од сервисните капацитети, кои што главно потекнуваат од
    човечкиот метаболизам и од активностите во домаќинствата;
    11) "индустриска отпадна вода" е секоја отпадна вода што се
    исфрла од просториите кои се користат за извршување на
    индустриска или трговската дејност;
    12) "атмосферски води" се сите површински води предизвикани од
    атмосферските врнежи кои преку сливниците се слеваат во
    атмосферската канализација;
    13) "канализационен систем" е збир на хидротехнички објекти и
    тоа: колектори, магистрални канали, улична канализациона мрежа,
    атмосферска канализациона мрежа, црпни станици, сифони и
    постројки за пречистување на урбаните отпадни води;
    14) "канализациона мрежа на корисникот на услугата" е
    внатрешна канализацона мрежа во објектот на корисникот
    вклучувајќи ја и приклучната шахта;
    15) "канализационен приклучок" е спојот на канализационата мрежа
    на корисникот на услугата со улична канализациона мрежа;
    16) "давател на услуга" е јавно претпријатие основано од
    општината, односно градот Скопје, Владата на Република Македонија
    или од друго правно лице, во кое доминантен капитал има
    Републиката, општината
    или градот Скопје, кое ги исполнува условите за вршење на дејноста
    согласно со закон.
    17) "корисник на услуга" е правно или физичко лице сопственик на
    станбен, деловен, производствен, административен и на нив сличен
    објект вклучувајќи го и куќниот совет приклучен на водоводна и/или
    канализациона мрежа, како и јавните комунални претпријатија
    приклучени на регионалните водоснабдителни системи;
    18) "хидротехнички услови" е акт на давателот на услугата
    издаден врз основа на претходно добиени услови за градба во кои се
    дефинира постоечката, односно предвидената улична водоводна,
    канализациона и атмосферска мрежа;
    19) "ревизиони шахти" се објекти кои се поставуваат на одредени
    растојанија на уличната канализациона и атмосферска мрежа и
    служат за контрола и одржување на истата;
    20) "приклучни (контролни) шахти" се објекти кои се наоѓаат на
    канализационен или атмосферски приклучок меѓу уличната
    канализациона и атмосферска мрежа и објектот на корисникот на
    услугата и служат за одржување на каналскиот приклучок на
    корисникот на услугата;
    21) "сливници" се објекти за зафаќање на атмосферските води од
    сообраќајните површини и нивен транспорт до атмосферската
    канализација и
    22) "водомерна арматура" е збир на фасонски делови кои се
    наоѓаат меѓу вентилот на корисникот на услугата и вентилот на
    давателот на услугата и се користат за вградување и демонтирање на
    водомерот.
    Член 4
    (1) Снабдувањето со вода за пиење, како и одведувањето на урбани
    отпадни води во реципиентот се дејности од јавен интерес.
    (2) Снабдувањето со вода за пиење се врши преку водоснабдителен
    систем, а одведувањето на урбани отпадни води во реципиентот се
    врши преку канализационен систем со кои управува давателот на
    услугата.
    II. УСЛОВИ И НАЧИН НА ВРШЕЊЕ НА ДЕЈНОСТА
    Член 5
    Давателот на услугата врши:
    - снабдување со вода за пиење со зафаќање, обработка и дистрибуција
    на водата преку водоснабдителниот систем до главниот водомер на
    корисникот на услугата;
    - одведување на урбани отпадни води во реципиентот, со нивно
    собирање од корисниците на услугата преку канализационата
    мрежа, пречистување и испуштање во реципиентот;
    - одведување на атмосферските води во реципиентот со нивно
    прифаќање од урбаните површини, со одведување преку
    атмосферската канализациона мрежа и испуштање во реципиентот и
    - управување и одржување на водоснабдителниот и канализациониот
    систем.
    Член 6
    (1) Средствата за вршење на дејностите од членот 5 на овој закон се
    остваруваат од цената за користење на тие услуги и надоместокот за
    приклучување на водоснабдителниот и канализациониот систем.
    (2) Цената на водата за пиење и одведувањето на урбаните
    отпадни води и атмосферски води се изразуваат во ден/м З.
    (3) Цената од ставот (2) на овој член зависи од трошоците за
    снабдување со вода за пиење до корисниците на услугата и
    одведувањето на урбаните отпадни води, трошоци за заштита на
    животната средина околу извориштето и на самото извориште,
    експлоатационите трошоци, трошоците за одржување, замена на
    амортизираните делови и други оштетувања, капитални инвестиции,
    каматите за отплата на капиталните инвестиции и други трошоци.
    (4) Определувањето на висината на цената се врши со методологија,
    а врз основа на следниве критериуми:
    - потрошена количина на вода за пиење од страна на корисниците на
    услугата, како просечна и прекумерна потрошувачка и
    - категории на корисници на услугата.
    (5) Потрошувачката на водата за пиење, како просечна
    потрошувачка по член на семејно домаќинство ја определува советот
    на општината и градот Скопје.
    (6) Цената за секој кубен метар потрошена вода за пиење над
    просечната потрошувачка (прекумерна потрошувачка на водата за
    пиење) се зголемува за два пати.
    (7) Цената ја определува давателот на услугата, по претходна
    согласност на основачот.
    (8) Цената се определува како:
    - надоместок за м/3 вода за пиење со одведување на отпадни води и
    атмосферски води од домаќинствата и индустриски отпадни води;
    - надоместок за м/3 само вода за пиење и
    - надоместок за м/3 само за одведување на отпадни води и
    атмосферски води од домаќинствата и индустриски отпадни води.
    (9) Методологијата за утврдување на цената од ставот (4) на овој
    член, ја пропишува министерот кој раководи со органот на
    државната управа надлежен за работите од областа на комуналните
    работи.

    Член 7
    (1) Давателот на услугата утврдува и надоместок за приклучување на
    корисникот на услугата на водоснабдителниот и канализациониот
    систем.
    (2) Висината на надоместокот од ставот (1) на овој член зависи од
    големината на водоводниот, односно канализациониот приклучок,
    трошоци за приклучување, хидротехничките услови и друго.
    (3) Согласност на висината на надоместокот за приклучување од
    ставот (1) на овој член дава основачот.
    Член 8
    (1) Давателот на услугата е должен на корисниците на услугата да им
    обезбеди трајно и непрекинато снабдување со здравствено исправна и
    чиста вода за пиење
    преку изградениот водоснабдителен систем, како и одведување на
    урбаните отпадни води преку изградениот канализационен систем.
    (2) По исклучок од ставот (1) на овој член, до нарушување или прекин во
    давањето на услугата, може да дојде во случај на:
    - оштетување на водоснабдителниот, односно канализациониот систем
    поради виша сила, поголеми хаварии и дефекти;
    - недоволна периодична издашност на извориштата;
    - здравствена неисправност на водата за пиење и прекин во
    снабдувањето со електрична енергија, таму каде што давањето на
    услугата е зависна од истата.
    (3) Нарушувањето и прекинот во давањето на услугата во случаите од
    ставот (2) на овој член не е основ за барање надомест на штета.
    (4) Давателот на услугата е должен да ги информира корисниците на
    услугата за нарушувањето или прекинот во давањето на услугата од
    ставот(2) на овој член, согласно со закон.
    Член 9
    Давателот на услугата е должен да врши испитување на здравствената
    исправност на водата за пиење на начин и постапка согласно со закон и
    прописите кои произлегуваат од него.
    Член 10
    (1) Во случаите кога корисниците на услугата не можат да се снабдат со
    вода за пиење непрекинато над 12 часа, давателот на услугата е должен
    да ги снабди корисниците на услугата со вода за пиење на начин што ќе
    се утврди со План за начинот на вршење на дејноста во вонредни
    околности,согласно со стандардите и вредностите за квалитет на водата и
    неопходното количество на вода за пиење, донесен од давателот на
    услугата во согласност со основачот.
    (2) Давателот на услугата е должен да ги информира корисниците на
    услугата за начинот на снабдување во случаите од ставот (1) на овој член.
    III. ИЗГРАДБА, ОДРЖУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ВОДОСНАБДИТЕЛЕН
    И КАНАЛИЗАЦИОНЕН СИСТЕМ
    1. Изградба на водоснабдителен и канализационен систем
    Член 11
    (1) Изградба на водоснабдителен и канализационен систем се врши на
    начин и услови определени со закон и Програмата за уредување на
    градежно земјиште на општината и Програмата за уредување на
    градежно земјиште на градот Скопје.
    (2) Реконструкција или доградба на водоснабдителен и канализационен
    систем или на дел од нив, се врши на начин и услови определени со
    закон, а по претходно издадени хидротехнички услови од давателот на
    услугата, во согласност со Програмата за уредување на градежно земјиште
    на општината и Програмата за уредување на градежно земјиште на градот
    Скопје.
    Член 12
    (1) Пред добивање на одобрение за градење на нов објект,
    реконструкција или доградба на постоечки објект, инвеститорот е должен
    да прибави потврда од давателот на услугата за постоење или непостоење
    на водоводна и канализациона мрежа под објектот за кој се однесува
    одобрението,односно техничка можност за приклучување на водоводна и
    канализациона мрежа.
    (2) Доколку постои водоводна и/или канализациона мрежа под објектот
    или на растојание од еден метар од надворешниот ѕид на објектот за кој се
    бара одобрението од ставот (1) на овој член, инвеститорот е должен да
    изврши реконструкција (изместување) на водоводната и/или
    канализациона мрежа на негова сметка,
    по претходно добиени хидротехнички услови од давателот на услугата.
    Член 13
    (1) Давателот на услугата обезбедува целосна документација за
    водоснабдителниот и канализациониот систем, заради воспоставување на
    подземен катастар.
    (2) Документацијата од ставот (1) на овој член служи за потребите за
    експлоатација, управување и одржување на водоснабдителниот и
    канализациониот систем, како и за издавање на хидротехнички услови.
    2. Одржување на водоснабдителен и канализационен систем

    Член 14
    (1) Одржувањето на водоснабдителниот систем го врши давателот на
    услугата од денот на добивањето на решението за употреба.
    (2) Давателот на услугата е должен да го одржува и водоводниот
    приклучок на корисникот на услугата и тоа :
    - водоводната инсталација до водомерна шахта вклучувајќи го и првиот
    вентил пред водомерот кај индивидуалните станбени објекти, односно до
    границата на имотот локацијата ако водомерната шахта е поставена на
    непрописно и непристапно место или е сместена во подрумски простории;
    - водоводната инсталација до надворешниот ѕид од станбениот објект ако
    главниот водомер се наоѓа во објектот, за колективни станбени згради и
    - водоводната инсталација до водомерната шахта вклучувајќи го првиот
    вентил пред водомерот, ако водомерната шахта се наоѓа пред
    колективната станбена зграда.
    (3)Одржување на водоводната мрежа на корисникот на услугата е на
    негова сметка.
    Член 15
    (1) При дефект на водоводната мрежа која поминува низ имот на физичко
    или правно лице, сопственикот, односно корисникот на имотот е должен
    да му овозможи на давателот на услугата непречено отстранување на
    дефектот.
    (2) Во случаите од ставот (1) на овој член давателот на услугата е должен
    да го доведе имотот во првобитна состојба и да ја надомести евентуалната
    штета настаната при отстранувањето на дефектот, согласно со закон.
    Член 16
    Над и покрај водомерната шахта, во пречник од најмалку три метри, не
    смее да се депонира каков било материјал со кој би се оневозможила
    нејзина употреба и користење.
    Член 17
    (1) Одржувањето на канализациониот систем го врши давателот на
    услугата од денот на добивањето на решението за употреба.
    (2) Одржување на канализациона мрежа на корисникот на услугата е на
    негова сметка.
    Член 18
    (1) Корисниците на услугата се должни веднаш да го известат
    давателот на услугата за оштетувањето или дефект што ќе настане
    на канализационата мрежа на корисникот на услугата.
    (2) Во случаите на дефект или запушување на канализационата
    мрежа на корисникот на услугата, трошоците за отстранување на
    дефектот, односно отпушување паѓаат на товар на корисникот.
    Член 19
    Корисниците на услугата кои вршат индустриска или трговска
    дејност не смеат да ги испуштаат индустриските отпадни води во
    канализациониот систем, пред да извршат потребено пречистување
    на начин утврден со закон.


    Член 20
    Над и покрај улични ревизиони шахти и сливници, во пречник од
    најмалку три метри, не смее да се депонира каков било материјал со
    кој би се оневозможила нивната употреба и користење.
    Член 21
    (1) Во случаите кога отстранувањето на дефектот на
    водоснабдителниот и канализациониот систем бара раскопување на
    улица, коловоз, јавна или зелена површина, давателот на услугата е
    должен претходно да прибави одобрение за раскопување од органот
    надлежен за издавање на одобрение за градење.
    (2) Доколку дефектот на водоснабдителниот и канализациониот
    систем бара итно отстранување поради опасност од настанување на
    поголеми штети, раскопувањето на улица, коловоз, јавна или зелена
    површина, давателот на услугата го врши веднаш без да прибави
    одобрение од ставот (1) на овој член, но за преземените мерки
    писмено го известува органот надлежен за издавање на одобрение за
    градење.
    (3) По завршување на работите од ставовите (1) и (2) на овој член,
    давателот на услугата е должен улицата, коловозот, јавната или
    зелената површина да ги доведе во првобитна состојба.
    (4)Отстранувањето на дефектот на водоснабдителниот и
    канализациониот систем во областа определена како природно
    наследство согласно со закон, се врши по претходно прибавено
    одобрение од органот на државната управа надлежен за работите од
    областа на животна средина.
    Член 22
    (1) Сопственикот или корисникот на земјиштето е должен да дозволи
    премин преку тоа земјиште заради вршење премер, снимање,
    проектирање, изградба и изведување на работи за одржување и
    реконструкција на објектите од водоснабдителен и/или
    канализационен систем.
    (2) Давателот на услугата е должен да ја надомести евентуалната
    штета на сопственикот или корисникот на земјиштето настаната со
    изведување на работите од ставот (1) на овој член, во согласност со
    закон.
    (3) Над земјиштето каде што е изграден водоснабдителен или
    канализационен систем од јавен интерес се воспоставува право на
    службеност.
    3. Заштита на водоснабдителен систем и канализационен
    систем
    Член 23
    (1) Заради заштита и спречување на оштетување на водоснабдителен
    и канализационен систем се забранува:
    - изградба на станбени и други објекти над водоводната или
    канализационата мрежа;
    - приклучување на водоводна и канализациона мрежа без одобрение
    за приклучување;
    - поврзување на водоводна мрежа на корисникот на услугата кој
    користи вода од индивидуални извори со водата од водоводниот
    приклучок;
    - бесправно користење на вода пред водомер;
    - испуштање на цврсти материи: песок, земја, цемент, вар,
    камења, дрва, пепел, трска, метал, стакло, пластични материи,
    катран и други слични материи со поголем вискозитет во
    канализациониот систем;
    - испуштање на урбани отпадни води, чија концентрација на
    сулфатниот јон е поголема од 400 мг/л, како и урбани отпадни води
    од септички јами и отпад во канализациониот систем;
    - испуштање на отпадни материи и води кои ги оштетуваат
    ѕидовите на канализациониот систем;
    - испуштање на нафта и нафтени деривати, како и цврсти и течни
    запаливи и експлозивни материи во канализациониот систем;
    - приклучување на водоснабдителен и канализационен систем на
    објектите кои немаат одобрение за градење;
    - испуштање на отпадни води од домаќинства и индустриски отпадни
    води во системот на атмосферската канализација, односно
    испуштање на атмосферски води во канализациониот систем за
    отпадни води од домаќинства и индустриски отпадни води;
    - испуштање на индустриски отпадни води во канализационен систем
    без претходно извршено потребно пречистување и
    - самоволно демонтирање и монтирање на водомери и водоводни
    арматури без согласност на давателот на услугата.
    4. Средства за изградба и одржување на водоснабдителен и
    канализационен систем

    Член 24
    Средства за изградба и одржување на водоснабдителен и
    канализационен систем се обезбедуваат од:
    - цената на услугата;
    - буџетот на општината и градот Скопје;
    - Буџетот на Република Македонија;
    - кредити, донации и
    - други извори.
    Член 25
    Начинот на одржување и заштита на водоснабдителен и
    канализационен систем го пропишува министерот кој раководи со
    органот на државната управа надлежен за работите од областа на
    комуналните работи, во согласност со министерот кој раководи со
    органот на државната управа надлежен за работите од областа на
    здравството и министерот кој раководи со органот на државната
    управа надлежен за работите од областа на заштита на животната
    средина.
    IV. УСЛОВИ И НАЧИН НА ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА
    ВОДОСНАБДИТЕЛЕН И КАНАЛИЗАЦИОНЕН СИСТЕМ
    Член 26
    (1) Водоводната односно канализационата мрежа на корисникот на
    услугата се приклучува со уличната водоводна, односно
    канализациона мрежа на водоводниот, односно канализациониот
    систем преку водоводен односно канализационен приклучок на
    начин што го пропишува министерот кој раководи со органот на
    државната управа надлежен за работите од областа на
    комуналните работи.
    (2) Во случај на реконструкција на уличната канализациона мрежа
    трошоците за повторно приклучување паѓаат на товар на
    инвеститорот.
    (3) Секој сопственик на изграден или делумно изграден објект должен
    е да ја спои својата куќна канализација со уличната канализација
    истовремено кога уличната канализација ќе биде изградена пред
    неговиот објект.
    Член 27
    (1) Количината на потрошената вода за пиење се мери со водомер
    (главен и посебен) водомер.
    (2) Главниот водомер инсталиран во водомерната шахта на
    водоводниот приклучок кај индивидуалните станбени, индустриски и
    трговски објекти и посебните водомери во колективните станбени
    згради се сопственост на корисникот на услугата и истите треба да
    бидат верификувани.
    (3) Верификација на водомерите од ставот (1) на овој член, се врши
    на сметка на давателот на услугата.
    (4) Типот и димензијата на водомерите го определува давателот на
    услугата.
    (5) Верификацијата на водомер се врши под услови и на начин што ќе
    го пропише министерот кој раководи со органот на државната управа
    надлежен за работите од областа на економијата.

    Член 28
    (1) Во станбени згради и станбено- деловни згради со различни
    категории на корисници на услугите, како и во деловни и
    индустриски објекти кои ги користат повеќе корисници, секој
    корисник е должен да има посебен водомер.
    (2) Во колективна станбена зграда посебните водомери служат за
    контрола и мерење за учество во вкупната потрошувачка на водата
    искажана со главниот водомер на приклучокот на станбената зграда.
    (3) Главниот и посебниот водомер се единствено мерно средство за
    определување на потрошувачката на вода на корисникот на услугата
    во поглед на фактурирањето.
    (4) Главниот водомер од ставот (3) на овој член е сопственост на
    давателот на услугата.
    Член 29
    (1) Корисникот на услугата е должен да овозможи пристап на
    овластен работник на давателот на услугата заради читање на
    водомери и одржување на водоводниот приклучок, како и за контрола
    на исправноста на хидрофорските постројки и друга уреди чија
    неисправност може да предизвика штета на уличната водоводна мрежа.
    (2) Овластениот работник од ставот (1) на овој член должен е да се
    легитимира.
    (3) Формата и содржината на образецот на легитимацијата од ставот
    (2) на овој член ја определува давателот на услугата.


    Член 30
    (1) Ако водомерот е неисправен, закочен, стопен и слично,
    корисникот на услугата е должен во рок од три дена од
    констатирањето на дефектот за тоа да го извести давателот на
    услугата.
    (2) Ако водомерот е неисправен, закочен, стопен и слично и не може
    да се утврди потрошената количина на вода, до поставување на
    исправен водомер, пресметката и наплатата, ќе се врши врз основа
    на годишната просечна потрошувачка пред констатирањето на
    неисправноста на водомерот.
    (3) Во случаите од ставот (1) на овој член, давателот на услугата на
    сметка на корисникот на услугата е должен да постави исправен
    водомер.
    Член 31
    (1) Физичките и правни лица кои произведуваат, преработуваат и
    вршат промет со прехранбени производи и пијалаци, а кои се
    лоцирани (поставени) на просторот опфатен со урбанистичкиот план
    на општината и градот Скопје, во реоните каде што постои можност
    за користење на вода од водоснабдителен систем, должни се да
    се приклучат и да ја користат водата од водоснабдителниот систем
    со кој управува давателот на услугата.
    (2) Се забранува користењето на вода спротивно на ставот (1) од овој
    член.
    Член 32
    Водоснабдителен или канализационен систем изграден со средства на
    граѓани, домашни и странски донатори или други корисници, со
    договор се отстапува на управување на давателот на услугата и
    претставува целина на единствениот водоснабдителен или
    канализационен систем.
    V. УСЛОВИ И НАЧИН НА ПРЕКИНУВАЊЕ СО СНАБДУВАЊЕ СО
    ВОДА ЗА ПИЕЊЕ И ОДВЕДУВАЊЕ НА УРБАНИ ОТПАДНИ ВОДИ
    Член 33
    (1) Давателот на услугата има право да го прекине снабдувањето со
    вода за пиење и одведување на урбаните отпадни води, во случај
    кога корисникот на услугата и по претходна писмена опомена не ја
    исполнува обврската за плаќање на надоместокот.
    (2) Давателот на услугата е должен да го прекине снабдувањето со
    вода за пиење и одведувањето на урбаните отпадни води без
    претходна писмена опомена, во случај, ако:
    - продолжувањето со снабдувањето со вода за пиење и одведувањето
    на урбаните отпадни води би претставувало опасност за трети лица
    или за животната средина и природата и
    - физичко или правно лице бесправно се поврзе на водоводен или
    канализационен приклучок.
    (3) Давателот на услугата ќе го прекине снабдувањето со вода за
    пиење и одведувањето на урбаните отпадни води со претходно
    известување, ако:
    - настане поголемо оштетување на водоснабдителниот систем, со цел
    да се отстранат оштетувањата со што ќе се спречи непотребно
    трошење на вода и правење штета на друг корисник;
    - е донесено решение од страна на надлежен инспекциски орган;
    - корисникот на услугата на својот приклучок, дозволи приклучување
    на друг корисник без одобрение и согласност на давателот на
    услугата;
    - корисникот на услугата не се придржува на мерките за штедење на
    вода во време на рестрикција спрема планот донесен од советот на
    општината и Советот на градот Скопје;
    - водоводната мрежа на корисникот на услугата која е приклучена на
    уличната мрежа, ја поврзе со водоводна инсталација и уреди кои
    добиваат вода од индивидуални извори и техничка вода и
    - корисникот на услугата бесправно користи вода пред водомер.
    (4) Трошоците за прекинувањето и повторното приклучување од
    ставовите (1) и (3) алинеи 3, 4, 5 и 6 на овој член паѓаат на товар на
    корисникот на услугата.

    Член 34
    Прекинувањето со снабдување со вода за пиење, како и одведување
    на урбани отпадни води во случаите од членот 33 на овој закон,
    давателот на услугата го врши според техничките можности и услови
    за секој конкретен случај.
    VI. НАД3ОР
    Член 35
    Надзор над примената на овој закон и прописите донесени врз основа
    на него, го врши органот на државната управа надлежен за работите
    од областа за комуналните работи.
    1. Инспекциски надзор
    Член 36
    Инспекциски надзор над примената на овој закон и прописите
    донесени врз основа на него, го врши овластениот комунален
    инспектор на општината и овластениот комунален инспектор на градот
    Скопје, Државниот инспекторат за животна средина и Државниот санитарен
    и здравствен инспекторат и други инспекции, во рамките на своите
    овластувања согласно со закон.
    Член 37
    Овластениот комунален инспектор на општините и овластениот комунален
    инспектор на градот Скопје, за подрачјето на градот Скопје при вршењето
    на инспекцискиот надзор утврдуваат дали давателот на услугата:
    - на корисниците на услугата им обезбедува трајно и непрекинато
    снабдување со здравствено исправна и чиста вода за пиење преку
    изградениот водоснабдителен систем;
    - обезбедува притисок во мрежата на водоснабдителниот систем;
    - обезбедува трајно и непрекинато одведување на урбани отпадни води
    преку изградениот канализационен систем;
    - прибавил одобрение за раскопување на улица, коловоз, јавна или зелена
    површина од надлежен орган;
    - по отстранувањето на дефектот на водоснабдителниот и
    канализациониот систем ја доведе во првобитна состојба улицата,
    коловозот,јавната или зелената површина;
    - обезбедува целосна документација заради воспоставување на подземен
    катастар за водоснабдителната и канализационата мрежа;
    - врши одржување на водоснабдителниот и канализациониот систем;
    - врши изградба на објекти од водоснабдителен и канализационен систем
    без одобрение за градење и
    - приклучува објекти со водоснабдителен и канализационен систем, кои
    немаат одобрение за градење.
    Овластениот комунален инспектор на општините и овластениот комунален
    инспектор на градот Скопје, за подрачјето на градот Скопје при вршењето
    на инспекцискиот надзор утврдуваат дали корисникот на услугата:
    - прибавил потврда од давателот на услугата за постоење или непостоење
    на водоводна и канализациона мрежа под објектот пред добивање на
    одобрение за градење на нов објект или доградба на постоен објект;
    - прибавил потврда од давателот на услугата за постоење на техничка
    можност за приклучување на водоводна и канализациона мрежа;
    - има поставено посебен водомер;
    - во определен рок утврден со закон не го поправи или не постави
    исправен водомер;
    - не дозволи на давателот на услуга непречено отстранување на дефект
    на водоводна мрежа;
    - не го извести давателот на услугата за оштетувањата во
    канализационата мрежа;
    - се приклучил на водоводна и канализациона мрежа без одобрение за
    приклучување;
    - кој користи вода од индивидуални извори и ја поврзал со водата од
    водоводниот приклучок ;
    - бесправно користи вода пред водомер;
    - самоволно демонтирање и монтирање на водомери и водомерни
    арматури;
    - не дозволи премин заради вршење премер, снимање, проектирање и
    изведување на работи на одржување и реконструкција на објекти од
    водовод и канализација; и
    - не овозможува непречен пристап заради читање на водомерот и
    одржување на водоводниот приклучок.
    Член 38
    Државниот санитарен и здравствен инспекторат и инспекторите на
    општините и градот Скопје при вршењето на инспекцискиот надзор
    утврдува дали давателот на услугата:
    - врши испитување на здравствената исправност на водата за пиење и
    - ги снабдува корисниците на услугата со неопходното количество на вода
    за пиење, кога не може да изврши снабдување преку водоснабдителниот
    систем непрекинато над 12 часа.
    Член 39
    Државниот инспекторат за животна средина и инспекторите на општините
    и градот Скопје при вршењето на инспекцискиот надзор утврдува дали
    корисникот на услугата:
    - испушта цврсти материи во канализациониот систем од индустриски
    капацитети;
    - испушта урбани отпадни води, чија концентрација на сулфатниот јон е
    поголема од 400 мг/л, како и урбани отпадни води од комунални септички
    јами и отпад во канализациониот систем;
    - испушта отпадни материи и води кои ги оштетуваат ѕидовите на
    канализациониот систем;
    - спушта нафта и нафтени деривати, како и цврсти и течни запаливи и
    експлозивни материи во канализациониот систем;
    - испушта отпадни води од домаќинства и индустриски отпадни води во
    системот на атмосферската канализација, односно испушта атмосферски
    води во канализациониот систем за отпадни води од домаќинства и
    индустриски отпадни води и
    - испушта индустриски отпадни води во канализациониот систем без
    претходно извршено потребно пречистување согласно интегрирана

    дозвола која се дава согласно со закон.
    Член 40
    (1) Доколку инспекторите од членот 36 на овој закон, утврдат
    неправилности во вршењето на работите од членовите 37, 38 и 39 на овој
    закон, донесуваат решение со кое ќе наредат отстранување на
    неправилностите.
    (2) Со решението се определува и рокот за извршување на
    неправилностите кои ги констатирал инспекторот.
    Член 41
    (1) Против решението донесено од инспекторот на Државниот санитарен и
    здравствен инспекторат, може да се поднесе жалба до министерот кој
    раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа
    на здравството, против решението донесено од инспекторот на
    Државниот инспекторат за животна средина, може да се поднесе жалба
    до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за
    работите од областа на животната средина.
    (2) Против решението донесено од овластениот комунален инспектор на
    општините и овластениот комунален инспектор на градот Скопје, може да
    се поднесе жалба до министерот кој раководи со органот на државната
    управа надлежен за работите од областа на комуналните работи.
    (3) Жалбата од ставовите (1) и (2) не го одлага извршувањето на
    решението.
    2. Надзор над законитоста на работите на органите на општината
    Член 42
    (1) Органот на државната управа надлежен за работите од областа на
    комуналните работи врши надзор над законитоста на работата на
    органите на општината.
    (2) При вршењето на надзорот од ставот (1) на овој член органот на
    државната управа надлежен за работите од областа на комуналните работи
    ги врши следниве работи:
    - ја следи законитоста на работата на органите на општината и градот
    Скопје и презема мерки, активности и поднесува иницијативи за
    снабдувањето со вода за пиење и одведувањето на урбаните отпадни
    води;
    - оценува дали органите на општината и градот Скопје обезбедуваат
    снабдувањето со вода за пиење и одведувањето на урбаните отпадни
    води,согласно со стандардите и постапките утврдени со закон;
    - укажува на определени материјални и процедурални недостатоци во
    работата на органите на општината и градот Скопје кои би можеле да го
    оневозможат вршењето на работите, снабдувањето со вода за пиење и
    одведувањето на урбаните отпадни води;
    - им дава препораки на органите на општината и градот Скопје на нивно
    барање за доследно спроведување на работите или треба да ги вршат
    согласно со овој закон;

    - ја следи законитоста на решенијата што градоначалникот ги донесува
    во решавањето на поединечните права, обврски и интереси на
    физичките и правните лица донесени врз основа на овој закон и во
    случај кога ќе утврди дека се донесени спротивно на овој закон,
    презема мерки по право на надзор согласно со правилата на општата
    управна постапка;
    - дава мислење и стручна помош по предлог на прописите во областа
    снабдување со вода за пиење и одведување на урбаните отпадни води
    на барање на општината и градот Скопје и
    - навремено ги известува органите на општината и градот Скопје за
    констатираните состојби во нивната работа и за преземените мерки при
    вршењето на надзорот.
    (3) Доколку и покрај укажувањето и преземените мерки и активности на
    органите на општината и органите на градот Скопје, не го обезбедат
    извршувањето на работите за кои тие се надлежни, согласно со овој
    закон, им се одзема вршењето на работите.
    (4) Вршењето на одземените работи го презема органот на државната
    управа надлежен за работите од областа на комуналните работи, но
    најмногу до една година од нивното преземање, во име и за сметка на
    општините и градот Скопје.
    (5)Органот на државната управа надлежен за работите од областа на
    комуналните работи за преземање на работите од ставот (3), на овој
    член писмено ги известува органот на државната управа надлежен за
    работите од областа на локалната самоуправа и органот на државната
    управа надлежен за работите од областа на финансиите.
    VII. КАЗНЕНИ ОДРЕДБИ
    Член 43
    (1) Со парична казна од 100.000 до 300.000 денари ќе се казни за
    прекршок давателот на услугата, ако :
    1) на корисниците на услугите не им обезбеди трајно и непрекинато
    снабдување со здравствена исправна и чиста вода за пиење преку
    изградениот водоснабдителен систем, како и одведување на урбани
    отпадни води преку изградениот канализационен систем (член 8 став
    (1));
    2) не врши испитување на здравствената исправност на водата за
    пиење (член 9);
    3) не ги снабди корисниците со неопходно количество вода за пиење
    (член 10 став (1));
    4) не обезбеди целосна документација за водоснабдителниот и
    канализациониот систем (член 13 став (1));
    5) не го одржува водоснабдителниот и канализационен систем (член 14
    став (1)) и член 17 став (1));
    6) не прибави одобрение за раскопување од надлежен орган (член 21);
    7) не ги доведе во првобитна состојба улицата, односно земјиштето
    каде што се врши отстранување на дефектот (член 21 став (3));
    8) приклучува објекти со водоснабдителен и канализационен систем,
    кои немаат одобрение за градење (член 23 став (1) алинеја 9) и
    9) во определен рок не постави исправен водомер (член 30 став (3)).
    (2) Со парична казна од 30.000 до 50.000 денари ќе се казни за
    прекршок од ставот (1) на овој член и одговорното лице на правното
    лице - давател на услуга.
    Член 44
    (1) Со парична казна од 80.000 до 200.000 денари ќе се казни за
    прекршок правното лице - корисник на услугата, ако :
    1) не прибави потврда од давателот на услугата (член 12 став(1);
    2) не дозволи на давателот на услуга непречено отстранување на
    дефект на водоводна мрежа (член 15 став (1));
    3) не го извести давателот на услугата за оштетувањата во
    канализационата мрежа (член 18);
    4) не дозволи премин заради вршење премер, снимање, проектирање и
    изведување на работи на одржување и реконструкција на објекти од
    водоснабдителен и канализационен систем (член 22);
    5) изгради станбени и други објекти над водоводна или канализациона
    мрежа (член 23 став (1) алинеја 1);
    6) изврши приклучување на водоводна и канализациона мрежа без
    одобрение за приклучување (член 23 став (1) алинеја 2);
    7) изврши поврзување на водоводна мрежа на корисникот на услугата
    кој користи вода од индивидуални извори со водата од водоводниот
    приклучок (член
    23 став (1) алинеја 3);
    8) бесправно користи вода пред водомер (член 23 став (1) алинеја 4);
    9) испуштање цврсти материи во канализациониот систем (член 23 став
    (1) алинеја 5);
    10) испушта урбани отпадни води, како и урбани отпадни води од
    септички јами и отпад во канализациониот систем (член 23 став (1)
    алинеја 6);
    11) испушта отпадни материи и води кои со своето агресивно дејство ги
    оштетува ѕидовите на канализациониот систем (член 23 став (1) алинеја
    7);
    12) испушта нафта и нафтени деривати, како и цврсти и течни запаливи
    и експлозивни материи во канализациониот систем (член 23 став (1)
    алинеја 8);
    13) испушта отпадни води од домаќинства и индустриски отпадни води
    во системот на атмосферската канализација, односно испушта
    атмосферски води во канализациониот систем за отпадни води од
    домаќинства и индустриски отпадни води (член 23 став (1), алинеја 10);
    14) испушта индустриски отпадни води во канализационен систем без
    претходно извршено потребно пречистување (член 23 став (1), алинеја
    11);
    15) самоволно демонтирање и монтирање на водомери и водомерни
    арматури (член 23 став (1) ,алинеја 12);
    16) нема посебен водомер (член 28);
    17) не овозможи непречен пристап заради читање на водомерот и
    одржување на водоводниот приклучок, како и за контрола на
    исправноста на хидрофорските постројки и други уреди (член 29);
    18) не го извести во рок од три дена давателот на услугата дека
    водомерот е неисправен, закочен или стопен(член 30, став (1)) и
    19) не користи вода од водоснабдителен систем (член31став(1)).
    (2) Со парична казна од 10.000 до 30.000 денари ќе се казни за
    прекршок од ставот (1) на овој член и одговорното лице на правното
    лице - корисник на услугата.
    (3) Со парична казна од 5.000 до 20.000 денари за дејствијата од ставот
    (1) на овој член ќе се казни за прекршок физичкото лице - корисник на
    услугата.
    VIII. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
    Член 45
    Постојните јавни комунални претпријатија кои вршат снабдување со
    вода за пиење и одведување на урбани отпадни води, како и
    водостопанските претпријатија што стопанисуваат со регионалните
    водоводи се должни своето работење да го усогласат со одредбите на
    овој закон во рок од 12 месеца од денот на влегувањето во сила на
    овој закон.
    Член 46
    Во рок од три месеца од денот на влегувањето во сила на овој закон
    органите на општините и органите на градот Скопје се должни
    одлуките и другите акти кои ја уредуваат оваа материја да ги
    усогласат со одредбите на овој закон, а доколку истите се во
    спротивност со овој закон да донесат одлуки за нивно престанување.
    Член 47
    (1) Сите корисници на услугата, кои немаат поставено водомер, а се
    приклучени на изградениот водоснабдителен систем, должни се во
    рок од шест месеца од денот на влегувањето во сила на овој закон,
    да постават водомер.
    (2) По истекот на рокот од ставот (1) на овој член, до поставувањето
    на водомерот, потрошувачката на водата ќе се пресметува по цената
    согласно со членот 6 од овој закон.
    Член 48
    Давателот и корисниците на услугите се должни во рок од една
    година од денот на влегување во сила на овој закон да склучат
    договор со кој ќе ги регулираат меѓусебните права и обврски
    согласно одредбите на овој закон.
    Член 49
    Поблиски прописи предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од
    една година од денот на влегувањето во сила на овој закон.
    Член 50
    Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во
    "Службен весник на Република Македонија", а ќе се применува од
    денот на конституирањето на советите на општините и на градот
    Скопје и изборот на градоначалниците на општините и
    градоначалникот на градот Скопје по спроведувањето на првите
    наредни локални избори согласно со Законот за локалните избори
    ("Службен весник на Република Македонија" број 46/96, 12/2003,
    36/2004, 52/2004 и 60/2004).
    19
     
  13. zellenko

    zellenko Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    39
    Ти благодарам на одговорот.
    Имам уште едно прашање. Во сметката пишува "комунална такса". Дали на тој надоместок се мисли?
    И одкога бев исклучен продолжуваше да ми доаѓа комунална такса и да ми се зголемува долгот. Дали се во право во овој случај ?
    Значи исклучен поради такса иако немале потреба од исклучување, ме исклучиле за да си направат дополнителен приход (повторен приклучок) од 4800 ден.
    имам ли право да барам да ми се ревидира сметката ? Право на тужба ? Или да си плаќам и да си ќутам.
    што би направила ти во тој случај ?
     
  14. Lena111213

    Lena111213 Нов член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Zdravo do site
    Imam prasanje do vas....
    Pred skoro 10 godini kupiv del od kukja od moi rodnini, del koj e slepen so mojata kukja.
    Napraven e notarski kupoprodazen dogovor, i e stavena realnata cena na kupoprodazbata vo nego, kako sto e zakonski se e napisano vo notarskiot dogovor, plateni se site danoci i davacki, i e zaveren vo sudot.
    Preciziram deka tie od koi go kupiv imotot se sopruznici, imotot go imaat steknato vo brak, i seuste se vo brak, iako ne ziveat zaedno, i deka i dvajcata go imaat potpisano dogovorot za kupoprodazba kaj notar.
    Megjutoa, soprugot ima dijagnoza sizofrenija (neznam tocna sifra), vo momentot koga ja kupiv kukjata ne sum sigurna no mislam deka ne mu bese dodelen staratel od socijalnoto.
    Moeto prasanje e dali ovoj kupoprodazen dogovor moze nekogas da bide ponisten od strana na nivnite sinovi, ili so notarskiot dogovor e se zavrseno????
    Vi blagodaram odnapred,se nadevam deka bev jasna.
     
  15. jb82

    jb82 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    300
    Сакам да прашам дали доколку се купи нов стан ќе треба да се плати 3% данок на државата?
     
  16. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Ќе си платиш и толку, тужбата не ти го оложува долгот, а за трошоци за тужба која ќе се влечка со години да не коментирам. Плати оти долгот ти се зголемува со комунлната такса, регитриран си како потрошувач.
    Тоа ти е мој совет, а ти како сакаш. Поздрав.

    Да 3 % од пазарната цена на станот.

    Види дали на нотарскиот договор пишува дека решението е правосилно и извади си имотен лист на твое име.
     
  17. 3bibi3

    3bibi3 Нов член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Ve molam za informacija. Ima li nekakvo pravo kerkata koja sto otkako pochinuva majkata zivee i stvara familija so svojot soprug vo semejnata kukja sto ja izgradile dvajcata roditeli (dur bila ziva majkata), no na site dokumenti stoi deka e vo sopstvenost na tatkoto a i zemjisteto na koe sto istata se naogja. Sega po 10 godini od smrta na majkata, tatkoto vo dogovor so svojot sin reshava kukjata i zemjisteto da go dade na investitori za da gradat zgrada, bez odobrenie na kerkata. Postoi li vo zakonot nekakva pravna ramka koja sto ja stiti kerkata vo vakvi slucaji.
     
  18. vale.t

    vale.t Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    ВЕ молам уште едно прашање за имот.Во врска со делба на имот на починатата баба,мајка на татко ми, по нејзината смрт чичко ми и покрај тоа што неговите две сестри(наши тетки) и ние го предупредуваваме да не прави ништо затоа што тоа не е негово туку од сите наследници,и без дозвола од било кој од нас тој си догради купатило и соба,ни ги исфрли нашите ствари од нашата соба и и таму си се смести,си се однесува како да е се негово.И еве сега покренавме барање за оставнина,тетките кои живеат во странство,беа тука и дадоа изјави дека не бараат дел,а тој им се налути зошто се не му оставија нему бидејќи вложил пари во доправањето,тие му се развикаа сто бараше да прави нешто кога нема право,зашто сеуште не е ништо поделено. Расправата се уште не е започната.Бидејќи тетките се откажаа од нивните делови,наследници сме јас и брат ми(татко ни е починат) и чичко ми.Ме интересира дали чичко ни можи да го оспори процесот за оставнина за тоа што доградувал и дали има право да го бара тоа што го доградувал ,без согласност од другите наследници,на имотот од баба ми,а и тоа што го градел не е ни легализирано ??? Се надевам ќе добијам одговор
    Благодарам -Валентина
     
  19. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Оствинскта постапка сега се прави на нотар. Ако завршивте со тоа значи имотот е поделен на 3 дела колку што разбрав. Ништо не може да оспори, слободно нека тужи нека докажува градел нелегално, ако добро те разбрав, ама некако не можам да те разберам, дали веќе имотот е поделен на нотар и решението е правосилно. Дали куќата без неговите доградби е легализирана и не е дивоградба?
     
  20. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.184
    Допаѓања:
    50.637
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам дали има некаде листа на адвокатски приправници, на страната на адвокатска комора не најдов.